Трагедијата која го потресе Кочани однесе уште една трагична жртва – денеска претпладне почина Стојанче Стефанов (2001), жител на Кочани, кој повеќе од еден месец се бореше за живот во Воено Медицинската Академија (ВМА) во Белград. Со ова, бројот на жртви од трагичниот настан се искачи на вкупно 62. Според информациите од Министерството за здравство, станувало збор за тешко повреден пациент кој уште од првиот ден по несреќата бил идентификуван ...

Советникот во Советот на Општина Свети Николе и член на Президиумот на Левица, Александар Симонов, на последната седница укажа на деценискиот институционален пропуст во регулирањето на авто-такси превозот во општината. „И покрај законската обврска, Општина Свети Николе последен пат има донесено одлука за утврдување на тарифа за такси-услуги во 2011 година. Од тогаш, оваа дејност е целосно запоставена, а последниве две години има само една до две ...

Македонија веќе не е на крстопат. Таа е заглавена во лажни ветувања, неисполнети преговори и политичко обезличување. Новата изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос, дадена за Европската новинска редакција, го потврди она што одамна го чувствуваат граѓаните: „Гаранции нема“. Оваа искрена, но крајно алармантна констатација е врв на еден процес кој полека, но сигурно ја редефинира Македонија не како субјект, туку како објект на туѓи ...

Во период на интензивни геополитички тензии и тивка редефиниција на безбедносните приоритети на Балканот, новата иницијатива за регионална безбедносна соработка меѓу Албанија, Косово, Хрватска и Бугарија покрена сериозни прашања за смислата, насоката и можните последици од ваквиот „пакт во пакт“. Сите овие држави се веќе дел од НАТО – што самото по себе ги обврзува на заемна безбедност и одбрана. Тогаш, се поставува логичното прашање: зошто ...

Археолозите открија остатоци од одамна изгубениот антички град Линк и родното место на Евридика, бабата на Александар Македонски. Во близина на селото Црнобуки, се веруваше дека археолошкиот локалитет Градиште датира од 3 век п.н.е. во времето на кралот Филип V. Меѓутоа, неодамнешните откритија на заедничкиот истражувачки тим на НУ Заводот и музеј-Битола и Државниот политехнички универзитет во Калифорнија, Хумболт (Кал Поли Хумболт) открија ...

Во последните месеци, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наидоа на алармантни случаи на небезбедна храна ширум Македонија. Според директорот на АХВ, Оливер Миланов, досега се откриени околу 300 тони храна која не ги исполнува основните стандарди за безбедност и квалитет . Инспекциите открија дека многу производи, вклучувајќи кондиторски производи, млечни и сувомеснати производи, преработена храна, природни минерални ...

Во последните недели, бугарските медиуми повторно упатија напади кон Васил Стерјовски, пратеник во албанскиот парламент и лидер на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената партија што ги застапува интересите на македонското малцинство во Албанија. Обвинувањата, кои вклучуваат тврдења дека Стерјовски поседува српско државјанство и дека неговата партија е создадена со поддршка од Србија, беа категорично отфрлени од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе отпатува во Москва на 9 мај за да присуствува на прославата на Денот на победата, организирана од рускиот претседател Владимир Путин, и покрај силниот притисок и јасните предупредувања од Европската Унија. Според американската новинска агенција Асошиетед прес, ЕУ веќе изразила сериозна загриженост дека присуството на српскиот претседател на настанот би било спротивно на европските вредности и ...

Кина денес изјави дека нема намера да реагира на, како што ги нарекува, американските „игри со бројки“ кога станува збор за царинските мерки, откако Белата куќа соопшти дека Пекинг моментално се соочува со комбинирани царини кои достигнуваат дури 245 проценти. Според соопштението од Вашингтон, новите американски мерки вклучуваат реципрочна царина од 125 проценти, дополнителни 20 проценти поврзани со кризата со фентанил, како и различни царини ...

Наставничка од средното медицинско училиште „Панче Караѓозовски“ во Скопје се соочува со сериозни притисоци, поради поништен тест на сите ученици поради препишување. Според информации што пристигнале до редакцијата, еден од учениците одбил да ја потврди својата оценка преку усно испрашување, а подоцна упатувал и навреди кон професорката, алудирајќи дека нејзината диплома e „невалидна“ доколку неговиот тест биде поништен и се заканувал на ...

Партијата Левица ја повика Владата итно да го разреши министерот за здравство Арбен Таравари, обвинувајќи го за директна одговорност за затворањето на салата на Клиниката за кардиохирургија – стратешки значаен медицински капацитет. Според соопштението, затворањето на единствената сала за кардиохирургија претставува „колапс на здравствениот систем“, особено во услови кога пациентите немаат алтернатива за третман. Од Левица реагираат и на ...

Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје ќе бидат изложени во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија на 24 април 2025 година. Конципирана од 87 дела од колекцијата на МСУ, во најголем дел од македонски автори, изложбата е насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“ и ќе биде отворена десет месеци. „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ ја градат дела од 87 автори ...

По повод 75 години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата поетска книга на еден од најзначајните современи македонски поети, Раде Силјан, Здружението за уметност и култура „Дијалог“, деновиве ја објави книгата „Книжевната критика за поезијата на Раде Силјан“. Приредувач на изданието е Иван Антоновски, којшто е автор и на обемниот предговор. – Беспоговорно, комплексна и тешка е задачата и/или определбата да се издвојат канонските ...

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објави конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2025 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2025 година, a сo цел развој и ...

Шестиот мирен протест против изградбата на регионалната депонија во Пелагонија се одржа вчера на пладне на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Наместо пред зградата на Општина, битолчани одлучија своето незадоволство да го изразат во срцето на градот – симболично, но и практично, во обид гласот на народот да одекне погласно. Со транспаренти на кои пишуваше „Стоп за депонија, не за онкологија“, „Битола не ја оставаме без иднина и поколение“ и ...

Националната арена „Тодор Проески“ вчера не беше само стадион – беше светилник на солидарноста, болката и човечката блискост. Токму еден месец по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога животот на млади луѓе беше сурово прекинат во оганот на невниманието и безгрижието, фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организираше хуманитарен натпревар во нивна чест. Натпреварот започна со минута молк. Но, таа минута беше гласна. ...

Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, денеска го изрази своето остро несогласување со Предлог-законот за работно ангажирање на лица, кој беше предложен од пратениците на ДПМНЕ и СДСМ. Според Апасиев, овој закон не само што е правно нецелосен, туку и сериозно ја загрозува заштитата на правата на работниците во Македонија. „Работното ангажирање“, како што истакна Апасиев, е непостоечка категорија во правото. Наместо да се ...

„Западот каков што го знаевме повеќе не постои.“ Со оваа реченица, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен постави мрачен, но решителен тон во интервју за германскиот весник Die Zeit, сигнализирајќи дека Европската унија мора да ја напушти традиционалната улога на пасивен сојузник и да зачекори на глобалната сцена со поактивна, посамостојна надворешна политика. Фон дер Лаен, иако самата се декларира како „убеден атлантист“ и ...

По најновиот скандал во јавното здравство, повторно се отвори прашањето што сите го избегнуваме, но сите го чувствуваме: може ли моралот да го победи профитот? И ако не, тогаш што ни останува? Амар Мециновиќ, со својата длабоко критичка и филозофски обмислена реакција, не нуди утешна порака, туку го отвора фронтот на едно суштинско прашање: дали воопшто моралот некогаш бил победник во борбата против интересите на капиталот? Неговото мислење не ...

Скопје, некогашен симбол на културна виталност, денес повторно сведочи на губење на дел од своето уметничко и културно наследство. Бронзениот релјеф на уметникот Насо Беќаровски, поставен во непосредна близина на Собранието, исчезна од својата локација, а според неофицијални информации, завршил на депонија за старо железо. На ова реагираше уметникот Никола Пијанманов, кој преку својата објава на Фејсбук упати остри критики на негрижата за ...

Наместо инспекција и транспарентност – молк, дезинформации и врски со политиката и криминалот На 14 март, Крива Река, една од најчистите планински води во Североисточна Македонија, се претвори во темносиво мртво течение налик на бетон. Хаваријата што се случи во кругот на рудникот „Тораница“, класифициран како Г1 – најтешка и загадувачка индустрија, откри не само еколошка катастрофа, туку и длабоки институционални пропусти и сомнителни релации ...

Семејството на Сашко Димитров, пензиониран полициски службеник од Штип, категорично демантира дека тој е во бегство, како што беше објавено денеска од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Социјалните мрежи беа исполнети со шпекулации дека Димитров избегал во странство, но семејството вели дека тоа е апсолутна лагa. „Како може да се тврди дека е во бегство кога никој од органите на прогонот не го побарал?“, прашува Славче Димитров, ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од Левица, Катерина Јовановска, остро реагираше на одлуката за пролонгирање на рокот за реконструкција на улицата во Долна Матка до 2027 година, потенцирајќи дека и по две години, проектот не е ни започнат. „Дали на Град Скопје му се потребни четири години за да реконструира една улица?“, праша Јовановска, обвинувајќи ги градските власти за сериозен застој во реализацијата на проектот ...

На денешната презентација на годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, во својство на претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, упати остри, но конструктивни критики на сметка на институционалната (не)координација и слабостите во системот за заштита на човековите права. Апасиев предупреди дека ...

И покрај неодамнешното покачување на минималната плата на 24.379 денари (395 евра), Македонија и понатаму останува на дното според висината на минималната плата во регионот. Според споредбените податоци, дури и Албанија, со минимална плата од 402 евра, веќе ја надминала Македонија. Србија бележи минималец од 454 евра, Босна и Херцеговина 600 евра, а Црна Гора веќе достигна 800 евра. Новата минимална плата требаше да биде исплатена до 15 април, ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува сите работници, синдикални организации и граѓани кои ја поддржуваат работничката борба, да се приклучат на голем работнички протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом во Скопје, од каде што поворката ќе се упати кон Собранието, Стопанската комора и Владата. Од ССМ велат дека работничкото движење во Македонија се соочува со сериозни ...

Во најнова објава на Фејсбук, активистот, Игор Ѓуровски, упати критика до Владата и премиерските советници во врска со нерешеното прашање за паркингот на Клиничкиот Центар во Скопје. Ѓуровски прашува дали некому од десетиците советници на премиерот, кои според него земаат плати од 1.000 до 1.500 евра месечно, му „текнало“ дека проблемот со паркирањето на најголемиот здравствен комплекс во државата може да се реши со средства од унгарскиот ...

Во проширувањето на истрагата за трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, меѓу уапсените се најдоа пензионирани полициски службеници и еден поранешен командир на полициската станица во Кочани. Според информациите објавени од државниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата ТОП Тема на Телма, уапсени се вкупно шест лица – петмина поранешни началници и еден актуелен полициски службеник кој поднел оставка пред несреќата, но таа не му била ...

По вчерашните претреси на осум различни локации во Прилеп, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп соопшти дека е прибрана целокупната документација поврзана со финансиското работење на Општата болница со проширена надлежност во Прилеп, за периодот од 2020 година до денес. Документите сега се предмет на анализа, а случајот е во предистражна фаза во соработка со Финансиската полиција. „Се вршат проверки и на тендерска, како и на целокупна ...

Јавното обвинителство отвори истрага против десет поранешни полициски службеници под сомнение дека со своето дејствување придонеле кон настанување на пожарот во Кабарето „Пулс“, што во јавноста предизвика сериозни реакции поради безбедносните пропусти. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за лица кои во периодот од 2012 до 2022 година биле вработени во Секторот за внатрешни работи Штип и Полициската станица за општа надлежност ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
32%
1009
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
49%
1006
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
89%
1007
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
31%
1007
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.44
49%
1006
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
92%
1007
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.02
32%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
56%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
60%
1011
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
38%
1005
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
90%
1010
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
35%
1009
Currency

61.53

Currency

54.4493

Currency

72.154

Currency

35.1468

Currency

39.3934

Currency

66.0489

Currency

7.48449

Currency

0.6574

Currency

0.37802

Currency

0.52493

Currency

1.41089

Currency

0.64385

Алуминиум

2.44

Кобалт

42.99

Никел

15325.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1029.59

Злато

104200.32

Бакар

9.35

Паладиум

30125.25

Платина

30642.08

Родиум

172810.26

Цинк

2.58