
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Општина Битола, бележи подобрување на буџетската транспарентност и претставува добар пример на државно ниво за отчетност кон граѓаните. Ова го потврдува извештајот за фискална – буџетска и даночна транспарентност, изготвен од УСАИД во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на ...
соседот точно пред скалите. Одите понатаму, раскопана улица без никакви предупредувања. И ни малку адекватно ограничена и заштитена. Не дај Боже да паднете, а сте сами, прво ќе речат: ’Кај одиш ко си сама, знајш дека не гледаш’. За да излезем од дома треба да имаме бело стапче. Ај што нема каде да го купиме нема ни обука кој да ни направи како да го користиме“, рече Софрониевска. Се осврна на задолжителното образование каде нема брајови машини и ...
Поради потик и стимул на учениците за во иднина да продолжат да постигнуваат поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина на државни и меѓународни натпревари, комисијата одлучи до искористување на средствата од предвидениот буџет за оваа намена да ги награди пријавените ученици од основните и средните училишта кои имаат награди од државни натпревари на прво, второ и трето место, а истите не се прво рангирани. Доделувањето на пофалниците ...
Градоначалникот Тони Коњановски објави дека обезбедени се средства за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп. Информацијата ви ја пренесуваме во целост На вчерашната комисиска расправа во Собранието на буџетот за 2024 година прифатен е амандман наменет за капитален проект за Општина Битола. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп. Ова е само почеток на нашата ...
Денеска (11.12.) полициските службеници на целото подрачје на СВР Битола, денеска ги отворија вратите за најмладите и им одржаа предавање во делот на сообраќајот како и им ја прикажаа и опремата која ја користат. Имено, во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ по завршувањето на обуката на првите инспектори за превенција, при доделување на сертификати за нивна стручност во оваа област на 9 декември 2008 година, истиот ден е прогласен за ...
Неделна програма на Кино Браќа Манаки од 11-ти до 16-ти декември 11.12.2023, понеделник 18:00 „Ден на благодарноста“ 20:00 „Наполеон“ **** 12.12.2023, вторник 18:00 „Ден на благодарноста“ -За двајца добитници со по две влезници доделува АПЛА за: 12.12.2023, вторник 20:00 „Наполеон“ **** 13.12.2023, среда 18:00 „Пет ноќи кај Фреди“ 20:00 „Te dua, жими мене“ **** 14.12.2023, четврток 18:00 „Пет ноќи кај Фреди“ 20:00 „Te dua, жими мене“ **** ...
На 10.12.2023 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица во угостителските објекти во Битола. При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе ...
Во текот на изминатата вечер (09/10.12.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи.Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола по 2 во Ресен ,Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци. Засилените сообраќајни контроли ...
Вчера во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници привеле 9 лица поради дрога. „Кај И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја“, велат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде има и магла со видливост до 30 м. Врнежи со послаб интезитет има на Попова Шапка, Маврово,Стража, Страцин,Македонски Брод,Буково и Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината ...
На ден 07.12.2023година со почеток во 10.00час. во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Македонска спортска стрелачка федерација со клубовите ГСК „Пелистер“ и СК „РЕК БИТОЛА“ во Битола се одржа државно првенство во стрелаштво од Основните и Средните училишта, во машка и женска категорија на кое зедоја учество ученици од повеќе градови од Македонија. ОСНОВНИ УЧИЛИШТА КАТЕГОРИЈА ЖЕНСКИ 1-место, ЕВА ИЛИЕСКА – ...
Министерството за образование ѝ ги одзеде ингеренциите на Општина Битола да назначи директори уште за две училишта, и тоа Средното технишко училиште „Ѓорги Наумов“ и Основното училиште „Климент Охридски“. Со ова станаа три училишта каде општинската власт не може да го избере првиот човек што ќе управува со школите. Пред две недели тоа беше случај и со основното училиште „Александар Турунџев“ во битолското село Кукуречани. Коњановски вели дека ...
Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.К.(38) од Битола под сомнение дека извршил тешка кражба. Како што соопшти МВР, Т.К. бил лишен од слобода на петти овој месец. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети. Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ...
Градоначланикот на Битола Тони Коњановски денеска даде отчет пред медиумите за сработеното во изминатите две години локална власт. Отчетот е сместен и во артиена форма за секој еден проект што локалната власт успеа да го релизира досега или е во тек на реализација. Меѓу бројните проекти од инфраструкатурата, коловоз во вкупната должина од 20 км, 6 детски градинки, игралишта паркинзи, помагање за реализација на Авантуристичкиот парк на Пелистер, ...
Кога технологијата се повеќе го одзема слободното време на младите, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола пронајде уште еден интересен начин како дел од слободното време младите да го заменат со книга, наместо со телефоните во рака. Таа организираше „Дегустација на книги“, креативен и привлечен начин да се запознаат читателите со различни жанрови на книги, особено во образовни или библиотечни поставки. Тоа беше литературен ...
Во организација на Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, а во соработка со Младинскиот културен центар од Битола, денес се одржа јавна дискусија на тема: „Слободните индустриски зони и нивното значење за економскиот развој на Битола“. На јавната дискусија беа отворени прашањата поврзани со подобрување на инфраструктурните услови во Старата индустриска зона во Битола, како и во Индустриската зона Жабени, на што општината, ...
Под мотото "Сите зрачиме на различен начин", основното училиште "Коле Канински" го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, при што беа отворени две простории за деца со атипичен развој и деца со потешкотии. -Денес со се отвораат две катчиња за индивидуална поддршка на учениците со атипичен развој и потешкотии, кои ќе служат како платформа за развој и инклузивно образование на учениците со попреченост. Ќе бидат место на инспирација ...
Денес во рамки на кампањата „ 16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“, со поддршка на ЕУ/Совет на Европа Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Битола се одржа работилница на тема „ Обединето против насилство врз жените и девојчињата “. На работилницата со свои излагања зедоа учество институции кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Центарот за ...
Општина Битола, објави оглас за прибирање на понуди за користење на урбана опрема – куќарки за продажба на храна, пијалаци и други производи кај Офицерски дом и пред “Мал битолски монмартр” во Старата битолска чаршија и простор за поставување на опрема за забава на деца до платото на Офицерски дом, за периодот од 23 до 31 декември 2023 година. Јавниот оглас со наведените услови и образецот на понуда се достапни на веб страната на Општина Битола, ...
На речиси еден месец пред крајот на првото полугодие, од непостапувањето и недавањето согласност од МОН се заканува опасност битолското образование да остане без 301 наставник, во одделенска и предметна настава. Ставајќи го интересот на учениците и правото на образование над се, повторно испративме барање до Министерството за образование и наука за одобрување на бараните согласности, во кое потенциравме: „Имајќи во предвид дека договорите на ...
Одлично се вклопија лицата со интелектуална попреченост и децата од одделенска настава од редовните училишта играјќи ја театарската претстава „Бегалка“ од Васил Иљоски. На сцената на Народниот театар од Битола тие без едно, се надополнуваа меѓусебе и си помага. Ликовите на Ленче, Бошко, Велика, Трајко, Евра беа распределени меѓу двете групи. Ова беше голем чекор за секоја од нив зашто на сцена беше поставена скоро цела драма, а претставата ...
- Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, посочувајќи дека досегашниот раст и развој се должат на експертизата и балансираното менаџирање, како и на придонесот на целиот тим во чиј фокус е секогаш клиентот. Заокружувајќи ја деветтата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во ...
„Главната цел на иницијативата е обновување на опожарениот зелен појас што ќе води кон подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, ублажување на ефектите од климатските промени. Дополнително значење на акцијата е едукацијата на најмладите кои од мали нозе се учат за природата и заштита на животната средина“, изјавија организаторите. Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување беа BV Business Group кои како општествено ...
Службата за дермато-венеролошки заболувања позната како Кожно одделение при Клиничката болница во Битола, една од најстарите во државата, го започна чествувањето на едновековниот јубилеј постоење со објавување на електронски алманах со фотографии. Во него на сликовит начин е прикажана историјата и смената на генерациите во оваа служба која за првпат како државна амбуланта започнала со работа во 1925 година. Во 2025 ќе слават сто години работа, ...
„СДСМ со свои активности и оваа година придонесува во подигнување на свеста за насилството врз жените и одговорноста на секој поединец во борбата против кршењето на основните човекови права и слободи“, рече Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека не само во овие 16 денови, туку 365 дена во годината СДСМ останува фокусиран на заштитата на правата на жените и девојчињата и елиминацијата на секаков облик на дискриминаторско однесување, рече ...
Катастрофа од најголеми размери, елементарна непогода од незапаметен вид, е власта СДС со ДУИ ! Почитувани граѓани, ете, конечно прозбори и комплетно безгласниот и неважен претседател на СДС во Битола, кој наместо да одговори на прашањата на граѓаните денеска држи прес конференција со закани и без никаква смисла. Господине Драган Крајовски, им останавте должни на граѓаните дали навистина во Затворот со кој вие менаџирате се употребува и се ...
ЛДП Битола, со критика за работењето на Општината Поплавата и оставањето на Битола без вода за пиење како да живееме во 19 век, не натера да алармираме на сите пропусти во работењето на Општина Битола за да можат да се превенираат вакви катастрофи како вчерашната. Имено ЛДП-Битола алармираше постојано дека кружниот тек кај Ат пазар е комплетно згрешен во планирањето, за денес да посочиме дека и изведбата на така згрешениот кружен тек е очајна. ...
Директорот на Јавното претпријатие Водовод, Пеце Милевски веднаш да си поднесе оставка на функцијата! Ништо не го “пере” од одговорност што повеќе од 18 часа ја остави половина Битола и околните општини Новаци и Могила без вода! Милевски нема никакво оправдување што ги врати битолчани во минатиот век, да полнат вода за пиење од цистерена, која патем ја набави претходниот директор на Водовод од СДСМ, Горан Козаров и за која ДПМНЕ се исмеваше. ...
- Во текот на вчерашниот ден, за време на изведувањето на градежните работи, но независно од нив, дојде до пукање на водоводна цевка поради што е прекинато водоснабдувањето на повеќе локации во градот. За вака настанатиот проблем, Стентон Градба најодговорно тврди дека градежните работници на терен, ги изведуваа градежните работи согласно потребното внимание и стручност кое се бара при изведување на работи од таков тип. Пукањето на цевката е ...
Екипите на ЈКП "Водовод"- Битола, по повеќе од десет часа на терен непрекината работа го санираа дефектот, информираат од јавното претпријатие. Со прекинато водоснабдување останува уште еден крак на улицата Стив Наумов (потег од Нико Фундали до Солунската со Христо Ботев) но, во текот на утрешниот ден се надеваме дека и тој проблем ќе биди надминат. Почитувани корисници, укажуваме Благодарност до Вас за трпението и разбирањето кое го ...