Унгарија се соочува со сериозен енергетски предизвик поради екстремно нискиот водостој на реката Дунав, кој значително го ограничи работењето на единствената нуклеарна електрана во земјата – „Пакш“. Премиерот Петер Маѓар предупреди дека следните денови ќе бидат пресудни, бидејќи секое дополнително намалување на нивото на реката може да доведе до целосно запирање на производството на електрична енергија во централата. Според неговите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...

Американскиот долар забележа остар пад на меѓународните девизни пазари, откако инвеститорите реагираа на шпекулациите за можна координирана интервенција на Јапонија и Јужна Кореја за поддршка на јенот. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шест водечки светски валути, се намали за 1,63 проценти и се спушти на 99,802 поени. Тоа е најголемиот неделен пад од почетокот на април, додека во текот на јули ...

Кабинскиот персонал во втората по големина канадска авиокомпанија, „Вестџет“ (WestJet) денеска стапија во штрајк, поради што се откажани повеќе од 300 летови. Околу 4.400 членови на кабинскиот персонал го најавија штрајкот на својата Фејсбук страница. Тие се во спор со компанијата за плаќањето на нивните извршените обврски додека се на земја. Синдикатот тврди дека тој дел од работата на кабинскиот персонал не е платена, додека „Вестџет“ ...

Саудиска Арабија, Русија и другите членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК плус) на денешниот онлајн состанок одлучија да ги зголемат своите квоти за производство на нафта за септември. Седум земји на ОПЕК плус одлучија да спроведат адаптирање на производството од 188.000 барели дневно, што е малку поголема количина отколку во претходните месеци, се наведува во соопштението на ОПЕК плус. ОПЕК е формиран во 1960 година во ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека ...

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата Ешерихија коли, соопштија здравствените власти. Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја ...

Советничката група „Шанса за Центар“ остро реагира по усвојувањето на нацрт-Деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Барутана на Водно, обвинувајќи го градоначалникот Горан Герасимовски и мнозинството во Советот дека поддржале план кој, според нив, не е усогласен со Генералниот урбанистички план на Град Скопје и отвора сериозни безбедносни и еколошки прашања. Според нивните тврдења, нацрт-планот е донесен без мислење од Дирекцијата за ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските ...

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа 36. седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година, соопштија денеска од Фондот. Директорот на Фондот, Никола Мемов ги известил членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информирал дека во пензионерскиот дом – Аеродром е оштетен кровот од невремето што го зафати Скопје. Тој додал дека се ...

Положбата и актуелните предизвици со кои се соочуваат помалубројните заедници во Република Северна Македонија, како и можностите за натамошно унапредување и заштита на нивните права преку засилена институционална соработка, биле во фокусот на денешната средба на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ, со политичкиот советник во Амбасадата на САД, Ендру Ковтун, и економската советничка Розита ...

Екстремната суша и високите температури сериозно го намалија водостојот на Рајна и Дунав, предизвикувајќи проблеми во речниот транспорт, производството на електрична енергија и индустријата низ Европа. На Рајна, која е една од најважните европски транспортни артерии, товарните бродови пловат со значително намален капацитет поради нискиот водостој. Тоа ги зголемува транспортните трошоци и создава дополнителен притисок врз индустријата, ...

Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. „Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени“, изјави синоќа претставник на МВР. ...

Иако најголемите европски економии и натаму се соочуваат со скромен раст, најновите податоци покажуваат дека лидерите по економска експанзија во Европската Унија доаѓаат од сосема друга група земји. Според најновите статистики за вториот квартал од 2026 година, Ирска е убедливо на првото место со раст на бруто-домашниот производ од 3,9 проценти, далеку пред останатите членки на Унијата. Следуваат Литванија со 1,9 проценти и Шведска со 1,7 ...

Денес во Дебар се одржа свечената церемонија за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми. На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, г. Александар Николоски, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека безбедноста на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, кој следната година ќе се одржи во Тирана, ќе биде обезбедувана со интелигентни дронови произведени во Албанија. Според Рама, Владата веќе нарачала и напреден систем за воздушна одбрана, кој наскоро треба да пристигне во земјата и дополнително да ги засили безбедносните капацитети. „Како што ветивме, безбедноста на небото за време на ...

Жителите на станбениот комплекс „Антон Попов 1“ упатија барање до Град Скопје за итна средба пред почетокот на градежните активности за подземната сообраќајница на Јужен булевар, изразувајќи сериозна загриженост за можните влијанија врз безбедноста на објектот и пристапот до нивните домови. Станарите, кои наведуваат дека во комплексот живеат околу 800 жители и функционираат околу 20 деловни субјекти, велат дека не се против развојот на ...

Со почетокот на продолжениот викенд, значително е зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини кон Грција, а најголем метеж утрово е забележан на граничниот премин Богородица. Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 30 минути до еден час, додека на Табановце има зголемена фреквенција за влез во земјава. Сепак, бројни граѓани на социјалните мрежи ...

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...

И покрај постепеното економско закрепнување во делови од Европа, за милиони граѓани годишниот одмор сè уште е недостижен луксуз. Најновите податоци на Евростат покажуваат дека во текот на 2025 година дури 27,5 проценти од жителите на Европската Унија постари од 16 години не можеле да си дозволат седумдневен одмор надвор од местото на живеење. Во споредба со 2024 година, бројот на лица кои не можат да издвојат средства за летување или ...

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека Владата планира укинување на вториот пензиски столб, нагласувајќи дека таква одлука воопшто не е разгледувана. „Нема никаква најава од Владата за укинување на вториот пензиски столб“, изјави Мицкоски, реагирајќи на информациите што се појавија во јавноста по најавите за анализа на пензискиот систем. Во моментов, надлежните институции работат на сеопфатна проценка на функционирањето на ...

Бугарскиот парламент одлучи претседателските избори во земјата да се одржат на 25 октомври, кога граѓаните ќе избираат нов шеф на државата. Иако претседателската функција во Бугарија има претежно церемонијален карактер, претседателот е врховен командант на вооружените сили, има право на вето врз законите и учествува во потпишувањето на меѓународните договори. Владејачката Прогресивна бугарска партија, предводена од премиерот Румен Радев, за ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...

Охрид доби нова дестинација за возрасните пушачи кои сакаат да се информираат на јасен, непосреден и професионален начин. На улица „Климент Охридски“ број 54 е отворена нова специјализирана IQOS продавница, уредена како современ простор во кој корисничкото искуство е во фокусот – преку личен пристап, стручна поддршка и можност за практично запознавање со уредите за загревање тутун без негово согорување. Новиот простор е замислен како место ...

„Шел“ се согласи да ја продаде својата подружница „BG Cyprus“ на унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ (MOL Group) за сума што може да достигне до 720 милиони долари, јави кипарскиот весник „Филелефтерос“. Преку „BG Cyprus“, „Шел“ поседува малцински удел од 35 отсто во кипарското офшор наоѓалиште на природен гас „Афродита“. Со наоѓалиштето, кое се наоѓа во кипарската ексклузивна економска зона во Медитеранот, управува кипарската ...

Иранската Управа за управување со пловните патишта во Персискиот Залив денеска соопшти дека сообраќајот низ Ормуската Теснина нема да биде можен додека не се воспостават стабилност и мир. „Поради континуираните агресивни дејства на американските воени сили во регионот, сообраќајот низ Ормуската Теснина не е можен“, наведе Управата за управување со пловните патишта во Персискиот Залив во пораката која, како што се прецизира, е објавена поради ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска свика седница на својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид, во услови на продолжен конфликт со Иран и напори за намалување на цените на горивата, кои претставуваат политички ризик за републиканците пред ноемвриските избори за Конгресот. Според локални медиуми, дневниот ред на состанокот најверојатно главно ќе биде посветен на надворешната политика. Трамп се наоѓа во продолжена ...

Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ може да престане со производство на електрична енергија во период од неколку недели поради ниското ниво на реката Дунав, која обезбедува вода за ладење на постројките – изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар. На брифинг во рафинеријата на енергетската компанија МОЛ во Сазхаломбата, во близина на Будимпешта, Маѓар изјави дека нивото на Дунав се очекува дополнително да опадне, што може да ја загрози ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.31
28%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.51
44%
1015
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
0.88
36%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
0.51
35%
1016
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
74%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
6.71
39%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.66
24%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.28
31%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
1.34
46%
1015
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
0.89
35%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
3.59
56%
1013
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20