
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во последната недела од 2023 година, во земјава биле пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, односно за 96,6% повеќе во однос на претпоследната недела од годината. Според податоците најбрзо ширење на грипот има кај децата од 0 до 4 години. Мехмедовиќ објаснува дека најголемиот број од случаите е со ...
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Преку ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Од утре ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во вторник и кон крајот на ...
„Новото утро нека нѐ исполни со радост, добро здравје и убави желби. Да се радуваме на веста која нѝ ја носи светлината, љубовта, милосрдието. Градењето позитивни промени, нека биде на добробит на сите нас, во текот на целата година. Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности, да создаваме добри дела кои со добрина ќе нѝ го исполнат животот. Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да ...
Во своето обраќање до верниците, митрополитот г. Петар по повод божиќните празници истакна дека Христос е потребен и денес, затоа што како што нагласи, без него, народите влегуваат од војна во војна. -Ах, колку ни е потребен Христос и денес! Без него, народите влегуваат од војна во војна, луѓето запаѓаат од несреќа во несреќа, семејства одат од пропаст во пропаст. Без него, злобата навлезе меѓу луѓето и го распламти огнот на зависта и ...
Православните верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават Божик, Христовото раѓање, како празник чие основно значење е семејното собирање, дружењето и потсетувањето на основните човечки вредности. Првиот ден од Божик е ден на радост на раѓање, обновување на животот, додека вториот ден се поминува во свечено, тивко домашно расположение, а во црквите се служи благодарствена литургија на Богородица. Вообичаено е луѓето да се ...
Платото кај Офицерскиот дом беше претесно да ги собере стотиците бадникарчиња, заедно со нивните семејства, кои беа дел од големата Бадникова поворка, чиј старт беше на оваа локација. Поворката продолжи по Широк Сокак, а на плоштадот „Магнолија“ уште еднаш беше изведена „Вечниот Бог“, по што се упатија во црквата „Св. Великомаченик Димитриј“. На крајот, бадникарчињата ја посетија општина Битола каде беа пречекани од градоначалникот Тони ...
Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга го посетија здружението „Рилука“ Битола. „Празниците нè обединуваат и ни даваат можност посилно да проговориме за потребата од взаемна грижа, сплотеност, меѓусебно разбирање и прифаќање на разликите. Со силни емоции ја проследив програмата што предбожиќно ја подготвија дечињата, членови на „Рилука“, Здужението на психолози и родители на дечиња со попреченост „Рилука“ Битола. Со претседателот ...
Согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги се намалува на износ од 2.000 евра почнувајќи од 01.01.2024 година. Лимитот за плаќање во кеш досега беше 3.000 ...
Со почетокот на Новата година, Општина Битола, продолжува со посветена работа преку дореализација на започнатите проекти и подготовка за отпочнување на новите проекти кои произлегуваат од приоритетите на граѓаните, согласно усвоените Програми и средствата планирани во општинскиот Буџет. Планираните активности, вклучуваат: Покрај наведеното, продолжува поддршката на спортот, културните настани, социјалната заштита, животната средина и ...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денекса ја посети Битола . Во рамки на посетата беше гостин на Домот за доенчиња и мали деца, институција која со трансформацијата вклучува: Центар за поддршка на згрижувачки семејства за 115 корисници, Оддел за мајки и деца и Интервентно сместување. -Со цел зголемување на бројот на згрижувачи во Скопје и во Битола отворени се три Центри за поддршка на згрижувачки семејства, ...
Веднаш после полноќ, битолчани од пред платото на Офицерски дом, ги испратија планинарите на традиционалниот, 13 по ред , прв спортски настан во годината во организација на Олмпус Монс со симболично име Први на први. По патеката долга 13 км до врвот Пелистер на 2601 метар, годинава се искачија 80 учеснци од цела Македонија и испратија порака ""Се што ни треба е љубов". Меѓу планинарите имаше 28 девојки, но вистински подвиг направи 13 годишниот ...
Илина е првото родено бебе на Одделението за гинекологија во Битолската клиничка болница, а подоцна во ноќта се родија уште две машки бебиња. Во 2.07 часот во Клиничката болница во Битола, на свет дојде Илина, првото новороденче родено во оваа установа во 2024 година. По Илина, родени се и две машки бебиња. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги посети мајките и новороденчињата и во име на општината им додели пригодни подароци. ...
Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година. За крај на „Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски. Традиционално, планинарите од групата „Олимпус Монс“, синоќа го започнаа искачувањето на Пелистер, како дел од првиот настан ...
Санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола За само две вечери (29/30/31.12.2023)во периодот од 22.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола ,со акцент на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат ...
Почитувани сограѓани, Животот носи многу промени. Различни предизвици: некогаш радост, а другпат дава сила да се надминат тешките мигови, да се најдат решенија за блесок на светлината над затемнетите лавиринти кои може да бидат потенцијална закана за успех. За време на празничните денови, секогаш посакуваме годината што доаѓа да ни биде поубава од претходната. Убавите желби ја градат убавината на животот само со позитивна енергија, искрена мисла ...
Граѓанската иницијатива „Битола на точак“ во последната објава за оваа година посакува проектот за изградба на велопатеки во Битола да се случи во новата година и да го види светлото на денот. Последната објава за годинава. Пред 2023 пукавме со полно идеи и предлози. Многу од нив не бараа сериозни финансии ниту пак беа нешто особено захтевни. Сите бараат посветеност на надлежните на агенда за еден поодржлив град. Градов не успеа да го стави ...
Фоајето на НУ Центар за култура Битола поставена е изложбата на битолскиот уметник Драган Најденовски-Најдо. Станува збор за ретроспективна изложба и промоција на монографија 40 години творештво на Најденовски. -Центарот за култура од Битола се запишува како издавач на монографија во која е собран еден фасцинантен уметнички опус, на еден сериозно голем уметник во нашата земја , кој креира симболично и модерно ликовно творештво, реално и ...
Локалната власт на ДПМНЕ планира енормно да ја покачи цената на водата за пиење во Битола! Директорот на Водовод и лидер на ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски изгледа нема доволно пари за матните зделки, партиски прослави и полнење на чанти со кеш, па бара поскапување на кубикот вода за огромни 13 денари! Тоа е зголемување за над 40% на цената на водата за пиење во Битола! Наместо досегашните 31.78 денари, Милевски бара битолчани да плаќаат 44.78 ...
За првпат од своето постоење единствениот хотел во рамките на националниот парк Пелистер, „Молика“ е реконструиран и новата зимска сезона, но и 30 годишниот јубилеј ќе го дочека во комплетно ново руво. Градежните работи се сосема при крај, а хотелот ќе ги дочека првите гости на 23 декември. Распродаден е и дочекот на Новата година. Молика, е обновен, но и внатрешно и надворешно го задржа својот изглед кој целосно амбиентално се вклопува во ...
Анета Блажевска БИТОЛА – Политичките партии почнаа да „вијат“ оро пред гласачкото тело во Битола манифестирајќи многу емоции и емпатија во освојувањето на довербата на битолчани. Веќе неколку месеци, пред изборите за македонскиот парламентот, политичките лидери и претставници на врвовите на двете најголеми партии од македонскиот блок, СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ, се движат меѓу битолчани, и тоа во време кога локалната политичка сцена е зафатена со тешка ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети детската градинка „Славејче“, која припаѓа на ЈОУДГ „Мајски цвет“, каде разговараше со директорката Кристина Лајмановска, за реализираните проекти, во објектите кои припаѓаат на оваа детска градинка. Постоечкиот објект во состав на ДГ Славејче кој во минатото се користел од страна на градинката сега е адаптиран и во него ќе се згрижувват деца и ќе се користи за една воспитна ...
Невладината организација World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора денеска донираа медицинска и немедицинска опрема на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. На промотивниот настан во овој град, министерот за здравство Фатмир Беџити истакна дека со донацијата се врши зајакнување на потенцијалот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. -Во ЈЗУ Клиничка болница-Битола реализираме зајакнување со нова медицинска и немедицинска опрема во вкупна вредност ...
Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Северна Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите. Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници, порачаа од ...
Крајот на годината е време кога е потребно да размислуваме за патувањето позади нас, да ја прегрнеме сегашноста и со нетрпение да ги очекуваме авантурите кои ни претстојат во новата 2024 година, стои меѓудругото во обраќањето на директорката на битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола. Календарската 2023 година, ја заокружуваме со бројни успеси на учениците и наставниците, кои неуморно се вложуваат, со цел да дадат максимум знаење и вештини ...
Крајот на годината е време кога е потребно да размислуваме за патувањето позади нас, да ја прегрнеме сегашноста и со нетрпение да ги очекуваме авантурите кои ни претстојат во новата 2024 година, стои меѓудругото во обраќањето на директорката на битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола. Календарската 2023 година, ја заокружуваме со бројни успеси на учениците и наставниците, кои неуморно се вложуваат, со цел да дадат максимум знаење и вештини ...
-Се` што ти е мило, в срце што се свило, се` е живо, се` е живо, живо... живо... Ова е најсилната пораки, толку посакувана за себе и ближните и несебично за оние подалечните, што силно одекна и што ќе ви остане врежана во мислите, од промоцијата на новата книга за деца „Последниот лист гитарист“ на авторката, професорката по македонски јазик и литература, Даниела Петровска од Битола. Или севкупно како што стои во една од рецензиите, книгата е ...
Во предвечерието на Новогодишната ноќ, Саат кулата во Битола е осветлена во боите на македонското знаме, карактеристични и за грбот на Општина Битола. Црвено - жолтата светлина го исполни и просторот околу еден од најважните симболи на Битола. -Додека, Старата битолска чаршија и Платото пред Офицерскиот дом, живеат со „Зимска приказна“, Саат кулата, како посебна, значајна знаменитост за Битола, во новите 365 дена, со посебен колорит на топлина и ...
-Со собраните средства од големиот НОВОГОДИШЕН ХУМАНИТАРЕН БАЗАР, ја реализиравме оваа донација, која е само мал симболичен гест, дека со малку труд и љубов можеме да сториме многу. Денес во придружба на претседателот на СДСМ Битола Драган Крајовски и претседателката на Форум на жени СДСМ Битола Јадранка Павловска ги посетивме институциите каде што се згрижени деца со попреченост, да ги стоплиме нивните срца, да ги израдуваме, бидејки секое ...
На 27.12.2023 во 17.00 часот во СВР Битола, М.С.(38) од с.Горно Оризари, битолско, пријавила дека нејзиниот малолетен син во просториите на основно училиште бил физички нападнат од друг малолетник, кој учел во истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 27.12.2023 во 10.00 часот во ОВР Ресен, Н.Ј.(37) од Ресен пријавил дека во просториите на основно училиште во Ресен неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.К. од ...
Градоначалникот беше предупреден повеќе пати, во период од година – година и пол дека не работи согласно законите во образованието. Десетици прес конференции одржавме, кривични пријави поднесовме, ама очигледно Коњановски мислел дека е над законите и не презеде чекори за да се поправи. Одземањето на ингеренциите во неколку училишта е само логична последица на цела претстава што ја режираше градоначалникот, а во која сакаше да се прикаже како ...