
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



На 75 годишна возраст, почина актерката Сабина Ајрула Тозија. Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, почина по долго боледување. Сабина Ајрула Тозија е родена на 17 април 1946 година во Скопје, и е дел од златната генерација на македонски актери. Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се: Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“); Лисијен („Болва во уво“); Костадинка („Јане Задрогаз“); Џеси („Добра ноќ мајко“); ...
Најновото 43-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20 до 27 август во Битола. Ова издание е подолго од претходните две или ќе се одвива вкупно осум дена, соопшти на денешата прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. – Фестивалот ќе изобилува со програми, натпреварувачки, ревијални… Вративме се или речиси се што постоело претходно во фестивалот наспроти ...
Почина познатиот актер Митко С. Апостоловски, на 67 годишна возраст во Битола. Доајен на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец, кој театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира. Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци. ...
На денешен ден (19 август 1952) во Скопје, се роди Ненад Стојановски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер. По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени. Повеќе пати настапувал на Дубровничките и ...
На големата сцена во Македонската филхармонија на 16 ноември 2022 (среда), со почеток во 20 часот, ќе се одржи гала премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Веќе следниот ден премиерно ќе почне да се прикажува во речиси 30 градови низ земјава. „Кајмак“ минатиот месец имаше светска премиера во Токио, а потоа се прикажуваше и во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј. Во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, ...
На денешен ден, 1995 година, во Скопје почина Петре Прличко, доајенот на македонското глумиште. Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 – Скопје, 16 ноември 1995) , сам по себе претставува вистинска легенда и е значаен дел во историјата на македонското глумиште во XX век. Неговата ненадмината актерска харизма остави неизбришива трага во македонскиот театар и филм од 20 век. Многумина го прогласија за легенда додека се уште беше жив. Зад себе остави ...
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, КАЈМАК и ОД РАЈОТ се трите наслови со кои Кинотека на Македонија ја започнува филмската програма во 2023 година. КАЈМАК на Милчо Манчевски и СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА на Кристијан Ристески имаа одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на филмската програма на Кинотека. Кон нив се придружува и новиот наслов на секогаш интригантниот автор Срѓан Драгојевиќ, црната комедија ...
Огромен успех доживеа македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски кој ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал „Санденс“, каде што ги освои специјалната награда на жирито за креативна визија и наградата од публиката. Филмот веќе е продаден во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Израел и во цела поранешна Југославија, објави „Варајати“, дополнувајќи дека се во тек ...
Македонскиот експериментален филм „ЛИМА“ во режија на Батухан Ибрахим, годинава беше селектиран на „Short Film Corner“ на Канскиот филмски фестивал. Филмот ќе има и својата затворена проекција на Кан наменета за филмски дистрибутери и филмски селектори. Проекцијата е закажана за среда, 21 мај 2025 година, во рамки на SFC | Rendez-vous Industry на 78. издание на фестивалот. „ЛИМА“ е експериментален филм кој го следи патувањето на три силуети низ ...
На 77-годишна возраст денеска (16 ноември 2023 година) почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов – Дац. „Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук. „Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога. Мето ...
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов. Балетската претстава „Заспаната убавица“ преточена во музиката на Петар Илич Чајковски ќе се одржи на 7 и 8 март на сцената на ...
Актерот Тони Михајловски е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година. Михајловски над три децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ и на други театри и ликовите пред филмската камера се испишува и голем дел на историјата на театарот и филмот кај нас. Посветеноста, автентичноста и препознатливоста на Михајловски говорат за неговиот широк актерски распон и ...
На денешен ден (17 јануари 1946) роден е Мето Јовановски – македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Уште како средношколец, настапува на сцената на Народниот театар во Штип. По завршувањето на средното образование, дипломира актерска игра на Вишиот институт за театарска уметност во Софија, во 1971 г., како последна генерација во класата на легендарниот бугарски театролог, професорот Бојан Дановски. Истата година се вработува во ...
Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е втората премиера што се реализира од Годишната програма за драмска дејност за 2025 година. Претставата е работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска, инспициент Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска. Улогите ги играат актерите: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“: Саша ...
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес ја претставуваше Македонија на еден од најпрестижните културни настани на светската сцена – Меѓународниот театарски фестивал „МИТЕМ“ во Будимпешта, Унгарија. На 17 мај 2025 година, во рамките на фестивалот, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес заедно со Драмски театар – Пловдив ја изведе претставата „Без крв“ од Алесандро Барико, сценска адаптација на Александар ...
Со соопштение до јавноста излегоа од Македонскиот народен театар: Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е ...
На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза ...
Деновиве во пресрет на 100-годишнината од раѓањето на класикот на македонската поезија и голем лиричар Ацо Шопов од печат излезе поемата „Одгласот на тишината“ посветена на Ацо Шопов од македонскиот писател Зоран Пејковски. Рецензенти се: проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Славчо Ковилоски, а дизајот на корицата е на проф. д-р Лазе Трипков, издавач е битолската реномирана издавачка куќа „Восток“. Инаку оваа е петта објавена книга во 2023-та ...
Денес (28 декември 2023) почина писателот Александар Поповски — македонски поет, романописец и автор за деца. Александар Поповски е роден 1932 година во Ново Косово, Приштина, денес Косово. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци и во Скопје. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје и светска книжевност на Универзитетот во Љубљана. Работел како новинар во Радио Скопје, „Трудбеник“ и „Вечер“, како и во „Детска радост“, ...
Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, подвлекува: ...
Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на овогодишната награда „Роман на годината“. Романот е во издание на ТРИ и уште по своето објавување ја освои читателската публика. Жири-комисијата составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакуваните признанија во домашната ...
Книжевeн портрет на Венко Андоновски ќе се одржи денес (понеделник, 18 март 2024) во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот го организира Катедрата за македонска книжевност и култура. Венкo Андоновски (1964, Куманово) е прозаист, драматург, критичар, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дописен член на МАНУ. ...
Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, а посветена на Петре М. Андреевски. Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје. Инаку ...
Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Стефан Марковски, новелата „До_адната книга“ на 157 страници во издание на Современост – Скопје. Дејството во новелата е динамично, со разгранета, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и ...
Дали навистина сум таков во текот на работа на сет или пак можеби не сосема? Со нетрпение чекам да видам дали е така како што сум пишувал“? – вели Бојаџи. На 21-ви Јануари, вторник, со почеток од 19 часот, во Кинотека на Македонија, ве покануваме на промоција на книгата „Гледна точка“ на авторот Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист. Уметници и љубители на уметноста и филмот! Дојдете да се дружиме заедно на овој настан кој пред ...
Kнижевна вечер со Томислав Османли посветена на српските изданија на изборот драмски текстови „Пат во рајот“ и на романот „Бродот. Конзархија“. Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го продолжува циклусот книжевни средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, во којшто во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на ...
Во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, утре (петок, 9 мај), во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“, со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на новиот хумористичен роман на Трајче Кацаров „Романот за Чарли Офтика – Туркачот“. Роман во кој комичните ситуации, градени преку ликовите предадени на емпатијата, љубовта, љубомората, зависта, се нижат како на филмска лента, веродостојно и ...
Македонија и целиот Балкан тагуваат и се сеќаваат на Тоше Проески, кој на денешен ден пред 16 години (16 октомври 2007) трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Тодор (Тоше) Проески е роден на 25 јануари 1981 година. Својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ ...
Вечерва, (27.11.2023, понеделник), во Културно информативниот центар – Салон 19:19 ќе се одржи концерт на Музичка младина на Македонија, со почеток во 19:19 часот. Настан на Денови на европско Скопје 2023. На програмата се следните дела: Е. Жисмонти – Agua e Vihno исполнуваат: „Дуо Балкан“: Луна Пиљиќ и Матеј Детељ – гитара класа проф. м-р Дарко Багески Факултет за музичка уметност – Скопје П. И. Чајковски – Јуни; Октомври исполнува: Ана ...
На престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март ќе настапи македонската виолинистка Пламенка Трајковска со композиција со наслов „Ламенто вело“ за соло виолина. Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“ која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори. „Ламенто вело“ се снимаше во Белград во студиото ...