Војните, долговите, климатската криза и пандемијата го запреа напредокот во борбата против сиромаштијата, предупреди денеска Светска банка. Институцијата со седиште во Вашингтон соопшти дека според сегашните трендови ќе бидат потребни повеќе од 30 години за речиси 700 милиони луѓе кои живеат со помалку од 2,15 долари на ден да се издигнат над општоприфатената дефиниција за екстремна сиромаштија, објави Гардијан. Во својот Извештај за ...

Побарувачката за банкарски кредити во еврозоната е зголемена во третиот квартал, а се очекува да се зголеми и во последните три месеци од годинава, со поддршка на побарувачката на граѓаните за хипотекарни кредити, покажа објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Кредитирањето на компаниите и домаќинствата во еврозоната закрепна во летните месеци кога Европската централна банка почна да ги намалува клучните каматни стапки, ...

Најновиот тримесечен преглед на OIES покажува дека неколку денови студено време во септември потсетиле на тоа колку големо влијание може да има температурата врз побарувачката за гас во сите сектори, особено во станбениот и деловниот. Европскиот континент по две години би можел да се соочи со постудена зима, додека пазарот на гас останува ранлив, пренесува Анадолија. Блага зима 2024/2025 би можела да ја зголеми побарувачката за гас за најмалку ...

Повеќе од половина од работодавачите во Бугарија нема да вработуваат нови вработени во следните шест месеци, покажува студијата на Бугарската конфедерација за вработување (БКЗ), спроведена меѓу речиси 1.200 компании. Од нив 20 отсто најавиле дека планираат намалување на персоналот во наредните шест месеци, а 32 отсто не очекуваат промена на бројот на вработени, објави „Сега.бг.њус“. Други 24% не се сигурни дали ќе ги прошират или намалат своите ...

Вкупниот глобален јавен долг треба да надмине 100.000 милијарди долари за прв пат оваа година и може да расте побрзо од предвиденото, бидејќи политиката фаворизира поголема потрошувачка, а бавниот економски раст ги зголемува потребите и трошоците за задолжување, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Последниот извештај на ММФ покажа дека глобалниот јавен долг ќе достигне 93 отсто од глобалниот бруто домашен производ до крајот на 2024 ...

Замислете дека пет години „работите“ од дома без ниту една работна задача и за тоа време да заработите неверојатни 600.000 евра. Токму таков е случајот со еден државен службеник во Германија, кој стана пример за „фрлање“ државни пари во извештајот на Здружението на даночни обврзници, пишува „Блиц“. Овој случај не е само куриозитет, туку укажува на сериозен проблем во системот на јавната администрација. Ваквото трошење на државните пари може да ...

На 21-ви ноември стапуваат на сила новите правила на Европската управа за хартии од вредност и пазари (ESMA) за вложувањата на фондовите кои се дефинираат како „зелени“, „одржливи“ или „еколошки“. Од следниот месец нема да можат да инвестираат во проекти поврзани со гас, нафта или јаглен, пишува „Reuters“. Агенцијата ги наведе податоците од „Clarity AI“ според кои 55 отсто од инвестициските фондови кои спаѓаат во опсегот на новите правила имаат ...

Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава. Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите ...

Гледаме значително повисоки цени на основната храна како јајца, месо и млеко, со што создаваат проблеми за домаќинствата. Сепак, постојат начини кои ќе ви помогнат да трошите помалку на намирници, а сепак да ставите хранливи оброци на трпезата. Обидете се со некои од овие совети за да ги намалите трошоците во маркет кога инфлацијата ги зголемува цените. Планирањето ви помага да заштедите пари поради многу причини. Правењето листа на намирници ...

Синдикатот за образование наука и култура успеа да се договори со Владата за вработените во основното и средното образование да добијат одредено зголемување на платите. Од октомвриската плата, вработените во основното и средното образование ќе добијат покачување од 5 проценти или во просек по околу 1700 денари. Ова покачување е далку помало од она што беше предвидено за оваа година, кога платите на вработените во образованието требаше да се ...

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Во септември, приближно 32,9 отсто од анкетираните компании во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето заеми, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто. Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми од ...

До 5-ти ноември живинарите ќе можат да поднесат барања за субвенции за одгледани и продадени бројлери, за амортизирани несилки и за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња. Барањата и целосната документацијата се доставуваат до Платежната агенција … Почна пријавувањето за субвенциите во живинарството обезбедени од Програмата за директните плаќања за 2024 година. Живинарите можат да аплицираат по три основи. За финансиска поддршка ...

Индексот S&P 500 се искачи на нов рекорд во понеделникот додека инвеститорите чекаа да проценат дали следната рунда на клучните корпоративни заработки може да продолжи да го придвижува пазарот до нови високи. Индексот на широкиот пазар се искачи за 0,8%, додека Nasdaq Composite напредуваше за 0,9%. Dow Jones Industrial Average заостана и порасна за 0,5%. Доу од 30 акции беше притиснат од падот на Caterpillar од 2% по намалувањето на ...

Дури 26 од најсиромашните земји се најзадолжени од 2006 година, покажува најновиот извештај на Светска банка. Оваа институвжција истовремено укажа и на изложеноста на тие земји на природни и други непогоди. Земјите со годишен приход по жител помал од 1.145 долари денес се посиромашни отколку пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, иако поголемиот дел од светот претежно закрепна, се сумира во извештајот на банката на германската агенција ...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 68. 004 пазарноориентирани деловни субјекти, активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1), оствариле вкупен промет од 2 078 605 милиони денари и додадена вредност од 445 041 милион денари. За ангажираните 433 008 вработени лица, издвоени биле 229 053 милиони денари. Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало ...

Не учат, не работат, а прашање е дали заработуваат на црно или само се надеваат на некакво вработување. Иако е неверојатно дека во подолг временски период не може да се дојде до работен ангажман, сепак Агенцијата за вработување евидентира 13.133 невработени лица коишто се пријавуваат осум или повеќе години, што ги прави стари и искусни чекачи. Чекачки има помалку, зашто повеќе од две третини се мажи. На тој пат се можеби и некои од оние што се ...

Во третиот квартал од 2024 година германската економија благо падна за 0,1 отсто, а на крајот на 2024 година нема да забележи раст, туку стагнација, се вели во прогнозата што денеска ја објавија аналитичарите на Блумберг. Доколку се остварат предвидувањата, тоа би значело дека Германија по два последователни квартали економски пад од 0,1 отсто, моментално е во техничка рецесија. Според прогнозата на експертите на Блумберг, Германија следната ...

„Луфтханза“ најверојатно дополнително ќе го намали бројот на летови во Германија, изјави извршниот директор на германската компанија Карстен Спор во интервју за „Билд ам Зонтаг“, по најавата на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ да престане со работа на три германски аеродроми. Луфтханза и Кондор на почетокот на септември се пожалија на високите даноци на воздушниот сообраќај, безбедносните такси и контролата на летање, тврдејќи дека ...

Голдман Сакс ја зголеми својата прогноза за кинескиот бруто-домашен производ (БДП) од 4,7 отсто на 4,9 отсто во 2024 година, се вели во извештајот на банката, објаснувајќи дека тоа е резултат на најновите стимулативни мерки на кинеската влада. Банката, исто така, ја подобри прогнозата за раст на Кина за 2025 година на 4,7 отсто од претходните 4,3 отсто. Оптимизмот доаѓа откако Пекинг претстави низа мерки за поттикнување на растот, вклучително и ...

Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи на природните катастрофи и економските шокови, покажува новиот извештај на Светската банка. Извештајот укажува дека овие земји денес, во просек, се посиромашни отколку пред пандемијата Ковид-19, иако остатокот од светот во голема мера се опорави. Објавен една недела пред годишните состаноци на Светската банка и ...

Или до среда (16 октомври) или кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа изјави дека буџетот е во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството. „Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 отсто во однос на одлуката од 10 октомври годинава. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ...

Криптовалутите заземаат сè постабилна позиција во светската економија, а тоа не останува незабележано ниту од најобичниот човек. Но, како и во секое поле, овде можеме да најдеме архетипови на оние кои ги диктираат правилата и го одредуваат исходот од финансиската игра. Тоа се претежно личности познати на специјалисти, но некои од нив се популарни и во други сфери, што ја докажува диверзификацијата на нивните интереси. Како што сите знаеме, ...

Индија стана вториот најголем снабдувач на компоненти покриени со антируски санкции, како што се микрочипови, чипови и машини за производство на алати, објави денеска Bloomberg, цитирајќи американски и европски претставници. Вредноста на ваквата стока извезена од Индија во април и мај надмина 60 милиони долари, што е двојно повеќе во однос на претходните месеци, додека во јули достигна 95 милиони долари. Според овој показател, само Кина е пред ...

Кина во саботата соопшти дека ќе издаде специјални обврзници за да и помогне на нејзината заплеткана економија, што сигнализира трошење за да ги зајакне банките, да го зајакне пазарот за недвижнини и да го олесни долгот на локалната власт како дел од нејзините најголеми пакети за поддршка во последните години, јавува АФП. Планот е дел од серијата акции преземени од Пекинг за да се повлече линијата под долгогодишната криза во секторот на имотот ...

Целта поставена на минатогодишната конференција за климата, а тоа е тројно зголемување на капацитетот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија до 2030 година, е на дофат, истакна Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во извештајот објавен оваа недела.Според ИЕА, производствениот капацитет на зелена електрична енергија ќе се зголеми за 2,7 пати до 2030 година. Така, електричната енергија од обновливи извори ќе ...

Доларот зајакна и минатата недела, втора недела по ред, бидејќи стивнуваат шпекулациите дека американската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,4 отсто на 102,92 поени, блиску до највисокото ниво за месец и половина. Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот се лизна за 0,35 отсто, на ...

Говорејќи со Марија Бартиромо, водител на „Сандеј фјучерс“ на Фокс њуз, Доналд Трамп го брани својот економски план за значително зголемување на царините. Планот доби многу критики, вклучително и од конзервативниот Wall Street Journal (WSJ), кој објави дека идејата на Трамп да ги зголеми тарифите – за 200% – може да има сериозни негативни ефекти. Кога Бартиромо го праша за извештајот на WSJ, Трамп рече дека тарифите ќе го вратат производството ...

Македонското Министерство за транспорт и врски наскоро треба да го објави списокот на авиокомпании кои се јавија на неодамнешниот јавен повик за воспоставување летови до аеродромите во Скопје и Охрид во замена за субвенции. Овој тендер, наводно, привлече најголем интерес од авиокомпаниите од почетокот на програмата за субвенционирање во 2012 година. Новата тригодишна програма за субвенционирање ќе трае од 1 јануари 2025 година до 31 декември ...

Apple iPhone 16 корисниците пријавуваат неколку значајни проблеми, вклучувајќи контрола на камерата и прегревање. Некои корисници се жалат на комплицираноста на контролата на камерата, со кратенка која бара двоен притисок за отворање, додека други пријавуваат бавни анимации и црн екран при отворање на камерата, проблем што може да се реши со рестартирање, но често се повторува. Прегревањето останува проблем, иако Apple вели дека ги подобрил ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
76%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.18
60%
1026
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
96%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.02
56%
1023
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1025
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
68%
1026
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
63%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941