Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави: „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје. Тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци: Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температури по региони: Скопје: 13°C / 32°C Маврово: 10°C / 24°C Битола: 14°C / 27°C Охрид: 13°C / 30°C Штип: 13°C / 33°C Берово: 9°C / 34°C Крива Паланка: 9°C / 28°C Куманово: 8°C / 27°C Сончево ...

Прес конференција на Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните. Еден од најважните резултати е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ СДС, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата, тие не кажуваат ниту еден збор. Истите тие кои секојдневно зборуваат за одговорност и бараат оставки, денес молчат и го штитат својот кандидат. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните веќе со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од страна на Мицкоски. Секоја најава на Мицксоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Најновиот пример се горивата. Мицкоски најави намалување на акцизите и се пофали со наводни мерки за поевтини горива, а веднаш потоа цените повторно значително се зголемија. Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените предизвикува нов ценовен ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани. Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...

Соопштение на СДСМ: Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност. Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат загадена ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се ...

Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност. Прогноза за 24.07.2026 Минимална температура: 10°C до ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена ...

Врховната здружена воена команда на Иран објави дека ќе ги таргетира целите што ги претставуваат интересите на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, доколку САД ги таргетираат нуклеарните објекти на Иран. Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „многу наскоро“ ќе го нападнат планинскиот предел Пијук каде што се сомнева дека Иран има нуклеарна програма, Централниот штаб на Иран, Хатем ал-Анбија, објави дека ...

Прекини на електричната енергија беа регистрирани во окупираниот Крим синоќа, додека големи пожари избувнаа во неколку градови на југот на Русија за време на ноќните украински напади врз логистичките објекти на малопродажните синџири, објавија каналите за следење на „Телеграм“ во среда. Според каналот „Супернова Плус“, украинските беспилотни летала погодија две трафостаници во окупираната Масандра и Јалта, предизвикувајќи прекин на ...

Началникот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на Соединетите Американски Држави, генерал Џон Кејн, изјави дека не ја смета Русија за пријател на Америка, оценувајќи дека односите меѓу Вашингтон и Москва остануваат сложени. Кејн го изјави ова за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Сенатот, каде што се разгледуваше барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за дополнително финансирање на Пентагон во ...

Делумно затемнување на сонцето ќе ги воодушеви набљудувачите на небото во Европа на 12 август, а Сонцето целосно ќе исчезне во источен Гренланд, западен Исланд и делови од Шпанија, како и на Балеарските Острови и западниот Медитеран. Космичкиот настан ќе биде делумно видлив за луѓето низ цела Европа и од делови од Северна Африка, достигнувајќи до Украина и Мароко. Ирска, Велика Британија, Франција, Португалија, Италија, Швајцарија и Алжир се ...

Според „Severe Weather Europe“, екстремен топлотен бран веројатно ќе ги покачи температурите на Иберискиот Полуостров на помеѓу 45 и 47 степени Целзиусови оваа недела. Причината е продор на многу топол воздух директно од Сахара, додека нова термална купола се зацврстува над југозападниот дел од континентот, објавуваат медиумите во регионот. Највисоката температура досега измерена во Шпанија била 47,6 степени, забележана на 14 август 2021 ...

Италијанските власти запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во северозападна Италија. Дрогата била скриена меѓу палети со банани во ладилник што пристигнал од Еквадор. Ова е една од најголемите заплени на дрога во тоа пристаниште во последните години. Според италијанската финансиска полиција, во контејнерот биле пронајдени околу 650 пакети со повеќе од 770 килограми кокаин. Прелиминарните тестови покажаа дека ...

Василис Цијарас, адвокат на српскиот бизнисмен Љубиша Каровиќ кој речиси излета од прозорецот на авион на 10 јули на лет од Солун, Грција до Меминген, Германија, е уверен дека неговиот клиент ќе добие голема отштета. Се претпоставува дека дел од моторот се одвоил од авионот и го скршил прозорецот кратко по полетувањето. Авионот го изгубил притисокот во кабината и извршил итно слетување. Главниот извршен директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ...

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија и ќе се состанат повторно утре за да се обидат да постигнат договор, изјави дипломатски извор. Главната пречка за договор за 21-от пакет санкции останува грчкото барање на нејзините бродосопственици да им биде дозволено да продолжат да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Грција е светска превозна сила, а ...

Исланд нема што да изгуби ако ги отвори преговорите за членство со Европската Унија, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пред референдумот на Исланд за ова прашање. Исланѓаните ќе одлучат на 29 август дали да го продолжат процесот на пристапување што нивната влада го суспендираше во 2015 година, шест години откако земјата аплицираше за членство предизвикан од финансиската криза, објави Euronews. „Гласањето на 29 ...

Европската Унија уништува помеѓу четири и девет проценти од облеката што никогаш не е носена секоја година. Оваа практика не само што троши суровини, вода, енергија и трудот вложен во производството, туку генерира и огромни количини стакленички гасови. Според Европската комисија, уништувањето на непродадената стока предизвикува емисии од 5,6 милиони тони CO2 годишно, што е споредливо со годишните емисии на два до три милиони автомобили. За да ...

Прес конференција на Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки насочени кон подобрување на условите за работа на вработените, поддршка на младите и креирање на долгорочни политики за демографски развој. Потпишан е нов Колективен договор, со кој платите на вработените во центрите за социјална работа во земјава се зголемени за 20%. Со ова се вреднува ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт. Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58