Зелениот климатски фонд (ЗКФ), најголемиот светски фонд посветен на борбата против климатските промени, одобри нов проект за Северна Македонија во рамките на својата Програма за подготвеност и подготвителна поддршка. Стартот на новиот двегодишен проект, како што извести Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), беше обележан денес на настан во просториите на Владата, на кој присуствуваа претставници од клучните државни ...

Во месец мај, како дел од кампањата за подигнување на свеста за карцином на кожата, денес (21.05.2025) од 15:00 се одржува панел дискусија каде што видни дерматолози, фармацевти и медицински специјалисти дискутираат за еден од најагресивните облици на карциномот- меланомот. Меланомот е заболување на кожата кое бележи растечки тренд во последните години, особено и кај помладите од 40 години. Поради тоа, важно е да бидете информирани за факторите ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека македонската јавност ќе има целосен увид во секој денар потрошен од стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Ова следува како одговор на обвинувањата од опозицијата за недостаток на транспарентност, при што тој потенцира дека нема причина за непотребна дискусија за нешто што не постои и “дека нема да има носење договори по скратена постапка со европски знамиња и со строго доверливо класифицирани ...

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, денес соопшти дека санкциите кои беа воведени од страна на Европската Унија во месец мај, предизвикале потешкотии за руските олигарси и претприемачи во избегнувањето на овие ограничувачки мерки, преку прикривање на имотот и пренесување на акции и финансиски средства. Сибиха апелираше до сите земји да го прифатат овој модел и да донесат слични одлуки со цел да се спречи заобиколувањето ...

Новата цена за купување на младиот компир во струмичкиот регион ќе се покачи од 30 на 35 денари по килограм. Ова беше објавено по денешната средба помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, и претставници на откупувачите од струмичкиот крај, која се одржа во Општина Босилово. Според зборовите на откупувачите, со повисоката набавна цена, земјоделците што одгледуваат компир би требало да бидат задоволни. ...

Пал Заранди, главен стратешки директор на унгарската 4iG групација, најави дека до крајот на 2026 година македонските граѓани ќе добијат можност за користење на нова 5G мрежа. Овој чекор, според него, ќе донесе свежа конкуренција на телекомуникацискиот пазар, ќе ги намали цените и ќе го зајакне дигиталниот екосистем во земјата. Во интервју за МКД.мк, Заранди истакна дека 4iG преку својата подружница „Оне Македонија Телекомуникации“ веќе ...

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек е прогласена за најдобра практика во областа на човечките ресурси за 2024 година. Највисокото признание за најдобра HR практика, компанијата го доби на годинешното доделување на награди за најдобри практики во оваа област спроведено од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, преку непосредно гласање. Реплек во изминатите години ги интензивираше активностите за унапредување ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека градежните работи на шест базени низ државата ќе бидат финализирани до јуни или јули. Според најавите, до тој временски период треба да бидат готови базените во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Штип, Битола и Кичево. „Имавме координативен состанок со министерот, во моментот се привршуваат и очекувам во јуни, јули, веќе шест такви објекти да бидат завршени во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, ...

Групацијата „Катар ервејс“ вчера објави дека нејзиниот профит во претходната фискална година се зголемил за повеќе од 28 отсто на 7,85 милијарди катарски ријали (1,91 милијарди евра), што претставува најдобар финансиски резултат во историјата на компанијата. „Растот е постигнат благодарение на стратегијата „Катар ервејс 2.0“, која ги комбинира дигитализацијата, стратешките партнерства и инвестициите во човечкиот капитал“, велат од компанијата. ...

Во петок (23 мај), во Македонскиот народен театар во Скопје, со Свечена академија ќе биде одбележан значајниот јубилеј – 120 години од Националниот Ден на Власите, под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“. Настанот е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации. Оваа манифестација претставува можност да се прослави ...

Европскиот парламент денес го објави отворањето на конкурсот за новинарски дела за наградата „Дафне Каруана Галиција“ за 2025 година. Оваа награда се доделува за извонредна работа во новинарството која ги унапредува или брани основните вредности на ЕУ, како што се човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права. Победникот на конкурсот го избира жири составено од претставници на медиумите и ...

Високата претставничка за надворешна политика, Каја Калас, објави дека Европската Унија подготвува спогодба во вредност од 5,5 милиони евра со Европската фондација за демократија, со цел да ја поткрепи работата на Радио Слободна Европа. “Тоа е краткотрајно, итно финансирање наменето за безбедносната мрежа на независното новинарство”, истакна Калас по синоќешната средба на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Брисел донесе одлука да му ...

Во насока на унапредување на енергетската ефикасност и поддршка на домаќинствата, Општина Кисела Вода објави два јавни повици – за субвенционирање на набавка на пелети и за печки на пелети. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година, преку Програмата за локален економски развој, потпрограма за енергетска ефикасност. Право на учество имаат сопственици на индивидуални станбени објекти на територија на општината, кои немаат ...

Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина. Настанот ќе се одржи на 1 јуни од 17 часот, а стартот е од Порта Македонија, од каде ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со директорот на Генералниот директорат за Проширување и Источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија, Герт Јан Копман, во Брисел, информираа од нејзиниот кабинет. За време на средбата, министерката Божиновска го информираше директорот Копман за досегашните активности на Министерството, со посебен осврт на реализираните реформи, ...

“Ова се крупни вложувања и не можам да поверувам на одредени коментари што доаѓаат од опозициските редови, а најмногу бев изненаден вчера кога коментарот оттаму беше дека се задолжуваме за крупни вложувања”, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната процена на опозициската СДСМ за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. “Не знам кој ја подготвува комуникациската стратегија во опозицијата, но мојот ...

Радува фактот што Европската Унија покажува оптимизам во врска со земјите од Западниот Балкан, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, во нејзиното излагање на Вториот Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија (ЕМИФ), кој вчера попладне се одржа во Европскиот парламент во Брисел. “Интеграцијата на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во Единствениот европски пазар е од ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, престојува во посета на Обединетото Кралство денес и утре. За време на посетата, ќе биде потпишан меѓувладин договор во склоп на договорот за стратешко партнерство помеѓу двете држави. Со ова, Македонија добива досега најголем обем на средства за остварување на капитални проекти, во вредност од шест милијарди евра. Престојот на Николоски е по официјален повик од ...

Јапонскиот производител на автомобили Хонда отвора нова фабрика во својата итопија. Компанијата најави дека ќе ги намали инвестициите во производството на електрични возила и ќе се фокусира на хибридни автомобили, објави Ројтерс. Главниот извршен директор на корпорацијата Тошихиро Мибе за време на прес-конференција рече дека производителот на автомобили веќе ги намалил планираните инвестиции во електрификација и софтвер до 2030 година на 48,4 ...

НЛБ Банка во соработка со Економскиот факултет во Скопјe, најавува организација на дводневен хакатон за студенти. Наградниот хакатон, насловен како „NextBank“ е платформа на која студентите од економскиот, но и од останатите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe можат да ги претстават своите иновативни идеи и да се вклучат во креирање на иднината на банкарството преку примена на вештачката интелигенција. Фокусот на ...

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија до компанијата ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како универзален снабдувач со електрична енергија. Во согласност со Тарифниот систем бр. 01-2437/1 од 17.11.2023 година, побаравме од ЕВН доставување на низа информации од суштинско значење за транспарентноста на процесот на формирање на цените на електричната енергија, меѓу кои се: ...

Петнаесет македонски фирми оваа година ќе ги изложат своите производи на 4-тиот Саем на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, а официјалната делегација ќе биде предводена од заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според најавите, учесници од Северна Македонија ќе има на речиси сите форуми кои се организираат на овој значаен настан. На саемот, според информации од Министерството за економија, ќе учествуваат компаниите Алтера ...

На 23 мај се одбележува Националниот ден на Власите. Овој ден има исклучителна важност бидејќи тогаш, во 1905 година, турскиот Султан Абдул Хамид II донел значајна одлука. Имено, со специјален документ, познат како Декрет, Власите биле признати како посебен народ. Ова признание го опфаќало нивниот уникатен етнички, јазичен и културен идентитет на територијата на целата Отоманска Империја. Како што е наведено во соопштението, 23 мај е Национален ...

Во Културниот центар на општина Ѓорче Петров, ќе се одржи јавна трибина/средба со жителите на тема: „Одговорно управување со био-отпадот – чекор поблиску до циркуларна економија“. Главната цел на оваа трибина е да се иницира јавна дискусија за актуелната состојба и проблемите со кои се соочува општината во однос на менаџирањето на био-отпадот од домаќинствата, како и да се разгледаат предизвиците поврзани со третманот на овој тип отпад. “Во ...

Од 20 до 26 јули, 2025 година, Скопје ќе биде центар на младинскиот спорт во Европа, кога ќе се одржи Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) – најголемиот спортски настан за млади спортисти на Стариот континент. Над 4000 млади таленти од 50 земји ќе ја почувствуваат олимписката магија, натпреварувајќи се во 15 спортски дисциплини и споделувајќи ја љубовта кон спортот, фер-плејот и пријателството. Спортови што ги дефинираат идните ...

Интензивирањето на напорите и предизвиците за комплетна инкорпорација на членките на Енергетската заедница во електроенергетскиот пазар на ЕУ ќе бидат централна тема на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија (ЕМИФ), кој денес се одржува во Брисел. На форумот ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Во соопштението за настанот се посочува дека, иако оваа интеграција претставува ...

Најдолг мандат како министер во ресорот здравство, од 6 години имаше Никола Тодоров, најкраток од пет месеци имаа Арбен Таравари во 2017 та и Илир Демири во 2024 та. Во период од 19 години во Министерството за здравство имало 10 министерски смени, вклучувајќи ја и новата што треба да се случи сега, по заминувањето на крилото на АА од Власта. Порталб направи хронолошко рангирање на досегашните министри за здравство и анализа на буџетот на овој ...

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денес попладне донесоа одлука да ги повлечат економските мерки против Сирија, објави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, пренесе ДПА. “Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија”, напиша Калас на X. “ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години – и ќе продолжи да го прави тоа.” Калас додаде дека ЕУ ...

Инженерската институција на Македонија денес во Скопје ќе го прослави Денот на македонските инженери, настан кој за прв пат се реализира по повод одбележувањето на 105 години од основањето на првата македонска асоцијација на инженери на 21 март 1920 година. Како дел од прославата, премиерно ќе бидат врачени признанија за најангажирано здружение на Инженерската институција на Македонија и за млад инженер на годината. На церемонијата, на која ...

Во услови на зголемени глобални напори за ублажување на штетните ефекти од пушењето цигари, алтернативните производи без чад привлекоа значително внимание на научниците и креаторите на политиките. За време на глобалните медицински конференции одржани во 2024 година, многу експерти потврдија дека производите без чад содржат значително пониски нивоа на штетни супстанции во споредба со традиционалните цигари, со што помагаат во намалување на ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
6.71
31%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.77
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326