Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“ – информира Министерството за внатрешни работи. -Од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно ...

Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан, јавија иранските медиуми. Погребот зад затворени врати се одржа во најсветото шиитско светилиште во Иран, светилиштето на Имам Реза, во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата, јавија неколку ирански медиуми. Церемониите за жалост траеја околу една недела. Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата ...

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски ...

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија, соопштија рано утрово службите за итни случаи во регионот Андалузија. Дел од жртвите биле пронајдени во возила, наведуваат службите за итни случаи во објава на X. Пожарот избувнал вчера попладне во општината Лос Гаљардос во провинцијата Алмерија, на околу 300 километри североисточно од Малага, соопшти регионалната влада. Регионалниот министер за внатрешни работи, Антонио Санз, го ...

Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување. Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на „висок ...

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела порасна на 3.889 лица, покажуваат податоците што синоќа ги објави високиот функционер Хорхе Родригез, додека Панамериканската здравствена организација (ПАХО) предупредува на здравствените ризици кои се појавија по земјотресот. Според најновите податоци, во земјотресите се повредени 16.740 лица, додека 17.907 луѓе останаа без своите домови. Најголемите здравствени ризици по двата земјотреси ...

Австралија денеска го потврди првиот случај на смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1 кај домашна морска птица. – Лабораториските испитувања на австралиската национална научна агенција го потврдија случајот кај голема чигра пронајдена во крајбрежниот град Роуб во Јужна Австралија – изјави министерката за земјоделство Џули Колинс. Како што се наведува, ова е прва потврдена инфекција кај австралиска морска птица, а сите останати случаи беа ...

Расте незадоволството кон владата на премиерот Еди Рама, чија итна оставка демонстрантите побараа и на синоќешниот 40. по ред протест во Тирана, на кој изразија револт и за издвојувањето 4 милиони евра од државниот буџет за концертот на американскиот рапер Канје Вест, што ќе се одржи утре во Тирана. -Иако на земјата ѝ е потребна заштита на животната средина од пожари, на болниците лекови, а на универзитетите научни истражувања, ниту едно од ...

Третиот летен топлотен бран во Италија почна денеска и ќе трае најмалку до 20 јули, јави новинската агенција Анса. Откако вториот топлотен бран забележа температури кои достигнаа 38 до 40 степени Целзиусови, во наредните денови повторно се очекуваат екстремни температури во Италија. Градовите Фиренца и Перуџа денеска и утре ќе бидат под црвен аларм за опасна жештина. В понеделник, температурите би можеле да достигнат 43 степени во ...

Во најновиот извештај на Обединети нации се наведува дека најмалку еден милион жени и девојчиња немаат пристап до помош што спасува животи поради намалување на финансирањето од глобалните донатори. Агенцијата на ОН за жени (UN Women) во извештајот наведува дека речиси 90 проценти од женските организации повеќе не можат да ги задоволат потребите на терен. А околу 120 милиони жени и девојчиња имаат потреба за хуманитарна помош и заштита. ...

Во главниот град на Словенија, Љубљана, синоќа се одржа протест, на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите исто така изразија критики кон сегашната ...

Во заедничкото соопштение на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас и еврокомесарката за проширување Март Кос, по повод 11 јули Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница се наведува дека геноцидот во Сребреница е една од најмрачните епизоди во историјата на Европа. – Во Европа нема место за негирање на геноцид, ревизионизам или величање на осудените воени злосторници, се наведува во ...

Унгарија денеска стана 25-та членка на Европското јавно обвинителство –ЕППО (EPPO), што ја покажува нејзината обновена посветеност на повторното воспоставување на владеењето на правото во земјата, објави Европската комисија. Денешната одлука на Европската комисија да го одобри барањето на Будимпешта за приклучување кон ЕППО има важни импликации бидејќи Регулативата за ЕППО ќе престане да биде закон за засилена соработка и ќе стане целосно дел ...

Порталот „Ко си, бре, ти“, чие активирање го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска почна со работа. Порталот е достапен на адресата www.kosibreti.rs, а граѓаните на него можат анонимно да пријават арогантно однесување на јавни функционери, корупција, злоупотреби и сите други незаконски дејствија и неправилности. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека на порталот граѓаните ќе можат безбедно и ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 12: 30 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...

Град Скопје информира дека од понеделник ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци во скопскиот регион. – Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13 јули, понеделник, до 16 јули, четврток, од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските ...

Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати. Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година. Цените на основните ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, соопштија утрово од ДЗС. – Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата ...

Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики. Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%. Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите. Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари. Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата ...

Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората. Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба. Зошто во Македонија граѓаните гласаат со ...

Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината. -Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат во фаза на техничко тестирање а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од ...

Владата на Мицкоски ги излажа и ги изигра сточарите – субвенциите се уште не им ги исплати. Законскиот рок за исплата на субвенциите за сточарите беше до 30 јуни – сточарите се уште немаат пари на сметките. Власта остана глува и на протестот на сточарите во Битола. Ниту ги слушна нивните барања, ниту понуди решение. Прво им ги намалија субвенциите за грло добиток од 12.000 на само 8.000 денари. Сега и тие намалени намалени субвенции, што ...

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција FIRSTLIGHT 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15.1. до 30.4.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел – откривање и сузбивање измами со модус ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...

Најмногу со 30 години возраст ќе може да се аплицира за сместување во студентски дом и забрана од една до пет години за сместување ќе имаат студенти што ќе сторат потешки повреди на куќниот ред – ова се две крупни измени предложени во Законот за студентски стандард кои се во моментов во Собранието. Нив денеска на средба со новинари ги образложи министерката за образование и наука Весна Јаневска, која очекува измените да бидат донесени овој ...

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“. -Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група ...

До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат да се одиграат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршница. Со денешниот дуел меѓу Франција и Мароко што се игра во Бостон стартуваат четвртфиналните пресметки. Светскиот првак од 2018 Франција е фаворит во дуелот со Мароко, но токму африканската репрезентација е таа на која и се даваат најмногу шанси за изненадувања. Почетокот на натпреварот е во 22 часот. ...

Се подготвува брзо, а вкусот е загарантиран, вишните и чоколадото се одлична комбинација. Состојки: 130 грама мек путер 150 грама чоколадо 150 грама темно чоколадо 180 грама шеќер 100 грама брашно 1 лажичка прашок за пециво 50 грама какао во прав 3 јајца 50 грама бело чоколадо 50 грама млечно чоколадо 100 грама вишни без семки Подготовка: Подгответе калап за торта со дијаметар од 24 см обложен со хартија за печење. Растопете го темното ...

Ирскиот поп-рок-состав „Ју-ту“ го објави новиот сингл „Street of Dreams“ (Улица на соништата). Ова е првата песна од нивниот нов албум што ќе биде објавен подоцна оваа година преку „Ајланд рекордс“ (Island Records), објави продукциската група „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group) денеска. Песната е продуцирана од долгогодишната соработничка на ирскиот бенд Џекниф Ли, а видеспотот е снимен во Мексико Сити во мај, каде што бендот се ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35