Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Ученик во последната година од средното трговско училиште, се сруши и почина кратко пред полагањето на завршниот испит во чешкиот град Табор. И покрај брзата реакција и напорите на лекарите кои беа повикани на местото на настанот, тие не успеаја да го спасат матурантот. Трагичниот инцидент се случи пред училишната зграда, каде што учениците се собраа и чекаа да влезат и да полагаат матура. Тажната вест ја потврди директорот на училиштето, ...
Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувна во фабрика во Лонгвју, во близина на границата меѓу сојузните држави Вашингтон и Орегон на северозападот од САД, соопштија локалните власти. Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничко соопштение со компанијата Nippon Dynawave Packaging и локалните власти, потврди дека во инцидентот има смртни случаи и дека повеќе лица се тешко повредени. Точниот број на жртви засега ...
Вашингтон ги извести сојузниците дека постепено ќе го намали бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови наменети за НАТО. Со овој потег продолжува притисокот врз Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Одлуката била соопштена минатиот петок на состанок зад затворени врати од страна на советникот во Пентагон, Александар Велез-Грин, потврдуваат двајца анонимни дипломати ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац соопштија дека израелската војска извршила воздушен напад во Појасот Газа, во кој е убиен Мохамед Одех, новоименуваниот командант на бригадата Ал Касам, военото крило на Хамас. Во заедничкото соопштение се наведува дека нападот бил извршен по нивна наредба. Израелските власти тврдат дека Одех бил еден од организаторите на нападите од 7 октомври 2023 година, а во тој ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства. Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав. Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа ...
Сè повеќе луѓе во Македонија живеат сами, не секогаш затоа што така избрале, туку затоа што животот ги довел до таа точка. Едни се млади и не можат да најдат стабилност за семејство, други се разведени, трети останале сами откако децата заминале во странство, а многумина едноставно се уморни од врски, обврски и борба за опстанок. Некогаш животот „сам“ се гледаше како привремена фаза. Денес, за многумина станува трајна реалност. Според Пописот ...
Соопштение на СДСМ: Уште само 4 дена остануваат до 1 јуни – рокот на Христијан Мицкоски за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 4 дена до уште едно неисполнето ветување. 4 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно. Сега, за еден месец требаше да се завршат осум. Тоа не се реформи, тоа се лаги. ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им врачи награди на 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од центарските градинки во Општина Центар, за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. „Вие сте темелот врз кој се гради секое детство. Во градинките се стекнуваат првите навики, првите другарства и првите вредности. Вашата улога ...
Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод празникот Курбан Бајрам: Почитувани граѓани од исламска вероисповед, На денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит. Овој свет празник нè потсетува на важноста од грижата едни кон други, споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод ...
Соопштение на СДСМ: Министерката за финансии најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема. Прво повикува, а потоа бега. Бега затоа што јасно баравме средбата да биде јавна, пред камери, пред граѓаните. Да ни објасни како за две години ја задолжија државата со нови 2,5 милијарди евра, како долгот стигна до 11,3 ...
Вистината за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија излезе на виделина, на увид на домашната и на странската јавност. „Матица македонска“ објави втор том од зборникот „Табу – време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во Бугарија за време на комунизмот 1944-1989 година“ од универзитетскиот професор и голем борец за правата на Македонците во денешна Бугарија, Стојко Стојков. Во овој том за првпат во толкав обем и формат ...
По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и во рамките на одбележувањето на 35 години од основањето на „Матица македонска“, првата издавачка куќа во самостојна Македонија почнува големата акција „Мисли на македонски, читај домашно“. Акцијата ќе трае од денес до 27 мај, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку веб-страницата www.matica.com.mk, а во нејзините рамки, меѓу другото, читателите ќе можат да ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска – 27 мај 2026 година, среда, со почеток во 19:00 часот, ќе се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. На приемот, насловен „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, ќе се обратат поранешниот претседател, д-р Ѓорге Иванов, ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
На 25.05.2026 околу 18:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на раскрсницата од бул. „Трета македонска ударна бригада“ и ул. „ЈНА“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Л.Ш. од с.Романовце, кумановско и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Р.(27) од с.Черкези, кумановско, а потоа патничкото возило ...
На 25.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил 18 годишник од Скопје, кого го познавал. Потоа 18 годишникот го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, а во четврток на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Прогноза за 28.05.2026 Минимална температура: 9°C до 18°C Максимална температура: ...
Сè повеќе родители денес живеат во постојана трка. Работа, сметки, кредити, обврски, домаќинство, училиште, купување, готвење, превоз, дополнителни активности. Денот поминува брзо, а навечер сите се дома — но не секогаш заедно. Родителот е уморен, детето е со телефон во рака, телевизорот работи во позадина, пораките стигнуваат, видеата се менуваат едно по друго. На прв поглед, сè изгледа нормално. Но прашањето станува сè потешко: дали ...
Соопштение на СДСМ: После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ. Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност. Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ...
Фејсбук статус на пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски: Почитувани граѓани од исламска вероисповед, По повод големиот празник Курбан Бајрам, упатувам искрени и срдечни честитки до сите верници кои го слават овој свет и благословен ден. Курбан Бајрам е празник што нè потсетува на вистинските човечки вредности – хуманоста, солидарноста, пожртвуваноста, милосрдието и грижата за ближниот. Во духот на овие вредности, нека празничните денови ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на изолирано невреме со град. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладене во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температури по ...
По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови. Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови. - Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. ...
На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. ...
На 25.05.2026 во 11:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишната В.Х.М., мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(24), патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(53) и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, ...
На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди. На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска на церемонија во Кабинетот на претседателот ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards“. Добитнички на наградите се: Кристина Мукаетова – Награда за најперспективна тинејџерка, Маја Наумовска Савеска – Награда за најголем поддржувач, Биљана Пејоска Ристеска – Награда за највлијателна иницијатива, ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во ...
Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба со Пленковиќ: „Почитуван претседател на Владата на Република Хрватска, драг пријателе Андреј Пленковиќ, Почитувани министри, Почитувани претставници на медиумите, Дами и господа, Дозволете ми најнапред да му посакам срдечно добредојде на премиерот Андреј Пленковиќ и на хрватската делегација. Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...