Спогодбата, ратификувана со Обединетото Кралство, идната седмица ќе влезе во парламентарна процедура и ќе биде достапна за сите, изјави синоќа пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Во своето гостување во централниот дневен информативен блок на телевизија „Сител“, Стојановски нагласи дека сѐ ќе биде отворено и транспарентно. “Овој договор нема да биде како овие договори досега во четири очи, туку се ќе биде јавно и транспарентно, секој ...

Европската Унија донесе одлука да одвои значајни средства во висина од стотици милиони евра со цел да ја зацврсти универзитетската автономија и да привлече еминентни професори и научници од светски рамки. Акцентот е ставен на привлекување експерти од Соединетите Американски Држави, каде е забележан тренд на “одлив на мозоци” поради ограничувањата на академската слобода и научното истражување од страна на владата во Вашингтон. Оваа информација ...

Во Македонскиот народен театар во Скопје, синоќа се одржа централната свеченост по повод големиот јубилеј – 120 години од Националниот Ден на Власите, под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“. Настанот беше организиран од Министерството за односи меѓу заедниците и беше отворен за јавноста, со цел да се сподели значењето на влашката историја, јазик и културно наследство со сите граѓани. Националниот ден се ...

Земјоделците специјализирани за градинарски производи имаа успешна година со зголемен пласман на производството. Според проценките на прилепската регионална единица на Министерството за земјоделство, овогодишното производство бележи пораст од 5 до 10 проценти. Николче Карапеески, шеф на прилепската регионална единица, изјави дека и годинава се очекува успешен пласман. “По житарките и тутунот, градинарското производство во Прилепскиот регион е ...

Одбележувањето на браќата Кирил и Методиј, кои претставуваат столб на писменоста кај словенските народи и основоположници на словенската азбука глаголица, од која произлезе и кирилското писмо, е сведоштво дека нивната возвишена мисија и денес сплотува. Браќата Кирил и Методиј уште тогаш ја поддржувале идејата дека моќта на еден народ и држава лежи во просветата, науката и неговата писменост. Во својата порака по повод 24 Мај – Денот на ...

Денес, со низа настани низ државата, се прославува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и книжевност и имаат големи заслуги за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивната посветеност на христијанството, Светата црква ги има прогласено за рамни на апостолите. Државно-црковна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во Рим и ...

По долг прекин од шест години, американската компанија за спортска облека и обувки, „Најк“, возобновува со директна дистрибуција на своите артикли преку платформата на „Амазон“. Овој потег претставува значајна промена во стратегијата на компанијата, која претходно се повлече од соработката со онлајн гигантот. „Најк“ се надева дека со повторното присуство на „Амазон“, ќе допре до поширок круг на потрошувачи и ќе го зголеми својот пазарен удел. ...

Во Албанија, трендот на зголемување на бројот на туристи продолжува, достигнувајќи 2,45 милиони во првите четири месеци од оваа година. Премиерот Еди Рама ги објави овие податоци во пост на Фејсбук, нагласувајќи дека само во април, 820 илјади странски гости ја посетиле Албанија. „Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, зголемувајќи ја нивната вкупна бројка на 2,45 милиони во првите 4 месеци од 2025 година. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за МРТ, истакна дека остварувањето на проектите ќе биде поткрепено од водечки експерти од Обединетото Кралство. Нивната задача ќе биде да обезбедат висококвалитетна и навремена имплементација на проектите, а истовремено да го подобрат нивото на градежните компании во Македонија и да внесат нови сознанија и искуства во државата. Тој најави дека во врска со изградбата на ...

Во рамките на апелот на Црвениот крст на Северна Македонија за помош на оние кои настрадаа во катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 година, досега се собрани 156.542.967 денари. Според информациите од Црвениот крст, заклучно со денешниот ден, оваа организација во неколку наврати изврши исплата на средства на погодените семејства од пожарот во Кочани. “Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на ...

Операторите во енергетскиот сектор имаат рок од еден месец, почнувајќи од 29 мај и завршувајќи на 30 јуни, да поднесат апликација за измена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новиот Закон за енергетика, оваа обврска важи и за имателите на лиценци за пробно работење. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, денеска објави дека измената на лиценцата е бесплатна и за имателите не се наплаќа никаков надоместок. Во ...

Министерството за рударство и енергетика денес објави дека наскоро се планира поставување на мала соларна центра со моќност од 100 киловати на објектот на српската Влада во Белград. Помошникот министер, Маја Вукадиновиќ, на меѓународната конференција за купувачи-производители на електрична енергија во Белград, рече дека тие се учесници во електроенергетскиот систем веќе три години и дека поседуваат близу 100 мегавати инсталирана моќ во соларни ...

Во исклучително силна конкуренција од целиот свет, македонските винарии освоија 14 сребрени и 17 бронзени медали на престижниот IWC (International Wine Challenge), кој е еден од највлијателните светски настани во оваа сфера, познат по ригорозните критериуми и комплетната непристрасност при оценувањето. Посебно внимание привлекува успехот на винаријата „Монтеко“ која е присутна на пазарот само една година, а на овој настан се закити со три ...

Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседателот на РК „Алкалоид“. „Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот. Ви благодариме за сета ...

Бритиш Американ Тобако (БАТ), официјално ја лансираше Omni динамична платформа која содржи научно засновани докази врз кои почива глобалната трансформација на БАТ од цигари во производи без чад. Omni беше претставен во Хрватска на конференцијата „Како да се стимулира трансформацијата и индустријата и да се привлечат инвестиции?”, на која присуствуваа Анте Шушњар, министер за економија и претставник на премиерот на Република Хрватска, Ирена ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 23 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 106,29 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 106,74 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,14 евра за мегават час, а на MEMO 67,97 евра. Цената на природниот ...

Во Јужноафриканската Република, во тек е операција за извлекување на 289 рудари, кои од вчера се блокирани под површината на земјата во рудникот за злато Клоф. Јужноафриканската фирма Сибани-Стилвотер (Sibanye-Stillwater), која е сопственик на рудникот Клоф, објави дека моментално се имплементираат протоколи за стабилизирање на просторот и проверка на шахтата, со цел рударите безбедно да се вратат на површината. Според изјавата на претставникот ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес објави дека се извршени исплати во вредност од 105.002.614,00 денари на сметка на 7.158 земјоделци. Во нивното соопштение, од Министерството потенцираат дека континуираното сервисирање на субвенциите кон земјоделците претставува приоритет. “Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1,5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1,4 за остварено производство од домат, пиперка, ...

Никотинските производи без чад не предизвикуваат рак, изјави еден од најпознатите француски онколози, д-р Давид Кајат. Како што објасни, никотинот сам по себе не предизвикува рак, бидејќи канцерогените супстанции настануваат при согорување на тутунот. – Согорувањето што се одвива кај класичните цигари произведува илјадници супстанции, од кои еден процент се канцерогени – вели д-р Кајат и додава: – Тутунските производи кои функционираат на ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со британскиот секретар за економски прашања и извоз, Герет Томас, денес во Лондон го заверија Договорот за соработка во реализација на инфраструктурни проекти, со кој нашата земја добива пристап до досега најголема сума на парични средства од пет милијарди фунти за реализација на клучни проекти. “Стратешката соработка со Обединетото Кралство ја гледаме како ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, синоќа соопшти дека новиот Закон за земјоделство и рурален развој е приклучен на ЕНЕР системот. Тој очекува дека овој закон ќе биде темелот на проекцијата и визијата на Министерството за насоката во која треба да се движи. “Веќе на ЕНЕР системот ни е закачен новиот Закон за земјоделство и рурален развој. Тоа практично е основата, темелот на проекцијата и визијата на ...

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите. Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ...

Претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ, информираше дека после темелни истражувања за пронаоѓање начин кој ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, одлуката во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е скоро донесена, пренесе денеска „Вијести“. Спајиќ најави дека во почетокот на идната седмица, министерката за труд и социјална заштита, Наида Нишиќ, ќе преговара во рамки на социјалниот дијалог со претставници на ...

Опсежна меѓународна акција против сајбер криминалот, позната како Операција ENDGAME, значително ги погоди светските мрежи за откупни софтвери, објавија Европол и Евроџаст. Во периодот од 19 до 22 мај, властите од повеќе држави затворија приближно 300 сервери низ целиот свет, оневозможија 650 домени, издадоа 20 меѓународни потерници за апсење и конфискуваа 3,5 милиони евра во криптовалути. Оваа операција претставува продолжение на најмасовната ...

Голем е интересот на државите и компаниите од Централна и Источна Европа за промоција и пласман на нивните артикли и за соработка со Кина на 4. Саем на Кина со земјите од ЦИЕ. Претставниците на четиринаесет наши фирми, веќе познати по нивните врвни кондиторски производи, сокови, но и вина кои, како што е познато, можат да се набават на кинескиот пазар, исто така се надеваат на продажба на нивните производи и потенцијална соработка. Меѓу нив има ...

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Групата седум (Г7) водечки економии се обврзаа да дејствуваат заеднички за да ги смират светските пазари. Во финалната изјава објавена синоќа, највисоките финансиски претставници на Г7 наведоа дека имаат намера да реализираат споделени политички цели во околности на комплексни глобални предизвици. Средбата, одржана во канадскиот туристички град Банф, беше окарактеризирана како ...

Стопанската комора верува дека новоименуваниот гувернер Трајко Славески ќе ги оправда очекувањата на деловната заедница и дека Централната банка, предводена од него, ќе продолжи да функционира независно и стручно. Претседателот на Комората, Бранко Азески, вчера изјави дека за бизнисот е од суштинско значење стабилноста на девизниот курс и обезбедувањето на девизните резерви на државно ниво. Комората, исто така, очекува од Славески да ја ...

Агенцијата за храна на Обединетите Нации денес објави дека само „неколку пекари“ во Газа повторно започнаа со производство и дистрибуција на леб, откако Израел дозволи влез на камиони со хуманитарна помош во Појасот. „Неколку пекари во јужна и централна Газа… го продолжија производството на леб откако десетици камиони конечно успеаја да соберат товар од граничниот премин Керем Шалом и да го достават“, се вели во изјавата на Агенцијата за храна ...

Д-р Трајко Славески е истакнат македонски економист, универзитетски професор и политичар со богата академска и јавна кариера. Роден е во Охрид во 1960 година. Посетувал редовни студии на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а на пост-дипломски студии бил на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986/87) и на Универзитетот Харвард (1989/90). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1983 ...

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на средства од пет милијарди фунти за остварување на капитални проекти, ќе биде заверен денес во Лондон. Спогодбата ќе ја потпишат заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, објави дописникот ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
26%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
37%
1020
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Софија

35ᴼ / 33ᴼ
5.66
24%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.65
15%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
52%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
11.32
25%
1011
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
21%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.54
37%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.26
33%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326