Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...
Во Собранието, денеска, се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“ – сесија 2 во рамки на Четвртиот форум за културна дипломатија. Свое воведно обраќање на настанот имаа претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и поранешниот претседател на државата, проф. д-р Ѓорге Иванов. На панел-дискусијата свои обраќања имаа: Јован Суботиќ, пратеник во Собранието на Црна ...
Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...
На 27.05.2026 во 20:30 часот во село Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 17-годишна девојка од село Чегране. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека малолетничката го управувала возилото пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На ...
Во 2025 година, во споредба со 2024 година, имаме зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 6.5 %, кај обвинетите и осудените полнолетни лица имаме намалување на бројот на сторителите, на обвинетите за 7.7 %, а на осудените за 5.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во 2025 година бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2024 година, е зголемен за 6.5 %. Во наведениот период, намален е и ...
28 мај 2026 година, Скопје- Оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Тој посочи дека Владата внимателно и одговорно управува со јавниот долг и навремено ги сервисира наследените обврски, во услови кога државата се соочува со значајни ...
Државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје се првите два кои сегашната Влада целосно ќе ги реновира и пушти во употреба на стартот на новата академска година. Работите се одвиваат паралелно и ќе завршат во јули, но потоа ќе следи опремување на собите и сите други простории. За ова информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на студентскиот дом во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го ...
Внатрешна контрола изврши проверки и констатираше дека нема незаконско постапување при одбивањето на влез на четворица државјани на Обединетото Кралство со возило со странски регистарски ознаки на 06.05. на ГП Табановце Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапуваше по објава на социјална мрежа, каде од државјанин на Обединетото Кралство е објавено видео на англиски јазик за одбиен влез во ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе отпатува во Западен Балкан следната недела (1-5 јуни) за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора (на 5 јуни). Претседателот Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста. „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и нивните криминални тендери. Нема пари за граѓаните, нема за повисоки плати, нема за минимална плата од 600 евра, нема пари за мерки, нема пари за субвенции за земјоделците. Нема ...
На 27.05.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, маж (36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во неговото возило „пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки и подоцна го следело низ градот. Според пријавеното, така бегајќи од возилото, на крстосницата помеѓу ул.„Видое Смилевски Бато и „29 Ноември“ забележал службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него, но ...
Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), во која живеела и нејзината мајка М.В. (85), која настрадала во настанот. Огнот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во текот на денот се очекува да ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија. Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено ...
Следниот неработен ден за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден, • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против лице (60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија за ...
Соопштение на СДСМ: Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери за Мастеф, има за 51 ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. ...
На 28.5.2026 година (четврток) во 16:00 часот на Машинскиот факултет во Скопје, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“. Панелот е дел од меѓународна конференција посветена на градење синергија за креирање ...
Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...
Општина Кавадарци ја реализираше исплатата на финансиска поддршка за сите семејства кои имаат прваче во учебната 2025/2026 година, извести преку фејсбук градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. – На секое семејство му се исплатени по 2.500 денари, а вкупно за оваа намена се издвоени околу 800.000 денари. Со оваа мерка продолжуваме да даваме поддршка на семејствата и да инвестираме во образованието и подобар почеток за нашите најмлади ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна ...
Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 29.05.2026 Минимална температура: 7°C до 15°C Максимална температура: 21°C до 30°C Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен ...
Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во Велес управувало возило ...
Во издание на Институтот за јавни политики – Скопје, излезе од печат книгата „Dvadeset godina u Ujedinjenim nacijama: Put Crne Gore kroz opštu debatu Generalne skupštine“, од авторот доц. д-р Неџад Мехмедовиќ. Книгата е објавена по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора и содржи официјални обраќања на црногорските државни претставници на општата дебата на Генералното собрание на Обединетите нации во периодот ...
Македонија повторно доби бројка што не е само статистика, туку предупредување. Во првите три месеци од 2026 година се родиле 3.380 деца, а починале 5.342 лица. Тоа значи дека природниот прираст е негативен за 1.962 лица — речиси две илјади луѓе помалку само за едно тримесечје. Ова не е обична демографска вест. Ова е слика на земја што тивко се празни. Кога ќе се каже „негативен природен прираст“, звучи суво и административно. Но зад тие ...
– Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, соопштија од Владата, откако беа прозвани од опозицискиот лидер Венко Филипче во врска со оддржување на референдум за ЕУ. – А како изгледа кога СДС ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Герогиевски, потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери, со Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Со проектот се предвидува реконструкција на најоштетениот дел од патот, односно од потегот на улица „19“ во населба Илинден кон населеното место Јурумлери, во должина од околу половина километар и широчина на коловозот од 4,5 метри, со што ќе се овозможи ...