
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Според податоците од болницата, на Инфективното одделение месечно имаат околу 500 прегледи, а 120 до 150 пациенти примаат терапија во дневна амбуланта, а на Интерното одделение 1551 прегледи, од кои дури дваесет отсто се хоспитализирани меѓу кои и лица со инфективни болести. Од септември до сега бројот на регистрирани ковид слуаи е 65, од кои во септември 21, октомври 36 и досега во ноември 8 потврдени случаи. Дел од пациентите со поизразени ...
Во 2,20 часот по полноќ малолетничка од Охрид, со привремен престој во Битола, пријавила дека пред угостителски објект на улица „Партизанска“ во Битола била физички нападната од друга малолетничка од Кавадарци, исто така, со привремен престој во Битола, која употребила и стаклен предмет, соопштија од СВР Битола. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. Според наши проверени извори, се работи за средношколки кои ...
Откриени и повикани четворицата малолетници кои краделе компјутерски делови од училиште во Битола, пронајдено и одземено возило на битолчанец и вратено на сопственикот. Денеска (20.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола повикале на разговор четворица малолетници, сите од с.Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители. Тие се сомничат дека извршиле "тешка ...
На 22.11.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.А(30) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени предмети во врска со кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик. На 22.11.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(21) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба ...
Како резултат на работата на терен од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, во поглед на вкупниот криминалитет, констатирана е поволна состојба во делот на вкупни кривични дела на подрачјето на Битола, односно зголемена реализација во однос на минатата година. Зголемената ефикасност на работењето на криминалистичката полицијата на СВР Битола во Битола за овие 10 месеци резултира со зголемена реализација во борбата против ...
По повод 20 ноември, Светскиот ден на правата на децата, Комисијата за образование при ОО СДСМ Битола организираше трибина заедно со комисиите за образование од Пелагонискиот регион и Централната комисија на тема ,,Да градиме здрави генерации -заедно против меѓуврсничкото насилство". Говорници на трибината беа: -Петра Лукароска - член на централната комисија за образование на СДСМ и координатор на Комисија за образование на Пелагонискиот регион ...
Младинска асоцијација ИМКА Битола спроведува проект за менталното здравје на младите и децата, насловен како „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“. Школата започна вчера и ќе трае цела учебна година. - Во втората половина на септември и октомври работевме на анимирање на образовните установи Битола со фокус на основните и средните училишта, како и факултетите. Исто така во овој период работевме на промовирање на отворените повици ...
Со години најавуваното решавање на проблемот со системот за греење во спортската сала „Боро Чурлевски“, конечно се реализира. Вечерашниот натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и Пик Сегед, ќе се одигра во затоплена сала, како резултат на инвестициските активности кои ги реализира општина Битола, во овој спортски објект. На овој начин се поставува функционален систем, кој ќе овозможи загревање на салата за големи натпревари, зависно од потребите ...
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци. При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети ...
Албанскиот претседател Бајрам Бегај при посетата на Битола по повод 115 годишнината од унифицирањето на албанската азбука рече дека е оптимист за евроинтеграцијата на двете држави, Македонија и Албанија, и покрај грчката најава за вето на нивната држава и бугарското вето за Македонија. ,,По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички. Како што пред 115 години нашите преродбеници биле оптимисти, така и ние треба да бидеме. Го посакувам ...
На денешната седница, на иницијатива на Младинскиот културен центар во координација со ЛЕСС Битола, беше договорена организација на јавна дискусија на почетокот на декември, со која ќе се отворат прашањата за подобрување на условите во индустриските зони во Битола, како и можностите за отворање на нови работни места. Локалниот економско социјален совет, едногласно донесе заклучок, дека Битола, во текот на целата година треба да се насочи кон ...
Здружението на пензионери Битола во август склучи Меморандум за соработка со Здружение на професионални консултанти „Подготвеност за Европа“ - Скопје, каде се утврдија активностите што треба да се остварат во проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“. Проектот го спроведуваат Здружението „Подготвеност за Европа“ во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, а финансиски поддржан од Европска Унија. Целна група беа 30 ...
90 контролирани угостителски објекти на подрачјето на Битола во првите 10 месеци од годинава, 72 малолетници под дејство на алкохол На подрачјето на Битола во периодот од 01.01-31.10.2023 година од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола реализирани биле 33 акциски контроли при што, контролирани биле 90 угостителски објекти. При вршењето на контролите било извршено легитимирање на 221 лице, пронајдени биле 141 малолетници. ...
На подрачјето на Битола во периодот од 01.01-31.10.2023 година биле пријавени вкупно 634 настани „тешка кражба“ или бележиме намалување во однос на минатата година за – 47% кога биле регистрирани 1189 односно 555 тешки кражби помалку во споредба со истиот период од 2022 година. Во текот на 2023 година од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола реализирани биле 236 дела со што постигната е ефикасност во реализацијата од 37% . ...
Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава. Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје - Бесник Авдија, Основниот суд Битола - Татјана Петровска, Основниот суд Неготино - Билјана Толова, Основниот суд Кичево - Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка - Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп - Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип - Ацо Тасев кои ...
Софи е кавадарчанка, но веќе осум години Битола е нејзин дом. Тука го заврши средното образование, а се одлучи и да студира на Битолскиот универзитетот. Вљубена во информатиката уште од основно училиште кога одела и на државни натпревари, се запиша на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола, на отсекот за информатички инженер. Изборот го направила со цел да ја искористи информатиката за позитивни промени во ...
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава по драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која актери –аматери ќе бидат лица со попрачености со поддршка на ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост. „Целта е вклучување на лицата со попреченост во културата и уметноста ...
-Во пресрет на ПрвиНаПрви, до крајот на оваа година, еден ден од викендот, Олимпус Монс ќе организираат планинарски акции на Пелистер. За истите, сите заинтересирани ќе бидат информирани преку нашата ФБ страна, соопштија од Олимпус Монс Инаку планинарите од Олимпус Монс 12 години по ред ја организираат турата со симболично име „Први на први“ за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина, со цел првото изгрејсонце во Новата година да ...
Регионалниот ЦУК Битола информира дека од СВР Битола има известување за починат планинар кај месноста „Ловечка куќа“ на Пелистер. Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје (со иницијали А.С.). Местото каде што е пронајдено лицето е на околу 2.000 метри надморска височина, според СВР местото е тешко пристпно. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола за ...
Денеска (19.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето. Имено, Г.В.(45) се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на с.Цапари, битолско, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во с.Долно Српци, битолско, ...
Регионалниот ЦУК Битола информира дека од Министерството за внатрешни работи (МВР) - СВР Битола има известување кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер имало починато лице (планинар). Според првите сознанија, се работело за повозрасно лице од Скопје (со иницијали А.С.). Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за ...
Старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година. „Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонските дејци и во спомен на сите просветни работници.Во две ...
Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи.Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево ,два во Ресен и еден во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови ...
Семејството веднаш повикало итна помош, по што без занци на живот е префрлена во Клиничката болница во Битола. Безуспешни биле обидите на лекарите да ја реанимираат младата жена. Од Полицијата денеска соопштија дека кај нив случајот е пријавен нешто пред 10 часот кога 34 годишната битолчанка била донесена во болницата почината, но без видливи траги на насилство. Увид извршија полициски службеници од СВР Битола. По наредба на обвинител ...
Посетите во рамките на проектот „Да го запознаеме НП Пелистер“ имаат едукативна, рекреативна цел, но и да ја поттикнат желбата кај децата и младите да се развие љубовта кон планината и природата, подигање на еколошката свест и развивање на здрави животни навики. -Покрај едукација и рекреација, се изучуваа и вежби за правилно дишење. За крај, прекрасните деца ја исполнија и новата детска химна на градот во која се вели : "За мене цел свет си, ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, заедно со стручните служби од општинската администрација кои работат на реализација на проекти од областа на енергетската ефикасност, денес ја посетија општина Кожани, каде имаа средбаградоначалникот на Кожани, Лазарос Малоутас и претставници од оваа општина кои работат во повеќе области, согласно неодамна ...
-14 ученици од четврта година од образовниот профил „Машински техничар за моторни возила“ предводени од одговорниот наставник Ѓеорги Ташковски ја проследија презентацијата на содржините на СН Сообраќен центар согласно со наставните програми и планови за средно стручно образование со кои е предвидена посета на Станица за технички преглед и Сервис за моторни возила. Ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ Битола во посета на СН ...
На интерактивна средба со студенти, професори и новинари, Танушевски посочи дека ако медиумска писменост е спосбност за пристап, анализа, вреднување и испраќање пораки преку медиумите, тогаш треба постојано да се инвестира во медиумската писменост бидејќи е загрозена. -Добро е што јавно се зборува за медиумската писменост. Но, мора секојдневно да се работи на зголемување на свеста за медиумска писменост и посебно да се раздвижи академската ...
Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, се сомнева дека службеници од Општина Битола, но и надворешни лица го злоупотребуваат нејзиниот службен меил, откако писмо адресирано лично до неа Општината го испрати до медиумите. Станува збор за известување кое Делегацијата на ЕУ го упати до Илиевска како одговор дека сретства од проектот „Смартфорју2“ не може да бидат искористени за реконструкција на објектот Парк. Илиевска ...
Прес конференција на Весна Баковска од СДСМ: ,,Просветните работници во Битола за првпат после 23 години, годинава ќе добијат К-15 во износ од 10.000 денари. Владата предводена од СДСМ го врати регресот за годишен одмор и одвои средства во буџетот кои до крајот на годината треба да бидат исплатени на сметките на наставниците и професорите. Последно, наставниците зедоа К-15 во 2000-та година и тоа наместо пари, добиваа канти сирење, маслинки и ...