
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Министерството за внатрешни работи на Македонија на чело со Панче Тошковски, без никаков јавен дијалог или образложение ги зголеми таксите за престој на странци во земјата – од 190 денари на 6.150 денари за постојан престој и од 190 денари на 4.000 денари за привремен престој. Ова е повеќе од драматично поскапување – тоа е одлука која ќе ја отежне процедурата за оние кои сакаат да престојуваат во Македонија, без да им се даде соодветно ...
Митко Василевски со емоционален осврт на страдањата во системот на логорите „Јасеновац“, со посебен акцент на идеолошките жртви – комунистите. Василевски го претставува страданието, отпорот и историското обезличување на овие жртви низ призма на денешните политички парадокси и ревизии на историјата. „Системот логори ,, Јасеновац”, покрај сите ставки по националност на жртви, во кои страшно доминираат Срби, па Евреи, Роми, Хрвати, има една која ...
Денес се бележат 24 години од најбруталниот масакр од заседа кога беа ПРЕДАДЕНИ 8 македонски бранители. Воено злосторство налик на најгрозоморните дела на ИСИС кое никогаш не се расчисти, а останаа само шпекулации за директна инволвираност на актуелни функционери. Сашо Гилевски, припадник на Посебната единица на СВР Битола, е еден од првите кој пристигнуваат на кобното место. Тој масакрот го опишува вака: „Истрчав, ама што да видам: Марјан, Кире ...
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција. Според најавата, маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје, по што ќе се продолжи пред собранието на Македонија. ,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските ...
На 30 април(среда) во Ла Кања во Старата скопска чаршија, по повод 34-0т роденден на Канал 103, концерт ќе одржи финскиот музички алхемичар Kadonnut Manner. Kadonnut Manner е проект на Lauri Manner, уметничко име кое може да се преведе како „изгубениот континент“. Неговата музика е емотивно патување кое го спојува американскиот гитарски примитивизам со длабочината на блузот и суровата убавина на северот – наследство преточено во нешто сосема ...
Во Културниот центар „Фазил Искандер” во Москва од 23 до 30 април се одржуваат Денови на македонската литература за деца и млади насловени „Читај ја Македонија!”. Такво широко претставување на македонските писатели за деца во Русија се прави првпат, соопшти Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва. Главни гости на настанот се деца на 11-12 годишна возраст и нивни школски наставници. Панкина ...
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово заедно со својот Фото Клуб „МОТУС“ во период од 29 април (вторник) 2025, во просториите на Атеље и Галерија „Чубрило“ – Кула Гардош во Земун, Белград, ќе ја организира самостојната изложба на уметничка фотографија “Illusion of human existance” на својот член Глигор Максимовски. Глигор Максимовски е роден 1990 година во Куманово, каде и ден денеска ...
Во срцето на скопската населба Дебар Маало, каде што спомените и културата се преплетуваат, денеска беше одбележан 73-тиот роденден на еден од најзначајните македонски драмски автори – Горан Стефановски. Настанот под наслов „Горан е тука“ се одржа покрај спомен-клупата посветена на Стефановски, симболично место што го претставува неговото трајно присуство во културниот живот на градот. Програмата беше богата со уметнички изведби кои ја ...
Во најнова објава на Левица, партијата жестоко ја разобличува мрежата на политичко-бизнис интереси која, под покровителство на молчливата власт, му овозможува на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, да гради луксузен хотел на заштитеното крајбрежје на Охридското Езеро, при што се прекршуваат домашни и меѓународни закони за заштита на природното и културното наследство. „Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото ...
Белгискиот европратеник Марк Ботенга од Работничката партија на Белгија, во своето обраќање до Калас, изрази длабока загриженост за односот на ЕУ кон израелско-палестинскиот конфликт. Тој ја обвини ЕУ за двојни стандарди, истакнувајќи дека додека за руските воени злосторства во Украина се воведени над 40 санкции, за Израел, кој е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, не е воведена ниту една санкција . Во своето обраќање, ...
Додека јавноста чека целосна и непристрасна правда за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сѐ поочигледно е дека институциите, под раководство на Панче Тошковски, се обидуваат да ја спасат партиската структура по цена на вистината и довербата на граѓаните. Од Левица најавија Интерпелација против министерот Панче Тошковски „Додека јавноста сведочи за апсења поврзани со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за жал станува сѐ ...
Во духот на заедничката грижа за природата и подобра иднина, Црвена Младина заедно со Зелениот сектор на Левица вчера организираа еколошка акција за садење дрвца во Градскиот парк во Скопје. Оваа акција е дел од континуираните напори на младите активисти да го истакнат значењето на непосредното делување кога станува збор за заштитата на животната средина. „Младите имаат волја, свест и енергија да делуваат, не само со зборови, туку и со дела“, ...
Објавата на Јована Мојсоска стана огледало на најстрашната вистина за оваа земја: дека човечкиот живот овде вреди помалку од политичкиот рејтинг. Додека родителите во Кочани ја живеат својата најголема ноќна мора, власта на ДПМНЕ им испраќа закани – за да молчат, да не бараат правда, да не го нарушуваат мирот на корумпираните функционери. „Сега треба и на родителите од Кочани да им мудруваме како треба да протестираат, да жалат, да бараат ...
Сè поголем број функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доставуваат паушално пополнети анкетни листови за имотната состојба, сериозно поткопувајќи ја транспарентноста и интегритетот на јавните функции. Од партијата Левица остро реагираат на оваа пракса, обвинувајќи за кршење на законските обврски и обвинувајќи ја Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за неактивност и прикривање на неправилностите. Левица најостро ја осудува ...
Шокантно сведоштво на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани ги остави сите во неверување. За време на протестот, една од мајките откри дека полицијата не само што ги заплашувала, туку и им пишувала заканувачки пораки, предупредувајќи ги да не зборуваат премногу, велејќи им дека и тие ќе бидат приведени и ќе одговараат. „Не се плашиме, немаме што да изгубиме, нека не апсат“, се гневно обраќаат родителите кои бараат правда за ...
Во време кога довербата во институциите сѐ повеќе се губи, секој личен пример на хуманост и одговорност е светилник што покажува дека општеството сѐ уште има шанса да се промени. Советниците на Левица-Аеродром токму тоа го направија – со својот чин на солидарност упатија јасна порака дека човечноста не треба да има граници, а особено не кај оние што ја носат довербата на граѓаните. „Кочани е црна дамка на нашата колективна меморија која ...
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во гостување на КТВ алармираше за систематското уништување на работничките права и јавниот интерес во Македонија, укажувајќи дека државата сè повеќе се претвора во олигархиски проект под диктат на крупниот бизнис. „Ние имаме најработничка програма затоа што сме работничка партија, лево ориентирани – одтука работничките права и трудовото право ни се на пиедесталот“, истакна Апасиев, ...
Во потресна објава на социјалните мрежи, Вања Андонова, мајка и онколошки пациент, го изрази својот очај поради долгото чекање на неопходната терапија: „Жива ли ќе сум за да ја примам терапијата? Април месец отиде. Колку месеци треба за тендери? Животот ми зависи од тоа. Алооо!!!! Некој да размисли нешто!!! Барем нешто!!! Малку!!! Мајка сум!!! Имам деца!!!“ Оваа објава ја отсликува реалноста со која се соочуваат многу пациенти во Македонија, ...
Левица Чаир упати жестока реакција на пасивноста на локалната власт, обвинувајќи ја Општина Чаир дека нема волја да ги искористи достапните средства за проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Повод за оваа реакција е информацијата дека Чаир е една од ретките општини кои не поднеле ниту еден проект за средства од Унгарскиот кредит, кој е наменет токму за инфраструктурен развој. „Средства има, идеи има уште повеќе, но каде е ...
„Волшебното самарче беше лектира која го прераскажува херојството на младиот Мацко, кој со своето самарче беше курир и пренесуваше секаква помош за партизаните. Сега дознавам дека оваа лектира веќе не е дел од училиштата низ Македонија. И не сум изненадена. Затоа што трите партии здружено работат на бришење на секој колективен траг за храброста и пожртвуваноста на генерациите пред нас. Затоа што со наведнати глави полесно се владее.“ — напиша ...
На 63-та седница на Советот на Општина Велес, одржана на 22 април 2025 година, беа разгледани две клучни точки кои откриваат длабока здравствена и економска криза во општината. Според извештајот за здравствената безбедност на водите за пиење во Велес за 2024 година, состојбата е алармантна и претставува сериозна закана за населението. Повеќе од 76% од селските водоводи, јавни чешми и бунари се бактериолошки загадени. Дезинфекција воопшто не ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, се сретна во Пекинг со високи кинески функционери, порачувајќи дека стратешкото партнерство меѓу Иран и Кина нема да се промени, без оглед на тековните преговори меѓу Техеран и Вашингтон. На средбата со потпретседателот на кинеската влада, Динг Сјуејанг, одржана во Големата народна сала, Аракчи нагласи дека односите меѓу двете земји остануваат стабилни и отпорни на надворешни ...
На 24 април 2025 година, дел од таванот во базенот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје се урна, што доведе до итно затворање на објектот. Иако за среќа немаше повредени, овој инцидент го открива хроничното занемарување на одржувањето на јавните спортски објекти во земјата. Директорот на центарот, Даниел Апостолски, изјави дека базенот датира од 1978-79 година и дека одредени делови не биле соодветно одржувани со текот на ...
САД и Иран водат преговори во Оман околу иранската нуклеарна програма за првпат после едностраното повлекување во време на Трамповата гарнитура од Договорот JЦПОА склучен во 2015 помеѓу П5+1 (Кина, Франција, Германија, Русија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави), Европската Унија и Иран. Во тој дух беше воден и Астанскиот процес (2017) за Сирија каде што Русија и Иран охрабрени од овој дипломатски успех ѝ издиктираа услови на Турција и ...
Кога неправдата станува правило, гласот на совеста мора да биде погласен од тишината на корумпираните. Михаил Тодоров советник на Левица во Општина Богданци и член на ЦК остро и искрено ја обелоденува реалноста во која живееме: „Татко му здиплил 8 x 3000 = 24000 евра при измама на лица кои дел и заслужувале инвалидска пензија а дел не, и добил 2 години условна затворска казна. УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНА! Луѓе кои реално заслужуваат и кои ...
Поминаа повеќе од 40 дена од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. И покрај големата трагедија, иницијативата „Support Kocani“ се соочува со сѐ помал интерес за донации и поддршка. Најавената хуманитарна аукција на уметнички дела, закажана за 26 април во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, остана без одзив од страна на бизнис заедницата — ниту еден бизнисмен не се пријавил да учествува или да донира. Во телевизиско гостување на ТВ24, ...
„Повисоки плати не се 500 евра, туку 500 евра како минимална плата што се множи со коефициент на сложеност!“, изјави Иван Пешевски од ССМ на денешната прес-конференција. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) остро прозва дел од работодавачите и актуелната влада за деценискиот игнорантски однос кон работничките права, особено во приватниот сектор. На денешната прес-конференција, потпретседателот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски, ...
Длабоките струи кои ја обликуваат американската надворешна политика и нејзината глобална положба, ја предизвикуваат вкоренетата претпоставка на Европа и европејците за потпирање на САД и нивната глобална моќ. Политичките промени во САД и во Европа во последната година го разединија евроатланското ткиво, и ги продлабочија поделбите внатре во ЕУ. САД јасно и недвосмислено и праќаат сигнали на ЕУ дека повеќе нема да го носат товарот кога е во ...
Деновиве излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски. „Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува токму Васко Марковски. Неговата книга ‘Корпоративно утро’(2013, 2023) несомнено се вбројува меѓу најдобрите збирки хаику поезија напишани на македонски јазик, а неговиот најнов ракопис, именуван ‘Микроскоп, ...
Во сенка на последните апсења и скандали околу Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), вреди да се потсетиме на коренот на проблемот. Целиот состав на Антикорупциската комисија беше избран со гласовите на широката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои заеднички, со 97 пратенички гласови, изгласаа лица кои требаше да го бранат јавниот интерес. Меѓу нив и денес поапсената претставничка на ова тело. Тогаш Левица предупредуваше – ...