Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди на „балон“ во акциите на компаниите за вештачка интелигенција (АИ), кој може ненадејно да пукне доколку „розовите очекувања“ на инвеститорите не се остварат. Предупредувањето беше издадено како дел од два годишниот преглед на финансиската стабилност на ЕЦБ, објави „Bloomberg“. Централната банка на 20-те земји кои го делат еврото забележа дека берзите, особено оние во САД, стануваат сè позависни од ...

Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност ...

Преговорите со банките за условите под кои бизнис секторот ќе може да искористи 250 милиони евра од унгарскиот кредит продолжуваат викендов и по постигнатиот договор за рокот на отплата, Владата очекува резултат со најниска можна каматна стапка за ризикот кредит за стопанството. По одвоените средби на Министерството за финансии со банките во изминатите денови, како и вчерашниот заеднички состанок на банките, има нов став од банкарскиот ...

Платите на дел од вработените во Владата и државните институции следната година ќе се зголемат значително, покажува предлог-буџетот за 2025 година, кој моментално е во собраниска процедура. Просечната бруто плата за вработените во Владата ќе се зголеми за 51,65% и ќе достигне 137.226 денари (околу 2.231 евра). Ова значи дека нето платите ќе бидат околу 89.877 денари (1.500 евра), што е раст од речиси 50% во споредба со оваа година. Најголеми ...

Руската рубља денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година, покажуваат официјалните податоци на руската Централна банка. Официјалниот курс на руската Централна банка денеска изнесуваше 102,58 рубљи за долар, односно над симболичниот праг од 100, додека еврото се менуваше за 107,43 рубљи. На падот на вредноста на рубљата влијае вчерашниот напад врз Украина со хиперсонична ракета и новите американски санкции насочени кон ...

Неодамнешните ниски температури го зголемија повлекувањето на гас од складиштата во Европа во првите две недели во ноември Зголемените цени на природниот гас и се поголемата неизвесност ќе доминираат со енергетските изгледи на Европа за претстојната зима. Референтните цени на природниот гас во Европа се во пораст, што ја означува несигурноста за доволно залихи и зголемена побарувачка бидејќи Европа се приближува кон третата зима откако ...

Еврото во моментов е на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, бидејќи единствената валута е зафатена од сеништето на американските царини и слабеењето на економијата. Еврото падна за повеќе од еден процент на 1,033 долари во петокот, повлечено од послабите од очекуваните податоци за деловната активност за еврозоната, за да го достигне најслабото ниво во однос на доларот од европската енергетска криза кон крајот на 2022 ...

Финансиската писменост е основа за успешна иднина и клучен фактор за личен развој. Во светот во кој живееме, каде што економските услови постојано се менуваат, за младите генерации е особено важно да бидат добро подготвени и информирани. Кога поединците разбираат како функционираат финансиските инструменти и концепти, тие можат подобро да управуваат со своите ресурси. Ова се пораките коишто ги упатија гувернерката на Народната банка, Анита ...

Иако разликата во бројките за јавниот долг, кој според Фискалниот совет е над 70 отсто од бруто домашниот производ, а според Министерството за финансии до 62 отсто од БДП, е голема, сепак ова не ги скара двете институции. И самата министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска призна дека голем дел до државните и локалните институции имаат долгови, кои не ги пријавуваат, па затоа не се дел од официјалните податоци. „Имаше заклучок на ...

Заклучно до вчера Управата за јавни приходи собрала речиси 350 милиони евра. Без малку 200 милиони во државната каса легнале по основ на даници, а за социјалните придонеси се собрани околу 155 милиони евра. Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека со собраните придонеси од даноците, наплата била 98 проценти од планираното. „Од аспект на УЈП ефективното собирање на даночните приходи, значи да обезбедиме ефикасни ...

ДЕМАНТ на текстот на 24инфо.мк: “Брзите кредити: Привремено решение или долготрајна финансиска замка за граѓаните” Со цел коректно и прецизно информирање на јавноста Групацијата на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, која ги обединува и застапува интересите на најголемите 20 финансиски друштва од вкупно 27, ги посочува следните факти: Финансиските друштва работат по законска регулатива исто како и ...

Во текот на изминатите 15 години, Бугарија бележи исчезнување на 401.871 фарми, како што информира проф. Божидар Иванов, директор на Институтот за аграрна економија при Земјоделската академија во Софија. Наодите, засновани на последниот земјоделски попис спроведен во 2020 година, откриваат значителен пад, особено кај помалите фарми. Целокупното намалување се проценува на 75%, со јасен тренд на најсилна погодениост на најмалите фарми. ...

Пратеничката Моника Зајкова денес објави дека поднесува предлог измени на Законот за платежни услуги и платни системи,со кои ќе треба да се намалат трошоците за банкарските услуги. Претседателката на ЛДП најави дека ќе лобира кај сите пратенички групи за да се заштити стандардот на граѓаните. Таа смета дека овие трошоци треба да бидат регулирани законски, а не со интерни банкарски прописи и побара да се гласа во најбрзо можно време. – ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан. На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани ...

Повеќето луѓе што живеат во Германија не само што имаат редовна сметка, туку имаат и штедна книшка, а за тоа треба да платат големи такси. Ова вклучува, на пример, месечни надоместоци за сметката. Мора да ги почитувате и условите за плаќање на соодветната банка или штедилница. Затоа многу луѓе веќе најдоа алтернатива за себе: сметка во странство. Ова обично не само што е многу поевтино, туку може да понуди и даночни бенефиции, пренесува ...

Од народната банка информираат дека граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити. Во октомври, вкупните кредити остварија раст од 1,8% и 9,2% на месечна и на годишна основа. Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото ...

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и ...

Вработените во германскиот гигант „Бош“ се принудени да се подготвуваат за тешки времиња и мерки за штедење како пократко работно време и помали плати, пишува германски „Билд“. Почнувајќи од 1 март следната година, 450 вработени во компанијата на повеќе локации во Германија ќе работат само 35 часа неделно, а соодветно на тоа ќе им се намали и платата, објави портпаролката на компанијата. Огромното мнозинство од работната сила на „Бош“ работи ...

Додека гувернерот на ТЦМБ, Фатих Карахан изјави дека се подобрени инфлаторните очекувања во Турција се подобрени, што во иднина би можело да доведе до намалување на каматата. Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се спушти под 49 отсто, што е најниска од јули 2023 година. Блумберг очекува референтната каматна стапка на Турција да се намали од сегашните 50 отсто на 47,5 отсто до крајот на 2024 година и на 25 проценти до крајот ...

Работниците од Македонија (55 отсто) и од Србија (54 отсто) се најподготвени да се преселат заради работа, додека испитаниците од Словенија (33 отсто) и од Хрватска (38 отсто) се нешто порезервирани, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Алма кариера Хрватска, меѓународна компанија најпозната по брендот МојаРабота. Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не ...

На европските берзи во претпладневното тргување во петокот индексите пораснаа втор ден по ред, што најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите по четири дена пад. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек порасна за 0,6 отсто, откако вчера порасна за 0,5 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,69 отсто, на 8.205 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,57 отсто, на 19.255 поени, а ...

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е зголемена бидејќи доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава изнесува околу 107,05 поени, што е блиску до највисокото ниво во една година, додека вчера во ова време изнесуваше 106,56 поени. Истовремено, курсот ...

„Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на ТВ „Слободен печат“. „Нашата последна оцена за инфлацијата за следната ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41 585 денари и во одно на септември лани е повисока за 9,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12,6 %), Преработувачка индустрија (11,7 %) и Уметност, забава и рекреација ...

Златото ќе достигне рекордно високо ниво следната година благодарение на купувањето на централната банка и намалувањето на каматните стапки во САД, според Голдман Сакс. Банката го идентификуваше златото како една од најперспективните стоки за тргување во 2025 година и истакна дека цените би можеле да продолжат да растат за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. „Оди на злато“, рекоа аналитичарите, вклучително и Дин Струвен, ...

На денешната седница на комисијата за Буџет немаше расправа за предлозите од страна СДСМ. Мнозинството не гласаше ниту „за“ ниту „против“ предлогот на СДСМ да нема помала плата од 27 илјади 700 денари, почнувајќи од ноември оваа година. Не е прифатен ниту предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за 250 прехранбени производи. Власта реагира дека ни самите опозициски пратеници не дошле на седница за да го поддржат својот предлог, па „за“ гласаа ...

Цените скокаат, платите стагнираат или каскаат зад поскапувањата а граѓаните ја губат и онака малата куповна моќ па затоа Владата мора да биде одлучна и ригорозно при спроведувањето на мерките и особено во периодот откако ќе истечат, порачуваат до Сојузот на Синдикати на Македонија. Последната, ноемвриска минимална синдикална кошница, покажува раст на цените токму на храната и пијалаците две категории каде што граѓаните ниту можат ниту имаат ...

Црна Гора официјално се приклучи на Единствената зона за плаќање во евра (SEPA), соопштија денеска Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и Европскиот совет за плаќања. „Црна Гора, под водство на ЦБЦГ, успешно ги усогласи националниот платен систем и регулативата со стандардите на Европската Унија (ЕУ), станувајќи првата земја од Западен Балкан која пристапува кон SEPA“, се наведува во соопштението. Со ова, од април 2025 година црногорските ...

Според најновите податоци на Народната банка, задолженоста на граѓаните кај банките достигна 245,2 милиони денари (3,9 милијарди евра). Овој долг е дел од вкупно 9,2 милијарди евра кредити што банките ги имаат одобрено на граѓаните и компаниите. Долгот на граѓаните по основ на потрошувачки кредити во октомври достигна 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), што претставува годишен раст од 7,2%. Станбените кредити исто така бележат ...

Шест македонски банки се во друштвото на стоте најголеми во Југоисточна Европа според активата за 2023 година. Најдобро рангирана е Комерцијална банка, а првпат на листата е Прокредит банка. На првата позиција повторно е романската Банка Трансилванија, чии вкупни средства за една година се зголемиле 20,8 процени и надминуваат 32,5 милијарди евра. Во рангирањето што го прави SeeNews, најмногу банки – 17 се токму од Романија. Во првата ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07