Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Согласно извештајот од Хидробиолошки завод-Охрид со бр.03-230/1 од 18.07.2024год. водата во езерото Младост како и целиот локалитет се наоѓа во загрижувачко алармантна состојба и сите вредности од физичко – хемиски аспект укажуваат на нефункционалност на овој езерски екосистем. Дополнително во извештајот е наведено дека водата е ризична за опстанокот на живиот свет во акумулацијата, ризична по здравјето на капачите, како и за останата намена ...
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во неделата рече дека Турција може воено да влезе во Израел како што правеше во минатото во Либија и Нагорно-Карабах, иако не наведе каква интервенција предлага. Ердоган, кој беше жесток критичар на израелската офанзива во Газа, почна да разговара за таа војна за време на говорот во кој ја пофали одбранбената индустрија на неговата земја. Ердоган на состанокот на неговата владејачка АК партија во неговата ...
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во неделата рече дека Турција може воено да влезе во Израел како што правеше во минатото во Либија и Нагорно-Карабах, иако не наведе каква интервенција предлага. Ердоган, кој беше жесток критичар на израелската офанзива во Газа, почна да разговара за таа војна за време на говорот во кој ја пофали одбранбената индустрија на неговата земја. Ердоган на состанокот на неговата владејачка АК партија во неговата ...
На една од минатите седници на Владата, за вд директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ – кој во 2008 година бил АБОЛИЦИРАН од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски. Како што претходно информиравме, тој во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и ...
Кинескиот производител на паметни телефони Nubia Technology претстави два нови паметни телефони со вештачка интелигенција во вторникот, бидејќи компанијата има за цел да земе поголем дел од колачот на висококонкурентниот пазар на мобилни телефони. Најновата водечка верзија на Nubia, Z60 Ultra, има вградено голем модел со вештачка интелигенција со подобрен капацитет за фотографирање, истовремено поддржувајќи двонасочна интерпретација на ...
Завршија годинашните археолошки истражувања на античкиот урбан центар Стибера т.н. ”македонската Помпеја” кај селото Чепигово, Прилепско. Од Заводот и музеј во Прилеп информираат дека новооткриената градба е прилепена до административната зграда на главниот градски пазариштен плоштад – агората. – Според наодите што ги откривме, констатираме дека градбата е подоцнежна, односно датира од средината на третиот век, кога Стибера по насилните ...
Претстојната академска година студентите ќе ја започнат со 2 583 студентски легла на располагање во Скопје, односно 492 за бруцоши и 2091 за останатите студенти. Тоа е намалување од минатата година за 466 легла, а ако се погледнат статистичките податоци за изминативе четири години бројот на студентски легла е намален за 1 432. Ова пред сѐ се должи на неводењето грижа за младите и студентскиот стандард со што и така скромните студентски услови ...
Голем помор на риба и останатиот жив свет во Вардар кај Градско утрово во 4:30 часот се случи пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско. Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ Велес за поморот информира дека тој бил рано утрово бил известен од својата рибочуварска служба во Градско која направила увид на терен и увидела дека поморот е предизвикан поради пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар ...
На состанокот во Бразил, САД ја предводеа кампањата против минималната давачка за најбогатите 3.000 луѓе во светот. Министрите за финансии на 20-те водечки светски економии не успеаја да се договорат за глобален данок за милијардерите, но ветија дека ќе воведат прогресивни даноци за супербогатите, објави во петокот Политико. На состанокот во Рио де Жанеиро, министрите рекоа дека ќе започнат „дијалог за правично и прогресивно оданочување, ...
Според информациите во јавноста кои протекоа од дијалогот меѓу Стопанската комора на чело со олигархот Азески и премиерот Мицкоски, десничарската влада ДПМНЕ-ЗНАМ е во анти-работничка офанзива со цел НЕДЕЛА повторно да добие статус на РАБОТЕН ДЕН! Наместо да го заштити интересот на работниците, Премиерот, којшто лета во бизнис класа (затоа што има болки во колената), во име на Владата, пред комората на олигархијата покажа спремност да отвори ...
Албанскиот парламент, со 106 гласови „за“, оние на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, доцна синоќа го усвои изменетиот законик, со кој од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, 1/3 ќе се избираат со отворени листи, додека останатите според досегашниот пропорционален систем. Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите остро реагираа, изразувајќи незадоволство и огорченост од ...
Жителите на селата, Ореовец, Крстец и Плетвар, Прилепско, организираат мирен предупредувачки протест со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско против отворањето на рударскиот коп во непосредна близина на селото Ореовец од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и фирмата Бехтел и Енка. Протестот ќе се одржи на местото Заполшки Мост, меѓу бензинската помпа на ЛУК ОИЛ и Ленишки Мост на 29.07.2024 година (понеделник) од 6,30 до ...
На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, катастрофален земјотрес го погоди Скопје, со измерени 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути. Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од кои 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле ...
На неговото именување за заменик – директор на затворот во Штип реагираат здруженија за заштита на животните: ЃОРЃИ ХУБРЕВ (поранешен сдсовец а сега функционер од ЗНАМ) е назначен за заменик- директор на затворот во ШТИП. Ѓорѓи Хубрев пред 3 години УБИ гладно куче пред сведоци затоа што се вртело пред неговиот ресторан ВАГО. Наместо кривично да одговара за мачење животни, МВР на Оливер Спасовки не постапува, а сега од ДПМНЕ добива и ...
Новата Влада на ДПМНЕ и ЗНАМ продолжуваат ‘како до сега‘, па наместо изнаоѓање на решенија за проблемите, добиваме кадровски решенија кои ги продлабочуваат истите! Имено, по предлог на в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов (кој противзаконски е назначен на оваа функција), предложен е Ибрахим Ељези за в.д заменик директор на КПД Идризово. Ова лице било осудено и лежело повеќе од 4 години затвор за неовластено ...
Езерото Младост се соочува со еколошка катастрофа и е акумулација која умира и покрај известувањето на Општина Велес за одличниот квалитет на водата добиен од испитувањата од страна на лабораторијата ФУД ЛАБ ДОО како и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес. Во прилог на оваа изјава оди извештајот на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид кој на барање на ЈПВ Лисиче извршил физичко-хемиски, микробилошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи од ...
Западот предводен од САД сее хаос низ целиот свет, изјави официјален Пекинг. Земјите на НАТО профитираат од конфликтот во Украина, изјави за новинарите во четвртокот портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Џанг Ксијаоганг. Од Џанг беше побарано да ја коментира декларацијата усвоена претходно овој месец на самитот на НАТО во Вашингтон, која го означи Пекинг „одлучувачки поттикнувач на руската војна против Украина“. Тој го отфрли ...
До Левица пристигнаа информации дека во општината Липково, улица во селото Матејче, од 2021 година го носи името на, како што стои во официјалното соопштение на општината, „маченик на нацијата“, односно, припадник на терористичката УЧК – Иљаша Мемеди. Дополнително, најголем дел од сообраќајните табли во општината со која раководи кадар на ДУИ, се напишани единствено на албански јазик, што е спротивно на Законот за употреба на јазиците. ...
Министерката за образование, Весна Јаневска, најави дека во подготовка се шест нови закони со кои, според најавата, ќе се унапредат состојбите во образованието во Македонија. Станува збор за закони за: средното образование, за стручно образование, за образование на возрасните, за учебници во основното и средното образование, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за Националната рамка за ...
Среде жестоките летни горештини, десетици млади поети од земјите на БРИКС во вторникот се собраа на делот Мутианју на Кинескиот ѕид во кинескиот главен град Пекинг, обединети со нивната заедничка љубов кон поезијата. Првата специјална сесија на Меѓународниот младински поетски фестивал за земјите од БРИКС се одржува од 19 до 24 јули во градот Хангжу и Пекинг во источна Кина. Тој обединува 49 поети од Бразил, Русија, Индија, Јужна Африка, ...
После речиси две години трубење на Мицкоски и ДПМНЕ, како ќе го раскинат договорот со Бехтел и Енка, како тој е „душмански штетен“ и криминален за Македонија, дочекавме владата на ДПМНЕ да удри по народот, и најави разбивање на толпата која што го блокира патот, со цел да овозможи на конзорциумот непречено да работи, „Сакаме да ве известиме дека утрово имаме една нова ситуација од штотуку устоличената власт. Јавното претпријатие за државни ...
… Евроазија се појавува како независен дел од мултиполарен полицентричен свет. Постои движење во корист на создавање на Големо евроазиско партнерство, за што зборуваше Претседателот Владимир Путин пред 10 години. <…> Фундаментално важно дека, кога Претседателот Владимир Путин ја развива оваа иницијатива, тој секогаш нагласува дека не ги затвораме нашите врати за ниту една земја лоцирана на евроазискиот континент. Кога и ако нашите ...
На последната Седница на Владата за вд директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ. Јанески во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари! Токму тогаш, ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното ...
„Убаво е да се напомене секогаш, дека ЗНАМ е дериват на СДСМ, кој не само што дојде на заеднички јазик и принципи да ја формира оваа Влада со ДПМНЕ, туку ЗНАМ во својот зародиш има соработка со ДПМНЕ. Тоа е 2021 година кога добија поддршка на локалните избори и од тогаш таа соработка не е прекината. Би ве потсетил, дека вашиот претседател претходно беше дел од раководството на СДСМ, кое го донесе Преспанскиот договор. Дури и некои од вас ...
Рециклиран кадар на СДСМ, преку ЗНАМ на Максим Димитриевски стана в.д директор на затворот во Прилеп. Владата го назначи Емил Јанески за в.д. директор на КПД Прилеп. Против ова лице од ДПМНЕ претходно имаше поднесувано кривична пријава. Се поставува прашањето како нечесните кадри на СДС, откако станаа членови на ЗНАМ се доволно чесни за да бидат директори во владата на ДПМНЕ. Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување ...
Изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ е подготвена по повод одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје на 26-ти јули 1963 година. Организатор е Музејот на град Скопје. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот. Изложбата зборува за земјотресот во Скопје од 26-ти јули 1963 година, и состојбата на културните институции. Поголемиот дел од ...
На 38 седница на Советот на Општина Центар, советниците од Левица ги повикаа органите на прогон да го испитаат случајот со катаната гаража која се наоѓа до Министрството за Образование, поранешна зграда на НИП Нова Македонија, со кој случај жителите на Општина Центар се оштетени за два милиони евра. Подолу е видеото и интегралниот текст од излагањето на советникот на Левица, Игор Димески. “Јас мислев дека медиумите се дојдени за оваа точка по ...
По повод 97 години од формирањето на Народноослободителната војска на НР Кина, пратениците од редовите на Левица – Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев присуствуваа на манифестацијата организирана од нивна страна на одбележувањето на овој празник. Воедно, по повод завршувањето на мандатот, Неговата екселенција, Жанг Ѕуо, госпоѓа Јанг Јуанчун и военото аташе, полковник Зу Нинг од страна на нашите пратеници и раководството на партијата им беше посакана ...
Новата министерка за енергетика која поседува и бугарски пасош Сања Божиновска во својот анкетен лист навела мултимилионски имот од кој боли глава. Ваков имот за да заработи еден обичен работник би му требале над десет животни века. Министерката поседува четири стана во странство и тоа два во Шпанија и по еден во Португалија и Србија. Вредноста на само овие 4 стана е проценета над милион евра или над 63 милиони денари. Во Македонија ...
„Ова со решенијата за свикување Седници, предлози дневен ред и материјали за дневен ред, е каша попара цело време. Како да не постои Деловник! – Ете така ни функционира Собранието. Прво прекршување е во член 74 став 1. Ние материјали добивме четири работни дена пред седница, а потребно е десет, тоа е прво прекршување. Добивме еден чуден документ на ден пред од одржување на Седницата. Не знам каков е овој документ, тоа е некое известување за ...