
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека пријавите се повикувале на јавно објавени податоци според кои ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања ги повика пратениците од опозицијата да поддржат измени на Изборниот законик за една изборна единица, со што како што нагласи ќе се овозможи и дијаспората да гласа. Премиерот Мицкоски потврди дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата ќе поддржат Закон за една изборна единица. -Ве повикувам заедно сите да го промениме Изборниот законик и да ...
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците денеска на прес-конференција информираа дека пет месеци немаат добиено плата и се оставени без здравствено и пензиско осигурување. Тие бараат средба со премиерот, министерите за финансии и правда, како и со претседателот на Собранието, со цел да се реши ова прашање. Во Инспекторатот за употреба на јазиците има вкупно 17 вработени. -Ова не е само финансиска криза, туку сериозно и систематско ...
Животната средина е една од најважните теми кога се зборува за квалитетот на животот во секоја општина. Грижата за чист воздух, здрава животна средина, управувањето со отпадот, одржувањето на зеленилото и справувањето со загадувањето се само дел од обврските на локалната самоуправа. Во таа насока, прашањето „Колку вашата општина се грижи за животната средина?“ отвора простор за размислување и дебата меѓу граѓаните, кои секојдневно се соочуваат ...
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во ...
Фабрика за електроника „Авангард“ наводно се запалила во рускиот град Санкт Петербург по серија експлозии, објавија локалните канали на Телеграм и официјални лица во текот на ноќта на 29 мај, пренесува Кијив Индипендент. Во видеата објавени на социјалните медиуми, голем пожар се гледа како се издига од покривот на фабриката во Калининскиот кварт на градот. Прелиминарните извештаи покажуваат дека пожарот започнал околу 1 часот по локално време. ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека „агресивно“ ќе ги поништи визите на кинеските студенти кои студираат во САД, пренесува Би-би-си. Државниот секретар Марко Рубио рече дека овој потег ќе ги вклучи „оние со врски со Кинеската комунистичка партија или кои студираат во критични области“. Односите меѓу Пекинг и Вашингтон нагло се влошија во последните месеци, откако избувна трговска војна „око за око“ меѓу двете суперсили, ...
Заострување на рамката за влез во Грција, зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во земјата, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, според грчката новинска ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“. ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ СДСМ достави документи до Антикорупциска за скандалозниот тендер во МВР: ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес СДСМ достави документи до Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)) и бараат итна постапка за скандалозниот тендер во МВР! ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Зеленски е подготвен за тројна средба со Трамп и Путин „Подготвени сме да се сретнеме на ниво на лидери. Американската ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави на 28 мај дека потенцијалната испорака на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина не се исклучува, пренесува Кијив Индипендент. „Секако, тоа е во доменот на можностите“, рече Мерц во етер на телевизискиот канал ZDF кога беше прашан за можноста за испораки на „Таурус“ за Кијив. Канцеларот, сепак, нагласи дека користењето на ракетите ќе бара долг период на обука, што потенцијално ќе трае „неколку месеци ...
Израелските министри велат дека 22 нови еврејски населби се одобрени во окупираниот Западен Брег – најголемото проширување во последниве децении, пренесува Би-би-си. Неколку веќе постојат како предни позиции, изградени без владино одобрение, но сега ќе бидат легализирани според израелскиот закон, според министерот за одбрана Израел Кац и министерката за финансии Безалел Смотрих. Прашањето за населбите – кои се сметаат за нелегални според ...
Федерален суд во среда пресуди дека претседателот Доналд Трамп ги пречекорил своите овластувања за да наметне сеопфатни царини што ги зголемија трошоците за увоз за сите, од гигантските бизниси до обичните Американци, пренесува Си-ен-ен. Но, администрацијата веднаш поднесе жалба на одлуката во среда навечер, оставајќи ја ситуацијата неизвесна за потрошувачите и компаниите и потенцијално продолжувајќи ја битката околу тоа дали увозните царини на ...
Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против. Во рамки на општата расправа и низа реплики и контрареплики пратениците изнесоа различни ставови при што пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека, опозицијата на политичката припадност на Славески и визијата за ...
Експлозија во рускиот Ставропол на 28 мај го уби Заур Гурцјев, заменик-градоначалник на градот кој учествуваше во целосната војна на Русија против Украина, објави Кијив Индипендент. Гувернерот на областа Ставропол, Владимир Владимиров, ја потврди смртта на Гурцјев, опишувајќи ја како „ноќен инцидент на улицата Чехов“ без да даде дополнителни детали. Истражниот комитет на Русија објави дека на местото на настанот се пронајдени тела на двајца мажи ...
Не постои друг начин за одржување на нашиот мир, безбедноста и просперитетот, освен преку поврзување на сите точки во Европа, истакна денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на панел-дискусијата на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во земјава и Вилфрид Мартенс центарот за Европски студии по повод Денот на Европа – 9 ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување. Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан ...
Светската програма за храна (WFP) на ОН вели дека „орди гладни луѓе“ провалиле во магацин за снабдување со храна во централна Газа, јавува Би-Би-Си. Се наведува дека две лица загинале, а неколку други се повредени во инцидентот, се вели во програмата, додавајќи дека сè уште се потврдуваат деталите. Видео снимки од новинската агенција АФП покажуваат толпи како провалуваат во магацинот Ал-Гафари во Деир Ал-Балах и земаат вреќи со брашно и кутии со ...
Илон Маск изјави дека ја напушта администрацијата на Трамп откако помогна во водењето на бурниот обид за намалување на големината на американската влада, во кој беа отпуштени илјадници федерални работни места, објави Би-би-си. Во објава на неговата платформа за социјални медиуми X, најбогатиот човек во светот му се заблагодари на Трамп за можноста да помогне во водењето на Одделот за владина ефикасност, познат како Доџ. Белата куќа започна да го ...
Откако преостанатите активисти беа ставени во домашен притвор, блокадата на судот и обвинителството во Нови Сад заврши – по две недели, јавуваат српските медиуми. Студентите претежно ги отфрлаат плановите за надомест на школарина и повикуваат на нови протести. Денес во 19 часот пред зградата на Покраинската влада во Нови Сад ќе се одржи протест против фемицидот, каде што ќе зборува студентката Ана, на која активисти на Српската напредна партија ...
Синоќа градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со граѓаните го исфрлија отпадот пред Град Скопје кој претходно го собраа во старата Чаршија. Ганиу рече дека отпадот не се собира од страна на Град Скопје, иако жителите на Чаир се даночни обврзници. Меѓу другото, тој потенцираше дека Чаир заслужува да биде чиста општина. „Ова е екоцид што му се прави на нашиот народ. Ние сме затрупани во отпад. Но, нема така да застанеме. Народот ќе ...
Мисијата на ОБСЕ во Албанија изрази загриженост во врска со пријавените инциденти против новинари пред, за време и по неодамнешните избори, вклучувајќи случаи на заплашување и опструкција, пишуваат албанските медиуми. Во Косово, неуспешните обиди за конституирање на собранието се една од главните теми во медиумите. Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА Факс веб- ...
Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) со одлука на грчката Влада ќе се укине, а функции ќе бидат префрлени во Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), беше одлучено на состанокот свикан од грчкиот премиер, по големата истрага за измама што ја спроведува европското обвинителство, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека по обидите за внатрешна ...
Средба на претставниците на студентите во блокада и челните луѓе на Универзитетот во Белград е планирана за утре и тоа ќе биде трет нивни состанок , јавија белградските медиуми. Се очекува студентите да го објават својот став за претходната иницијатива за спас на Универзитетот во Белград, на која Ректорскиот колегиум и деканите предлагаат излез од кризата. Во таа иницијатива, Ректорскиот колегиум предлага заедничко дејствување на студентите, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го добил и официјално предлогот на ВРЕДИ Азир Алиу да биде иден министер за здравство и дека деновиве ќе го достави до пратениците во Парламентот. -Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување. За тоа дали власта сега ќе има бадентерово ...
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков градоначалник ѝ е потребен на вашата општина? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ...
Согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија од 17 ноември 2023 година, ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, има обврска да изготвува предлог-одлуки и конечни одлуки за продажните цени на електричната енергија за домаќинствата, велат од ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Во рамките на оваа надлежност, ЕВН донесе две одлуки: првата на 27 јуни 2024 година, а втората на 20 декември 2024 година, со која се утврдени цените на струјата ...
Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница. По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот ...
Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини од коалицијата Влен, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од АА. На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани. Претходно денеска Собранието пред почетокот на 52. седница констираше дека престанува пратеничлкиот мандат на Салим ...
СДСМ достави документи до Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)) и бараат итна постапка за скандалозниот тендер во МВР! „Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот. Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном фирма ли ...