ТФТ – Пелистер 79:67 Кошаркарите на Пелистер од Битола не успеаја триумфално да го завршат регуларниот дел од сезоната, откако во рамките од последното коло загубија на гостувањето против ФТФ со 79-67. „Зелено-белите“ одиграа под своите можности, му дозволија на противникот да ги диктира темпото и резултатот, но нема сомнеж дека тренерот Трајковиќ и неговите избраници ќе извлечат поуки од овој дуел пред претстојните предизвици во плејофот. ...

Струга Трим и Лум – Пелистер 4:1 (1:1) Екипата на Пелистер од Битола на гостувањето во Струга е поразена од актуелниот шампион на Македонија Струга Трим и Лум со резултат, 4:1, полувреме 1:1 во 26. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во првото полувреме се играше прилично отворено на двете страни, но без конкретни шанси на стартот на натпреварот. Стружани по досудениот пенал во 22. минута поведиа со 1:0 со голот Ланре Кехинде откако ...

Како и беше најавено денес во 12 часот пред Општина Битола се одржа четвртиот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналната депонија, односно да не биде во рудникот “Суводол“, во Општина Новаци. Протестите битолчани ги започнаа на 15 март 2025 година, кога и го одржаа првиот протест, по најавите дека новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот ...

Денеска (05.04.2025) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Мото асоцијацијата на Македонија и претставници од РСБСП, како и Општинската организација на Црвениот крст од Битола и претставник на автошколи од Битола на градското шеталиште во Битола заеднички организираа превентивна активност насочена првенствено кон младите мотоциклисти, во делот на почитување на сообраќајните правила и прописи. При реализација на активноста беа ...

Денес во Центар за култура Битола НУ Камерен Оркестар на Битола ќего одржат 7. по ред традиционален концерт „Засекогаш во срцата”, посветен на незаборавниот македонски пејач и музичка легенда, Тоше Проески, а по трагичниот настан во Кочани, пораси што беше и одложен концертот, на него ќе се изведат и песни од ДНК. Оваа година ќе настапуваат: Ѓоко Танески, Наде Талевскa, Димитар Андоновски, Ана Петановска Горан Наумовски, Бојан Стојков, Мина ...

Денес, сабота, 5 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Со услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 11 степени. Утре, недела, 6 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола максимално подготвени ќе го дочекаат последниот меч од регуларниот дел од сезоната, во кој денес со почеток во 17 часот ќе му гостуваат на тимот на ТФТ. „Зелено-белите“ врзаа две победи против Чаир и Вардар, а целта е јасна – утре да се слави и на третиот меч во низа против скопски прволигаш за што подобар пласман во пресрет на плејофот. -Она што е клучно е да одиграме со висока енергија од првата до последната ...

Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за предијабетес и дијабет, за што вели: -Една од дијабетните микроангиопатии покрај дијабетната ретинопатија и нефропатија е дијабетната невропатија која е последица на автоимуни лезии, трупање на сорбитол околу нервните ...

На својата веб-страница, НУ Камерен Оркестар на Битола ја објави програмата за културните настани за 2025 година. Годишната програма официјално започнува овој викенд со концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на незаборавниот Тоше Проески и жртвите од неодамнешниот пожар во Кочани. Овој концерт ќе служи како потсетник за непроценливите вредности што музиката ги носи во нашите животи. Програмата за оваа година вклучува вкупно 20 концерти, при ...

Саат-кулата на Централната станица во Сиднеј, Австралија, е обоена во боите на Македониаза да им оддадеме почит на загинатите во пожарот во Кочани и да ја покажеме нашата солидарност со нашата австралиско-македонска заедница, соопшти, Chris Minns премиерот на New South Wales. Пораката на официјаланата страница на премирот Chris Minns е напишана на англиски и македонски јазик. -Им оддаваме почит на оние што ги имаа животите и се солидаризираат ...

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во сабота (12.04.2025 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „ Боро Чурлевски “ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 против селекцијата на Полска. Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 04.04.2025 година во 12:00 часот ...

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 27:32 (15:16) Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа од Битола во Кавадарци како фаворите против Тиквеш на стартот на плеј-офот и се вратија со првите плеј-оф бодови, откако победија со 27:32, полувреме 15:16. Еурофарм Пелистер подобро играше на стартот на натпреварот, а само по 10 минути игра Египќанецот Мамдух заработи директен црвен картон. Но и после тоа Еурофарм Пелистер играш добро и на одмор замина со гол ...

“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а уште ...

Денес, петок, 4 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 15 степени. Утре, сабота, 5 прил, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната ...

-“Да ги оживееме боите на уметноста“ настан кој во живо ги донесе најпознатите уметнички дела во Офицерски дом – Битола, Настан организиран од Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво и “Сложувалка срце“ центар за поддршка на деца и лица со попреченост, и со поддршка на КИЦ Битола и Општина Битола.„Мона Лиза“, „Фрида Кало“, „Девојката со бисерна обетка“, „Врисок“, Автопортретите на Ван Гог, „Девојката со чадор“, „Девојчето со ...

Книгата „Битола низ стари разгледници“ (ISBN 978-608-4754-01-5) од авторот Димче Најдов, содржи 668 разгледници, групирани по временски период и истата претставува непроценливо културно-историско сведоштво. Оваа публикација не само што овозможува визуелен преглед на еволуцијата на Битола низ минатите два века, туку и открива важни информации за општествените, економските и културните прилики низ одредени историски етапи. Преку разгледниците, ...

Вардар Жени 2019 – Пелистер Волеј 0:3 (23:25; 19:25; 17:25) Пелистер Волеј на три кола до крајот ја оствари најзначајната гостинска победа оваа сезона над екипата на Вардар од Скопје, со што и математички стана недостижен до крајот на сезоната. Денес екипата предводена од најискусните, капитенот Најдановска (15) и Белокозовска (14) одигра одличен натпревар на кој нашите девојки покажаа решителност во остварување на целта за оваа сезона. -Иако ...

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес ги уплати парите собрани од влезници кои се продадоа на хуманитарниот натпревар кој се одигра во саботата во Битола, вечното дерби на македонскиот фудбал, Пелистер – Вардар. Вкупниот износ на собрани средства е во вредност од 360.000 денари, а во сумата влегуваат и парите кои се собрани од навивачката група “Чкембари“ кои реализира индивидуална акција независно од натпреварот. -Нашиот град и нашиот клуб ...

Во текот на денешниот ден, пет објекти беа предмет на инспекциски надзор од страна на градежниот инспектор во Општина Битола, соопштија од Општина Битола. Во соопштението на Општина Битола се вели: -При извршената контрола, валидна документација е утврдена само кај Ресторан „Шатор“, додека кај ресторанот „Шумски фенери“, надзорот не беше извршен, затоа што објектот е затворен веќе неколку дена. Кај правниот субјект „ЅИУ ДООЕЛ увоз – извоз“ кој ...

Вчера пригодното беше отворена ликовната изложба на дела на младата сликарка од Битола, Билана Толевска – Наумовска, во НУ Дом на културата “Григор Причев“ в0 Охрид.-Ликовната поставка Билана Толевска – Наумовска содржи 30 дела од нејзиното поново творештво. Тоа се дела изработени во техника на акварел и на лавиран туш. Нејзината суптилна игра со акварелот како и прецизните потези со кистот и перото, потоа нијансите и водата нанесени на ...

Пред стартот на плеј-офот екипата кој екипата на Еурофарм Пелистер од Битола стартува од првата позиција на табелата, за она што го очекува тимот и амбициите, во најинтересниот дел од борбата за титула, Бојан Стерјев вели: -Ни претстои најинтересниот плеј-оф досега, спремни сме и мотивирани да бидеме шампиони и оваа година. Нашата цел оваа сезона е секако дуплата круна, која во Битола се очекува од 2005 година. Еурофарм Пелистер е можеби ...

Денеска полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола, Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола во основното училиште “Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: “Начин на однесување во кризни ситуации“.Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на ...

Кога финтекот не само што менува правила, но и поставува нови стандарди. Кога зборуваме за финтек, често првата асоцијација е брза, динамична индустрија предводена од математички прецизни алгоритми и високо-технолошки иновации. Но, финтекот денес не е само за бројки, туку и за луѓе. И ако постои компанија што го редефинира начинот на кој оваа индустрија се гради, тоа е MINT Fintech Group – каде жените не само што се дел од процесот, туку го ...

Дали знаевте дека во нашиот дијагностички центар се изведуваат специјалистички ОРЛ прегледи, консултации, дијагностицирање и третман на ОРЛ состојби? Закажете го вашиот специјалистички ОРЛ преглед -ОРЛ преглед + тимпанометрија (3.500,00 денари) -ОРЛ преглед + аудиометрија (3.500,00 денари) -ОРЛ преглед + тимпанометрија + аудиометрија (4.500,00 денари) Дознајте повеќе за сите оториноларинголошки дијагностички услуги од нашиот тим: +389 70 408 ...

Сколиоза е медицинска состојба каде се забележува искривување на р’бетот од една страна. Ако е сложена деформација на рентгенските снимки, од задна страна сколиозата може да изгледа како буквите “S“ или “C“, отколку на правилната форма на р’бетот. Најчесто сколиоза се појавува кај деца при развој и неправилно развивање на р’бетниот столб (пршлени). Истражувањата покажуваат дека отприлика 20 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со овој ...

Денес, четврток, 3 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 13 степени. Утре, петок, 4 април, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

Со интенција секогаш да биде во чекор со современите музички случувања, здружението на пијанисти и музички педагози “Пијано“ од Битола го креираше првиот “Виена Гала Фест“. Ова е уникатен музички настан дизајниран да ги едуцира и инспирира музичарите од целиот свет, помагајќи им да го откријат својот музички потенцијал.Селектирајќи ги најдобрите млади таленти на сите инструменти и од сите земји ширум светот преку он-лајн натпревар, на ...

Во културниот центар ЛАБОРАТОРИУМ, се одржа промоцијата на книгата „Напластување“ од авторката Јасмина Атанасова – ново име во современата македонска книжевност. Промотор беше поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски, со силен и автентичен осврт на книгата, додека професорката Татјана Алексиќ испрати писмо, прочитано на самиот настан. Во него, книгата беше опишана како „проза напластена од галони љубов“, во која „се слушаат Бочели, ...

Како и беше најавено вечерва во 18 часот пред Општина Битола се одржа третиот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналната депонија, односно да не биде во рудникот “Суводол“, во Општина Новаци.Протестите битолчани ги започнаа на 15 март 2025 година, кога и го одржаа првиот протест.Протестите започнаа по најавите дека новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот и ...

При инспекциски надзор од страна на одделението за градежна инспекција при Општина Битола, за три објекти утврдени се неправилности и преземени се соодветни мерки. Два од објектите се наоѓаат на патот за Ниже поле, а еден кај населбата Довлеџик. Кај последниот објект констатирани се работни активности за монтажа на настрешница – челична конструкција, без претходно обезбедено одобрение за монтажа од Општина Битола. Изготвен е записник за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
43%
1027
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
60%
1027
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
0.0
70%
1027
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
45%
1029
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.99
39%
1026
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
92%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1024
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
56%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
55%
1026
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.34
64%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
55%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941