Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Американската компанија-сопственик на „Фејсбук“, „Мета“, и видеоплатформата во сопственост на „Гугл“ – „Јутјуб“ добија неповолна пресуда во судскиот процес во врска со потенцијалот за зависност од интернет-услугите. Поротниците во Судот во Лос Анџелес дојдоа до заклучок дека платформите биле небрежни и не ги информирале соодветно корисниците за ризиците и опасностите, пренесуваат западни медиуми. Судот ѝ досуди на 20-годишната тужителка ...
Работници и студенти од Централниот универзитет на Венецуела (UCV) повторно излегоа на протести, барајќи повисоки примања. Тие повикаа и на нов голем протестен собир на 9 април пред зградата на Владата во Каракас. Работниците и студентите се собраа во кампусот на Универзитетот, по што излегоа на протест барајќи зголемување на минималната плата. Минималецот во земјата веќе четири години е замрзнат на 130 боливари, што според официјалниот курс ...
Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот „WebEmpower“. Наместо класичен академски пристап, настанот отвори директен и понекогаш неудобен дијалог за реалната состојба на дигиталната пристапност во Северна Македонија. Преку серија интерактивни сесии, работилници и ...
Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека неговата земја преговара за партнерство во областа на вооружувањето со државите од Персискиот Залив, пренесува ДПА. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски истакна дека овие земји покажале голем интерес за искуството на Украина во борбата против беспилотни летала, особено во контекст на конфликтот со Иран. – Украина нуди заемно корисно партнерство: можеме да ги зајакнеме оние што ...
Поголемиот дел од азиските берзи денеска се во минус, одразувајќи ја зголемената неизвесност на глобалните пазари и внимателноста кај инвеститорите. Австралискиот индекс S&P/ASX 200 бележи благ пад од 0,10%, додека јапонскиот Nikkei 225 е во минус од 0,75%. Значително намалување има и кај хонгконшкиот Hang Seng, кој падна за 2,02%. Кинескиот FTSE China 50 загуби 2,44%, што укажува на притисок врз најголемите компании во земјата. Сличен ...
Криптовалутите бележат нов пад, при што Биткоин се тргува околу 70.005 долари, што претставува намалување од 1,38%. Пазарот останува под притисок, со умерена волатилност и намалена активност. Етереум исто така е во минус, со пад од 1,95% и цена од 2.121 долар, додека БНБ загуби 1,72%. Поголеми загуби бележат некои алткоини – Солана падна за 3,74%, а Полкадот е во минус од 4,53%, што го прави еден од најголемите губитници во денешното ...
Цените на нафтата бележат раст на светските пазари, при што ВТИ нафта достигна 92,16 долари за барел, со зголемување од 1,84 долари или 2,04%. Во текот на тргувањето, цената се движеше меѓу 90,73 и 92,48 долари, што укажува на стабилен раст. Сличен тренд има и кај Брент нафта, кој се искачи на 99,00 долари за барел, со раст од 1,74 долари, односно 1,79%. Највисоката вредност достигна 99,30 долари, додека најниската изнесуваше 97,73 долари. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS). Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од Пинтија, дел од ул. Саса, а од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.Востаничка од број 44 до 49 во Општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците од ул.101 во Волково, а од 11.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул.Девол во Општина Карпош. ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, соопшти дека предлогот на САД за ставање крај на конфликтот во моментов е подложен на ревизија од страна на највисоките структури на власта во Техеран. Сепак, тој истакна дека комуникацијата преку посредници не треба да се толкува како директни разговори со Соединетите Американски Држави. Во своето обраќање пред државната телевизија, Арагчи дополни дека Техеран нема намера да иницира ...
Министрите за надворешни работи на седумте најразвиени индустриски држави (Г7) денеска се среќаваат во Франција на дводневни разговори во услови на засилени геополитички тензии. Средбата се одржува во поранешна опатија во Сернеј-ла-Вил, во близина на Париз, а се очекува првично да се разговара за можни реформи во мировните мисии и хуманитарната помош. На агендата се и напорите за обнова, вклучително и оштетената заштитна структура на ...
Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Економскиот факултет – Скопје и Сојузот на економисти на Македонија денеска ќе биде се одржана тркалезна маса/научно стручна расправа на тема „Улогата на пазарот и државата во управувањето со ограничените ресурси – случајот на Република Северна Македонија“. Предвидено е учество на претставници од академската заедница, креаторите на економските политики, ...
Од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“, годинава под слоганот „Инспирација за секој дом“. Изложувачите ќе претстават производи и најнови трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а ќе има и нов сегмент, кој оваа година е во фокусот на саемот, посветен на монтажни и модуларни куќи. -Со очекувани над 15 000 посетители и повеќе од 70 застапени ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ја нагласи подготвеноста на банката да дејствува доколку зголемувањето на цените на енергијата предизвикано од војната со Иран нагло ја зголеми инфлацијата, јави ДПА. Управниот совет на ЕЦБ е подготвен, доколку е соодветно, „да направи промени во нашата политика на кој било состанок“, изјави Лагард денеска на настан во Франкфурт. Постојат, додаде таа, „причини за будност“. ...
– Македонското здружение на млади правници денеска во Скопје организира настан посветен на безбедносните ризици од радикализацијата и насилниот екстремизам во контекст на актуелните геополитички тензии и дигиталните закани. Настанот „Градење на инклузивни и отпорни заедници – од резултати кон одржливи политики“ ќе се одржи во хотел „Мериот“ со почеток во 10 часот, соопшти МЗМП. Според најавата, настанот „Градење на инклузивни и отпорни ...
Нова платформа за унапредување на економската соработка, инвестициите и деловното вмрежување меѓу Македонија и Швајцарија, која во време на глобални економски трансформации се позиционира како стратешка иницијатива што ги обединува сигурноста, довербата и иновативноста. Вака денеска беше промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија (СвисЧам МК), чие основање е резултат на повеќегодишна иницијатива на водечки компании и ...
Град Скопје ќе обезбеди еднократна парична помош за онколошките пациенти во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година. Според одлуката, право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на градот, односно во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. За остварување на правото, потребно е да се достави ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска свечено ќе биде промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на СвисЧам МК, амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. -Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на економската соработка, деловното ...
Европската комисија, со оглед на наглите промени на пазарот предизвикани од турбуленциите на Блискиот Исток, упати апел до земјите-членки за започнување на процесот на пополнување на резервоарите за гас на организиран и навремен начин, со цел подготовка за претстојната зима. “Навременото и координирано делување е клучно за успешното полнење на капацитетите за складирање гас за следната грејна сезона, како и за прилагодување кон пазарните ...
Ирак соопшти дека неговите вооружени сили „нема да молчат“ по вчерашниот воздушен напад во кој загинаа седум војници на локација за која се тврди дека припаѓа на коалиција од проирански милиции, кои се дел од ирачката војска. И покрај обидите на Ирак да остане надвор од војната во Иран, кабинетот на ирачкиот премиер на X објави дека „осудените напади насочени кон нашите воени единици продолжија, од кои последниот се случи утрово со ...
Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола пријавиле стомачни проблеми, по што биле побарани лекарски интервенции и извршени здравствени прегледи. Според првичните информации, дел од работниците се пожалиле на симптоми како мачнина, болки во стомакот и општа слабост. Надлежните служби веднаш реагирале, а здравствените екипи извршиле прегледи за да се утврди причината за состојбата. Се разгледуваат повеќе можни причини, меѓу кои и евентуално ...
Цените на благородните и индустриските метали денеска бележат значителен раст на светските пазари, при што златото достигна 4.583,70 долари за унца, со зголемување од 149,60 долари или 3,37%. Во текот на тргувањето, цената се движеше меѓу 4.491,15 и 4.633,17 долари. Силен раст бележи и среброто, кое порасна за 4,78% и се тргува по 72,895 долари, додека бакарот е во плус од 1,97%, достигнувајќи цена од 5,56 долари. Кај останатите благородни ...
Главните европски берзански индекси денеска бележат раст, што укажува на подобрено расположение кај инвеститорите и зголемена доверба на пазарите. Британскиот индекс FTSE 100 порасна за 1,47% и достигна 10.112 поени. Францускиот CAC 40 исто така бележи раст од 1,33%, додека германскиот DAX е во плус од 1,46%. Позитивниот тренд е видлив и во останатите европски економии. Холандскиот AEX порасна за 0,91%, а шпанскиот IBEX 35 забележа раст од ...
Повеќето општини во земјава немаат документи усогласени со националната антикорупциска рамка. Во повеќето статути не се содржани одредби за јавна отчетност, пристап до информации, судир на интереси и етички стандарди. Мал број општини имаат кодекси на етика, а во голем дел недостасува обврска за објавување на одлуките, седниците и записниците од советите и комисиите. Овие пропусти ја ограничуваат транспарентноста на одлучувањето и ја ...
Министерството за дигитална трансформација и „Oracle“ потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните. Меморандумот го потпишале потпретседателот на Oracle, Pierre-Alain Baetz и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, а соработката отвора нови можности за поврзување на образованието, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења, практични алатки и програми ...
Низ Ормутски теснец можат да поминуваат сите видови бродови, вклучително трговски, воени и цивилни пловила, бидејќи станува збор за еден од најважните меѓународни поморски премини во светот. Според меѓународното право, особено принципот на транзитен премин, бродовите имаат право слободно да се движат низ теснецот без потреба од посебна дозвола од крајбрежните држави. Иако теснецот се наоѓа меѓу Иран и Оман, овие земји немаат право целосно да ...
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот, како што информираат од Владината прес-служба, е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и ...
Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00 часот, на плоштадот пред влезот во Старата чаршија, жителите на Скопјe ќе имаат посебна можност да се поврзат со глобалната крипто заедница и да уживаат во ќебапи и ајвар. Собирот е дизајниран да едуцира, инспирира и охрабри значајни разговори, без разлика дали ...
Халкбанк АД Скопје и Македонски народен театар потпишаа договор за годишно покровителство, со што банката стана главен партнер на една од најзначајните културни институции во земјата. Соработката предвидува директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, но и реализација на низа заеднички иницијативи преку кои ќе се овозможи дополнителна промоција и поголема видливост на театарските претстави и програмата на театарот. Преку ова ...