Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од финансиската поддршка … Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска поддршка. ...

Банките ги добиле на писмено условите под кои треба да се пласираат унгарските пари кај фирмите, велат од банкарскиот сектор. Во документот всушност се наведени сите оние работи кои ги зборуваше премиерот Мицкоски на настаните и кои од пред неколку дена се ставени на сајтот на Влада. Тука се споменува максимален износ за кои може да се аплицира, рокот на отплата, надоместокот за банките и за што се треба да бидат наменет парите. Тоа се ...

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески вели дека новогодишната кошничка се подготува и ќе има значителни намалувања со цел да се заштити стандардот на граѓаните. „Се знае дека кошничката е при крај, ќе има повеќе стотина производи, сигурно повеќе од претходната „есенската кошничка“ и мислам дека ќе бидат задоволни граѓаните од производите мои ќе бидат понудени во таа кошничка. Ќе има значителни намалувања коишто ќе бидат позитивна ...

На 29 ноември 2024 година, во близина на Караџица, село Кучково, Скопје, се спроведе акцијата за пошумување во рамки на кампањата „Замени и засади“. На површина од 1 хектар се посадија 2 500 садници црн бор, со што се направи значаен чекор кон обновување на шумите и подобрување на животната средина. Главната цел на акцијата „Замени и засади“ е да ги охрабри членовите на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје да направат промена во начинот на ...

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината. Услов за исплата на регресот е работникот да ...

Во периодот јули – септември годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот. Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот во третиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани е незначително намален, додека бројот на закупи е намален за пет проценти, покажуваат последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности. ...

Не стивнуваат реакциите во јавноста, откако Фискалниот совет до Собранието достави Мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Препораката е, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години во земјава. Како што коментираат голем дел од граѓаните, одење во пензија на 67 години, ако тоа го доживеат идните пензионери, всушност би значело да се преживеат ...

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Фејсбук – Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во ...

Приходите од продажба на оружје се зголемени во 2023 ширум светот. Според податоците на Институтот за мировни истражувања СИПРИ, најголем пораст на приходи бележат производителите од Русија и од Израел. Пред сѐ, војните во Украина и во Појасот Газа, но и растечките тензии во Источна Азија, ја поттикнуваат побарувачката на оружје и воена опрема. Приходите на 100-те најголеми светски производители на оружје во 2023 година достигнаа вкупно 632 ...

Сите 10 откупувачи на тутун ги отворија вратите за преземање на реколтата. Досега се откупени нешто повеќе од 100 тони со просечна цена од 370 денари за килограм. Родот годинава се проценува на 16.000 до 17.000 тони тутун и е со добар квалитет… Иако крајниот законски рок е до 15-ти декември, сите 10 монополи кои пројавија интерес и склучија договори со тутунарите ги отворија вратите за преземање на реколтата. Досега во земјава се откупени ...

Просечната нето плата во Загреб во третиот квартал од 2024 година изнесува 1.525 евра и е зголемена за 13,6 отсто во однос на истиот квартал лани, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (DZS). Според извештаите, просечната нето плата на ниво на цела Хрватска во третиот квартал се зголемила за 14,5 отсто на годишно ниво на 1.320 евра, пренесува Јутарњи лист. Државниот завод за статистика минатиот месец објави дека просечната ...

Образованието е клучната компонента за развој и клучен дел од процесот на пристапување кон Европската Унија бидејќи ги отвора перспективите на младите во регионот на Западен Балкан. Местоположбата на оваа земја нуди многу предности кои ја прават привлечна за инвестирање, но сите чинители заедно треба да креираат дијалог за тоа што најмногу ѝ треба на земјата во моментов за да се поттикне тој процес. Ова го истакна Амбасадорот на ЕУ во ...

Глобалната криза и кусоците во буџетите го наметнуваат прашањето за зголемување на старосната граница на пензионирање. „Должни сме како експерти тоа да го предложиме“, вели академикот Абдулменаф Беџети. Кризата со пензискиот систем се посилно чука на врата и во Северна Македонија. Алармот е одамна вклучен, по укажувањата дека дупката во ПИОМ никако не може да се пополни, па секоја трета пензија мора да се исплаќа од државниот буџет. Сега ...

На денешната прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски објави дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година. РКЕ ја намалува цената на оваа услуга за да не дојде до ценовен шк од 1 јануари 2025 кога ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, ќе ја соопшти својата цена. Од претходно е соопштено дека АД ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоме поскапена од 60 на 62 евра по мегаватчас, ...

Новата цена на литар еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на еуросупер БС – 98, 71 денар на еуродизел БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Поскапува мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари. Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 проценти во однос на цените со одлуката од 25. минатиот месец. „Референтните цени на нафтените ...

Централна кооперативна банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува дека реализира зделка со Централна кооперативна банка АД Софија по основ на склучен Договор за субординиран долг на износ од 1 милион евра. Централна кооперативна банка АД Софија е доминантен сопственик на Централна кооперативна банка АД Скопје со 87,35% учество во вкупниот број на акции на Банката. Централна кооперативна банка АД Скопје преку оваа ...

Унгарската влада ќе го продолжи плафонот на хипотекарните стапки за повеќе од шест месеци до средината на 2025 година, рече Гергеј Гујаш, шеф на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, цитиран од Ројтерс и БТА. Унгарските власти ги замрзнаа хипотеките од 1 јануари 2022 година за да ги заштитат домаќинствата од забрзана инфлација, која во јануари 2023 г. достигна врв од 25 проценти, иако после тоа почна да опаѓа. Во октомври оваа година ...

Владеењето на ДПМНЕ, СДС И ДУИ изминативе триесет години го доведе до крах Фондот за пензиско осигурување. Институцијата која обезбедуваше сигурна егзистенција на работниците години наназад се одржува со финансиски интервенции од државниот Буџет. За финансиските дупки кои се појавија во Фондот, изминативе триесет години ниту еден политичар на владејачката елита не поднел одговорност, велат од Левица. – Фискалниот совет, по однос на ...

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината, иако законски може да почне да се извршува од ...

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави извештај со најнови податоци за развојот на овој спорт. Вкупниот број на луѓе кои играат тенис во светот се зголеми за повеќе од една четвртина во последните пет години и достигна 106 милиони луѓе. Зголемен е и бројот на професионални тенисери – за 8% на 3.931 во 2023 година. Тие имаат учествувано на 1.485 професионални турнири признати од Меѓународната тениска федерација. Документот за развој на ...

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за ...

Цената на биткоинот го има еден од најдобрите месеци во годината, откако изборната победа на поранешниот претседател Доналд Трамп ја катапултираше водечката криптовалута до нови рекорди постојано во текот на месецот (ноември). Според Coin Metrics, биткоинот има добивка од 38% во ноември. Инвеститорите го ценат второто претседателствување на Трамп во ноември. За време на неговата реизборна кампања оваа година, тој се претстави пред ...

Врз основа на првите прелиминарни резултати од црниот петок во САД, истражувачите забележаа вкупен пораст на продажбата од 3,4% во споредба со минатата година. Многу позначаен раст е забележан во онлајн продажбата – според различни извори, од 10,2 на 14,6 отсто. За прв пат во историјата, онлајн продажбата во Соединетите Држави надмина 10 милијарди долари, додека сообраќајот во продавниците со тули и малтер или малку порасна или се намали. ...

Од ноември до март со исклучок на Новогодишните празници, главниот туристички центар во земјава зјае празен. Охрид мора да размислува за воведување на вонсезонски намалени цени за привлекување туристи… Намалување на сезоналноста во туризмот треба да биде приоритет на Охрид. Од ноември до март со исклучок на Новогодишните празници главниот туристички центар во земјава зјае празен. Градот има капацитет за привлекување гости, но потребно е ...

Крпењето на пензиската дупка со пари од буџетот е дежурна тема во јавноста. Сега, алармот повторно го вклучи Советот на експерти, предупредувајќи дека линеарото зголемување на пензиите по 2.500 денари дополнително ќе го зголеми трансферот на парите од државната каса. Пари направи анализа како се движеле трансферите од буџетот низ годините. Заклучокот е дека сме имале и многу полоши години од годинава и дека таа дупка имала тренд на ...

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности ...

Редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството. – Што се однесува до тој дел од општеството, катастрофална и алармантна беше состојбата. Се консолидира. Не велам дека е идеална. Ќе треба да се продолжи со консолидирање. Знам дека редовно тече исплатата, да не речам и пред време – рече Мицкоски посочувајќи дека интервентно се исплатени ...

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за месец октомври 2024 година, да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки. Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври 2024 година изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3,949 даночни обврзници. Управата за јавни приходи ...

Започна откупот на тутунот од годинашната реколта на целата територија на Македонија. Сите 10 откупувачи започнаа со откуп на жолтото злато. Од Сојузот на тутунски здруженија велат дека денеска тутунот се ценел во прва класа по просечна цена од 375 денари. -Проценката на тутунот денеска се врши во прва класа. Квалитетот на тутунот е одличен и годинава од тутунопроизводители се очекува да се преземат од 15 до 17 милиони килограми тутун. Се ...

Новак со претседателот на Мали разговараше за трговско-економската соработка Вицепремиерот на Руската Федерација Александар Новак во име на рускиот претседател го посети Мали и одржа преговори за трговско-економска соработка и интеракција во областа на енергетиката, транспортот и земјоделството. „Партиите разговараа за трговско-економската соработка, интеракцијата во областа на енергетиката, транспортот, инфраструктурата, земјоделството и ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75