
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Членките на Европската Унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка. Санкциите се однесуваат и на замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра. Европската комисија ги предложи новите санкции по фотографиите од киевското предградие Буча. Членките на состанок на ...
Албанија ќе дозволи легална употреба на канабис за медицински цели, потврди во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама. Рама на прес-конференцијата зборуваше за резултатите од иницијативата „Национална конференција“ на која неколку месеци се бараше од граѓаните да дадат свое мислење за различни теми. „Ќе продолжиме како што велат граѓаните. Апсолутно ќе го легализираме канабисот за медицинска употреба и ќе отвориме нов фронт за ...
Неколку дена откако Литванија објави дека целосно го прекинала увозот на руски гас, друга балтичка држава, Естонија, начелно реши да го стори истото. Владата во Талин вели дека има за цел да го прекине увозот на руски гас навреме за почетокот на „грејната сезона“ наесен. Министрите велат дека се договориле со Финска за закуп на пловечки терминал за да се дозволи увоз на течен природен гас (ЛНГ). „Денес решивме да престанеме да ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 04.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик траде“ ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата, „Фeреро“. Контролата, како што наведуваат од агенцијата, била спроведена врз основа на добиено известување од компанијата „Фeреро“ ДОО од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот ...
Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 36. редовна седница на Владата. На прашањето за преземените дипломатски активности за барање нови алтернативни пазари за македонските производи во време кога се затвора рускиот пазар, портпаролите истакнаа дека Министерството за земјоделство и Министерството за надворешни работи во овој период се максимално ...
По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изрази задоволство заради збогатувањето на возниот парк со ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информирашње дека Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повици за поддршка на домашните компании. „Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои што ќе траат заклучно со 6 мај ...
Скопје, 05.04.2022 – Во првиот квартал од 2022 година „Реплек АД“ оствари раст на приходите од продажба од 5,7 отсто во споредба со истиот период минатата година. Остварените резултати се убедливо најголемиот раст на приходите од продажба на компанијата во прв квартал од почетокот на нејзиното постоење. На домашниот пазар приходите од продажбата се зголемиле за над 15 отсто. Компанијата бележи значаен раст од 3,7 отсто и на ...
Годишната инфлација во Турција скокна на нов 20-годишен рекорд од 61,14 отсто во март, поттикната од растот на цените на енергијата и суровините по избувнувањето на руско-украинскиот конфликт што ги влоши последиците од минатогодишниот пад на лирата, покажуваат официјалните податоци. На месечна основа, потрошувачките цени во Турција пораснале за 5,46 отсто, соопшти турскиот статистички институт. Економистите анкетирани од Ројтерс предвидоа ...
Соочени со неизвесноста дали ќе има доволно гас, богатите земји ги советуваат своите граѓани да облечат џемпери, додека во некои како Австрија е најавено драстично поскапување на храната. Термостатите, со одлука на Владата, се намалуваат за два степени Целзиусови во официјалните институции во Холандија како начин за намалување на потрошувачката на енергија. Владата рече дека сака да даде добар пример, објави во саботата холандската новинска ...
Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за растот на глобалната трговија за оваа година од 4,7 на 2,5 отсто поради војната во Украина и санкциите поврзани со тој конфликт, изјави директорот на СТО, Нгози Оконџо-Ивејла. . Падот на проекциите е поврзан и со тековните проблеми во глобалниот синџир на снабдување, кој започна пред две години како резултат на пандемијата. Оконџо-Ивејла изјави дека поради нарушувањето во снабдувањето ...
На Европа ѝ се заканува недостиг на дизел, кој е гориво што го движи транспортот на стоки и економијата, пишува Дневник.хр. „Ќе возиме додека возиме, кога не сакаме не, а здраво, нема друго, мислам дека 14 куни (1,85 евра) се многу, а лесно е што е 14 куни. ама нема да биде“, коментира Хани од Угљан. Имено, поради војната во Украина, на Европа и се заканува недостиг на дизел, кој сочинува речиси 70 отсто од вкупната количина на ...
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони „F-16 C/D Block 70“ и соодветна опрема на Бугарија за 1,673 милијарди долари. Главен изведувач во овој бизнис би требало да биде компанијата „Локид Мартин“, соопшти Пентагон. Барањето на Бугарија, како што е наведено од Пентагон, вклучува купување на четири авиони F-16 C Block 70, четири авиони F-16 D Block 70, 11 мотори, 11 подобрени генератори ...
Вработените во Германија очекуваат дека војната што Русија ја започна против Украина ќе влијае на компаниите во кои работат, покажа една анкета. Во големите приватни компании, повеќето вработени изјавија дека очекуваат негативни последици. Половина од 2.500 испитаници во приватни компании низ Германија рекле дека рускиот напад врз Украина ќе има последици и врз нивната компанија, според анкетата објавена во понеделникот од Институтот Сивеј за ...
Германскиот производител на луксузни автомобили Порше ќе им исплати на работниците бонуси до 7.900 евра. Поради поуспешен бизнис во 2021 година, тој ќе добие 50 евра повеќе од минатиот пат, соопштија од компанијата во понеделник во Штутгарт. Вработените во филијалите на Porsche AG и нивните подружници ќе имаат право на бонус. Генералниот директор на производителот на автомобили од Штутгарт, Оливер Блуме, при претставувањето на билансот изјави ...
Официјална Виена се противи на воведување ембарго за увоз на рускиот гас, а министерот за финансии на Австрија, Магнус Брунер, денеска, пред состанокот на еврогрупата во Луксембург, изјави дека Австрија целосно се согласува со Германија и го отфрла ембаргото за рускиот гас. Претходно, германскиот министер за економија, Роберт Хабек, се изјасни против итно воведување ембарго за увоз на енергенти од Русија. „Санкциите се корисни само доколку ...
Бугарија добила официјално писмо од „Газпром“ во кое бара рускиот гас да се плаќа во рубли, пишува „Новините“. Како што се наведува, тоа го потврдил и министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов. Известувањето е добиено во петокот вечерта, а во него се наведува дека руската компанија очекува во иднина плаќање гас исклучиво во рубли. „Русија сака такво нешто, дискутабилно е од гледна точка дали е тоа ...
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа „Твитер“, се вели во соопштението на Американската комисија за хартии од вредност (SEC). Веста веднаш предизвика раст на акциите на „Твитер“ за околу 25 отсто на Волстрит при тргувањето пред официјалното отворање на берзата, пренесува британскиот јавен сервис Би-би-си. Маск купил 73.486.938 акции на „Твитер“ на ...
Цената на нафтата на светскиот пазар денеска порасна бидејќи ослободувањето на стратешките резерви на различни земји не успеа да ги ублажи стравувањата од последиците од конфликтот во Украина и немањето нуклеарен договор со Иран. Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море порасна за 3,19 долари и сега изнесува 107,50 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 3,46 долари и изнесува 102,73 ...
Денеска во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод, официјално беше пуштена во употреба сензорна соба наменета за деца со попречност, опремена со поддршка на НЛБ Банка Скопје. Оваа донација се реализираше во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европска Унија. Првата сензорна соба на територијата на Поречјето воопшто е опремена со поддршка на НЛБ Банка ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 % во однос на одлуката од 1.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
На светските берзи цените на нафтата драстично паднаа минатата недела, откако американскиот претседател Џо Бајден објави продажба на рекордни 180 милиони барели нафта од стратешките резерви за да се спречи понатамошен раст на цените на „црното злато“. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 13,5 отсто, на 104,39 долари, додека барелот на американскиот пазар падна за 12,9 отсто на 99,27 долари. Најголем пад во ...
Животот во градот во денешно време може да биде многу скап. Има кирија, сметки, јавен превоз, но и храна и пијалоци, а сето тоа од некаде треба да се плати. Сепак, како противтежа на сето ова треба да има различни придобивки и можности кои ги даваат истите градови. И дали таа врска се исплати на крајот? Се зависи од тоа кои се вашите потреби и желби во животот и колку компромиси сте спремни да направите. Односот на цените постојано се менува во ...
Стапката на инфлација во Австрија се искачи на највисокото ниво од ноември 1981 година. Според австрискиот завод за статистика, потрошувачките цени минатиот месец биле за 6,8 отсто повисоки од пред една година. На месечна основа, цените во Австрија во март скокнаа во просек за два отсто, покажуваат првите пресметки. Најмногу ги охрабри поскапувањето на енергенсите, објави австриската новинска агенција АПА. „Неодамнешниот пораст на цените ...
Утре Регулаторната Комисија за Енергетика ќе оддржи редовен состанок на кој ќе бидат утврдени цените на горивата кои ќе важат од утре на полноќ. Изминатава недела цената на нафтените деривати значително се намали, па така сега Брент се продава за 104 долари по барел, а ВТИ Круд се продава за 99 долари по барел, што значи дека утре може да очекуваме позначително намалување на бензинот и дизелот во Македонија. Во моментов горивата се точат по ...
Кремљ најави дека нема веднаш да ја исклучи можноста за испорака на гас за земјите кои нема да го исполнат вчерашниот ултиматум на рускиот претседател Владимир Путин. Да потсетиме, Путин во вчерашното телевизиско обраќање рече дека потпишал нов декрет според кој „непријателските земји“ од денеска мора да го плаќаат рускиот гас во рубли или ќе бидат раскинати постоечките договори. – Добив многу прашања дали новата уредба значи ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 % во однос на одлуката од 31.03.2022 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната ...
На денешен ден, пред 46 години, моментално е основана највредната компанија во светот. На почетокот на 2022 година, компанијата од Купертино беше крунисана како највредна компанија на пазарот. Apple накратко ја надмина пазарната вредност од три трилиони долари и со тоа помести уште една „волшебна“ граница, една од многуте што ги помести во последните 46 години. Apple е основана на 1 април 1976 година од Стив Џобс, Стив Возниак и ...
Лондон – Лондонската берза за метали (LME) денеска објави дека ќе го прекине прифаќањето на испораките на некои метали произведени во Русија до нејзините складишта во Британија. Тие вклучуваат Норилски никел бакар и Русал алуминиум. Суспензијата вклучува и олово произведено од АД Уралелектромед. Извозот на сите пратки на алуминиум и бакар на Русал од Норилск Никел и АД Уралелектромед во одобрени складишта во Британија мораше да се изврши ...