Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски по повод Свети Кирил и Методиј: „Постојат народи кои својата историја ја паметат преку војни. Постојат цивилизации кои својата големина ја мерат преку освоени територии, богатства и империјална моќ. Но постојат и народи кои опстојуваат преку словото, преку книгата, преку образованието и преку духовноста. И народи кои го имаат испреплетено патот на духовна и културна ренесанса со жесток револуционерен ...

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, пратеник на СДСМ: Честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј! Со длабока почит кон делото на светите браќа, денес се потсетуваме на нивната историска мисија — писменоста, просветителството и духовноста што ги обединија словенските народи. Во Рим, пред плочата во базиликата „Санта Марија Маџоре“, оддадовме почит на нивното бесмртно дело, кое и денес останува темел на нашата ...

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: ” По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено ...

Честитка од Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија: По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи. Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, ...

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека доколку биде избрана за претседателка на изборите следната година (2027), ќе ја повлече Франција од интегрираната воена команда на НАТО. Таа со децении тврди дека оваа структура ја поткопува независноста на Франција и ја зголемува зависноста на Европа од одлуките на САД и претседателот Доналд Трамп. „Мораме да се повлечеме од интегрираната команда. Треба да останеме во НАТО, ...

Соопштение на СДСМ: Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина. Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само ...

Фејсбук статус на Венко Филипче, претседател на СДСМ: „Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност. Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја, описменувачите и просветителите на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека претстојната посета на Кина ќе биде најважната во неговата политичка кариера, нагласувајќи дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ги прими претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, како и него, во текот на следниот месец. Вучиќ изјави дека посетата ќе трае пет до шест дена и ќе има карактер на државна и официјална посета, нагласувајќи ја важноста на соработката со ...

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер ...

Централната команда на САД (CENTCOM), која ги надгледува операциите во војната против Иран, соопшти дека ударната група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ во Арапското Море е во „висока готовност“. Соопштението доаѓа во време на зголемени тензии, при што Пакистан се обидува да посредува во мировен договор, а американскиот претседател Доналд Трамп му издава нови ултиматуми на Техеран. Порака од носачот на авиони CENTCOM објави ...

Доналд Трамп помладиот, најстариот син на американскиот претседател, ќе се ожени со Бетина Андерсон, позната личност од Палм Бич, овој викенд. Според две лица запознаени со плановите, церемонијата ќе се одржи на мал остров на Бахамите, а списокот на гости е намерно сведен на помалку од 50 луѓе за да биде настанот што е можно поинтимен. Не се очекува претседателот Доналд Трамп да биде меѓу гостите, објави Си-Ен-Ен. Трамп: Ќе се обидам да ...

Бројот на жртви во експлозијата на гас во рудник за јаглен во северна Кина се искачи на 90, додека уште девет лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти, пренесуваат кинеските медиуми. Несреќата се случила во градот Чангжи, во покраината Шанкси, во рудникот за јаглен Лиушан, кој се наоѓа во округот Кинјуан. Според досегашните информации, експлозијата одекнала во петокот во 21:43 часот по локално време, кога под земја се ...

Германски турист бил толку лут од добро познатиот проблем со „резервирање“ лежалки на плажа што решил да го тужи туристичкиот оператор. За време на семеен одмор на грчкиот остров Кос, за кој платил 7.186 евра во август 2024 година, бил огорчен бидејќи лежалките на плажата биле зафатени секое утро пред појадок, објавува Times. Иако едно од правилата на хотелот експлицитно забранувало оставање пешкири на лежалките преку ноќ, се чини дека ...

На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово. На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, ...

Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 25.05.2026 Минимална температура: 7°C до 15°C Максимална температура: 22°C до 30°C Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за ...

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече ...

На 23.05.2026 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице(22) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид. На 23.05.2026 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба ...

На 22.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека на 21.05.2026 околу 19:30 часот слушнала тропање на кровот на нејзината куќа на ул.„Ѓорѓи Динката“ во Драчево, а на 22.05.2026 околу 21:00 часот на скали од куќата пронашла зрно од огнено оружје. Зрното е подигнато за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека ...

Италија, земја позната по својот „сладок живот“, има сериозен еколошки проблем: највисоки локални концентрации на опасни PM2.5 честички во Европа. Овие ситни честички прашина продираат длабоко во белите дробови и крвотокот, а се предизвикани од патниот сообраќај, рафинериите, цементарниците, согорувањето на фосилни горива и шумските пожари. Според најновиот извештај за квалитетот на воздухот од страна на Европската агенција за животна средина ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...

Соопштение на Левица: Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно. Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат ...

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го ...

Земјотрес со јачина од 4.0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Албанија, покажуваат податоците од апликациите за следење на сеизмичка активност. Потресот се случил во 15:39 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри. Епицентарот бил на координати 41.036 северна географска ширина и 19.845 источна географска должина, на околу 22 километри југозападно од Елбасан и 16 километри североисточно од Лушње. Според ...

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што овозможуваме изградба на Дата центри во Македонија што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот: “Би сакал да ја информирам јавноста околу новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт со ...

Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во околината на Скопје, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот е регистриран во 17:41 часот по локално време, со епицентар на околу 21 километар источно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри. Граѓани на социјалните мрежи и на EMSC коментираат дека потресот бил краток, но почувствуван во повеќе ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5 Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија ...

Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
8.1
22%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
4.76
40%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.87
29%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
0.4
35%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.14
23%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
49%
1018
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
35%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
7.07
20%
1011
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.12
23%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
52%
1011
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
31%
1017
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
6.55
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Бакар

13.23

Калај

56.36

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Цинк

0.00

Паладиум

43628.56

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Платина

56038.75

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Родиум

278103.96