Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во Специјализираниот суд во Хаг започнаа завршните зборови во судскиот процес против поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на Собранието Кадри Весели и Јакуп Красниќи, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими, пренесува „Еуроњуз Албанија“. Специјализираната обвинителка Кимберли Вест во воведното обраќање оцени дека Специјализираниот суд во ...
Во градот Света Недела кој се наоѓа во непосредна близина на Самобор свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата за отворање на ова училиште беше граѓанска, а иницијатор е професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која веќе го предава истиот предмет во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво ,,Охридски бисер“ во Загреб. Со поддршка од ...
На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски. Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на ...
ДЗР со извештаи за финансиското работење на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива за 2024 година Државен завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи за финансиското работење и усогласеноста со законската регулатива на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива за 2024 година. Во најголем дел од извештаите, ревизорите изразиле мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските ...
„Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“. Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни проекти Лилјана Степанчиќ. Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори претседателката Гордана ...
Објавен е македонскиот превод на романот „Дрвеници“ од Мартина Видаиќ, современа хрватска писателка и добитничка на Наградата за литература на Европската Унија за 2023 година. Преводот на македонски јазик го потпишува Ѓорѓи Крстевски, а книгата е достапна во книжарниците и преку дистрибутивната мрежа на издавачот. Во фокусот на романот е младата архитектка Горана Храбров, која по смртта на својот партнер започнува тивко талкање низ Загреб, ...
Политичката партија Левица обвини дека одлуката за замена на притворот со куќен притвор за Артан Груби е донесена врз основа на нејасни и контрадикторни проценки од безбедносните институции. Според партијата, директорот на истражниот затвор „Шутка“ првично соопштил дека Груби не поднел поплаки за безбедносен ризик, дека му бил извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Неколку часа подоцна, како што наведуваат од ...
Судската постапка против поранешниот градоначалник на Струга, Рамис Мерко, повторно е одложена, откако денешните две рочишта во Основниот суд во Струга не се одржаа. Станува збор за предметите што се однесуваат на поставувањето спомен-плоча на влезот на општинската зграда и за договорот за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. Според судијата Јордан Јованов, причината за одлагањето е привремена спреченост на обвинетиот поради ...
Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закона со цел директно финансиско растеретување на граѓаните и малите економски субјекти, најави на вчерашната прес-конференција пратеникот Реџеп Исмаил – Хактан. Како што информираше Исмаил, законските измени се насочени кон физичките лица, семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, со намера да се намали, како што рече, непропорционалниот даночен товар што во моментов ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ја објави листата на музичари кои ќе настапат на настанот „Блокада фест“, што ќе се одржи утре од 15 до 23 часот пред влезот на цементарницата Титан Усје. Организаторите најавуваат осумчасовна блокада проследена со музичка програма, како дел од протестот што се одвива под паролата „Без Усје полесно се дише“. Според иницијативата, настанот има двојна цел – јавно да се изразат барањата за почиста животна ...
Политичката партија Левица соопшти дека додека граѓаните плаќаат се повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, а скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува. Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен – во вредност од 7 милиони евра – го доби контроверзна фирма од Косово со криминално минато. Имено, директорот на ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна набавка со ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, информира дека поднела иницијативи до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и до Државниот инспекторат за животна средина за вршење вонредни инспекциски надзори во Струга, поради загадувањето на изворот за питка вода. Според Мојсоска, Струга и околу 50.000 жители веќе трета недела се без вода за пиење. Таа бара инспекциски контроли над сите субјекти што поседуваат ...
Апелациониот суд денеска ја пресуди во корист на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и против новинарите на Институтот за репортерски истражувања (ИРЛ), оценувајќи дека тужбата за навреда која Анѓушев ја поднел има правна основа. Во 2021 година, Граѓанскиот суд ја одби тужбата како неоснована, констатирајќи дека нема доволно причини за утврдување на клевета. Анѓушев поднесе жалба до Апелациониот суд, кој ја уважи и врати предметот на ...
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница во село Блатец, обвинувајќи за незаконско пролонгирање на роковите и игнорирање на волјата на локалното население кое како што рече „веќе една деценија со своите тела, со един вид жив штит, си ја бранат реката и правото на незагадена природа и вода“. Крмов истакна дека ...
Ана Снежана Јашаровска преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики до пратеничката Дафина Стојановска, повикувајќи ја, наместо на јавни настапи и објави на Фејсбук, да се фокусира на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Во објавата, Јашаровска ѝ порачува на Стојановска „наместо да глуми приватен детектив и да истражува други“, да ја посети состојбата во јавните простори, гробиштата, улиците и општините, посочувајќи ...
Лоренс де Кар поднесе оставка од функцијата директор на парискиот музеј Лувр, бидејќи продолжуваат последиците од грабежот преку ден, во кој беа украдени непроценливи крунски скапоцености од најпопуларниот музеј во светот. Таа беше постојано критикувана поради безбедносни пропусти по смелиот грабеж преку ден минатиот октомври во најпосетуваниот музеј во светот. Во соопштение на својата веб-страница, Елисејската палата на францускиот ...
Со комеморативен собир пред старата полициска станица во Теарце, денеска беше одбележана 25-годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски, кој го загуби животот при ракетниот напад врз полициската станица извршен од терористите од т.н. ОНА во 2001 година. На овој ден пред 25 години, полициската станица во Теарце беше цел на напад со ракетен фрлач, при што од експлозијата на проектилот загина полицаецот Момир Стојановски, а ...
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет на 30 јануари во 20 часот на сцената на Македонската филхармонија. Ова ќе биде официјално отворање на концертната сезона 2026. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче ...
Саем за туризам во чиј фокус ќе бидат македонските рурални домаќинства и бизниси ќе се одржува на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Како што најавуваат организаторите, Саемот на едно место ќе ги обедини најавтентичните рурални приказни од цела Македонија, а целта е да се приближи руралниот и искуствениот туризам до пошироката јавност, но и да се покаже дека патувањето не е само дестинација, туку и доживување, поврзување и учество во ...
„Месечините на нашите животи“ е насловот на книгата со избор раскази на Ацо Гогов, која неодамна ја објави „Македоника литера“. – Книгата содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот од една чудна, изместена перспектива, некаде на границата помеѓу јавето и сонот. Авторот наоѓа начин да ја еродира баналноста на секојдневието, и да продре до ...
На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Како што наведува Националната опера и балет, балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, како и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека ...
Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2026 годиина. Заинтересираните уметници, на еден документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис (we transfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во ...
Македонија е првата држава во регионот во којашто во превод се објавени сите романи од најпознатиот и најбараниот новелистички серијал на современата шведска книжевност – меѓународно најпродаваниот серијал романи за Себастијан Бергман. „Матица македонска“ во превод на македонски јазик го објави и романот „Повисока правда“ од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт – најновото, шесто продолжение на серијалот што се издвојува како единствен од ваков ...
Став на Дејан Димовски, дипломиран инженер. 1. РКЕ не го штити јавниот интерес (енергетските компании со државен предзнак и општиот интерес на народот). ЕСМ (државна компанија) продава електрична енергија на ЕВН Хоум (приватна компанија) по цена 65e за MWh, многу пониска од цената на производство. ЕСМ бележи финансиски долгови повисоки од 250 милиони евра. Електродистрибуција фирма ќерка на ЕВН остварува добивка близу 30 милиони евра ...
Статус на адвокатот Жарe Стеваноски: На лидерската средба, Мицкоски одбил да се разговара за обештетување на семејствата на загинатите од пожарот во Кочани со образложение дека објектот бил приватен? Обвинението за пожарот во Кочани е поднесено против носители на јавни функции кои затаиле во извршување на своите должности а биле дел од системот. Што значи, судската постапка за Кочани претставува процес против системот кој затаил, а не штета ...
Фејсбук статус на Ана Снежана Јашаровска претседателка на здружението ,,Amaro Drom” (Нашиот пат кон правда / превод) Во јавниот дискурс во Македонија се отвори значајна дебата околу иницијативата на Левица и предлогот на Димитар Апасиев за воспоставување ромски правобранител како институционален механизам за заштита на правата на ромската заедница. Дел од ромските активисти и организации јавно се изјаснија тврдејќи дека зад неа постои ...
Фејсбук статус на Анита Гибсон за официјалната посета на македонска парламентарна делегација на државата Израел Мора некаде да постои граница меѓу моралот и политиката. А вие таа граница одамна ја избришавте. Да се оди во официјална посета на Израел во момент на масовно убивање, глад и уништување на Палестинците, додека светот сè погласно зборува за геноцид и апартхејд, не е „дипломатски баланс“. Тоа е отворен морален колапс. Оваа влада – ...
Став на Емил Јанчевски Мајкл Паренти беше еден од најјасните и најборбените гласови на марксистичката мисла во срцето на империјалистичката метропола и неговата смрт на 24 јануари 2026 е губиток за за сите светски работнички и антиимперијалистички движења. Но, тој останува жив во логиката на нашата борба како принципиелен марксист, неуморен разобличувач на империјализмот и буржоаската демократија. Денес, кога империјализмот е поагресивен од ...
Автор: Дарко Тодоровски – воен аналитичар и докторант на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација Во Иран веќе 12-ти ден траат протестите против властите како резултат на тешката економска и социјална положба. Протестите ескалираат и веќе имаат јасно изразена политичка цел, а тоа е рушење на власта во Техеран. Владините медиуми тврдат дека протестите се инспирирани од странско влијание, пред се САД и ...
Од еден медиум бев прашан за моите новогодишни желби во културата – неколку реченици, ништо повеќе. Искрено, освен повторување на истите теми со кои веќе си здосадив и себеси, немав јасна идеја што да кажам. Но штом седнав пред празниот ворд-документ, неколкуте реченици прераснаа во цела страница, а страницата во колумна. Така настана оваа моја новогодишна резолуција во културата за 2026-та. Веќе неколку години ги повторувам истите забелешки ...