
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави за RTÉ дека постои „голема веројатност“ за намалување на каматните стапки на ЕЦБ во наредните недели „доколку податоците што ги добиваме за инфлацијата го зајакнат нивото на доверба што го имаме. ” Управниот совет на ЕЦБ ќе се состане за да донесе заклучок за какво било намалување за нешто повеќе од две недели. Во интервју за Prime Time, г-ѓа Лагард беше запрашана дали ...
Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум (СЕФ), ќе поднесе оставка од функцијата извршен претседател, пишува Фајненшл тајмс. 86-годишникот помина повеќе од половина век на чело на познатата светска деловна конференција. Шваб претседаваше со годишниот собир во швајцарскиот ски-центар Давос откако го основаше во 1971 година, претворајќи го во исклучително профитабилно претпријатие, во сопственост на добротворна фондација, со годишни ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40.496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) ...
Тренд на раст и кај банкарските кредитирања и кај граѓанските банкарски депозити Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 9,3 отсто, поради повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. А вкупните кредити, на годишна основа, бележат раст од 6,8 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, кое е поизразено кај секторот „домаќинства“. Официјалните ...
Американскиот министер за финансии Џенет Јелен ги повика земјите од Европската унија да се приклучат на напорите на САД за ограничување на кинескиот извоз на зелена технологија и предупреди дека презаситеноста од евтини кинески производи може да го загрози опстанокот на фабриките ширум светот. Америка и нејзините западни партнери мора да одговорат на „обединет начин“ на растечката производствена моќ на Кина или ќе ги стават на ризик сопствените ...
Кинеската влада и кинеската централна банка ја објавија најголемата програма за поддршка на најпроблематичниот пазар во кинеската економија – пазарот на недвижности. Директните и индиректните инјекции во неликвидни станови, вклучително и во четирите најголеми градови во Кина, се очекува да изнесуваат вкупно десетици милијарди долари, вклучително и купување на социјални станови и намалување на барањата за хипотека. Очекуваниот директен резултат ...
НЛБ Склади, управување со средства, д.о.о. денеска, по добивањето на сите релевантни одобренија, успешно го заврши преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје. Купопродажен договор со компанијата Генерали Инвестментс за купување на мнозинската сопственост на компанијата Генерали инвестментс АД Скопје е потпишан во ноември 2023 година. „Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата, која одржува силно присуство на ...
Во зависност од добиените податоци и новите проекции, Европската централна банка (ЕЦБ) во јуни би можела да ги намали референтните каматни стапки во еврозоната, но понатамошните чекори се многу помалку сигурни. Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, изјави во интервју за агенцијата Никеи дека последниот чекор за намалување на инфлацијата е најтежок, бидејќи последните податоци укажуваат на забавување на дезинфлацијата во еврозоната, ...
Руската влада во понеделникот му наложи на државниот гасен гигант Газпром да не плаќа дивиденди за 2023 година, се вели во декретот објавен на нејзината веб-страница и цитиран од Ројтерс. Одлуката е факт откако компанијата на почетокот на мај објави дека во 2023 година ја забележа првата годишна загуба од 1999 година. Акциите на „Газпром“ паднаа за повеќе од 5,5 отсто на Московската берза и го достигнаа најниското ниво од 10 октомври 2022 ...
Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски бизнисмени, денеска во Скопје организира економска конференција за 20 години од стапувањето во членство на Словенија насловена „Што ни донесе 20 години членство во ЕУ на економски план“. Со членството во ЕУ, посочуваат од Амбасадата, Словенија доби финансиски и развојни предности, бидејќи како граѓани на ЕУ им се отворија можности за ...
Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето. – Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток ...
Во текот на 2023 година, земјите-членки на Европската унија увезле 163.700 тони природен мед од земји надвор од ЕУ, во вредност од 359,3 милиони евра, објави Евростат. Во исто време, надвор од ЕУ се извезени само 24.900 тони во вредност од 146,0 милиони евра. Главни партнери на Европската унија се Кина – кога станува збор за увоз на мед, и Велика Британија, кога станува збор за извоз. Податоците од официјалната европска статистика покажуваат ...
Европскиот комесар за финансиски прашања Паоло Џентилони очекува следната година Бугарија „во одреден момент“ да стане 21-ва членка на еврозоната, објави „СЕГА.бг.њус“. Европа очекува Бугарија да ги исполни сите критериуми за прифаќање на еврото и не е склона на компромиси. Од зборовите на Џентилони стана јасно дека додека земјата не го исполнила критериумот за инфлација и не може да смета на покана за влез во еврозоната. „Бугарија сигурно ќе ...
Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти. Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата. Според податоците на Народната банка, на месечно ниво вкупните кредити бележат зголемување од 1,2 проценти што се должи на повисоките кредити во двата сектора, но со поголем ...
Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги повика директорите на европските банки да ја зајакнат контролата врз спроведувањето на американските санкции против Русија. – Ги повикувам сите институции овде зајакнато да се придржуваат до мерките и уште повеќе да се фокусираат на руските обиди да ги избегнат санкциите, рече Јелен. Таа изјави дека санкциите воведени во декември 2023 година ги попречиле напорите на Русија за ...
Вкупните кредити на банките на месечно ниво поевтинуваат, но на годишно ниво каматите растат. Иако банкарите најавија олеснување на условите за кредитирање – оваа банкарска 2024 та започна со заострување на дел од кредитните услови, пишува Порталб.мк. Каматите за штедењето се во пораст, но и натаму има голем “јаз“ во однос на каматите за кредитите. Годишен раст на каматите за кредити – новоодобрените со пониска камата… Минимално, но сепак е ...
„Помеѓу трите земји од иницијативата Отворен Балкан најмногу во Македонија граѓаните ја поддржуваат и ја познаваат“ рече Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета. Таа додаде дека и во Црна Гора, која не е формално дел од иницијативата, граѓаните пројавиле интерес за приклучување. „За Отворен Балкан имаше и политички спроитвставености, па ...
Светските цени на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво бидејќи денеска на берзата во Њујорк, Comex, достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца. Како што пренесува „Ројтерс“, растот на цените на златото бил поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД набргу ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави. ФЕД официјално не објави ...
Народната банка постојано работи на унапредување на ценовната транспарентност и на натамошно продлабочување на домашниот девизен пазар. Според вицегувернерката Емилија Нацевска, ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот развој на домашните финансиски пазари, меѓу кои девизниот пазар има клучна улога. – Народната банка продолжува со активностите ...
Догодина земјава треба да врати поголем дел од долгот. Според пресметките станува збор за околу 800 милиони евра. Според експертите, со ова се отвара прашањето дали позајмицата од една милијарда евра од странска влада, која ја најави новиот мандатар Мицкоски, ќе се искористи за раздолжување. Ако падне договор за да се земат овие пари, освен грејс периодот и висината на каматната стапка, многу е важно какви други услови ќе бидат поставени. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, ...
Цената на среброто уриваше рекорди во изминатата недела. Од почетокот на годинава пазарната вредност на скапоцениот метал е повисока за 32 проценти. Минатата недела среброто се тргуваше со дневен раст од 6,5 проценти достигнувајќи 31,49 американски долар по троја унца за договори за итна испорака (точка), што е највисоко од февруари 2013 година и со тоа го остави зад себе златото и со тоа го направи една од најпрофитабилните главни производи за ...
На валутните пазари минатата недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна, при што курсот на еврото во однос на американската валута порасна за речиси еден процент. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела падна за 0,8 отсто, на 104,45 поени. Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,9 отсто, па цената на еврото ...
„Ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот развој на домашните финансиски пазари, меѓу кои девизниот пазар има клучна улога. Оттаму, Народната банка продолжува со активностите за натамошно унапредување и развивање на домашниот девизен пазар и во таа смисла, искажуваме поддршка за иницијативите и активниот придонес на домашните банки. Во тој ...
Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја коригира ...
Биткоинот забележува „пораст“ на количините меѓу своите нови институционални инвестициски производи – речиси 1.000 американски компании купиле ЕТФ фондови со кои се тргува преку берза. Податоците од истражувачката компанија Santiment објавени на X (поранешен Твитер) на 16 мај покажаа дека дневниот волумен на биткоинот надмина 5 милијарди долари. Биткоин ЕТФ забележа недостаток на перформанси од околу времето кога BTC/USD достигна највисоко ниво ...
Европските земји се „ранливи на негативни шокови“ предизвикани од геополитичките тензии и постојано високите каматни стапки поради неуспехот да се намали јавниот долг, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ изјави дека многу европски влади не ги укинале целосно мерките за поддршка воведени за заштита на потрошувачите и бизнисите од последиците на пандемијата „Ковид-19“ и ...
Австриската Рајфајзен банка добила писмено предупредување од Министерството за финансии на САД дека банката може да биде отсечена од американскиот финансиски систем поради тоа што продолжува да работи во Русија, јавија дел од американските медиуми. Од извори во владата се дознава дека писмото, испратено на 6 мај од страна на заменик – министерот за финансии на САД Воли Адеиемо, е досега најстрого предупредување за крупна западна банка се уште ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека без спроведување на црноморската иницијатива за жито во многу земји во Африка ќе имало глад, објавија турските телевизии ТРТ-Хабер и Си-Ен-Ен-Турк. Тој говореше на настан на турската земјоделска банка Зираат, најавувајќи многу нови мерки за поддршка на земјоделците во Турција. Ердоган посочи дека во 21 век главната борба меѓу земјите „ќе биде за земја, вода и храна“, а знаците на овој ...
Почна пријавувањето за субвенционирање на земјоделството за 2024 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат речиси 6 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство. Поднесувањето на барањата е од 10 мај до 1-ви јули. Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за ...