Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за ТВ Сител. “Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. Имаше бројни проблеми, реков ќе зборувам за ...

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија “Рајанер”, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 ...

Соопштение на СДСМ: Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот ...

На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици ...

Утре (7 април), со почеток во 19:19 часот, во салонот „19:19“ во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовиран романот „Немам страв“ од Трајче Стамески. Како што веќе е нагласено, конечно, со овој роман, современата македонска книжевност доби психолошки трилер каков што досега немаше. Дело од македонски автор коешто со своите квалитети е рамо до рамо со најдобрите психолошки трилери што до македонската читателска публика доаѓаа ...

Новиот роман „Замир“ од Хакан Ѓундај, пристигна и на македонски јазик, во издание на „Матица македонска“, носејќи пред домашните читатели едно од највпечатливите и највознемирувачки дела на современата книжевност. Станува збор за роман што уште со својата тема, наративна напнатост и силна внатрешна драматика се наметнува како книга за која ќе се зборува. „Замир“ е роман со моќен емотивен и општествен набој, дело што отвора крупни и болни ...

ЈП Комунална хигиена-Скопје почна акција за наплата на долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање. „ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање“, соопшти ...

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Прогноза за 22.05.2026 Минимална температура: 6°C до 15°C ...

Утре (6 април), со почеток во 19 часот, во салонот „19-19“ во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана новата книга важна за македонската историографија – монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од универзитетската професорка Виолета Ачкоска. Оваа книга во издание на „Панили“ е резултат на повеќегодишни истражувања и во неа е отсликано едно специфично време на идеолошко-политички прекршувања на општествен ...

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата. Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана. Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возачите во Прилеп бил и под дејство на алкохол. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана. ...

Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија. Во ЕУ овој ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека скептицизмот кон проширувањето е надминат и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се осврна на закочениот европски пат на државата, преговарачката рамка и реформските процеси. Тој во своето обраќање, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, нагласи дека не треба да се губи време, дека постојат јасни чекори на патот кон Европската Унија и дека тие веќе се дефинирани од страна на ...

Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност со европските стандарди. Првиот заменик претседател ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, рече дека без европско правосудство не може да се врати довербата на граѓаните во државата и дека системските слабости и партизацијата ја разградуваат довербата во институциите. Осврнувајќи се на состојбата во правосудството, Филипе посочи на ...

На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода маж(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода маж(62) од село Макреш, општина Старо ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, изјави: „Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен ...

Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база, единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...

Изјава на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра. Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да побараат ...

На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода маж(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и мажот од готстивар, кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. Турските ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против две лица поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 03:00 часот при вршење на ...

Соопштение на СДСМ: Додека новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива нови детали за бегството на полскиот министер, кој имаше заштита од Орбан и преку Србија избегал во САД, во Македонија, Мицкоски и Филков со месец молчат за Никола Груевски. Прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да му овозможат на Груевски да ја избегне правдата, а самите да не се соочат со своите партиски ...

Соопштение на Левица: Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење. Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари“, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално задолжување со огромни ризици ...

– Уште еден од низата проекти коишто беа планирани за реализација. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од општината Ѓорче Петров, на колегите од Владата, на министерството за образование и наука, за посветената работа, трудот којшто го вложуваат, поддршката којашто ја даваат, бидејќи не е лесно да се износат сите овие ...

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од половина милион евра пронајдени во специјално контруиран бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за зголемени инвестиции во образованието и што ќе значи тоа конкретно за образовната заедница, изјави: „Во науката, исто така покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони ...

Во духот на меѓусебна почит и соработка, денеска се одржа средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти. Средбата помина во исклучително конструктивна и пријателска атмосфера, при што беа разменети искуства и добри практики во областа на локалниот развој, културата и туризмот. На состанокот беа поставени основите за понатамошна соработка меѓу двата ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија. Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”. Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност. ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
6.95
22%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
4.54
39%
1015
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.26
30%
1017
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.25
33%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.8
24%
1010
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Атина

36ᴼ / 35ᴼ
4.92
34%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.82
23%
1011
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
0.67
23%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.13
53%
1012
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
30%
1017
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
5.8
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.7145

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Калај

56.36

Паладиум

43628.56

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.28

Цинк

0.00

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36