Турција ја намали својата прогноза за бруто домашниот производ, сигнализирајќи дека владата дава приоритет на ценовната стабилност пред брзиот раст. Претставената нова таканаречена среднорочна програма предвидува економски раст од 3,3 проценти од БДП оваа година и 3,8 проценти следната година, што е пониско од минатогодишните проекции од 4,0 и 4,5 проценти. Проценката за следната година е над медијаната од 3,5 проценти во претходното ...

Федералната министерка за труд на Германија, Бербел Бас (SPD), планира да ги зголеми социјалните придонеси, објавува Политико. Според нацрт-уредбата на нејзиното министерство, ограничувањето на придонесите во законското пензиско осигурување од 2026 година треба да биде 8.450 евра, додека оваа година е 8.050 евра. Ова значи дека оние кои заработуваат повеќе наскоро ќе мора да плаќаат пензиски придонеси за поголем дел од своите приходи, но ...

На глобалните пазари, доларот малку падна во однос на кошничката валути минатата недела, бидејќи стануваше сè поизвесно дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки овој месец. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, ослабе за 0,10 проценти минатата недела, на 97,73 поени. Еврото зајакна за 0,3 проценти на 1,1717 долари. Сепак, американската валута зајакна во однос на ...

Италија е најмека меѓу земјите од ЕУ во однос на милијардерите, објави CNBC. Додека другите европски земји ги заоструваат даночните закони, Рим им нуди на богатите фиксна стапка од 200.000 евра годишно за приходи од странство. Земјата на ЕУ стана магнет за многу богати луѓе, вклучувајќи го египетскиот милијардер Насеф Савирис и потпретседателот на „Голдман Сакс“, Ричард Гнод. Аналитичарите проценуваат дека бројот на милијардери во Италија би ...

Цената на златото скокна на ново рекордно високо ниво во петокот, откако слабите податоци за вработеноста и заработката во САД за август ги поттикнаа очекувањата за намалување на каматната стапка од страна на Федералните резерви во септември. Цената на една унца злато се зголеми за околу 1,1 процент и достигна ново рекордно ниво од 3.586,89 долари веднаш по пладне во петокот, јавува агенцијата Анадолија. Откако достигна нов рекорден максимум, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на Фејсбук ги коментираше најновите економски показатели, истакнувајќи дека економијата се стабилизира и трговската размена е во пораст. Според него, стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за еден процент помалку во однос на истиот период лани. „Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа значи ...

Со професионална дистрибуција на флаери во sandачиња, на автомобили и директно на рака – ја зголемувате продажбата, го зајакнувате имиџот и ја ширите вашата порака таму каде што е најважно. Овој пат флаери делиме за Кит-Го маркети и Viva Fresh Store MK во Скопје, Куманово, Струга и околните села – со илјадници потенцијални купувачи кои веќе се запознаваат со нивните акции и понуди. Изберете го FlaerService.mk – бидејќи видливоста носи ...

Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДС.Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, велат од партијата. Четири квартали последователно, македонската економија расте со три или над 3%. Во второто тримесечје од годинава, Бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели ...

Во вториот квартал годинава регистрирани се 10.323 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, стапката на слободни работни места во вториот квартал од 2025 година изнесува 2,08%. Најмногу слободни места има во преработувачката индустрија вкупно 2.262 и во трговијата со 2.126. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54%. Највисока стапка на ...

Швајцарија одржа конструктивен состанок за царината со американски претставници во Вашингтон, изјави швајцарскиот министер за економија, Гај Пармелен. Стапката на царините за извозот на швајцарските производи од 39 отсто во САД е значително повисока отколку во Европската Унија, која релативно лесно се справува со царинска тарифа од 15 отсто. Како што објави тој на социјалната мрежа, Швајцарија гледа добри можности за двете земји и сака да го ...

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, соопшти дека, покрај Поштенската штедилница (ПБШ), и други финансиски институции најавиле редукција на кредитните каматни стапки под предвидените граници дефинирани од НБС. Ова претставува дел од стратегијата за намалување на каматните стапки за готовински, потрошувачки и станбени кредити, како и за рефинансирање на веќе постоечките долгови. „Банките, како што видовме во примерот ...

Растот во вториот квартал благо забрза, но не создаде нови работни места, соопшти на 5 септември Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк.Според нивното истражување сотанува во игра нивната проекција за реален раст на брутодомашниот производ(БДП) во 2025 од 3.5 проценти, додека проекцијата за растот на цените се ревидира на 3.7 проценти (од 3.1 процент). „Во вториот квартал од 2025, БДП се зголеми за 3.4 проценти на годишна ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Септември 2025 ...

Економијата на Еврозоната порасна за 1,5 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2025 година, што е малку повеќе од претходната проценка за раст од 1,4 проценти, објави денес Евростат. Ова е мало забавување во споредба со првиот квартал од 2025 година, кога годишниот економски раст беше регистриран за 1,6 проценти. Меѓу најголемите економии на блокот, Германија забележа скромен годишен раст од 0,2 проценти, Италија 0,4 проценти, Франција ...

Бруто домашниот производ порасна за 3,4% во април, мај и јуни, особено раст има во секторите Градежништвото и Транспорт и складирање, кои што се двигатели на македонската економија. Само градежништвото во вториот квартал годинава порасна за 7,3% што е уште посолен раст од тој во првиот квартал од 7,1%, додека секторот Транспорт и складирање порасна за 6 %. – Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места. За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, досега се отворени речиси 400 нови ...

Инвеститорите можат да вложат пари во две нови државни обврзници, за кои ќе добијат солидна камата: 3,4 проценти од двегодишната и 5,1 од 15-годишната. И двете од денес котираат на Македонска берза, по барање на Министерството за финансии. На државата и се потребни, па бара од домашните кредитори 1,16 милијарди денари, односно 18,9 милиони евра. Државните обврзници се издадени на 21 август и се без девизна клаузула. Емисијата на обврзниците што ...

Бруто-домашниот производ порасна за 3.4% во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е 3.4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година. Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка ...

Во Германија, сè повеќе луѓе работат со скратено работно време. Уделот достигна 40,1 процент во вториот квартал, според студијата на Институтот за истражување на вработувањето (IAB). Тоа е за 1,3 проценти повеќе од минатата година, или 16,971 милиони работници. Во исто време, има 0,7 проценти помалку вработени со полно работно време, или 25,352 милиони. И додека скратената работа беше исклучок во 1980-тите, сега стана норма, рече експертот на ...

Албанија има најниска минимална плата не само регионот, туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Србија е со 618 евра, и Македонија со 584 евра. Во Албанија, минималната плата нема измени од 2023 година, што укажува дека куповната моќ се намалила поради ...

Годишната стапка на инфлација во Турција се намали од 33,5 проценти во јули на 32,9 проценти во август, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат). Ова e најниска стапка од ноември 2021 година и петнаесеттиот последователен месец на забавување на потрошувачката инфлација во Турција. Цените во транспортниот сектор се зголемија за 24,9 проценти на годишно ниво, во станбените и комуналните услуги за 53,2 проценти, во образованието за 60,9 ...

Германскиот автомобилски производител Мерцедес – Бенц ќе го запре производството на електричните модели EQE и EQE SUV веќе следната година, поради слаба продажба и совпаѓање со идните возила. EQE беше претставен во 2021 година, а SUV верзијата една година подоцна. Иако се уште релативно нови, производството на двата модели ќе запре, пренесува „Autocar“. Мерцедес планира да ги замени со новите електрични C-Класа EQ и GLC EQ, развиени на ...

Од почетокот на годината и заклучно со август, Царинската управа наплатила приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период. Само во август е реализирана наплата за 14,5 милиони евра повеќе во однос на истиот месец лани и тоа е рекорден раст од 8,9% годинава. Најголем раст од 19,5% е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди ...

Расходите за воена опрема во Европската унија оваа година ќе достигнат нов максимум од 381 милијарда евра, соопшти Европската агенција за одбрана (ЕДА), пренесе БТА. Минатата година тие достигнаа 343 милијарди евра, што претставуваше рекордно ниво во споредба со 2023 година, според најновите информации објавени од агенцијата на ЕУ за одбранбени прашања. “Европа издвојува рекордни суми за својата одбрана, за да ја гарантира безбедноста на нашите ...

Цената на златото во вторникот скокна на историски максимум од 3.508,50 долари за унца (околу 3.015 евра), што претставува јасен сигнал за намалена доверба во американскиот долар и растечки притисок врз Федералните резерви на САД (ФЕД). Според аналитичарите, главната причина за овој пораст е очекувањето дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки, како и зголемената економска неизвесност во светски рамки. Златото традиционално се смета за сигурна ...

Врз основа на јавната изјава дадена од лидерите на трите земји, Русија, Кина и Монголија, денеска е потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ преку Монголија, рече тој. Милер нагласи дека овој проект ќе овозможи испорака на 50 милијарди кубни метри гас годишно од Русија преку Монголија. Кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и ...

Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот. „Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои ...

Стапката на невработеност во ЕУ и Еврозоната во јули годинава покажува позитивни трендови, но жените сè уште се соочуваат со поголеми предизвици во однос на стапката на вработување. Според податоците на Евростат, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто, додека во Еврозоната беше нешто повисока со 6,2 отсто. Иако невработеноста на младите во ЕУ и Еврозоната се намали за 0.4 проценти во однос на претходниот месец, останува ...

Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 ...

Главните индикатори за порастот на приходите на Агенцијата се: зголемување на бројот на членови во вториот и третиот пензиски столб, од чии уплати се наплаќа 0,7 проценти како надомест за Агенцијата и зголемување на просечната бруто плата во државава Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади даде поддршка за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225