Извозот на сурова нафта од земјите од Персискиот Залив во јуни порасна за повеќе од три милиони барели дневно во споредба со мај и надмина 10 милиони барели дневно, по нормализацијата на поморскиот сообраќај низ Ормуската теснина, покажуваат денеска објавените податоци од аналитичките компании. Вкупниот извоз на сурова нафта и кондензат од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Ирак и Иран достигна 10,07 милиони барели ...

Иран би можел да се соочи со сериозни тешкотии во расчистувањето на своите залихи на нафта дури и доколку бидат олеснети санкциите врз неговиот енергетски сектор, оценуваат аналитичари. Главната причина е намалениот интерес од Кина, најголемиот светски увозник на сурова нафта и традиционално најважен купувач на иранската нафта. Според аналитичарите, Пекинг во моментов не покажува силна подготвеност за зголемени набавки, не само од Иран, туку ...