Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Иран и Оман се блиску до постигнување договор за повторно воспоставување на комерцијалниот поморски сообраќај низ Ормуската Теснина, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и американски претставници. Според весникот, доколку биде постигнат договорот, бродовите што влегуваат во Персискиот Залив ќе пловат низ поморски коридор под контрола на Иран и во близина на неговиот брег, додека оние што излегуваат ќе користат коридор поблиску ...
Германските власти воведоа значително построги санкции за лицата кои се обидуваат да избегнат одговорност за сообраќајни прекршоци преку лажно признавање вина од друго лице. Според правилата што се применуваат од 1 јули 2026 година, секој што ќе пријави друго лице како сторител на прекршок, иако знае дека не е вистинскиот возач, може да се соочи со парична казна до 30.000 евра. Новите мерки не се однесуваат само на возачот што се обидува да ...
Цените на благородните метали продолжуваат да растат на светските пазари, при што златото повторно ја надмина границата од 4.100 долари за унца, а среброто забележа уште посилен дневен скок. Фјучерсите на златото со испорака во декември се тргуваа по цена од 4.119,12 долари за унца, што претставува дневен раст од 28,62 долари, односно 0,70 проценти. Во текот на тргувањето највисоката цена достигна 4.129,07 долари, додека најниската ...
На светските девизни пазари утринава се забележани умерени поместувања кај најтргуваните валутни парови, при што еврото и британската фунта бележат благ раст во однос на американскиот долар. Еврото се тргува по курс од 1,1518 долари, што претставува зголемување од 0,10 проценти. Во текот на тргувањето највисоката вредност достигна 1,1523 долари, а најниската беше 1,1502 долари. Американскиот долар истовремено зајакна во однос на јапонскиот ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...
Романските власти денеска издадоа портокалово предупредување за топлотен бран за повеќе од половина од земјата, при што во следните два дена се очекуваат температури и до 39 Целзиусови степени. Според Националната метеоролошка администрација, првото предупредување е во сила од утринава до 10 часот по локално време во среда. Предупредувањето ги опфаќа регионите Марамуреш, јужниот дел на Банат, поголемиот дел од Трансилванија, Североисточна ...
Американската вселенска агенција НАСА планира да го продолжи договорот со рускиот Роскосмос за вкрстени летови на екипажи до Меѓународната вселенска станица (МВС) за уште една година, односно година и пол, изјави денеска менаџерот на програмата на МВС во НАСА, Дана Вајгел. „Обично, планираме активности за период од една до година и пол. Нашите мисии во рамките на програмата за вкрстени летови се координираат за тој период“, рече Вајгел на ...
Германската авиокомпанија Луфтханза го заврши првото полугодие од 2026 година со нето-загуба од 542 милиони евра, иако приходите пораснале за осум проценти и достигнале 19,9 милијарди евра. Од компанијата соопштија дека најголем удар врз работењето имало поскапувањето на авионското гориво. Трошоците за керозин се зголемиле за 18 проценти, на 4,2 милијарди евра, додека просечната цена по тон била за околу 60 проценти повисока од лани. Поради ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 27 до 31 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола извршил редовен мониторинг, при што биле анализирани 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка исправност, земени од 42 контролни локации низ градот. Според резултатите од лабораториските испитувања, сите ...
Од полноќ стапуваат во сила новите малопродажни цени на горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со пресметката, возачите кои користат бензин ќе плаќаат пониски цени, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 91 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за 2 денари, со нова цена од 93 денари за литар. ...
Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...
Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...
Мермерен Комбинат АД Прилеп во првите шест месеци од 2026 година оствари позитивен финансиски резултат, со нето-добивка од 183,4 милиони денари, покажуваат податоците објавени преку Македонската берза. Компанијата во периодот јануари–јуни 2026 година остварила приходи од продажба во износ од 500,9 милиони денари, што претставува намалување од 37 отсто во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел од приходите и натаму се ...
УНИБанка АД Скопје во првото полугодие од 2026 година оствари позитивни финансиски резултати, со нето-добивка од 114,5 милиони денари, покажуваат податоците објавени преку Македонската берза. Во периодот јануари–јуни 2026 година, Банката реализираше приходи од работење во износ од 1.155,8 милиони денари, што претставува благо намалување од 0,4 отсто во однос на истиот период минатата година. Најголем придонес во позитивниот резултат имаат ...
Американските гласачи првпат по речиси една деценија оценија дека Демократската партија подобро управува со економијата од Републиканската, покажуваат резултати од спроведена анкета на „Ипсос“. Испитувањето на јавното мислиење исто така покажува пад на поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп, чиј рејтинг на одобрување се намалил на 35 проценти. Анкетата укажува дека начинот на кој администрацијата на Трамп се справува со ...
Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...
Три кандидатки за функцијата генерален секретар на Обединетите нации истакнаа дека фокусот на нивната работа на оваа функција, доколку бидат избрани, ќе биде борбата против криминалот. Трите кандидатки говореа за време на настан во Монтевидео, Уругвај. Костариканката Ребека Гринспан, Марија Фернанда Еспиносаод Еквадор и Керолин Родригес-Биркет од Гвајана ги претставија своите изборни програми. – Ние сме регион на мирот, зафатен од ...
Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и со концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемек Виницки, денеска ќе биде одбележан 66. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Ана Липша Тофовиќ Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“, на истото место каде што на 4 август во 1961 година оперската ...
Продолжената суша и серијата топлотни бранови ги спуштија најголемите европски реки на нивоа какви што досега не биле забележани. Во Будимпешта, водостојот на Дунав падна на само околу 10 сантиметри – далеку под претходниот негативен рекорд од 33 сантиметри, поставен во 2018 година. Рајна, пак, достигна историски минимум од 67 сантиметри. Овие реки не се само природни знаменитости. Тие се главните артерии преку кои се движат суровини, гориво ...
Борбата со големиот пожар во атарот на селото Раец, кај Кавадарци, продолжува без прекин и во текот на ноќта. Надлежните служби остануваат на терен со цел да го ограничат ширењето на огнот и да ги заштитат населените места и имотот на граѓаните. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека во акцијата се вклучени сите расположливи ресурси. Пожарникари, комунални служби, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, механизација ...
Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...
Министрите за внатрешни работи и правосудство на земјите членки на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок преку видеоконференција за да разговараат за масовниот влез на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, а со состанокот ќе претседава ирскиот министер за правда, внатрешни работи и ...
Земјоделските производители да продолжат со редовно наводнување, особено овие денови, кога, според прогнозата, температурите ќе достигнат 40 степени. Да се наводнува исклучиво во ноќните или раните утрински часови, за да се спречи шок кај коренот на растенијата и големо испарување, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР. Како што истакнуваат, топлото време ги зголемува транспирацијата евапорацијата, што доведува до поголема потрошувачка на ...
На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Македонија се прости од д-р Никола Стојановски, истакнат лекар, учесник во Народноослободителната борба, долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија, како и првиот претседавач на повеќепартиското Собрание по воведувањето на парламентарната демократија. Роден на 8 февруари 1923 година во селото Скачинци, велешко, Стојановски уште во младоста се приклучил на антифашистичкото движење. Во 1942 година бил ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали. -Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често ...
Иран порача дека Ормускиот теснец нема да се врати на режимот што важеше пред конфликтот со САД и Израел, нагласувајќи дека идниот начин на функционирање на еден од најважните светски поморски коридори ќе зависи од новите безбедносни околности во регионот. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека Техеран и Оман веќе извесен период разговараат за воспоставување нова рамка за управување со ...
Членките на ОПЕК+ постигнаа договор за ново зголемување на производството на нафта, со што од септември на светскиот пазар ќе бидат пласирани дополнителни количини сурова нафта. Одлуката беше донесена на онлајн состанок на министрите за енергетика на земјите членки, меѓу кои се Саудиска Арабија, Русија и останатите држави од алијансата. Според официјалното соопштение, седум земји ќе го приспособат производството за вкупно 188.000 барели ...
Во амфитеатарот во Струмица утревечер свечено ќе биде отворен меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“. На свеченото отворање ќе и биде врачена наградата „Астер“ на годинешната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална ...