Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Пентагон не објавил информации за десетици американски војници кои биле повредени за време на воените дејствија со Иран, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални претставници. Според весникот, покрај нападот врз американската воена база во Јордан во петокот, во кој загинале двајца американски војници, четворица биле ранети, а еден се води како исчезнат, десетици други припадници на американската армија биле повредени ...
Пратеничката група на Левица денес поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за вино, со кој се брише одредбата што им овозможува на откупувачите законски да ја намалуваат минималната откупна цена на винското грозје за до 8%. „Лозарите кога плаќаат за наводнување, ѓубриво или препарати, никој не им дава цена намалена за 8% само затоа што не плаќаат на рати.“ – истакна пратеникот Сашко Јанчев на денешната прес-конференција. Иако законот ...
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција во одговор за новинарско прашање во врска со катастрофата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оцени дека ваков случај е недозволив во 21 век. „Функционалните канализациони и водоводни системи не се историски нов феномен. Постојат две и пол илјади години и во 2026 година да ни се случи ваква ситуација од вакви размери е незамисливо. Тоа како општество не ...
Сѐ погласно се најавува и шпекулира промената на пензискиот систем, а како можни акции и мерки за промена на катастрофалната состојба, се споменуваат зголемување на старостната граница како и укинувањето на вториот пензиски столб (приватните пензиски фондови). Ова не е решение кое на нашиот народ ќе му вети подобро утре. Пред 20 години, државата беше доведена во ситуација да направи коруптивна приватизација и пензиските придонеси да завршат ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива. Иако финансиските извештаи добиле мислење без резерва, ревизорите изразиле мислење со резерва во однос на усогласеноста со законите, подзаконските акти и воспоставените политики. Според ревизорскиот ...
Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, преку објава на социјалните мрежи, жестоко ја критикуваше власта, обвинувајќи ја за системска небрежност, партизација и неспособност што, според неа, доведуваат до сериозни последици по безбедноста и здравјето на граѓаните. Во својата објава, Станкоска оценува дека институциите реагираат дури по настанување на трагедии, додека човечките животи се сведуваат на „ПР-кризи и ...
Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Дмитриј Зиков, остро го критикуваше приклучувањето на земјата кон „коалицијата на волонтерите“, оценувајќи дека станува збор за отворено антируски чекор кој не придонесува за мировните напори во Украина. Во коментар за руската новинска агенција ТАСС, Зиков тврди дека Скопје презело сериозни политички обврски во рамки на иницијативата, предупредувајќи дека евентуално распоредување на воени ...
Повеќе од 50 семејства во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, затоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови. Иако со важечкиот урбанистички план со години се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. ...
Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата! Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие. Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што не смеело да има ниту една ...
Локалниот огранок на Левица во Кавадарци обвини дека актуелната законска можност за намалување на откупната цена на грозјето до 8 отсто претставува дополнителен удар врз лозарите од Тиквешијата. Од партијата тврдат дека одредбата од Законот за вино ги става земјоделците во неповолна положба и ја повикаа власта да ја укине можноста за, како што велат, „казнени намалувања“ на заработката на лозарите. Додека земјоделците од Тиквешијата се ...
Дејан Димовски изнесе сериозни тврдења во врска со состојбата на водоснабдителниот систем во Гостивар, оценувајќи дека актуелната ситуација е последица на занемарување на стручноста во институциите. Во гостување на ТВ24, Димовски изјави дека случувањата во Гостивар претставуваат предупредување за последиците од, како што рече, поставување политички подобни, наместо стручни кадри. „Ова е директна опомена што се случува кога се ...
Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја, реагираат од Левица. Да се побараат уште шест години од УНЕСКО е признание ...
Советничката на Левица во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, преку објава на Фејсбук упати критика до градоначалникот на Скопје поради промашениотиот промотивен билборд на кој требаше да биде прикажано Скопје. Таа оцени дека наместо да ја признае грешката и да се извини, градоначалникот продолжува со арогантен однос, додавајќи дека случајот е показател за начинот на кој се води главниот град. Ароганцијата е опасна работа, особено кога ќе се ...
ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира процесот. Власт која сака ...
Соопштение на ИРГЦ (Иранската револуционерна гарда): „Криминалниот американски режим, уште еднаш, среде преговори и во заблуда за наводното слабеење на Иран, официјално ја продолжи војната што всушност никогаш навистина не ја завршил. По неколкудневни борби против нашите вооружени сили и откако претрпеа поразителни одговори на агресијата на Трамп, и сфаќајќи дека иранските вооружени сили станале многу посилни отколку на првиот ден од војната, ...
Соопштение на ИРГЦ (Иранската револуционерна гарда): „Криминалниот американски режим, уште еднаш, среде преговори и во заблуда за наводното слабеење на Иран, официјално ја продолжи војната што всушност никогаш навистина не ја завршил. По неколкудневни борби против нашите вооружени сили и откако претрпеа поразителни одговори на агресијата на Трамп, и сфаќајќи дека иранските вооружени сили станале многу посилни отколку на првиот ден од војната, ...
Скопје ја носи престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Орце Ѓорѓиевски, пак, решил таа чест да ја одбележи со билборд на кој речиси ништо не е скопско, историски веродостојно, архитектонски препознатливо и возможно. Со типичната арогантна самоувереност, градоначалникот се пофали дека градот го разубавувал со љубов, внимание и посветеност. Вниманието, очигледно, не стигнало до броењето на нозете на коњот, арките на ...
Најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото претставува тешко обвинение против начинот на кој Мицкоски и ДПМНЕ управуваат со државата. Комисијата не опишува неколку изолирани слабости, туку систем во кој корупцијата останува широко распространета, високопрофилните предмети ретко завршуваат со правосилни пресуди, измените на Кривичниот законик го стеснуваат просторот за гонење, а институцијата задолжена за спречување на ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбите во повеќе македонски градови во периодот на поранешна Југославија и денес, оценувајќи дека животната средина, урбанизмот и културното наследство претрпеле сериозна деградација. Тој ги посочува случаите со загадената вода во Гостивар, проблемите со водоснабдувањето и загадувањето во Тетово, депониите во Дебар и Струга, урбанистичкиот хаос во ...
Пишува: Маја Дургутова член на Сектор Политичка економија при политичката партија Левица Во изминатите неколку години јавноста се навикна да ја поврзува инфлацијата со војните, енергетската криза и нарушените синџири на снабдување. Но, глобалната економија денес се соочува со уште еден фактор кој сè почесто ја обликува цената на животот – климата. Предупредувањата за силен Ел Нињо повторно ја отвораат дебатата дали светот е пред нов ценовен ...
Архитектот Андреа Јанков, обвини дека надлежните не постапиле согласно протоколите за заштита на јавното здравје по наводна контаминација на водоводната мрежа. Во објава на социјлните мрежи, тој посочува дека секој сомнеж за контакт меѓу водоводната и фекалната вода бара итно известување на граѓаните, исклучување на засегнатиот дел од системот, дезинфекција и микробиолошки анализи, оценувајќи дека поставувањето нестручен партиски кадар на ...
По доставено Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое советниците од Левица во Кисела Вода побараа увид во проектната документација за реконструкцијата на улица „Мариовска“, (Теферич), Општина Кисела Вода официјално одговори дека не поседува таква информација. Овој одговор отвора сериозни прашања. Како е можно институција да не поседува проектна документација за реконструкција што е реализирана со јавни средства? Ако ...
Информациите дека преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување. Површинска речна вода не смее непосредно да се вбризгува во мрежа наменета за вода за пиење. Пред воопшто да влезе во системот, таа мора да помине низ соодветен технолошки процес на прочистување, дезинфекција и контрола на нејзината ...
Големи тензии се случувале синоќа во Гостивар за време на акцијата за земање мостри од водата, која била спроведена по наредба на јавен обвинител, откако повеќе од 1.200 граѓани побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Според информациите, екипа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) била испратена да земе мостри од повеќе локации, но на терен се соочила со отпор. Како што објавува „Слободен печат“, поголема група луѓе ги спречувала ...
Во рамки на комисиската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратениците од Левица образложија повеќе амандмани насочени кон зголемување на инвестициите во спортот, културата, јавниот сервис и заштитата на културното наследство. Левица предложи зголемување на средствата за Планинарската федерација и Федерацијата на алпинисти на Македонија, посочувајќи дека земјата располага со долгогодишна традиција, клубови со повеќе ...
Едночасовниот пороен дожд што вчера вечер ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола. Според информациите, невремето траело од околу 20:40 до 21:40 часот, а преку Единствениот број за итни повици 112 биле пријавени поплави на улиците „Прилепска“, „Ѓорче Петров“, „Партизанска“, „Крсте Нале“, „Коста Абрашевиќ“, ...
Младиот македонски илустратор и стрип-автор Александар Танчовски на 17 јули (денес) ќе ја отвори својата самостојна изложба „Divine Line“ во Kaldrma Cocktail Bar во Старата скопска чаршија. Отворањето е закажано за 20:00 часот, а влезот е бесплатен. Поставката опфаќа повеќе од 30 дела изработени во различни традиционални техники како молив, мастило и водени бои. Преку своите илустрации, Танчовски ја истражува женската фигура како симбол на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок по пропаѓањето на привременото примирје со Иран, додека аналитичарите предупредуваат дека дополнителната воена ескалација тешко дека ќе го принуди Техеран да ги промени своите позиции, објави „Ројтерс“. Според агенцијата, Трамп се обидува да го ослаби влијанието на Иран врз Ормускиот Теснец и да изврши притисок врз иранското раководство, но досегашните воени акции не ги ...
Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот, реагираат од Левица. Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која години наназад работеше на предметите ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на социјалните мрежи, упати остри критики до Владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи низа случаи кои, според неа, ја отсликуваат состојбата во правосудството и институциите. Таа ја коментираше ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“, реакцијата на обвинителката Ленче Ристоска, условната казна за поранешната претседателка на ДКСК, застарувањето на предметот „Тотал“, како и ...