
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Платите стагнираат, а покачувањето на минималната плата е под знак прашалник, бидејќи Владата го блокира функционирањето на Економско-социјалниот совет, порача денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче. „Работниците и синдикатите бараат минимална плата од 450-500 евра, но Владата молчи. Социјалниот дијалог е целосно уништен. Работниците се оставени без сигурност, а економската неизвесност станува сè поголема. И за ова СДСМ има ...
Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека очекува САД да им дадат поддршка на европските мировни сили откако ќе биде постигнат прекин на огнот меѓу Украина и Русија. Говорејќи за телевизијата Блумберг во Кејп Таун, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Г-20, Ломбард рече дека Велика Британија, Германија, Франција и другите европски земји се подготвени да испратат сили за да го гарантираат спроведувањето на ...
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, потврди дека во Белград ќе се сретне со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула. „Дали тоа ќе биде најубавото нешто во мојот живот? Не. Дали би сакала да разговарам со Тонино Пицула како Ана Брнабиќ? Никогаш. Но, како претседател на Народното собрание на Република Србија, морам да разговарам со известувачот на Европскиот парламент“, изјави Брнабиќ за „Еуроњуз ...
Осврнувајќи се на гласањето на Македонија за резолуциите за Украина, во Обединетите нации, претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека тоа е доказ дека актуелната влада води надвореѓна политика без компас и со импровизации. „Последните одлуки и гласањето во Обединетите нации јасно покажаа дека Владата ја води надворешната политика целосно без компас, импулсивно и надвор од јасно утврдените стратешки приритети. Наместо да се однесуваме ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека САД ќе почнат да продаваат „златни билети“ во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места. „Богатите луѓе ќе дојдат во оваа земја со купување на овој билет. Тие ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе“, изјави американскиот претседател за новинарите во Белата куќа. ...
Повеќе од 250.000 канадски граѓани и жители потпишаа петиција со која ја повикуваат Канада да му го одземе канадското државјанство на Елон Маск. Поврзаноста на Маск со американскиот претседател Доналд Трамп, кој планира да воведе царина од 25 отсто за сите канадски увозни производи следниот месец и зборуваше за Канада како 51-ва американска држава, е „против националниот интерес на Канада“, тврдат подносителите на петицијата. Технолошкиот ...
Безбедносните проблеми го одложија отворањето на меѓународниот аеродром, кој беше завршен во октомври минатата година. Без никакви патници и авиони, најновиот и најскапиот аеродром во Пакистан, Њу Гвадар, останува мистерија. Трошоците за изградба од 240 милиони долари беа целосно финансирани од Кина, но никој не знае кога официјално ќе се отвори и ќе започне со работа, пренесува „Си-ен-ен“. Се наоѓа во крајбрежниот град Гвадар и е завршен од ...
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград и Србија се меѓу најбезбедните градови или земји во Европа. „Значи, државата и државните институции, и покрај валканата пропаганда на секојдневно ширење на несигурност, страв и се, си ја вршат својата работа на најчист можен начин и се погрижија денес и Белград како град и Србија како држава да бидат една од најбезбедните земји во Европа. Една од трите или четирите најбезбедни земји во Европа“, ...
Познатиот германски боксер и европски шампион, Марио Дасер (36), е ранет во пукотница во Белград. Престрелката се случила утринава околу 4 часот на улицата Кнез Данилова, а со Марио бил и М. А. (31), кој исто така бил ранет. Дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Белград е на самото место и води истрага во полиција. „Се трага по две засега непознати лица, кои утринава околу 4 часот пукале кон оштетените на улицата Кнез Данилова“. ...
Македонската економија се движи во погрешна насока, наместо напредок, сведоци сме на продлабочување на кризата, неконтролирано трошење, пад на инвестициите и намалување на животниот стандард, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Во однос на економските параметри, Филипче потенцираше дека бројките покажуваат негативни резултати што е последица на погрешните владини ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека економската неизвесност станува се поголема, граѓаните ги чувствуваат погрешните економски политики на Владата. Трошоците за живот континуирано растат, платите стагнираат, а Владата нема решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните, ниту ги прифаќа предлозите на СДСМ. „Трошоците на живот во јануари 2025 се зголемени за ...
„Добар ден и од мене. Јас навистина не би имал што да додадам на тоа што претходно го кажа градоначалникот и министерот, важно е да се реализираат проекти, полека но сигурно зимата завршува почнува пролетта, а со пролетта и градежната сезона и уште позасилено темпо на реализација на капитални инвестиции, посебно на инфраструктурните проекти како што се овие. Би ја искористил оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на министерот, на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата од над 1 милијарда евра и кој ќе биде бенефитот за државата, информираше дека важно е што инвестицијата ќе работи по пазарни правила и по пазарни услови. Држава ќе помогнеме во административниот дел. „Да, тоа е отпочнување на сериозни разговори со оваа реномирана турска компанија ...
„Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина и услов за да ние работиме спротивно од тоа“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата на СДСМ дека се врши партизација на судските органи. Премиерот Мицкоски посочи дека правосудните органи под палка на СДСМ и ДУИ е октруирано и партизирано и има доверба од 2 проценти. „Тоа значи дека имаме октруиран, партизиран ...
Последниот извештај на „Фридом хаус“ покажува дека Македонија и годинава останува делумно слободна земја, а тоа претседателот на СДСМ Венко Филипче го оценува како загрижувачки. Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериуми политички права и граѓански слободи и годинава Македонија го зазема 67 место споредбено со 2021 година кога Република Македонија беше единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор ...
Соопштение на СДСМ: На првата надзорна расправа „Ефекти од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ ДПМНЕ ја покажа вистинската вистина, или новото нормално – дека воопшто не се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните. Лицемерието го покажаа и ВЛЕН и ЗНАМ кои исто така не ја удостоија расправата барем со по еден свој претставник. Владејачкото ...
Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватните матични лекари, доктор Лилија Чолакова-Дервишова, рече дека без претходна најава, Управата за електронско здравство им наложила да верификуваат мобилни телефони на пациентите пред да ги извршат прегледите. Тоа, како што објасни, го блокирало функционирањето на системот „Мој термин“. Од ...
Алијанса за Албанците го поддржува секое вложување во здравството, но изразува длабока загриженост за неправедната распределба на инвестициите во здравствениот сектор од страна на актуелната влада. Додека милиони евра се планираат за инвестиции во болницата „8 Септември“ во Скопје, клиничките болници во Тетово и Штип продолжуваат да се соочуваат со неприфатливи услови и недостаток на инвестиции. „Владата го третира здравствениот систем на две ...
Што се однесува до интензивните посети на владините претставници во САД, СДСМ ги поздравува овие напори за продлабочување на стратешкото партнерство со САД, останува нејасно, со која цел се овие посети и што државата може да очекува како исход од ни, рече денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче. „Освен флоскули како „ние сме први во редот“ и „ова е новото нормално“ засега не е јасно што Владата побарала и очекува од новата администрација во САД. ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција се осврна на односот на македонската влада кон американската резолуција во ООН која се однесува на војната во Украина. Филипче оцени дека владата е неконзистентна во своето делување и води надвореѓна политика базирана на импровизации. „Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, но потоа гласаа воздржано. Првпат една ...
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар и годинава објави јавен повик за доделување на локации за поставување подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на 14 локации во централната градска зона. Право на учество имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност и сите лица што вршат занаетчиска дејност, а подвижните објекти може да се користат за угостителски услуги (продажба на јадења, напитоци, ...
Две лица на возраст од 19 и 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи нешто по полноќ во општина Драганиќ, недалеку од Карловац, известија од полициската управа во Карловац. Несреќата се случила 25 минути по полноќ кога патничко возило со карловачки регистерски таблички поради пребрзо возење излетало од патот и влегло во канал. Загинале 19-годишниот возач и 18-годишната сопатничка во возилото, информираат од СВР Карловац. ...
Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни од приходите од работата и слично. Тоа ќе ни помогне да увидиме ...
Во текот на вчерашните (25.02.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 773 платни налози. Во рамки на веќе континураниот актуелен статистички тренд по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму најбројни ...
Конфузна, импровизирана и без компас. Вака Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја оцени надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со резолуциите за Украина. На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека Владата го напушта курсот на Европската Унија и нејзините земји членки и со нејзиното неконзистентно однесување во надворешната политика делува како залутан играч на меѓународната ...
Интензивните посети на владините претставници во САД треба да резултираат со формализирање на барања или очекувања за напредок на државата на меѓународен план, ВМРО-ДПМНЕ ниту соопштиле ниту некој слушнал за некакви барања, евентуална поддршка и каква, оцени претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција. „Што се однесува до интензивните посети на владините претставници во САД, СДСМ ги поздравува овие напори за продлабочување ...
Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работен состанок со претставници на неколку министерства и граѓански организации од Црна Гора. Делегацијата од Црна Гора со членови од министерствата за човекови и малцински права, за просторно планирање, урбанизам и државен имот, за внатрешни работи, за здравство, за социјална заштита, семејни прашања и демографија, Совет на Ромите, невладини организации и медиуми ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и соработка меѓу двете земји кои се одвиваат во континуитет во областите од заемен интерес. Во овој контекст, беа разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план. Соговорниците разговараа и за актуелните ...
Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Венко Филипче: Денес навршуваат 21 година од авионската несреќа во која трагично ги загубија животите претседателот Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Претседателот Борис Трајковски беше вистински државник, проевропски политичар, пример за храбро и мудро лидерство. Ќе остане запаметен по неговите заложби за соживот, мир, за напредок и меѓународна интеграција на нашата држава. ...
Фејсбук статус на Христијан Мицкоски: Сеќавање на претседателот Борис Трајковски. Денес се навршуваат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, заедно со неговите соработници и екипажот на авионот. Македонија тогаш загуби државник со визија, лидер кој веруваше во помирување, стабилност и европска иднина на татковината. Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и ...