Сообраќајните незгоди без оглед дали штетите се поголеми или помали се стресни за секој учесник во сообраќајот. Во тие моменти многумина доколку за прв пат возилото им е оштетено во сообраќајна незгода не знаат точно кои документи им се потребни за да се пријави штета на возило од сообраќајна незгода, каде да се поправа автомобилот и како се врши исплатата на штета. Оттука добро е да се знаат процедурите кои во таквите моменти на возачите може ...

Општина Битола, објави јавен оглас за работно ангажирање на 18 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период февруари/јуни и истите ќе добиваат надоместок по учинок, во износ од 17 денари за решение и 3 денари за покана. Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта). Заинтересираните кандидати ...

На 20.01.2025 во 18.30 часот на ул. „22 Април” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 31 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 20.01.2025 во 18.40 часот во СВР Битола, 27 – годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за ...

Денес, вторник, 21 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат со слаб интензитет. Максималната температура во Битола до 0 степени. Утре, среда, 22 јануари во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Можна има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер. Максималната температура во Битола до 6 степени. ...

На 20.01.2025 во 00.30 часот во село Добрушево, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода 30 годишник од село Мусинци, битолско, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 19.01.2025 во 17.45 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски ...

Обрнете внимание на секој во вашиот живот кој користи прекумерно ласкање за да ве убеди да завршите некоја задача. Тоа би можело да се маскира како комплимент, кога тоа е навистина начин да се предаде нешто што самите не сакаат да го направат. Размисли дали си изманипулиран. Тоа може да се случува на работа, но и во секојдневните односи со другите. Манипулаторите може да ви кажат: -Би сакал да го преземам тој проект, но вие сте многу подобри ...

Битолскиот театар изминатите месеци успеа да реализира повеќе премиери на театарски претстави, успеа да ја зголеми посетеноста на изведбите, успеа да го врати театарот на публиката. Како што беше ветено за оваа година, да се стави фокус на претстави на македонски автори и режисери, тоа започна да се реализира. Имено 2025 Битолскиот театар ја започнува со праизведба на македонскиот текст “Жиголо“ од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој ...

Денес, понеделник, 20 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидромететоролошки работи времето променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 0 степени. Утре, вторник, 21 јануари, во Битола времето ќе биде Утрото студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ...

Македонија – Гвинеја 29:20 Машката репрезентација на Македонија со убедливата победа над Гвинеја од 29:20 го потврди пласманот во главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.Македонија во главната фаза, во која ќе игра против Австрија, Катар и Франција, ќе пренесе еден бод.По двата нереализирани напади на Македонија, ривалот погоди за 1:0, а нашата репрезентација првиот гол го постигна преку Кузмановски за 1:1. ...

-Битола од секогаш го одбележувала верскиот празник Водици, а секако најголем интерес кај битолчани привлекува податокот кој ќе го “фати“ крстот во соборниот храм “Св. Димитрија“ во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. –Александар Пинзовски на возраст од 23 години го фати осветениот крст во 2015 година во базенот на црквата “Св. Димитрија“ кој во осветената вода го положи ...

Екипата на Пелистер од Битола во зимскиот преоден рок донесе ново име во своите редови и потпиша договор со српскиот дефанзивец Дејан Ѓуриќ. Дефанзивецот предходно пред да дојди во Битола настапуваше за екипите на Вардар и Работнички, исто така има настапувано за ФК Мерани од Грузија, и неколку екипи во Србија. Се работи за играч кој настапува на позицијата класичен стопер и ќе биде од голема важност за битолчани. Ѓуриќ веднаш му се стави на ...

НУ Народен театар Битола учествува со 2 избрани плакати во вкупна селекција од 50 најдобри плакати во официјалниот каталог на осмото издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин 2025 и истите ќе бидат изложени во изложбениот салон на Сермаж Палас ГМВ и Галерија „Златен ангел“ во Вараждин од 24 јануари – 16 февруари 2025 година. Зад дизајнот на плакатите стои Сашо Илковски од НТБ. Илковски досега има креирано околу 35 плакати. -За ...

На официјалната прес-конференција по натпреварот Македонија – Холнадија во Вараждин зборуваше македонскиот селектор Кирил Лазаров кој беше видно незадоволен. Тој нагласи дека е тешко да се одигра натпревар во кој речиси 20 минути имаш играч помалку, но и треба да браниш 12 пенали. -Уште вчера кажав дека нè очекува тешка борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што нè очекува, иако се надевав на позитивен резултат. Требаше да ја искористиме таа ...

Стопанска банка а.д. Битола деловната 2024 година ја заврши со позитивен финансиски резултат односно добивка по одданочување во износ од 163,17 милиони денари. Стопанска банка а.д. Битола (“Банката”) деловната 2024 година ја заврши со позитивен финансиски резултат односно добивка по одданочување во износ од 163,17 милиони денари. Во 2024 година, фокусот на работењето беше ставен кон остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани ...

На 18.01.2025 во 00.50 часот во СВР Битола полициски службеници од СВР Битола пријавиле дека при вршење на мото-патролна дејност во комплекс “Нов Пазар“ во Битола при обид да легитимираат лицето 24 годишно од САД со престој во Битола, истиот одбивал да се легитимира, агресивно се однесувал и физички ти нападнал полициските службеници. Од страна на поллицискит службеници лицето бил приведен во полициска станица Битола при што по документирање на ...

Многу битолчани се отселија од Битола по белиот свет, но пријателствата секогаш остануваат посебно кога се од младоста, од средношколските денови. Таков е промерот со нашите сограѓани Никола Колевски, Стефан Мицевски, Дамјан Велковски, Димитар Елковски, Крсте Рајчевски, Петар Јосифовски и Петар Стојковски, кои светското првенство го искористија за нивно посебно другарување.-Тргнавме на 12 јанури од Битола стигнавме во Марибор кај нашиот другар, ...

На 17.01.2025 полициски службеници од СВР Битола по преземени оперативни тактички мерки и врз основа на Наредба од основен суд Битола извршиле претрес во домот и помошните простории на Н.Т. (72)од Струга со привремен престој во Битола поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичен Закон. Имено, Н.Т. на 15.01.2025 извршил разбојништво во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул. „Прилепска “во Битола ...

Новоназначената конзулка во Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Деспина Ипиоти, денес оствари прва официјална посета на Општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата, се разговараше за досегашната соработка на општината со повеќе градови во Грција, како и за можностите за зајакнување на соработката на културен, образовен и економски план. Градоначалникот Коњановски, ја информираше Ипиоти, дека ...

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за аневризма на абдоминална аорта, за што вели: -Aбдоминалната аорта – аorta abdominalis е најголем крвен сад во стомачната шуплина кој е продолжување на ...

Денес, сабота, 18 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде до 1 степен. Утре, недела, 19 јануари, во Битола времето ќе биде претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната ...

“Bitolanews“ во Вараждин, Хрватска -Македонија како да играше во Битола – 3.000 Македонци на трибините во Вараждин, од нив најголем битолчани кои поминаа 1.ооо километри од Битола до тука, а според реакциите никој не зажали, ни за возењето, ни за парите, ни за потрошеното време…, но имаат да жалат за бодот против Унгарија и да се жалат за судењето вечерва. -“Фалангата“ со нов рекорд, Македонците ги надвикаа околу 200 Холанѓани, кои за жал се ...

На 15.01.2025 во 17.00 часот во СВР Битола, М.Д. (36) од Битола, вработена во финансиско друштво во Битола, пријавила дека едно лице со закана со огнено оружје и побарало пари, по што физички ја нападнало, а откако го вклучила алармот го напуштило местото. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 15.01.2025 во 20.45 часот на ул. „Гоце Делчев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник ...

Она што е потешко да се направи со протоколи и со политика на вакви планетарни настани како што е светското ракометно првенество се прави непосредно и спонтано. Така беше и на денешнта средба на навивачите од Битола кои се наоѓаат во Вараждин кои денес имаа срдечна средба со градоначаликот на Вараждин, Невен Босиљ. Градоначаникот на Вараждин им посака убав престој во градот, добри резултати на македонската репрезентација и кратко им рече: ...

Оваа сабота и недела, AURUM се трансформира во вистински суши бар – место каде Јапонија го запознава вашиот вкус, повторно Што ве очекува? Суши деликатеси подготвувани пред вас од врвните мајстори на Sama Project – директно од нивната кујна до вашата чинија Исклучителна атмосфера, инспирирана од светските гастрономски точки креира AURUM со овој тим неколку години. Сабота: 12:00 – 23:00 Недела: 10:00 – 23:00 САМО ДВА ДЕНА Не пропуштајте ја оваа ...

Денес, петок, 17 јануари, во Битола според прогнпзите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура во Битола до 3 степени. Утре, сабота, 18 јануари, во Битола времето ќе биде претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура во Битола до 5 степени. ...

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам“. Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и ...

Битолчанецот Филип Кузмановски, капитенот на Македонската селекција синоќа во Вараждин ја одигра можеби најдобрата партија на еден голем ракометен собир и на свој грб ја носеше Македонија до голем бод против силната Унгарија, во првото коло од групната фаза на Светското првенство. По натпреаварот во “микс зоната“ Кузмановски на кратката средба со новинарите призна дека не паркет беше многу тешко, но е среќен што на овој начин го отворивме ...

“Тaftherapy“ терапијата е техника која делува позитивно кај следниве дијагнози: спондилоза, дископатија, дискусхернија, дископатија, ишијалгија, лордоза, кифоза, сколиоза, мигрена, деформитети, повреди, остеопороза. “Тaftherapy“ терапија потекнува од Тајланд и се применува од 18 век, како алтернативна медицина и техника, а во 19 век веке се користи и во централно стативна медицина. Својот успех во излечени пациенти го бележи како во Азија така ...

На 14.01.2025 во 16.25 часот во СВР Битола, А.Р. (35) од Битола пријавил дека на работното место како обезбедување во Градски пазар во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 14.01.2025 во СВР Битола било пријавено дека во с.Долно Оризари, битолско, настанал пожар во помошна просторија од куќа, сопственост на М.Р. (71) од село Долно Оризари. Пожарот бил изгаснат од екипа на ...

Денес, четврток, 16 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе со ниска облачност, а преку денот со зголемена облачност. Максималната температура во Битола до 3 степени. Утре, петок, 17 јануари, во Битола времето ќе биде утрото многу студено со услови за магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе биде претежно тивко. Максималната температура во Битола до 4 ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
38%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
44%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.93
55%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
52%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
46%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
51%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
50%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
34%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60