Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ќе биде домаќин на Ф4 турнирот за шампиони на Македонија во пионерска конкуренција. Натпреварите се играат во недела на 18 маj во салата “Боро Чурлевски”. Во првото полуфинале пионерите на домашниот тим, Еурофарм Пелистер, во 11:30 часот го пречекуваат тимот на Алкалоид. Вториот натпревар е помеѓу пионерите на Вардар и Охрид, а тоj ќе биде од 13:00 часот. Натпреварот за трето место е закажан за во 17:00. ...

-Деновиве членови на организацијата Verbumlandiart Aps, со седиште во Галатоне (Лече), предводена и координирана од поетесата и писателка Регина Реста – претседателка на истоименото здружение, беа во посета на Битола и Македонија. Дел од делегацијата беа и: Goffredo Palmerini – новинар, поранешен претседател на Општина Акуила, Maria Pia Turiello – криминолог и член на парламентарната комисија за малолетници, Mirella Cristina – адвокат, ...

Унапредете ги вашите вештини и останете чекор пред другите со нашите МИНИ обуки! Практични, брзи и ефикасни – совладајте ги најбараните дигитални алатки за само еден месец! – WordPress – Креирање и управување со веб-страници -HTML & CSS – Основи на веб-дизајн -Google Ads – Поставување и оптимизација на реклами на Google -Meta Ads (Facebook & Instagram) – Креирање ефективни реклами на социјални мрежи -Excel – Моќни алатки за анализа и ...

Денес, среда, 14 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 20 степени. Утре, четврток, 15 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Со силна освестувачка и мотивиркачка порака, длабока емоција и освестување за важноста од личното постапување, Битола викендов го отвори „новото поглавје“ за својата иднина преку два инспиративни настани – премиерата на монодрамата „Не денес“ на актерот Марјан Георгиевски и настанот „Визија кафе“. Во преполна сала на Центарот за култура, преку единствениот лик публиката ја слушна реалноста што ја говори нашето срце и страшната вистина со кој ...

На крајот на април една стара битолска куќа се претвори во резонантна точка на урбаната култура. Токму таму се одржа промоцијата на првата компилациска плоча од Битола – We Pretend It’s a City Bitola. Настанот ја надмина формата на класична промоција и стана жива инсталација на градскиот звук. Публиката беше сведок на неповторлива вечер, во која настапија во живо Фолтин, Паркети, Don Playa, Don Praskiza, како и Крсте Роџевски, кој допатува од ...

На 12.05.2025 во 13.15 часот во СВР Битола, 48-годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг од Делчево, со кого била во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 12.05.2025 во 19.50 часот во СВР Битола, 42-годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг на возраст од 47 години од Битола. ...

Членови на организацијата “Verbumlandiart Aps“ со седиште во Галатоне, провинција Лече, Италија деновиве престојуваат во Битола и во рамките на посетата, меѓу другите активности ја посетија и Универзитетската библиотејата “Св. Климент Охридски“ во Битола.Директорката Емилија Стефановска Давкова, која во присуство на вработените официјално им се обрати на италијанските гости, посакувајќи им добредојде и изразувајќи отвореност за нови културни ...

По девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, согласно договорот за изведување, настанатото оштетување ќе биде санирано од страна на изведувачот. Наведениот објект, односно ул. „Бурса“ е во гарантен период и сите аномалии кои што се појавиле или ќе се појавуваат, обврска е на изведувачот да ги санира, со цел улицата да има нормален тек и ...

Идеална за брзо загревање, одмрзнување и подготовка на оброци, VOX M19 нуди едноставна употреба и ефикасност во секоја кујна. Капацитет: 20 литри Моќност: 700 W Контрола: Механичка Број на нивоа на моќност: 5 Функции: ◦ Брзо одмрзнување ◦ Ротационен систем за рамномерно загревање ◦ Внатрешно осветлување Материјал на внатрешноста: Нерѓосувачки челик Димензии (ШxВxД): 45.8 x 32.9 x 26.7 cm Тежина: 6.5 kg Бесплатна достава низ цела Македонија ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 48 годишна жена од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. Во текот на мај 2024, пријавената преку социјална мрежа, под друго име, стапила во контакт со лице од тетовско и со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка. Потоа, со уште едно лице, ...

Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола по вторпат е државен шампион во машка конкуренција на Државното универзитетско првенство во пинг-понг, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Скопје. Дополнително, неговиот колега Антонио Вељановски го освои третото место, а Јана Голабоска во женска конкуренција се пласираше на одличното четврто место. Првенството се одржа во спортските објекти на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје, каде ...

Оваа година по 24. пат од 9 до12 мај во Бјелина, БиХ, Република Српска, се одржа меѓународниот хорски натпревар каде учество зеде и мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола.На фестивалот учество зедоа преку 40 хорови од различни стилови и категории. Во две различни категории, за православна музика, и категоријата на мешани хорови, нашиот хор се натпреваруваше со 10 други и на крајот резултатите беа три златни медаљи.-Освоивме прво место со ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија. За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за ...

Во Народен театар – Битола започнаа пробите за петтата премиера во овој театар за оваа година. Се работи за „Едмонд“ по текст на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. Во изминатите години, Мицевски работеше во Данска, Унгарија, Франција и неговите претстави со голем успех се играат на сцените на најзначајните европски театри. Па така минатата година по втор пат беше дел од CPH STAGE фестивалот во Копенхаген, најголемиот театарски ...

На 12.05.2025 во 02.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 58 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон членовите на семејството и кон полициските службеници кои вршеле службена дејност. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава. На 11.05.2025 во 14.30 чaсот во СВР Битола, 59 годишник од Битола пријавил дека на ул.“Генерал Васко ...

ИФФК „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор. Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот ...

Психичко насилство се смета секое намерно однесување со кое сериозно се попречува психолошкиот интегритет на друго лице преку присила или закани. Негова значајна карактеристика е злоставувачкиот образец на однесување кој се јавува со текот на времето, внатре во семејството или надвор од него. Не само што влијае на менталното здравје на поединците и нивните контакти, туку ги лишува и од приликите за иден личен, социјален и економски развој. ...

Денес, понеделник, 12 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Упрвавата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 20 степени. Утре, вторник, 13 мај во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 22 ...

Сладолед, мало слатко задовоство, вистинско уживање во жешките летни денови. Во очекување на летната сезона, од слаткарниците “ГТ“ на Широк Сокак велат:-Кога сакате да ја уживате во сладоледот, дојдете во слаткарниците “ГТ“ на Широк Сокак “ кој се наоѓаат на Камен Мост и наспроти “Веро“ и испробајте ги новите вкусови “Mint„“Popcorn „“ Фстак“.Покрај сладолед и други слатки задоволства слатки, торти, десерти. Направете ги вашите омилени ...

Силекс – Пелистер 0:0 Фудбалерите на Пелистер од Битола одиграа реми без голови против екипата на Силекс во Кратово во рамките на претпоследното 32. коло на ПФЛМ, во натпревар кој немаше резултатско значење. Двата тренери им дадоа шанса на млади фудбалери. Во првото полувреме екипата на Силекс создаде неколку шанси за гол но немаа конечна завршница, а Пелистер се ободуваше преку противнападите, но на пауза се замина 0:0. Исто беше и во второто ...

Битола во мај 2015 година, само за една седмица, остана без две свои битолски легенди, кои оставија голема трага во градот, кои никогаш нема да бидат заборавени, ќе се раскажува за нив, а ќе бидат сместени во секоја посериозна хронолигија на Битола. Тоа беа моите пријатели, новинарот Димитар Димитровски – Такес и адвокатот Сотир Главинче. Имаа многу “професии“, но ете ги именувам само по една кој која беа напознати и им беа професионални ...

Денес, недела, 11 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната темпертура в.о Битола до 20 степени. Утре, понеделник, 12 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе ...

Еурофарм Пелистер – Струга 38:31 (18:11) Кадетите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва станаа кадетски прваци на Македонија и го донесоа првиот трофеј во Битола сезонава, откако во финалето на “Ф4“ турнирот во Скопје ја победија Струга со резултат 38:31 (18.11). Станува збор за генерацијата момчиња родени 2008 и помлади, кои во текот на најголемиот дел од натпреварот имаа предност која знаеја да ја задржат и на крајот и со победа да му ...

По завршувањето на оваа натпреварувачка сезона и испаѓањето од плеј-офот екипа на КК Пелистер од Битола со соопштение се обрати до битолсите љубители на кошарката и спортот кое го пренесуваме во целост, во кое се вели: -Оваа натпреварувачка 2024/25 заврши за КК Пелистер, резултатски не онака како што посакувавме. -По три финалиња во низа во плејофот и едно во Купот на Македонија, оваа сезона бевме запрени во четвртфиналето од Работнички, во ...

Денеска (10.05.2025) околу 04 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. „Васко Карангелевски” во Битола лишиле од слобода лице на возраст од 72 години од Битола. По преземени мерки, тој бил фатен на местото на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“, а осомничен е за пет кривични дела „тешка кражба“ затоа што одзел засилувачи на интернет, сопственост на „А1 Македонија“, а поставени на згради ...

Вечерва во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на романот “Ноќта – филм кој се чита“ од Игор Тајкоски – Фоја млад автор од Битола кој со секое ново издание ја изненадува битолската читачка јавност, а тоа се случи и на оваа последна негова промоција.За приказна „Ноќта“ – романот што ја брише границата меѓу фикција и реалност, што допира до дното на вистината, која не е филм, но ќе го доживеете како да сте ...

Низ разговори со д-р Васил Чипуровски информиранме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање. Што е акутен холециститис ? -Акутен холециститис или воспаление на жолчното ќесе е најчесто предизвикан од калкули кои го обструираат жолчниот канал или тоа можа да е предизвикано од тумори. ...

Денес, сабота, 10 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за ходрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне можност за нестабилност со краткотраен пороен дожд. Температурата во Битола до 20 степени. Утре, недела, 11 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има ...

Во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола отворена беше изложбата на сликарот Зоран Таневски, по повод 30 години самостојно излагање и 42 од учество на групни изложби, на битолскиот сликар Зоран Таневски.По повод свеченото отворање на изложбата, на која Таневски се претстави со 16 дела во техника масло на дрвена подлога, д-р Тања Струмениковска – Ристевска го напиша следниов текст.-Добредојдовте во дуалниот свет на м-р Зоран ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
5.66
32%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
44%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
42%
1026
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
37%
1027
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
29%
1025
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.03
57%
1026
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
6.26
36%
1023
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
42%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
32%
1023
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.63
44%
1025
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
46%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.5888