
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со новогодишни пакетчиња им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на штитениците во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, како и во Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“. Со цел разубавување на празниците на најмладите, Општина Битола донираше новогодишни пакетчиња и за повеќе здруженија и институции кои работат со лица со попреченост, како и за општинската ...
Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови). Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со ...
Клиничката болница во Битола кадровски се зајакнува со 34 нови трајни вработувања кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа година. „Меѓу овие 34 нови вработувања се здравствени работници, администрација и помошно- технички персонал. Со тоа се зајакнува кадарот во Болницата кој се состои од 750 вработени на неопределено време“, рече министерот за здравство Фатмир Меџити кој денес присуствуваше на предавањето на донацијата вредна скоро половина ...
Прес конференцијата на градоначалникот Тони Коњановски ви ја пренесуване интегрално, за изјава ја побаравме директорката на ООУ „Св.Климент Охридски“, но досега не стапивме во контакт за да ја образложи ситуацијата. Очекуваме да ја изнесе и нејзината страна Деновиве, се соочуваме со одредени ситуации на кои неодамна предупредив, а се однесуваат на партизацијата на образованието која ја врши централната власт, а за жал почнува да се рефлектира ...
Во воспитно-образовната дејност, веќе присутен е подмладок, кој работи со деца, односно поучува и описменува генерации. Едни кадри се пензионираат, други ги заменуваат, нели, како што наложува старосната граница за пензионирање. Но, сведоци сме на ситуации од недостиг на наставен кадар, така што, истите тие кадри, се заменуваат или од „несоодветен наставник“, со известување до просветниот инспекторат, или пак, замената доаѓа од друг град итн. ...
По неколку часовна жолчна дискусија за тоа што е направено во изминатата година и што ќе се направи во престојната, советниците го изгласаа прелог буџетот на Општина Битола за 2024 година. „За“ гласаа ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата и СДСМ и коалиционите партнери, Левица беше против, а Поинаку гласаа воздржани. Градоначалникот Тони Коњановски обраќајќи се од говорницата соопшти дека во буџетот вклучени се предлозите на сите советнички гтрупи и побара ...
Координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски, на денешната седница на Совет, од говорница го праша Тони Коњановски дали планира да ја напушти градоначалничката фотелја и да стане носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, а со тоа и иден пратеник. „На 20 декември бевте прашан дали ќе бидете носител на листата во петтат изборна единица, а одговорот Ви беше ‘рано е за било какви коментари на таа тема’. Дали ...
На 27.12.2023 г. во 12.00 часот во Малата сала на Центарот за култура – Битола ќе се одржи промоција на книгата за деца и млади „Последниот лист гитарист“ од Даниела Петровска. Личниот осврт врз книгата на авторката е: „Ова е моја прва книга за деца која е создадена низ творечки процес од повеќе години како резултат на желбата да допрам до суштинските прашања за смислата на животот по која трага секое дете откако тоа ќе се спознае себе како ...
На 27.12.2023 г. во 12.00 часот во Малата сала на Центарот за култура – Битола ќе се одржи промоција на книгата за деца и млади „Последниот лист гитарист“ од Даниела Петровска. Личниот осврт врз книгата на авторката е: „Ова е моја прва книга за деца која е создадена низ творечки процес од повеќе години како резултат на желбата да допрам до суштинските прашања за смислата на животот по која трага секое дете откако тоа ќе се спознае себе како ...
Градоначалникот Тони Коњановски, во негово име и во име на Општина Битола, им го честита Христовото раѓање на припадниците на католичката вероисповед кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар. „Светлината на новото раѓање која доаѓа на денешиот ден, нека донесе радост, среќа, почит и спокој во сечија душа, во секое семејство и дом. На денот на Христовото раѓање, заеднички да ја подигнеме симболиката на љубов во нашите срца, давајќи ...
Зошто ја насловив мојата книга Последниот лист гитарист? – ПОРАДИ ТОА ШТО ЛИСТОТ Ѝ ПРКОСИ НА ЕФЕМЕРНАТА СМРТ – Мојата книга „Последниот лист гитарист“ настана низ еден длабоко мислечки процес насочен кон барањето одговори на прашањата од моите деца, па и на сите други, зошто животот е детерминиран со смртта; зошто злото го демне доброто; зошто ноќта го проголтува денот; зошто мајка му на Бамби умрела токму тогаш кога најмногу му требала; зошто ...
На 23.12.2023 полициски службеници од СВР Битола од ул „Кичево" во Битола го лишиле од слобода П.П.(22)од Битола.Имено, врз основа на наредба за претрес од Основен Суд Битола во врска со чл.396 од КЗ извршен бил претрес во домот на П.П.на ул.„ Кичево" при што беа пронајдени различни пиротехнички средства ,огномети ,петарди и солзавец кои се предмет на КД по чл.396 од КЗ .По документирање на настанот против П.П. ќе следува соодветна пријава. ...
Во текот на изминатата вечер (23/24.12.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 7 возачи, а откриени биле и 23 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. ...
Темата на денешниот настан што се одржа во НУ „Завод и музеј“-Битола беше обид да се разбере во контекст на тоа како културните аспекти и норми можат да влијаат на распространетоста и прифаќањето на насилството во општеството. Кампања која е во рамки на шеснаесетдневниот активизам за борба против насилството врз жената и семејното насилство е во организација на Министерство за труд и социјална политика, канцелариите на УНФПА во Република Северна ...
Во саботата, на 16-ти декември од 11 часот во просториите на Кино Манаки на Широк Сокак во нашиот град, BV Business Group го најави доаѓањето на Новата 2024 година, со забава за децата на вработените. Настанот започна со кратка програма, по што следуваше проекција на филмот ”Волшебната круша”, а локацијата за прославата, неслучајно беше избрана како дел од историјата на филмската уметност во Битола. По точно 102 години од првата проекција во ...
-КORUNOVSKA MUSIC & SINGING со достоинство, гордост и огромна возбуда ви најавува дека следната 2024 година, средствата од СИТЕ наши концерти, ќе бидат ДОНИРАНИ за финансирање на ИСКЛУЧИТЕЛНО ТАЛЕНТИРАНИ ДЕЦА кои ќе бидат избрани според строго определени критериуми, кои ќе бидат објавени наскоро, напиша Коруновска Таа ја раскажа нејзината емотивна животна приказна, битката и упорноста да се школува и да ги оствари своите соништа. „Уште како ...
Како да зборувам пред учениците за ,,Сон на летната ноќ" денес? Една девојка престана да сонува пред очите на сите нас! Еден живот помалку за човештвото, една смрт повеќе за злото. Како да поучуваме на повисоки хумани вредности кога нивното рушење,ете, доаѓа и од родителот - оној што го создал животот. Кому да се пожалиме сите ние што го мразиме насилството, физичкото и вербалното? Анахроно е да се одржуваат обуки во училиштата за значењето на ...
-Љубовта не смее да остава болни траги по телото и душата. Љубовта не смее да биде изговор, таа треба да нѐ издигне, како што секоја жена или девојче жртва на семејно насилство ќе се издигне како феникс од токсичните и насилни врски, со поддршка на секој еден од нас, како поединци, институции, општество!!! Денес од Битола 8-от ден од кампањата Активизам против насилство врз жените и девојчињата УЖ ВМРО ДПМНЕ Битола , заедно со Униите на жени на ...
Министрите за внатрешни работи и за здравство Оливер Спасовски и Фатмир Меџити до Клиничката болница во Битола долетаа со хеликоптер како пробен лет со цел промовија на две летала на МВР кои во иднина ќе се користат за итен транспорт на пациенти од болници од внатрешноста до ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Опремата за хеликоптерите е обезбедена од словенечката полиција, а со пациентите ќе лета и медицински тим составен од доктор и сестра од ...
Ноќеска после полноќ, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, откако по наредба Основен суд Битола бил извршен претрес во неговиот дом и помошна просторија во Битола, при што се пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, при преглед на патничкото возило „поло" со битолски регистарски ознаки, ...
На Државното првенство во шах за основни училишта кое се одржа на 22.12.2023 во ООУ „Климент Охридски“ -Охрид, ОСУС Битола настапи со тројца ученици во машка конкуренција и 3 ученички во женска конкуренција. Одлично се покажаа ученичките остварувајќи едно прво место и две втори места: 1.место Марија Кулевска ООУ „Тодор Ангелевски“-Битола, ментор Петре Мартиновски, 2.место Наде Смилевска ООУ „Кирил и Методиј“ Битола, ментор Снежана Брзовска, ...
БИТОЛА – Граѓаните на Битола веќе се збунети, или што би рекле битолчани „шашардисани“ од локалната политика – не се знае кој е власт, а кој опозиција, кој работи, кој го кочи развојот на градот!? Како на филмска лента се менуваат коалициите во Советот на општината, па од еден во друг „скут“, советниците фаќаат нова „страна“. Така, неформалното мнозинство во Советот, од вчера стана формално. Околу последните случувања во битолскиот Совет ...
Создадовме градоначалници кои кога ќе станат сабајле, може да променат 20 или 30 директори во зависност од големината на општината. Тоа во оваа држава не може да го направи ниту премиерот, градоначалници кои можат да потрошат 30 или 50 милиони евра со свој потпис. Тоа не можат да го направат ниту министрите, вели Валентин Груевски, потпретседател на ЛДП, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ. „Ние направивме мали енклави во кои тие ...
Во ООУ „Даме Груев“ преставници на Спортското здружение Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола во соработка со „Јени маркет“ во присуство на директорката на училиштето Билјана Дамчевска Бакиевска донираа новогодишни пакетчиња на ученици од ранливи категории. Со надеж дека оваа соработка ќе стане традиционална сакаме да изразиме благодарност до сите наши помагатели, а воедно и да ги честитаме ...
Доцна синоќа советничкото мнозинство изгласа промена на претседателите на шест комисии на Советот на Општина Битола. На местото на советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, изгласани се претседатели од Коалицијата на СДСМ и од редовите на Поинаку. На челното место на Комисијата за спорт и млади на кое беше Зоран Петковски, сега е назначен Борче Корлевски од СДСМ. На местото на Бојан Бојковски во Комисијата јавни и комунални дејности поставена е ...
До доцна во ноќта Советот на Општина Битола распраше по предлозите за покачување на цената на водата за пиење за периодот од 2024 до 2026 година, но советничкото мнозинство гласаше против. Да не дојре до поскапување на цената гласаа советниците од СДСМ со колалицоните партнери, Поинаку и Левица, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано. Од Советот беше побарано да донесе одлука за поскапување на водата за пиење за 6,9 денари за домаќинствата и 5,2 денари ...
Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката Моника Зајкова и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски. „Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да ...
Од денес, сите регистрирани и нови учесници во игрите на среќа на веб-страната www.megawin.mk на Државна лотарија, имаат нова можност за уште повеќе забава и големи награди, со учество во новата наградна игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР со награден фонд од близу 5 500 000 денари. Во период од денес заклучно со 19 јануари 2024 година на веб-страната www.megawin.mk учесниците коишто ќе се согласат за учество во играта ќе добијат интересен НОВОГОДИШЕН ...
-Кога неправдата и партизацијата стануваат правила на однесување , отпорот станува должност. Токму заради тој ОТПОР, денес од оние кои така се однесуваат беше побарано мое разрешување од позицијата Претседател на Совет на Општина Битола, напиша на ФБ претседателката на Советот, Габриела Илиевска Можите да ме игнорирате мене, ама НЕ и граѓаните кои го поддржале ПОИНАКУ. Две години сум мета на секаково насилство, две години сум мета на лажни ...
Веќе извесен период наназад од седница во седница се потврдува новото мнозинство во Советот на општина Битола: СДС, ДУИ, Левица, Поинаку. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата денеска побара разрешување на претседателката на Совет Габриела Илиевска, рече на денешната прес-конференција Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред две години ВМРО ДПМНЕ како никогаш претходно покажа демократски капацитет и во тој момент како идно политичко делување ...