Поголемото не е секогаш подобро. Но кога станува збор за глобалното инвестирање, паралелата е јасна. Финансискиот систем на САД функционира како посебна планета, привлекувајќи го светскиот капитал со гравитациска сила и обезбедувајќи им на американските компании и влада пристап до огромни резерви на евтин капитал. Ова ги намалува оперативните трошоци за американските бизниси, давајќи им конкурентна предност и супериорен принос на инвестираниот ...

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4,5 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,7 проценти, соопшти Државниот завод за статитстика. Оттаму додаваат дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 проценти. Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, ...

Дводневниот состанок на групата земји БРИКС од глобалниот југ, составена од 11 земји кои грубо би можеле да се опишат како пазари во развој, е во тек од вчера. На домаќинот Бразил во Рио де Жанеиро му се придружија десет земји-членки: Јужна Африка, Саудиска Арабија, Кина, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Етиопија, Индонезија, Индија, Иран и Русија. Групата стана значајна политичка и економска сила во последните две децении, врз ...

„Дедоларизацијата и воведувањето сопствена валута е само илузија бидејќи петте земји не формираат оптимална валутна зона според ниту еден клучен критериум. Само гледањето на стапките на инфлација ни кажува дека петте држави, каде што инфлацијата се движи од -0,1 во Кина до 9,9 проценти во Русија, не можат да воведат заедничка валута или да почнат да ја користат валутата на една од нивните членки“, напиша економистот Анже Бургер од Факултетот за ...

Минува една година откако најголемата словенечка банка НЛБ (НЛБ) се обиде да ја преземе австриската „Адико“ (Addiko Bank), со што сакаше повторно да влезе на хрватскиот банкарски пазар. Плановите пропаднаа, но амбициите за спојувања и преземања останаа. На крајот, сепак, влегоа на хрватскиот пазар преку лизинг услуги – со преземање на групацијата „Самит лизинг“ (Summit Leasing). Претседателот на НЛБ, Блаж Бродњак, не ги крие амбициите за нови ...

Најновиот бран на понуда на нафта што го предизвика ОПЕК+ (Организација на земји извознички на нафта и нивни сојузници) се очекува да го зголеми вишокот подоцна оваа година, притискајќи ги цените за производителите низ целиот свет, а воедно одговарајќи на повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за пониски трошоци за гориво. ОПЕК и неговите сојузници имаат причина да веруваат дека порастот ќе пронајде купувачи, барем на краток рок, а ...

Во деновите пред рокот за царините на претседателот Доналд Трамп на 9 јули, инвеститорите во акции на кои им надојдоа сеќавања од „Денот на ослободувањето“ покажаа малку загриженост. Индексот MSCI All-Country World достигна врв минатата недела, додека показателите за очекувана волатилност од САД до Европа и Хонгконг се преполовија од врвовите во април. Во меѓувреме, нето-купувањето на хеџ фондовите на американски финансиски акции достигна ...

Следните два месеца ќе бидат вистински тест на енергетската стабилност. Постојаните високи температури ја зголемуваат потрошувачката на струја, системот е оптоварен, но надлежните не очекуваат проблеми и имаат план за сите сценарија. „Сезонските врвови во потрошувачката на струја се земени предвид при планирањето на капацитетите на мрежата и оперативните подготовки за летото. МЕПСО ги презеде сите потребни мерки за да обезбеди стабилност и ...

Биковите на Волстрит ги кренаа акциите на рекордно високо ниво на крајот од солиден квартал, со надеж дека САД се приближуваат кон конкретни договори со своите главни трговски партнери. Облозите дека Федералните резерви повторно ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки им помогнаа на државните обврзници да го забележат најдоброто прво полугодие за пет години. „Пазарите се покажаа извонредно отпорни на геополитичките превирања и трговската ...

Следните два месеца ќе бидат вистински тест на енергетската стабилност. Постојаните високи температури ја зголемуваат потрошувачката на струја, системот е оптоварен, но надлежните не очекуваат проблеми и имаат план за сите сценарија. Од Министерството за енергетика сметаат дека состојбата на енергетскиот сектор е задоволителна и компаниите се подготвени за топлотните бранови. Во случај на екстремни временски услови, координирано ќе се преземаат ...

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард изјави дека Европа мора да ги зајакне своите царински бариери за да се спротивстави на кинескиот увоз што ризикува да ѝ наштети на индустриската економија на континентот. Европа веќе презеде мерки за челикот и автомобилите, но правилата мора да се променат за да се овозможи поширока употреба на мерки против увозот од Кина, рече Ломбард. „Во светот во кој сме денес, мора да ја заштитиме нашата ...

Грчката малопродажна група „ВЕРО Холдинг“ (VERO Holding) ги откри плановите за проширување на своите операции во Србија и Македонија, вклучувајќи отворање нови продавници, аквизиција на земјиште и голема логистичка инвестиција, соопшти претседателот на компанијата, Никос Веропулос. Терминалот на „Блумберг“, ја пренесе најавата на Веропулос дека компанијата ќе преземе објект од 4.000 квадратни метри на периферијата на српската престолнина на ...

Кина соопшти дека ќе воведе некои реципрочни ограничувања за набавка на медицински помагала за компании со седиште во Европската Унија. Овие компании нема да можат да учествуваат во владини набавки во вредност од над 45 милиони јуани (6,3 милиони долари) за одредени медицински помагала, според соопштението на кинеското Министерство за финансии. Ограничувањата ќе стапат на сила од недела. Претходно, Европската Унија со големо мнозинство се ...

Кога „Мастеркард“ (Mastercard) ја лансираше Глобалната лабораторија за иновации за одржливост во 2021 година, целата идеја беше да се започне со работа на платформа за соработка и ко-креирање. Како што изјави Малин Берге, виш потпретседател за одржливост и иновации во „Мастеркард“ за „Блумберг Адрија“, оваа компанија има мисија да овозможи одржлива потрошувачка и да го трансформира начинот на кој се гледа на економиите. Посетувајќи го Белград по ...

Илон Маск соопшти дека „е формирана“ новата политичка партија за која се закануваше дека ќе ја основа, еден ден откако претседателот Доналд Трамп потпиша Закон за намалување на даноците и трошењето, што милијардерот, извршен директор на „Тесла Инк.“ го осуди. Маск го објави ова на својата социјална мрежа X откако ги објави резултатите од анкетата на платформата, за која рече дека покажува дека 65 проценти од испитаниците се за создавање ...

Во морето од извештаи и анализи од „историските“ самити од минатата недела, каде што Доналд Трамп беше или главен учесник или главна тема, многумина ги пропуштија речиси неверојатните вести од родниот град на американскиот претседател - Њујорк. На внатрешните избори на Демократската партија како кандидат на партијата за градоначалник на финансиската престолнина на САД, неочекувано беше избран левоориентираниот прогресивен кандидат од исламска ...

ОПЕК+ ќе го зголеми производството уште побрзо од очекуваното следниот месец, бидејќи групата предводена од Саудиска Арабија се обидува да ја искористи силната летна побарувачка во својот потег за враќање на пазарниот удел. Осум клучни членки на алијансата се согласија да ја зголемат понудата за 548.000 барели дневно на виртуелен состанок во саботата, според делегатите. Групата претходно објави зголемување од 411.000 барели за мај, јуни и јули ...

Некои производители на автомобили и земји од Европската Унија вршат притисок за договор со претседателот Доналд Трамп што би овозможил олеснување на царините во замена за зголемување на инвестициите во САД, според луѓе запознаени со ова прашање. Земјите-членки беа информирани за статусот на трговските преговори во петокот по рунда разговори во Вашингтон оваа недела и им беше кажано дека техничкиот договор во принцип е блиску, рекоа луѓето, кои ...

Народната банка бележи значителен годишен раст на цените на становите во Скопје од 22,3 проценти во вториот квартал од 2025 година. Цените на становите во главниот град продолжуваат со забревтан раст во период во кој се бележи спласнување на изградбата на нови станови. Имено, „Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека во периодот јануари-април годинава во Скопје биле издадени одобренија за градење на вкупно 1.232 стана, што е за 18 проценти помалку од ...

Македонија до вторник ќе биде во црвена фаза. Температурите, според УХМР, ќе надминуваат 40 степени, а освежување се најавува дури за среда. Владата усвои препораки за заштита на населението од пеколните горештини. Ситуацијата е иста во цела Европа неделава, регистрирани се смртни случаи, а почна и битката со пожарите. Црвените метеоаларми стануваат новото нормално, а климатските цели насушна потреба, иако им задаваат главоболки на европските ...

Откриваме какви новини носи предлог-законот за иновациската дејност, со кој во иднина ќе се регулираат целите, принципите и организацијата во примената на резултатите од иновациската дејност и технолошкиот развој. Анализираме каква е дистрибуцијата на потрошувачката кај македонските семејства односно колку ни останува од семејниот буџет откако ќе ги подмириме трошоците за храна. Презентираме што покажуваат најновите трендови кај дигиталните ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека е време за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а тие кои што се отселени да се вратат. Според него, демографската рецесија не е проблем само за Македонија, туку и предизвик за цела Европа и пошироко и нагласи дека владата не го премолчува проблемот, туку креира политики за справување со него. Премиерот додаде дека оваа борба не е само на едно министерство, туку ...

Владата усвои препораки за заштита од топлотниот бран кој викендов ќе ја зафати земјава. На предлог на Министерството за здравство, Владата ја активираше третата фаза од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030 година. Препораките овозможуваат ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години кои не работат во критичната инфраструктура (здравство, ...

По неколку дена преговори и договори во последен момент, Конгресот на САД го изгласа даночниот и буџетски закон кој треба да вреди повеќе трилиони долари, со кој се обезбедува спроведување на домашната политичка агенда на претседателот Доналд Трамп. Законот, кој Трамп го нарекува свој „голем, прекрасен закон“, ги продолжува даночните олеснувања воведени во неговиот прв мандат и доделува милијарди долари за одбрана и за спроведување на ...

Извештајот за вработеноста во САД за јуни ги намали притисоците врз Федералните резерви (Фед) да се насочат кон намалување на каматните стапки во блиска иднина, што веројатно ќе остави централната банка на страна барем до есен. Според Бирото за трудова статистика, американските работодавци во јуни отворија повеќе работни места отколку што се очекуваше, а невработеноста благо се намали, што укажува на релативно цврст пазар на труд. Меѓутоа, под ...

Нарачките на германските фабрики се намалија за прв пат по четири месеци бидејќи домашните компании се претпазливи кога станува збор за големи инвестиции додека не се реши неизвесноста околу трговијата со САД. Побарувачката во мај се намали за 1,4 отсто во однос на претходниот месец, соопшти денеска статистичкото биро. Тоа е полошо од сите проценки освен една во анкетата на „Блумберг“. Сепак, на годишно ниво нарачките се зголемија за 5,3 ...

Примирјето меѓу Израел и Иран засега минува без инциденти, но и без дипломатски обиди за постигнување трајно решение на проблемот. Поради тоа, процените на одделни геостратези дека прекинот на огнот нема да трае долго – бидејќи „главните цели на Израел, уништување на иранската нуклеарна програма и промена на режимот, не се постигнати“ – изгледаат сосема веројатни. И додека се проценува дека кревкото примирје ќе му даде на регионот „неколку ...

Со оглед на тоа што поголемиот дел од годината биткоинот е заглавен во тесен опсег на тргување, една од клучните атракции на најголемата дигитална валута од нејзините најрани денови е опаѓањето. Внимателно следената мерка за ценовните осцилации, позната како имплицитна нестабилност, се намали на најниско ниво за период од отприлика две години, според индексот на нестабилност на биткоинот (BTC) на „Дерибит“ (Deribit). Мерачот ги следи ...

Во рок од неколку недели, глобалните берзи направија драматичен пресврт – од панични распродажби во април до еуфорично враќање на рекордно високи нивоа. Индексот S&P 500 се искачи од „мечкин пазар“ до ново историско ниво за само 57 дена, поттикнувајќи надеж кај инвеститорите. Но, стручњаците предупредуваат дека зад оптимизмот сè уште се кријат значителни ризици. Дали е сега време за инвестирање? Финансиските советници се согласни дека не е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе почне да испраќа писма до трговските партнери во петок, во кои ќе се утврдат еднострани царински стапки, за кои рече дека земјите ќе мора да почнат да ги плаќаат на 1 август. Трамп им рече на новинарите дека околу „10 или 12“ писма ќе бидат испратени во петок, а дополнителни писма ќе пристигнат „во текот на следните неколку дена“. „Мислам дека до деветти ќе бидат ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
30%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
43%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1026
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.11
26%
1025
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
58%
1026
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.71
35%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
39%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.12
44%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
40%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976