Во Скопје синоќа (24.09.2024 година) почина Ирена Кавкалевска, мецосопран, првенка на Македонската опера и балет. Родена на 12 февруари 1973 година, таа беше една од највпечатливите солистки на нашата Опера. Кавкалевска е добитничка на неколку награди и школувана во Македониіа, Софија, Грац, Загреб… Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а ...
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (Friends), Метју Пери е пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Веста ја соопшти полицијата. Пери имаше 54 години. Истрагата околу причините за смртта е во тек, и се уште не се знае поради што починал. Според повеќето калифорниски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Се сомнева на срцев удар. Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен ...
Светски познатиот писател Милан Кундера почина на 94-годишна возраст (01 април 1929 – 11 јули 2023), јави денеска чешката национална телевизија. Негови најпознати дела се романите „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Шега“, „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“, „Бесмртност“. Кундера беше француски писател роден во Брно, Чешка во 1929 година. Заминал во егзил во Франција во 1975 година, а државјанство добил во 1981 ...
Српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански почина ненадејно на 71-годишна возраст од срцев удар. Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар, како што неофицијално дознаваат српски Новости. Лазански пишуваше за загрепските весници Полет, Вјесник, Данас и Старт. Во февруари 1991 година се пресели во Белград и почнал да пишува за дневниот весник Политика. Пишувал и за весниците Политика ...
Денес (22 јануари 2022), на 66 годишна возраст, почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни Валјак. Александар “Аки” Рахимовски (Ниш, Југославија, 5 јуни 1955 – Ново Место, Словенија, 22 јануари 2022) — македонско-хрватски пејач, познат како фронтмен на рок составот од Загреб “Парни валјак”. Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во ...
Денес (24 февруари 2022 година), во Скопје почина академик Луан Старова, на 81 годишна возраст. Акад. Луан Старова е роден на 14 август 1941 г. во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Основното образование завршува училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје, во учебната 1955/1956, на македонски јазик, со што ја одбележува својата билингвална ...
Во Скопје на 10.08.2021 г., на 59 годишна возраст почина проф. д-р Владимир Давчев, редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше роден на 03.11.1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. По завршувањето на гимназијата се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за филозофија. На Филозофскиот факултет почнува да работи на ...
Денес (21 февруари 2022), по долгогодишно боледување, на 71 годишн возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир, преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир. Драги Михајловски е роден 16 октомври 1951 г0дина во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирал ...
Почина Иван Микулчиќ, еден од најзначајните претставници на современата македонска археологија (25. 03. 1936 – 26. 06. 2020) „Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Господарот на вербалната едукативна визуелизација на минатото, предводникот на теренските археолошки истражувања на Македонија од втората половина на 20. век Истражувачот кој ја задолжи македонската, балканската и светската археологија со ...
Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата Кавадарци, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување. – Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија, потсетија од Музејот. Роден бил во 1952 ...
Почина доајенот на македонскиот документарен филм, Љубе Цветановски. Цветановски во својата кариера има снимено преку 100 документарни филмови и патеписи, a за повеќето од нив бил наградуван и на светски манифестации. Tој работеше и како новинар, уредник и директор во Македонската радио телевизија, а своето искуство им го пренесуваше на младите генерации на Универзитетот за аудио визуелни уметности `Есра`. ———– Љубе Цветановски (Слоештица, 1949 ...
На 75 годишна возраст, почина актерката Сабина Ајрула Тозија. Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, почина по долго боледување. Сабина Ајрула Тозија е родена на 17 април 1946 година во Скопје, и е дел од златната генерација на македонски актери. Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се: Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“); Лисијен („Болва во уво“); Костадинка („Јане Задрогаз“); Џеси („Добра ноќ мајко“); ...
Почина познатиот актер Митко С. Апостоловски, на 67 годишна возраст во Битола. Доајен на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец, кој театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира. Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци. ...
На 77-годишна возраст денеска (16 ноември 2023 година) почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов – Дац. „Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук. „Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога. Мето ...
Денес (28 декември 2023) почина писателот Александар Поповски — македонски поет, романописец и автор за деца. Александар Поповски е роден 1932 година во Ново Косово, Приштина, денес Косово. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци и во Скопје. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје и светска книжевност на Универзитетот во Љубљана. Работел како новинар во Радио Скопје, „Трудбеник“ и „Вечер“, како и во „Детска радост“, ...