Крајот на март не беше наклонет кон лидерката на крајната десница во Франција, Марин Ле Пен, осудена за проневера, а почетокот на овој месец мириса на дополнителна ескалација на трговската војна поради објавата на новите американски царини на 2 април. ПОЛИТИКА Пресудата на десничарката Ле Пен би можела да ја разниша јавната политика на Франција Петгодишната забрана за кандидатура за претседателската функција на лидерката на француската крајна ...

Златото достигна рекордно високо ниво откако бранот на нестабилност ги натера трговците да бараат засолниште пред очекуваното воведување царини од страна на претседателот Доналд Трамп, што ја зголеми загриженоста дека глобалната економија се движи кон трговска војна. Прачките за прв пат се искачија над 3.133 долари за унца, по порастот од 1,4 проценти во претходната сесија. Трговците се на работ бидејќи Трамп планира да објави огромни давачки ...

Неделата започна со многу казни и тоа високи. За проневера за јавни европски пари Судот ја прогласи за виновна французинката Марин Ле Пен, лидерка на екстремната десница, изрекувајќи и казна забрана за кандидирање за јавна функција во наредните пет години, затворска казна во траење од четири години од кои две се условни и парична во висина од 100.000 евра. Тоа значи дека Ле Пен нема да се најде на гласачкото ливче на следните претседателски ...

На нецел месец до Велигден откупот на јагниња во земјава сѐ уште не почнал интензивно, а цената по која деновиве се откупуваат јагнињата, кои потоа треба да се обработат во кланиците и да се пласираат претежно на странските пазари, е иста како и лани, па и преклани, околу 220-230 денари за килограм жива мера. Но трошоците во меѓувреме се зголемени, се жалат одгледувачите на овци и јагниња, незадоволни од откупната цена што засега им се нуди, ...

Почнува постапката за распределба на втората транша на парите од унгарскиот кредит наменети за македонските компании. За распределба има уште околу 240 милиони евра. Развојната банка деновиве го достави барањето до Министерството за финансии за повлекување нови средства „во согласност со барањата на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите“, велат од банката за „Блумберг Адрија“. На почетокот на март ...

Илон Маск призна дека неговата работа како советник на претседателот Доналд Трамп за намалување на владата „го чини многу“ кога станува збор за неговата друга важна работа - позицијата извршен директор на „Тесла“ (Tesla). Политичката реакција на неодамнешните политички кампањи на Маск во САД и во светот влијаеше врз „Тесла“ и дома и во странство. „Овој бизнис ме чини многу“, рече Маск на состанокот на градскиот совет во Висконсин, истакнувајќи ...

Францускиот антимонополски регулатор го казни „Епл“ (Apple Inc.) со 150 милиони евра (162 милиони долари) по долгата истрага за тоа како технолошката компанија бара да ги собере податоците на корисниците на оперативниот систем iOS и влијанието врз огласувачите. Системот за транспарентност за следење апликации на „Епл“ не им дозволува на креаторите на апликации да се усогласат со европските правила за приватност (GDPR), објави денеска ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека е „многу лут“ на Владимир Путин и се закани со „секундарни царини“ за купувачите на нафтата од неговата земја доколку рускиот лидер одбие прекин на огнот со Украина. Во коментарите објавени од „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News), Трамп рече дека е „налутен“ од Путин затоа што фрла сомнеж во легитимноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски како партнер во преговорите и се закани дека ќе ја ограничи ...

Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН). Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на РН во Европскиот парламент вработуваат луѓе кои работат за партијата на Ле Пен. Лидерката на РН е прогласена за виновна за проневера на 474.000 евра поради фиктивно ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека планира да започне со реципрочни царини со „сите земји“, со што ќе ги ублажи шпекулациите дека би можел да го ограничи првичниот опсег на царините што треба да бидат обелоденети на 2 април. „Ќе започнете со сите земји, па да видиме што ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс 1“ (Air Force One). Трамп треба да воведе таканаречени реципрочни тарифи на 2 април, како клучен дел од ...

Нафтата флуктуираше додека пазарот ги одмерува измешаните забелешки на Доналд Трамп и заканата од нови казни за руската сурова нафта доколку неговиот колега Владимир Путин одбие прекин на огнот со Украина. Трамп им рече на новинарите на „Ер Форс 1“ (Air Force One) дека не мисли дека Путин „ќе го повлече својот збор“, што се чинеше како да ја намалува острината од неговата претходна критика, кога „Ен-би-си њуз“ (NBC News) извести дека тој е ...

Новиот премиер на Гренланд рече дека Доналд Трамп нема да го добие арктичкиот остров, што е прв коментар што тој го даде откако во петокот формираше влада. „Ние не припаѓаме на никој друг“, рече Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Фејсбук, одговарајќи на најновиот коментар за преземање од американскиот претседател. „Ние сами одлучуваме за нашата иднина“, напиша тој. Коментарите на Нилсен доаѓаат само неколку дена откако заменик-претседателот на ...

Настаните на берзите од 20 јануари може да се сумираат само во едно име: Доналд Трамп. Непредвидливите потези на американскиот претседател предизвикуваат значителна нестабилност на пазарите – како на берзата, така и на пазарот на обврзници, но и на криптопазарот. Откако паниката околу можната рецесија во САД донекаде стивна, се појавија стравувања дека американските акции ќе станат помалку ликвидни. Ова повторно предизвика паника и распродажба ...

Во морето вести, интервјуа и анализи за големиот број надворешнополитички кризи што влијаат на светската економија – од војната во Украина, преку царинската војна на Трамп со Европската Унија и Кина, до ракетните напади на Хутите врз бродовите во Црвено Море – речиси незабележано од пошироката јавност, па дури и од Белата куќа, поминаа информациите што се показатели за голем напредок на земјите од Заливот во нивната амбиција да станат центар на ...

Ова можеби не е смирувачко кога пазарите се нестабилни, но секогаш постојат можности во периоди на пазарни превирања. Индексот S&P 500 е намален за околу шест проценти во однос на последното највисоко ниво поради знаците за забавување на растот, падот на технолошките акции, геополитичките тензии и трговската политика на претседателот Доналд Трамп. Но, променливите пазари, исто така, можат да откријат вредни можности за инвестиции. Всушност, ...

Ова беше историски квартал за европските акции. Инвеститорите сега се прашуваат дали ќе следи уште еден бран на раст. Со години немаше причина да се гледа надвор од САД, каде технолошките гиганти и немилосрдната економска моќ ја водеа ерата на доминација на пазарот. Сепак, сомнежите за исклучителната позиција на Америка се зголемија поради неизвесноста што ја донесе царинската политика на Трамп и намалувањето на владините работни места. Во ...

Потребно е натамошно унапредување на финансиската писменост кај младите преку наставни и воннаставни активности, со цел тие да можат да имаат квалитетен живот, да го планираат сопствениот буџет и финансии и паметно да ги користат средствата со кои располагагаат, сметаат учесниците на денешниот трет Женски Економски Форум што се одржа во Скопје. „Денеска на овој настан дискутираме за финансиското образование на младите луѓе што претставува ...

Демонстранти се собраа вчера пред салоните за автомобили на компанијата „Тесла“ во неколку американски и европски градови, протестирајќи против отпуштањата од работа што ги спроведува американскиот Оддел за владина ефикасност, предводен од Илон Маск. Најголем дел од неговото вкупно богатство, проценето на 340 милијарди долари, е во акциите на „Тесла“, со кои тој продолжува да управува додека соработува и со претседателот Доналд Трамп, ...

Министрите за трговија од Кина, Јапонија и Јужна Кореја го обновија својот повик за отворен, фер проток на стоки и ветија дека ќе ги продлабочат економските врски. Ова доаѓа на само неколку дена пред администрацијата на Трамп да воведе нови царини за нациите ширум светот. Министерот за индустрија на Јужна Кореја, Ан Дук-Геун, и неговите колеги Јоџи Муто од Јапонија и Ванг Вентао од Кина денеска во Сеул разговараа за договорот за слободна ...

Трговските ланци маркети во Австралија ќе се соочат со големи казни за зголемување на цените или нудење лажни попусти според предложените владини реформи. Премиерот Ентони Албанес, кој се соочува со избори во мај, фокусирани на притисоците врз трошоците за живот има за цел да воведе законодавство за забрана на нереално превисоките цени и зајакнување на заштитата на потрошувачите. Австралискиот регулатор за заштита на пазарната конкуренција на ...

Украина ќе побара промени во сеопфатниот нов економски договор предложен од страна на претседателот Доналд Трамп, вклучително и ветување за повеќе американски инвестиции, вели лице запознаено со ова прашање. Нацрт-предлогот што на увид го доби „Блумберг Њуз“ (Bloomberg News) ќе му даде на Вашингтон контрола врз сите големи идни инвестиции во инфраструктурата и минералите во земјата разурната од војна - и тоа без приложено временско ...

Претседателот Доналд Трамп рече дека е отворен за преговори со кои би се намалиле царините што планира да ги спроведе за земјите во текот на следната недела, но дека не очекува договори пред нивното стапување во сила на 2 април. „Секако дека сум отворен за тоа, ако можеме да направиме нешто, можеме да добиеме нешто за тоа“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс 1“ (Air Force One). Но, Трамп предупреди дека каков било договор ќе се ...

Илон Маск соопшти дека неговиот стартап „Икс еј-ај“ (xAI) ја купил платформата X, која исто така тој ја контролира, по проценка на вредноста од 33 милијарди долари, што претставува изненадувачки пресврт за социјалната мрежа, која претходно беше позната како Твитер. „Комбинираната вредност на 'Икс еј-ај' е 80 милијарди долари, а само X вреди 33 милијарди долари“, напиша милијардерот во вчерашната објава на социјалната мрежа X. Вредноста на X е ...

Сопствениците на приватни авиони сега можат да побараат од Федералната управа за авијација (ФАА) на САД да не ги објавува јавно нивното име, адреса и други податоци што ги поврзуваат со нивните авиони. Со законската регулатива донесена минатата година се наложи на агенцијата да ги прифаќа таквите барања, потег што би можел да и отежни на јавноста да одреди кој поседува приватни авиони, како и да ги следи нивните движења. Профилите на ...

„Ербас“ (Airbus SE) доби договор вреден 150 милиони фунти (194 милиони долари) за развој на платформа за слетување што ќе испорача ровер произведен во Велика Британија на Марс за мисија со која што се бараат знаци на живот. Европската вселенска агенција му додели на „Ербас“ договор за изградба на платформа (лендер) за слетување за мисијата „Ексо Марс“ (ExoMars), со план да се лансира во 2028 година со НАСА, соопштија денеска од Одделот за ...

Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови. На 2 април стартува летот на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, а од 3-ти мај, „Визер“ од Барселона и Лион. Од Охридскиот аеродром, пак, шест авиокомпании ќе летаат на седум редовни линии, а ќе има и чартер лет од Манчестер. Од „ТАВ ...

Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002 лица, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми. „Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области“, се наведува во соопштението на ...

Европската унија ги утврдува отстапките што е подготвена да ги направи кон администрацијата на Доналд Трамп за да обезбеди делумно отстранување на американските царини кои веќе почнаа да го погодуваат извозот на блокот и кои треба да се зголемат, односно прошират по 2 април. На претставниците на ЕУ на состаноците оваа недела во Вашингтон им беше кажано дека нема начин да се избегнат новите автомобилски и таканаречени реципрочни царини што ...

Најзначајната одлука на претседателот Доналд Трамп оваа недела се однесува на автомобилската индустрија. Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 отсто за увезените автомобили, што според Белата куќа ќе го поттикне домашното производство, но исто така може да им наштети на американските производители на автомобили кои зависат од глобалните синџири на снабдување. Пазарите, особено акциите на големите автопроизводители, на соопштението ...

САД притискаат да ги контролираат сите поголеми идни инвестиции во инфраструктурата и минералите во Украина, со потенцијал да добијат можност за вето за каква било улога на другите сојузници на Киев и поткопувајќи ја неговата кандидатура за членство во Европската унија. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп бара „право на прва понуда“ за инвестиции во сите инфраструктурни и проекти за природни ресурси според ревидираниот договор за ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
44%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
31%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
3.09
46%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.46
60%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
50%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
46%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
37%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
34%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60