Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Мундијалот откако ја совлада Белгија со 2:1, а јунак на „црвената фурија“ уште еднаш е Микел Мерино. Фудбалерот станува специјалист за голови по следните минути и носи победа на својата репрезентација. – Искрено, од една страна, дури ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе го направам она што се случува токму сега – сигурно не повторно во 90-тата минута кога топката падна ...

Нова пресметка за пласман во полуфиналето ќе има вечерва во Мајами Англија против Норвешка (почеток 23 часот). Тоа ќе биде дуел на уште две европски репрезентации. – Тие се фаворити, но не се големи. Сметам дека Англија е под поголем притисок од нас, но кога ќе почне натпреварот играчите не мислат на притисок. Бразил и Англија се може двете најголеми фудбалски нации со кои можеме да играме. Не е никаква тајна дека Кејн е нивниот најдобар ...

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ќе го брани трофејот на Вимблдон откако вчера во полуфиналето го совлада седумкратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4). Негов ривал во финалето ќе му биде актуелниот освојувач на Ролан Гарос, Александар Зверев. – Секогаш против Новак (Ѓоковиќ) имам тешки мечеви. На Австралија опен направив неколку адаптирања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. ...

Дуелот меѓу Англија и Норвешка што се игра вечерва (23 часот) во Мајами е воедно и дуел на двајца напаѓачи кои сезонава и на Мундијалот играат во одлична форма Хари Кејн (Англија) и Ерлинг Халанд (Норвешка). Англичаните постигнаа 11 голови на петте натпревари, а единствено не ја затресоа мрежата на Гана. За капитенот на Англија, Хари Кејн не е изненадување добрата форма на напаѓачите. – Мислам дека ова е неверојатно Светско првенство во однос ...

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46) кој возел мерцедес со брзина од 203 километри на час, а дозволено било 120. – При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека формира посебна команда која ќе се фокусира на длабоките напади врз Русија, а ќе формира и нова сила за брз одговор, која ќе вклучува сили за напад и единици за беспилотни летала. Руската енергетска инфрастуктура илјадници километри оддалеченост изминатиот период е цел на украинските напади со дронови. Последните недели, Украина речиси секојдневно пријавува напади, а официјалните ...

Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони луѓе. Во средината на мај без електрична енергија останаа источните ...

Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет. Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот. Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во ова етапа не можам ништо повеќе да изјавам, наведе портпаролот на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој ...

Бројот на загинати луѓе во двата големи земјотреса во Венецуела се искачи на 4.118, изјави претседателот на Народното собрание Хорхе Родригез. Двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни повредени се 16.740 луѓе, а 17.907 лица останаа без домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени по Рихтеровата скала најтешко го погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира, по што следеа повеќе од 600 последователни ...

Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот град на Германија, Берлин. – Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман. Жената беше заробена синоќа околу 22 часот по локално време, во супермаркет во јужниот берлински кварт Мариенфелде. МИА Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во ...

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денеска изјави дека одмаздата за неговиот убиен претходник, неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, е „барање на нацијата“ и „мора“ да се спроведе. Хамнеи ја објави пораката на Телеграм по повод погребните церемонии за неговиот татко, кои се одржаа неколку месеци откако беше убиен на 28 февруари, првиот ден од војната што почна со американските и израелските напади врз Иран. „Се колнеме дека ќе ја ...

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска со погребување на посмртните останки на уште десет жртви ќе се одбележи 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Генералното собрание на Обединетите нации пред две години го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Геноцидот во ...

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда и Партијата за европеизација и интеграција на Албанија доставија заедничко барање со препораки до Специјалната парламентарна комисија за изборна реформа на Албанија, со кое бараат суштински измени во изборното законодавство, со цел обезбедување на поефикасно политичко претставување на националните малцинства. Документот е доставен и до Народниот ...

Според најновите долгорочни прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за периодот 2027-2031 година, кои ги пренесува „Еуроњуз“, Македонија се очекува да оствари просечен годишен економски раст од 3%. Со овој резултат, земјата е позиционирана на седмото место меѓу економиите со најбрз раст на европскиот континент. Регионална динамика на Западниот Балкан Овие проекции покажуваат дека помалите економии од Западниот Балкан во следните пет ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени. Според ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на ...

Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт. Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство ...

Во текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. По најавата за така наречениот „супер вторник“, тоа е следниот вторник, на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји-членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавја. Ќе се отворат кластери за преговори за ...

Проблем за предложениот Изборниот законик е само обидот на ВМРО-ДПМНЕ да направи изборни манипулации, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека СДСМ ја поддржува европската агенда, но нема да прифати механизми што го доведуваат во прашање легитимитетот на изборите. „Тоа дека е дел од реформската агенда и тоа што власта кажува дека тоа е нешто што е за нив многу важно, меѓутоа не ...

Додека Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија одат напред, Македонија останува надвор од европската мапа и надвор од европската агенда поради погрешните политики на Владата на ВМРО, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче посочи дека најавениот „супер вторник“ на 14 јули е јасен доказ дека Европската Унија го држи проширувањето високо на својата агенда, но Македонија не е дел од тој процес. „По најавата за така наречениот ...

Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени огромните скандали со дивоградбите, досега никој не одговараше. Коалициските партнери ВМРО и ВЛЕН се штитат меѓусебно. Последниот скандал е со амин на ВРМО, нивниот коалицискиот партнер ВЛЕН, во Советот на Општина Чаир ги промени имињата на две улици без Бадентерово мнозинство. Грубо е прекршен механизмот за една од клучните гаранции на Охридскиот договор за носење одлуки ...

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјав за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТБС) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. Противник на Франција ќе и биде победникот од дуелот Шпанија – Белгија. Франција беше подобар противник на натпреварот, а првата голема шанса ја пропушти Килијан Мбапе во 28.минута кога неговиот удар од белата точка голманот на Мароко Боно го одбрани. Сепак, ...

Репрезентацијата на Франција третпат по ред е во полуфиналето на Светските првенства. Французите одиграа тактички мудар натпревар, а и нереализираниот пенал на Килијан Мбапе во првиот дел не ја сруши нивната стратегија. – Многу сме горди што сме во полуфиналето. Што се промени во споредба со 2018 и 2022 година? Па, во 2018 година, никој не ни даваше шанса. Во 2022 година, вообичаено, шампионот добро се снаоѓа дури и до осминафиналето. Ние ...

Репрезентацијата на Шпанија е единствената на Мундијалот, која досега нема примено гол. На петте натпревари „црвената фурија“ има четири победи и еден нерешен резултат. Според тоа улогата на фаворит во четвртфиналето со Белгија ги промовира како фаворити. – Натпревар со Белгија ќе биде најтешкиот со кој сме се соочиле досега. Белгија е многу моќен тим. Ова се играчи кои се навикнати да победуваат. Ќе биде предизвикувачки натпревар, изјави ...

Едно лице го загуби животот во северна Франција измината ноќ откако падна од камион за време на славјето по победата на Франција над Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство. Според медиумските извештаи, 17-годишно девојче починало откако падна од камион на кој се качила за да го прослави пласманот на Франција во полуфиналето. Девојчето се наоѓало на задниот дел од камионот кога „паднала и била прегазена од возилото“, соопштија ...

Пионерот во американската авијација, Воли Фанк почина на 87-годишна возраст, изјави портпаролката на Градот Грејпвајн во американската сојузна држава Тексас вчера. – Фанк, која полета во вселената во 2021 година на 82-годишна возраст и постави рекорд со својата возраст, почина во среда во Грејпвајн. Пионерот почина дома од природна смрт, опкружена со најблиските, изјави портпаролката. Инаку, Фанк полета во вселената со Џеф Безос во 2021 ...

11/07/2026 12:46 - Бриф

Денес многумина од нас подготвуваат компот од секаков вид овошје, а каква и да е комбинацијата што ќе ја избереме, резултатот секогаш е одличен. Состојки: 3 јаболка 1 лимон 10 сливи 5 круши 100 грама суви кајсии 50 грама сувa брусница 1 лажичка цимет 2,5 л вода 5 лажици шеќер или мед ( засладете по вкус) Подготовка: Подгответе го целото овошје, измијте го, излупете го и исечете го на парчиња или коцки. Во водата додатете го шеќерот (или ...

Можеби едно од најголемите неодговорени прашања во науката, за тоа како настанал животот на Земјата, можеби тукушто доби важен дел од одговорот. Јапонските научници тврдат дека откриле оти астероидот Рјугу ги содржи сите пет нуклеобази – основните молекули што ја сочинуваат ДНК-та и РНК-та, т.е. генетскиот материјал својствен за сите познати живи суштества на планетата Земја. Истражувачите дошле до откритието проучувајќи 5,4 грама од примерок ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42