Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Француското национално собрание едногласно усвои закон за враќање на културните добра ограбени од поранешната колонијална империја на земјата. Пратениците во француското национално собрание во понеделник едногласно гласаа за закон со кој се олеснува враќањето на уметничките дела и артефактите ограбени од поранешните француски колонии. Францускиот Сенат го одобри нацрт-законот во јануари. Неодамнешни барања за враќање на артефакти се поднесени ...
Во битолското кино „Манаки“ вечер и утревечер ќе бидат приредени две пред-премиерни проекции на филмот „Железната тврдина” на режисерот Митко Панов, единствениот македонски добитник на наградата „Златна палма”. „Железна тврдина“ е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни. Морален прерогатив ...
Комеморацијата во спомен на доајенот на современата македонска ликовна уметност, професорот Родољуб Анастасов, ќе се одржи на 20-ти април 2026 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” во Музејот на град Скопје. На комеморацијата, колегите, пријателите, семејството и почитувачите на неговото творештво ќе му оддадат почит на професор Анастасов, еден од најзначајните македонски сликари и еден од ...
На 18 април 2026 година (сабота) во парк „Авионче“ ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена и содржајна програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи на 10-дневен прекин на огнот во Либан, насочен кон запирање на нападите врз Хезболах, во услови на зголемени дипломатски напори за деескалација на конфликтот во регионот. Примирјето, кое треба да стапи на сила во 23:00 часот по македонско време, е договорено со посредство на САД и има за цел да создаде простор за пошироки мировни преговори, вклучително и оние поврзани со тензиите меѓу САД, ...
Веќе два месеци дел од пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на клучна терапија, откако три важни лекови, Палбоциклиб, Фазлодекс и Николумаб, не се достапни во здравствениот систем. Станува збор за медикаменти што се користат во современото лекување на малигни заболувања, од кои два се наменети за специфичен тип на рак на дојка, додека третиот се применува како имунотерапија кај повеќе видови карцином. Според медицинските ...
Културните работници ќе ги искористат сите расположливи механизми за да спречат евентуално укинување на Колективниот договор, а доколку сепак дојде до таква одлука, правдата ќе ја бараат и пред Европски суд за човекови права во Стразбур. Ова го изјави претседателката на Синдикатот на културните работници (СКРМ), Вера Атанасовска, по денешниот протест во Скопје. Атанасовска нагласи дека приоритет на синдикатот е да не се дозволи Уставен суд да ...
На 15 април 2026 година, член на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји оствари телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Арагчи изјави дека Иран е подготвен да продолжи да бара решенија преку мирни преговори. Тој високо ги оцени напорите на Кина за поттикнување деескалација и намалување на тензиите, и изрази надеж дека Кина ќе продолжи ...
Од Левица – Сектор Култура обвинуваат дека најавената реконструкција на улиците во Старата скопска чаршија отвора сериозни дилеми дали станува збор за вистинска реставрација или за редизајн што го нарушува автентичниот изглед на просторот. Реакцијата доаѓа по најавата за почеток на градежните активности од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Од партијата посочуваат дека ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа парични казни во вкупен износ од над 19 илјади евра во денарска противвредност, во рамки на 1221 вонредни контроли спроведени пред Велигденските празници. Во акциите биле уништени повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата Дрисла биле нештетно уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од ...
Политичката партија Левица остро реагира на доделувањето на нов тендер за изградба на далекувод, обвинувајќи ја Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на, како што велат, „скандалозна пракса“ на наградување компании кои не ги исполнуваат своите обврски. Според нивната реакција, фирмата „Далековод“ од Загреб, поврзана со хрватскиот „Кончар“, добила нов милионски договор и покрај тоа што четири години не ја завршила трафостаницата ...
Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на начинот на кој Собранието на Република Македонија ја спроведува постапката за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, обвинувајќи за нетранспарентност и прекршување на законските процедури. Според нивната реакција, на веб-страницата на Собранието е објавен дневен ред за седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која е предвидена јавна ...
Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци денеска во 13 часот ќе биде отворена ексклузивна изложба на доајенот на македонската ликовна уметност Димитар Кондовски насловена како „Димитар Кондовски и македонските бајки“. Изложбата нè враќа во магичниот свет на македонската усна традиција, оживеан преку маестралните илустрации на Димитар Кондовски. Изложбата претставува редок увид во 82 илустрации инспирирани од ...
По романите за Тито и Сирма, од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, пристигнува нова историска фикција – роман за Гоце Делчев. Новата книга „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде ексклузивно претставена на отворањето на претстојниот Саем на книгата, на 23 април (четврток), во 18 часот. „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како да го ...
Со цел да се поттикне современото поетско творештво и да се зајакне културниот дијалог меѓу земјите од регионот, денес официјално е објавен регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“. Конкурсот има непрофитен културен карактер и е замислен како долгорочна платформа за афирмација на лирската поезија на Балканот, со особен акцент на автентичниот поетски израз, јазичната разновидност и современите поетски ...
Во време кога технологијата ветува контрола и безбедност, реалноста покажува спротивно – системите стануваат сè поранливи, а скандалите со протекување податоци се множат. Најновиот случај ја погоди компанијата Rockstar Games, каде хакерската група „ShinyHunters“ успеа да пробие дел од инфраструктурата и да дојде до доверливи интерни информации. Хакерите бараат откуп, заканувајќи се дека ќе ги објават податоците ако барањата не бидат ...
Додека големите сили играат шах со народите, цената повторно ја плаќа обичниот човек. Меѓународниот монетарен фонд (IMF) предупредува: светот влегува во нова економска неизвесност. Поради конфликтот околу Иран, глобалните синџири на снабдување се разнишани, а цените на енергијата и храната повторно растат. Според IMF, државите ќе мора да штедат енергија, додека милијарди луѓе се соочуваат со поскап живот и неизвесна иднина. Во сенка на ...
Левица го осудува обидот за укинување на Колективниот договор за култура, кој власта го турка преку Уставниот суд, и ќе го поддржи најавениот протест на културните работници закажан за 16 априли пред Министерството за култура. Вработените во културата преку овој протест ќе го изразат својот револт заради непочитувањето на колективните договори од страна на министерството. Со покренување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил обвини за недоследности и нетранспарентност во најавите за изградба на новата болница во Кичево, посочувајќи дека институциите даваат различни информации за изворот на финансирање. Таа реагира откако, и покрај претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека проектот ќе се заврши за две години и ќе се реализира со средства од т.н. британски кредит, директорката на ...
Секоја година на 15 април се одбележува Светскиот ден на уметноста, ден посветен на креативноста, изразувањето и улогата што уметноста ја има во општеството. Овој датум е избран во чест на роденденот на еден од највлијателните уметници во историјата, Леонардо да Винчи, симбол на генијалност, мир и слободно изразување. Иницијативата за одбележување на овој ден е официјализирана во 2012 година од страна на УНЕСКО, со цел да се поттикне ...
Претседателот на Си Џинпинг оствари средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој престојува во официјална посета на Кина. Средбата беше фокусирана на зајакнување на билатералната соработка и актуелните глобални предизвици. Си Џинпинг во своето обраќање истакна дека светот се соочува со турбулентен период, обележан со растечка конкуренција меѓу правото и силата. Тој нагласи дека Кина и Шпанија делат заеднички вредности поврзани со принципите ...
Студентите денес во 12 часот ќе протестираат пред Народната банка, изразувајќи незадоволство од оданочувањето на заработката стекната преку програмата „Work & Travel“. Според најавата објавена на социјалните мрежи, протестот е предвидено да трае два часа. Во описот на настанот се наведува дека главната причина за протестот е законот за оданочување на студентите кои работеле во Германија и САД, при што тие реагираат на решенијата за ...
Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, обвини за сериозни незаконски постапувања во Министерството за одбрана, посочувајќи дека правата на припадниците на Армијата системски се прекршуваат, а состојбата е значително влошена. Според Насковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски сторил три клучни прекршувања на законите. Првото се однесува на недонесувањето на Планот за преземање и ...
Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ вчера распиша конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2025 до 1 мај 2026 година. На конкурсот, кој ќе трае до 1 мај годинава, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е ...
Во Археолошкиот музеј во Скопје, по повод 18 Април, интернационалниот ден на спомениците и археолошките локалитети, неделава ќе се одржат бројни настани посветени на археологијата и на современите пристапи кон културното наследство. На 15 април, со почеток од 11 часот, ќе се одржи предавање на тема „Дигитална документација на археолошки наоди со помош на ласерски цртач на профили на керамика“. Предавачи се м-р Матеј Лелович и проф. д-р Марек ...
По повод 15 Април, Светскиот ден на уметноста, денеска на ул. „Македонија“ во Скопје ќе се одржи фестивалот „Центарски улици 4“. Ќе има разновидна програма која почнува напладне со настап на диџеј Папак Басс и изложба на ликовни дела во соработка со Универзитетот ФОН. Следуваат неколку улични шоуа – на Фаз Бабл (13 ч.), Кристијан Бенито (14 ч.), Ѓурчиновски (14.30 ч.). Програмата продолжува во 18 часот со улични живи статуи и настап на Дина ...
Промоцијата на романот „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева во издание на „ПНВ Публикации“ ќе се одржи денеска во 19 часот во Салон Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје. „Зара Зарина“ низ испреплетување на минатото и иднината ја раскажува судбината на главниот лик и нејзините родители, допирајќи ги националните, религиозните, традиционалните и современите идентитети. Романот започнува во Кабул и се развива во повеќе правци, ...
Односите меѓу Италија и Израел во последниот период влегуваат во фаза на забележлива дипломатска напнатост, при што Рим сè поотворено ја критикува политиката на израелските власти, особено во контекст на случувањата на Блискиот Исток. Италијанската влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, во неколку наврати изрази загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа, нагласувајќи ја потребата од итен прекин на огнот и поголема заштита ...
Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) најави протест што ќе се одржи на 16 април во 12 часот пред Министерството за култура, под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“. Од СКРМ соопштуваат дека незадоволството е насочено кон, како што наведуваат, „срамната одлука“ на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и за, според нив, неправилности во начинот на ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил-Хактан, преку објава на социјалните мрежи ја спореди најавата за референдум во Словенија за членството во НАТО со македонскиот пристап кон Алијансата, обвинувајќи дека државата била внесена „без амин од народот“. Тој посочува дека словенечките власти демонстрираат политичка зрелост и транспарентност, бидејќи одлуката за зголемените трошоци за НАТО ја оставаат на граѓаните, додека кај нас, според него, ...