
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Македонска берза утре ќе одржи Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. Одржувањето на Инвеститорскиот ден, што се одржува петти пат, значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените ...
Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, ...
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, најави дека до утре ќе биде подготвена есенска потрошувачка кошничка со 100 производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или маржите од 5, 10 или 15 проценти. Како што информираше министерот Дурмиши, работната група утре ќе донесе одлука за оваа мерка, која ќе биде доставена до владата наредната недела за усвојување и започнување на процедурата за почитување на мерките. ...
За да можат да ги добијат дополнителните субвенции од 3 денари за килограм, производителите на пченица не треба да поднесуваат барања во електронскиот систем на Платежната агенција. Потребната документација ќе се обезбеди преку Државниот инспекторат за земјоделство … Со дополнувањето на Програмата за користење на средства од интервентниот фонд за 2024 се воведе нова мерка за финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица. ...
Финансиската стабилност е задржана – мерките на Народната банка придонесоа за дополнително зголемување на отпорноста на банкарскиот систем Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која, меѓу другото, го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2023 година. Во Извештајот се оценува дека домашниот финансиски систем е стабилен, добро се справува со предизвиците и дека е отпорен на шокови. Амбиентот во 2023 година беше ...
Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните подготовки за најавеното зголемување на дневната евтина тарифа на струјата. Информациите кои досега се познати во јавноста се дека од први ноември граѓаните наместо до 15 часот, поевтина енергија ќе користат до 16 часот. На сила останува евтината тарифа во ноќните часови и секако денот недела. Од Регулаторна за Денар потврдија дека во тек се анализите за воведување на дополнителен час на ...
Денес истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува овој процес да заврши успешно. Како што рече, само во текот на вчерашниот ден апликации поднеле 10 до 12 општини. – Во текот на вчерашниот ден имаше некаде околу 10 до 12 општини коишто веќе ...
Германската економија продолжува да стагнира и многу компании се затвораат. Во јужна Германија истражувачите за несолвентност бележат рекордни бројки. Според соопштението на Институтот за економски истражувања „Лајбниц“ (IWH) во Хале, во моментот има особено голем број банкроти на продавници во Баварија по што следуваат Баден-Виртемберг и Саксонија. Во сите три германски сојузни покраини највисоките вредности се забележани во август откога ...
Во последните месеци, трендот на зголемена побарувачка за станбени и автомобилски кредити во Македонија предизвика загриженост меѓу економските аналитичари. Според податоците од Народната банка, иако има опаѓање на задолжувањето преку тековни сметки и кредитни картички, граѓаните сè повеќе прифаќаат долгорочни обврски. Економските експерти со коишто разговаравме коментираат дека овој тренд може да има долгорочни последици за финансиската ...
Владата подготвува мерки за намалување на производите согласно нивната побарувачка. Според информациите кој ги дозна ТВ 24 во министерството за економија се подготвува намалување на цена на стотина производи. Тоа се артикли кои најмогу се купуваат во овие есенски месеци. Премиерот најави дека вакви пакети ќе има и за нова година и за летните месеци од годината. „Ќе имаме предоновогодишни кошнички есенска кошничка која што ќе има своевиден вид ...
Во првата половина од годинава Албанија од туризмот остварила рекорден приход од 1,9 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Според податоците на Централна банка на Албанија, само во периодот април-јуни приходите изнесуваат околу 1,1 милијарда евра, додека во првите три месеци оваа бројка изнесува 788 милиони евра. Според ИНСТАТ, пак, во првите 6 месеци од годинава во земјата престојувале 4,5 милиони ...
Регулаторната комисија донесе одлука за нови цени на горивата која стапува на сила на полноќ. Цената на бензините останува иста, а има промена кај цената на мазутот. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74 денари, додека на ЕУРОСУПЕР 98+ 76,5 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар. Цената на мазутот се намалува за 1,2 денари, и од утре се продава по цена од 42,3 денари по килограм. Непромената останува и ...
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека предлогот на опозицијата за забрана за истражување и ископ на литиум и бор ќе биде ставен на дневен ред на собраниската седница, иако не прецизираше кога, нарекувајќи го забрана за рударството и дека е предложено „паушално и глупаво“, јави дописникот на МИА од Белград. -Луѓето треба да знаат дека кога Рио Тинто го откри литиумот, т.е. јадаритот, како прво тие не бараа ...
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) повторно ја намали својата прогноза за раст на глобалната побарувачка на нафта оваа и следната година во вторник, истакнувајќи ги проблемите во секторот на недвижности и зголемената продажба на камиони со течен гас и електрични возила. Светската побарувачка на нафта оваа година ќе се зголеми за 2,03 милиони барели дневно, објави ОПЕК во најновиот месечен извештај. Во август тие предвидоа дека ...
Со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштија од владината прес служба. „Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На ...
Коалицијата ВЛЕН, како нова сила и надеж на Албанците во Северна Македонија, решително прогласува крај на долга епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години ДУИ ја користеше за да ја задржи власта. Оваа партија, преку измами и пропаганда, создала изобличена систематска структура која ги повредила интересите на Албанците и ја спречила нивниот напредок. Време е за длабоки промени, за правдина и правично претставување. ...
Во изминатата година цената на златото постојано урива рекорди. Оваа година започна со историски максимум од 2.050 долари, а секој месец достигнуваше нов максимум. Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од речиси 500 долари за само осум месеци од годинава, а се очекува годината да ја заврши со нов рекорд, пишува Политика. Дека златната треска на 21 век е дефинитивно на сила говори и податокот дека за две ...
Државниот зваод за статистика објави дека во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57, Полошкиот, 55. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71,7 проценти ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2,2 проценти, а цените на мало од 3 проценти. Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, ...
Во вториот квартал од годинава, Бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 2,3 проценти на годишна основа, забрзувајќи во однос на претходните квартали, оценува Фајнанс тинк (Finance Think) во Макроекономскиот монитор за септември 2024 година. Тоа, како што велат, е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор. – Сепак, забрзувањето е резултат на забавениот пад на извозот од -2,9 проценти, и повторното интензивирање ...
Со новиот Општ колективен договор за јавниот сектор 2, од јули 2023 година, правото на регрес за годишен одмор како општа категорија стана задолжително и за сите работодавачи од јавниот сектор. Од 1 јули регрес за годишен одмор исплаќаат и компаниите од приватниот сектор, а најмалиот износ се движи нешто над 16.000 денари Со новиот ребаланс, Владата обезбеди 1 милијарда денари за исплата на К-15 за вработените во администрацијата, и покрај тоа ...
Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, а на пазарите истовремено се забележани и цените на нафтата и златото. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 18.443,55 поени, францускиот CAC 40 на 7.442,58 поени, московскиот MOEX на 2.710,14 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.225,4 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 40.829,59 поени, ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло ...
Буџетските приходи на Русија од продажбата на нафта и гас изнесуваат 7,6 трилиони рубљи (76,2 милијарди долари) во периодот од јануари до август и се за 56,2 отсто повисоки од минатата година, објави Министерството за финансии, со зголемени проценки за приходите од извозот во цела 2024 година. Скокот на приходите е главно резултат на повисоките цени, се вели во извештајот на министерството објавен на крајот на минатата недела, додавајќи дека ...
Државата Србија веројатно нема да биде обврзана да плати никаков надомест на компанијата Рио Тинто, која планира да го спроведе проектот „Јадар“ за отворање на рудник за литиум кај Лозница, во случај Владата на Србија да ја прекине соработката и тоа компанија иницира меѓународна арбитража, изјави адвокатот Хепи Ѓорѓевиќ. Тој за Бета рече дека во прилог на тој факт говорат и бројките за рамномерна компензација што владата во Србија ги споменува ...
Патниците може малку да здивнат. Ќе има нови релации. За да се олесни во целата процедура, државара прави напори за тоа. Конкретно, министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се 360 милиони денари (5,85 милиони евра). Крајниот рок за ...
Денеска европските берзански индекси се во пораст, американските индекси во пад, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цените на нафтата и златото. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.386,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.230,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.379,28 поени, а московскиот MOEX на 2.651,80 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 40.345,41 поени, ...
Досега откупени се околу 53 милиони килограми, што упатува на голем пад, особено ако се има предвид дека во земјава се произведувале над 100 милиони винско грозје. Драстичен пад на производството на винско грозје е забележан годинава, објави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“. Според неговите информации, откупени се околу 53 милиони килограми, што упатува на голем пад, ...
Трговците и набавувачите неподготвени, економистите скептични дека ќе се стави ред со цените во маркетите Дел од трговците во државава изјавија дека е краток периодот за да се приспособат на Законот со кој треба да се намалат профитните маржи на над 2.500 производи на максимум 10 отсто. Тие сметаат дека треба да почне да се применува Законот кога ќе заврши календарската година, кога се прават годишните договори, за да имаат доволно време за ...
Членките на Организацијата за земји извознички на нафта – ОПЕК плус ги одложија плановите за зголемување на производството на нафта за планирани 180.000 барели дневно во октомври, што е дел од програмата за постепено враќање на 2,2 милиони барели дневно на пазарот во наредните месеци. Зголемувањето е одложено за два месеци, изјавија два извори од ОПЕК плус, кои побараа анонимност поради чувствителноста на преговорите, објави Си-Ен-Ен. ...