
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во Средното техничко училиште во Битола не се почитуваат закони и владее самоволието на в.д. директорката, Жанета Сервини! Членови на Училишниот одбор на Техничкото училиште разрешени уште во август, деновиве одржале средба и распишале оглас за избор на директор, а немаат никакво законско право ниту да се појават на состанок. Дали в.д. директорката, Жанета Сервини ги толерира сите незаконитости со амин на градоначалникот Тони Коњановски? Зошто ...
Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на општина Битола, истакна: „Улогата на архитектите и урбанистите е од огромно значење за развојот и напредокот на градот, особено во времето во кое живееме, во кое истовремено мора да ги следиме барањата и потребите на новото време, но и соодветно да ја сочуваме старата архитектура, значајните културно историски објекти и спецификите на градот. Токму затоа, како еден од најважните приоритети ...
Дали директорот на Водовод и лидер на ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, цел ден ја лаже битолската јавност за причината заради која пола град нема вода за пиење? Стручни лица од Водовод тврдат дека за дефектот не е виновна приватната фирма со која Милевски се обидува да се "испере" од одговорност! Дали заради нестручно ракување при отстранување на дефект на друго место, нестручно бил затворен централниот цевковод што предизвикало хидрауличен удар и ...
По тој повод, денес беше организирана Јавна панел дискусија со слоган „ Заштити се! “ Зборувај гласно!, на која панел дискусија како говорници зедоа учество Градоначалникот на Општина Битола г-дин Тони Коњановски, Претседателката на Советот и Претседателка на комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола г-ѓа Габриела Илиевска, Психијатарка во семејно советувалиште „ Одраз “ и женски центар за поддршка Битола г-ѓа Гордана ...
„Од голем фонд на фотографии, се застапени 30 преку кои на извесен начин е претставена сета убавина на Националниот парк Пелистер. Направен е избор од сите годинишни времиња, дел со цветни површини, дел со снег , спортски активности... Разновидноста на Пелиетср е позната насекаде и привлечна за посетители од различни држави. Има 88 ендемски растенија кои ги има ретко на други планини, камени реки и услови за безбедно искачување на планината“, ...
Вечерва во Македонското научно друштво беше промовирана книгата „ИДЕЈНИТЕ ОСНОВИ НА БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА 1941-1944“ чиј автор е проф.д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја. -Се обидувава да направам една анализа на сите идеи на нашите државотворци, за нивната посветеност, дилеми, борби и залагање за создавање на денешната Република Македонија . Во книгата се разработени сите можни процеси кои влијаеле да ...
Голем интерес предизвика едукативната трибина што во Битола ја организира СДСМ посветена на превенција на машкото и женското здравје, на која меѓу говорниците беше и екс министерот за здравство Венко Филипче. Големата сала во Центарот за култура беше полна. Трибината беше дел од караванот „Не чекај превенирај“ на која модератор беше спец. д-р. Елизабета Ивановска. Говорници покрај спец. неврохирург - проф. д-р Филипче, кој доби голем аплауз од ...
Второто заседание на АВНОЈ во Јајце на 29 ноември 1943 г., се конституирало како највисоко политичко и претставничко тело на југословенската антифашистичка борба и ги конституирало основните државно–правни и политички органи на новата југословенска федеративна заедница. На него имало кооптирани делегати од Македонија, но тие не биле присутни на Заседанието. Со своите решенија Второто заседание на АВНОЈ ја конституирал нова Југославија како ...
Второто заседание на АВНОЈ во Јајце на 29 ноември 1943 г., се конституирало како највисоко политичко и претставничко тело на југословенската антифашистичка борба и ги конституирало основните државно–правни и политички органи на новата југословенска федеративна заедница. На него имало кооптирани делегати од Македонија, но тие не биле присутни на Заседанието. Со своите решенија Второто заседание на АВНОЈ ја конституирал нова Југославија како ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на ...
Добра информираност, стратешка подготвеност и активна вклученост на сите засегнати страни, почнувајќи оддолу нагоре, односно од граѓаните и локалната самоуправа, е неопходна за успешно спроведување на процесот на Праведна транзиција, потенцираше Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на денешната панел дискусија на тема: „Ангажманот на управувачките структури и засегнатите страни за праведна транзиција“, која во организација на ...
„Можностите и предизвиците на младите за вработување и започнување на бизнис во Р.С.Македонија“ беше насловот на темата, на која учениците од општествено-хуманистичкото подрачје од Гимназијата „Јосип Броз-Тито„ - Битола, имаа можност да учествуваат во симулација на економско - социјален совет и да ја разработат истата од различни аспекти. Активноста се одржа во просториите на Студентскиот информативен центар УКЛО и беше реализирана како ...
„Целта е вклучување на лицата со попреченост во културата и уметноста преку театарот како алатка за изразување на можности. Така и оваа наша и нивна активност за вклучување во секојдневниот живот ,инклузија и недискриминација ,се зголемува со секој наш и нивен обид. Тоа ќе го сторат со повеќе или помалку умешност, но тоа е уште еден обид да им покажеме на сите гледачи дека не постои тешко или лесно, туку постои сакам или не сакам, а очигледно е ...
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ОБЈАВИ ПРОЕКТИ СО КОИ СЕ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ И МОЖНОСТИТЕ НА БИТОЛА Во изминатите 2 години, се менуваат и подобруваат условите во општина Битола. Се гради и реконструира патната инфраструктура, се уредуваат јавните површини, се реализираат нови проекти кои ќе донесат подобри услови во урбаниот и руралниот дел на општината, можности за спортски напредок, одмор и рекреација, културно забавен живот... Во ...
Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“. Сите се сеќаваме на деновите кога MTV беше прозорец кон еден нов, и бескраен свет на музика и емоции. Во тие времиња, секој акорд, секој стих носеше во себе честичка од младоста и енергијата која ги одбележа тие децении. Имајќи ја во предвид важноста на музиката од тој период, ...
Центарот за управување со кризи Битола, ја пренесува информацијата од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта каде се наведува дека сите магистрални и регионални патни правци на подрачјето на РЦУК Битола се проодни. Регионалниот пат Битола-хотел Молика е прооден, опесочен, после с.Трново со остатоци од снег и мраз. ЕЛС Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Демир Хисар и Крушево известуваат дека ...
Ако едно цвеќе, не го вадиме со вода и соодветно, не го храниме и гледаме, тоа ќе овене. Нешто слично, важи и за нашите ученици, ако не ги поттикнуваме ние, наставниците, а најмногу и родителите, да сакаат да читаат, да учат, да одат со мерак на училиште, да бидат културни, паметни, цивилизирани, во тој случај, ќе ја изгубат волјата за школо, а ќе останат без мотив за постигнување на успеси. Таа алка во воспитно-образовниот процес, не смее да се ...
И денеска група планинари од Олимпус Монс се искачија на Големо Езеро, тури што ги организираат во пресрет на проектот Прва на први, настан кој во изминатите години разбуди голем интерес меѓу вљубениците во планината. Турата овој пат се одвиваше во вистински зимски услови, со снежната покривка на Пелистер од 40 цм, температура од -7 степени и ветер со брзина од 50 до 60 км на час. -Поради ветерот и снегот, не се користеше стандардната зимска ...
Во текот на изминатата вечер (25/26.11.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата, санкционирани се 17 возачи под дејство на алкохол. Од нив 12 на територија на Битола, а 5 во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци. Акциските сообраќајни контроли ...
Кримполицијата при СВР Битола, ноќеска во акција во кафе бар во Старата битолска чаршија затекна голем број на малолетници во локал кај Аврата кои биле таму и после полноќ а добар дел од нив биле под дејство на алкохол. На 25.11.2023 година во времето од 00.10 до 01.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола беше извршена акциска контрола во кафе бар лоциран во Старата чаршија во Битола при што беа затекнати 68 малолетници, од кои ...
СНЕЖЕН ПОКРИВ во 19 часот (во см) 22 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 15 Ѓуриште, 12 Охрид, 14 Битола, 8 Прилеп, 5 Тетово, 3 Берово. ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне претежно во источните делови ќе провејува слаб снег, а во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час). ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре наутро ќе биде ...
Попладнево, заедно со моите соработници, излеговме на терен, со цел согледување на функционирањето на Зимската служба. Првите врнежи од снег ги дочекавме целосно подготвени, така што екипите на јавните претпријатија со целата расположлива механизација, работат на расчистување на улиците, а обезбедени се доволни количини на сол и ризла за постапување согласно потребите, временските услови и според Програмата за Зимска служба за сезоната ...
„Вложувањето во културата е најдобра инвестиција, а не трошок. Ние инвестираме и се грижиме за културата и затоа ќе ја продолжиме оваа пракса, преку поддршка на проекти, да ги поттикнуваме институциите и уметниците да творат и да ги афирмираат културните вредности дома и надвор од државава“, рече во изјавата министерката Костадиновска-Стојчевска. Таа потенцираше дека вреднувањето и моќта на културата во Битола се должи на големиот број поддржани ...
Апелираме до граѓаните, односно возачите на патнички и товарни моторни возила за доследно почитување на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема во возилата, како и на потребата од прилагодување на возењето кон зимските услови на патиштата. Поради обилните врнежи на снег на патиштата, особено на планинските превои, апелираме до возачите доколку не е неопходно да не тргнуваат на пат и да бидат исклучително внимателни поради отежнато ...
Инвестициите во полициските станици при СВР Битола ги подобрија условите за работа на полициските службеници, но и условите за остварување на правата на граѓаните. Покрај капиталните инвестиции вложени во инфраструктурата, регистрирана е и зголемена ефикасноста во работењето на полицијата. На ниво на СВР Битола во првите 10 месеци од годинава има намалување на тешки кражби за 46 проценти. Само на подрачкето на Битола намалување за 71 процент, а ...
Службата за издавање лични документи во Битола работи и преку викенд, па граѓаните кои не извадиле или не ги замениле старите со нови лични карти, патни исправи или возачки дозволи тоа можат да го сторат без закажан термин, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека е дадена наредба во општините надвор од Скопје без разлика дали ќе се добие термин или не, граѓаните да можат да се пријават на шалтерите, да поднесат ...
„Интегрирани, отворени кон светот, го честитам овој јубилеј, и се гордеам што Битола гради култура на европски центар, отворен за светските имиња. Впрочем, каде ако не во земја, во држава чиј културен идентитетски столб е музиката“, потенцираше министерката за култура Костадиновска-Стојчевска. Таа изрази задоволство што по 15-ти пат преку фестивалот „Музика на светот“ Битола покажува дека е дел од глобалните процеси за обединување на светот, ...
Ќе има ли поскапување на цената на водата во Битола и од што ќе зависи формирањето на новата цена се огласи и ЈП „Стрежево“ Битола. Цената на водата за пиење во Битола зависи од одлуката на Регулаторна, но и од цената која Владата ќе ја утврди за Хидросистемот „Стрежево“ Битола од каде „Водовод“ во сушниот период купува сурова вода. И за „Стрежево“ и за „Водовод“ се чека одлука. Од ЈП „Стрежево“ Битола кое располага со акумулацијата хидросистем ...
Ниту една констатација во текстот за планираното зголемување на цената на водата не ја издржува постапката на проверката на факти, затоа што во длабокото тонење и броените денови на власт ескалира безумноста, нелогичноста и очајот, па така продолжува нивниот обичај да соопштуваат нејасни памфлети од партиската говорница. Господа од СДС цената на водата ја определува Регулаторната комисија според утврдената методологија и никој друг, а најмалку ...
Ќе има ли поскапување на цената на водата во Битола и од што ќе зависи формирањето на новата цена се огласи и ЈП „Стрежево“ Битола. Цената на водата за пиење во Битола зависи од одлуката на Регулаторна, но и од цената која Владата ќе ја утврди за Хидросистемот „Стрежево“ Битола од каде „Водовод“ во сушниот период купува сурова вода. И за „Стрежево“ и за „Водовод“ се чека одлука. Од ЈП „Стрежево“ Битола кое располага со акумулацијата хидросистем ...