Тековното затворање на владата на САД стана најдолго во историјата на САД, достигнувајќи го својот 36-ти ден денеска, бидејќи Конгресот останува без одобрен федерален буџет. Претходно, најдолгото затворање на владата во историјата на САД се случи за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, оставајќи многу федерални операции во голема мера запрени повеќе од пет недели во периодот на крајот од годината 2018-2019. Колку долго ќе ...

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. – За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...

Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните ...

Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк – Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп. Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија ја доби трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и претставникот на Републиканската партија на Трамп – Кертис Слива. -Ќе ставам крај на ...

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денеска Министерството за внатрешни работи. Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и покраината Хесен како дел од прелиминарните истраги. -Ќе одговориме со ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth Social“ изјави дека поразите на неговата Републиканска партија на изборите се должат на тоа што неговото име не е на гласачкото ливче, како и на парализа на буџетот. „Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија вечервашните избори, велат анкетарите“, напиша претседателот. Во Вирџинија, дом на многу федерални ...

Мафини совршено меки, миризливи и полни со вкус. Состојки: Подготовка: Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Намастете ги калапите со масло и наросете ги со пченкарно брашно. Измешајте пченкарно брашно, обично брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, црн бибер. Во мал сад измешајте јогурт, маслиново масло и јајца. Измешајте ги сувите и влажните состојки и додадете ги тиквичките и пармезанот. Ставете по 1 полна лажица од смесата ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...

Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници, но и одлуката од 1 јануари 2026 година такси возилата задолжително да ...

Напорите на земјите-членки на Европската Унија да се договорат за нови климатски цели се одолговлекуваат. По околу 15 часа преговори до раните утрински часови денеска, министрите за животна средина на ЕУ во Брисел не успеаја да постигнат компромис за климатската цел до 2040 година. Тие, исто така, не беа во можност да се договорат за обврската за намалување што се бара според Парискиот договор за климатските промени од 2015 година – документ ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто ...

Поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку белгиски влади, Дидие Рејндерс е официјално обвинет за перење пари, откако бил сослушан од истражните органи на 16 октомври, објавија синоќа бриселските медиуми. Обвинението против Рејдерс е покренато поради сомнежи дека „перел“ пари со сомнително потекло, на тој начини што најчесто со готовина купувал т.н. „е-билети“ за игри на среќа, чија вредност е помеѓу едно и 100 евра и може ...

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавит еод ...

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Вечерва тешка трагедија ја потресе Босна и Херцеговина, откако најмалку девет лица ги загубија животите во катастрофален пожар што избувна во дом за пензионери во Тузла, пренесува порталот „Аваз“. Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи на противпожарната служба, полицијата и итната помош се испратени на местото на несреќата. Пожарот бил пријавен околу 22 часот, а според првичните ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (прв носител) успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Атина. Тој направи подвиг откако дури во третиот меѓусебен меч го совлада Чилеанецот Алехандер Табило со 2:0 во сетови. Првиот Ѓоковиќ го доби по голема борба и тајбрејк со 7:3 на поени, а во вториот сет беше убедливи сетот го заврши со 6:1 во сетови. Во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Нуно Боржес и Елиот Спицири. МИА ...

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим веќе десет години не добива равноправен третман од страна на судиите во Премиер лигата. „Сините од Манчестер“ викендов изборија важна победа од 3:1 на домашен терен против Борнмут. И покрај победата Гвардиола имаше сериозни забелешки на судењето и тоа во моментот кога не беше досуден фаул на голманот Џанлуиџи Донарума, при голот за изедначување. – Дејвид Брукс му ја собори ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство. Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември). -Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè ...

Поранешниот фудбалски капитен на Англија, Дејвид Бекам беше меѓу оние што примаа почести денеска во замокот Виндзор, каде што доби витешка титула. Имено, 50-годишниот некогашен фудбалер е награден за неговите заслуги во спортот и добротворните настани. Сер Дејвид, по тој повод, изјави дека е неизмерно горд оти е спомнат во почестите за роденденот на кралот. Спортската ѕвезда од североисточен Лондон го имаше своето деби во Премиер лигата за ...

Џонатан Бејли е „Најсексипилниот маж на денешнината“ за 2025 година, според списанието „Пипл“. Извонреден во сè што прави, се вели, англискиот глумец ја краде сцената – и срцата на обожавателите, зацврстувајќи го својот статус како една од „најмагнетните“ ѕвезди во Холивуд. Бејли (37) пораснал на село во Оксфордшир со три постари сестри, неговата мајка Керол, и татко му Стјуарт. Знаел дека сака да биде глумец на петгодишна возраст откако ја ...

Глечерот Хекторија кај Источниот Антарктички Полуостров во 2022 -2023 година се топел со најбрзо темпо забележано во современата историја, според истражување објавено вчера. Според тимот научници, предводени од Универзитетот на Болдер, Колорадо, САД, речиси 50 отсто од глечерот се распаднал во текот на два месеци. До откритието истражувачите дошле по анализа на геофизички податоци и сателитски снимки. Така, мразот се повлекол за околу 25 км ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, поради сомневање дека очувот подолг период сексуално злоупотребувал малолетно девојче, а мајката не го спречила ниту пријавила случајот. Според обвинителството, осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови ...

Две лица загубија живот а петмина се повредени при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, појаснија вечерва од Јавното обвинителство, во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска инсистираше дека „нема несогласувања“ со канцеларот Фридрих Мерц во однос на прашањето за сириските имигранти, откако се најде под силен притисок од сопствената конзервативна партија. Коментарите на Вадефул минатата недела во Дамаск, во кои тој предупреди дека е „тешко возможно“ Сиријците кои живеат во Германија да се вратат дома поради уништувањето во земјата, беа критикувани од ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, соопшти белгиската Контрола на воздушниот сообраќај. Според белгиските медиуми, авионскиот сообраќај на бил запрен нешто пред 20 часот, откако бил забележан дрон над аеродромот. – Од безбедносни причини, целиот воздушен сообраќај е привремено запрен, изјави портпаролот на Контролата на воздушниот сообраќај, Курт Вервилиген. Сите полетувања ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
55%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
57%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.38
93%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
68%
1018
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
73%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
54%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
70%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
85%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Цинк

3.07

Кобалт

66.14

Калај

43.90

Сребро

2840.84

Бакар

10.68

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Родиум

350443.14

Иридиум

258288.78

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Алуминиум

3.18