Во Културно информативниот центар – Скопје, Салон 19:19 ќе се одржи промоција на монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток “ од Виолета Ачкоска, во издание на издавачката куќа ,,ПАНИЛИ“, на 6. април 2026 година со почеток од 19:19 часот. Разговорот со авторката ќе го води Богдан Илиевски. Делови од книгата ќе чита актерот Крсте Јовановски. Монографијата Време на прекршувања – време на Голи Оток е резултат на повеќегодишни ...

На 7 април (вторник) со почеток од 19 часот во Културно информативниот центар – Скопје, ќе се одржи промоција на романот “Немам страв” од Трајче Стамески. Промотори и разговор со авторот: Венко Андоновски и Весна Мојсова-Чепишевска Извадоци од романот ќе читаат :студенти од Филолошки факултет„Блаже Конески“ – Скопје Модератор:Ана Љубиќ Специјален гостин Ема Стамеска Што станува кога една отмена госпоѓа, вдовица, чиј маж поради деликатни ...

Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово најавува два големи велигденски концерти под заеднички наслов „Блесоглас“, кои ќе се одржат на почетокот на април во општините Брвеница и Јегуновце. Првиот концерт е закажан за 4 април (сабота) во Општинската сала во Брвеница, со почеток во 18:30 часот. Веднаш следниот ден, на 5 април (недела), хорот ќе настапи во местото Пештер во Јегуновце со почеток во 12:30 часот. Под диригентската палка на м-р ...

„Трајното наследство на хармонија и убавина: Изложбата за историјата и културата на палатата Муфу во Лиџијанг“ беше отворена во вторник во Музејот на палатата на принцот Кунг во Пекинг, нудејќи им на посетителите живописен поглед во наследството на Лиџијанг во југозападната покраина Јунан. Коорганизирана од музејот и владата на Лиџијанг, изложбата се одржува во галеријата „Ледао Хол“ во рамките на музејот. Куќата Муфу, која се наоѓа во срцето ...

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) упатува покана до јавноста за предавање на тема „Жанровите на класичната кинеска поезија“, кое ќе го одржи д-р Игор Радев во вторник, на 7 април 2026 година, од 13:00 часот, во амфитеатарот на МАНУ. Предавањето ќе понуди научен осврт на класичната кинеска поезија како еден од најзначајните поетски изрази во светската литература, со корени што датираат од XI век п.н.е. Таа се развива во ...

Во среда (8 април) во Културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи промоцијата на романот „Извештајот на Рената“ од Кристина Краличин. Книгата ќе ја промовираат Билјана Црвенковска и авторот. Во зелените појаси и речните богатства на Африка, каде што корените на дрвјата баобаб ги прегрнуваат тајните на исчезнатите цивилизации, започнува патувањето на Рената Браун – млад и генијален археолог и палеограф, чие истражување на мистеријата ...

Левица предупредува дека од самото формирање на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), па до денес, изборот на нејзините членови се врши по партиски клуч, под превез на наводна независност и експертиза. Наместо институција која ќе го штити јавниот интерес, РКЕ, според партијата, се претворила во механизам преку кој се носат одлуки во корист на тесен круг политички и бизнис интереси, на штета на граѓаните. Од Левица оценуваат дека ...

Постојат два типа “комунистички фаталисти“, а проблемот е што ниту едниот ниту другиот немаат никаква врска со комунизмот, освен тоа што постојано зборуваат против него. Првиот тип е оној што во секој обид за колективна правда гледа закана. За него, секоја идеја за еднаквост е враќање назад и секоја социјална политика е економска пропаст, па така секој обид за организирање, најчесто во кафана, гласно и ревносно го осудува. Неговиот фатализам ...

Намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто се претставува како олеснување за граѓаните, но според ставовите на Марјан Димитриев, реалната слика е поинаква. Тој предупредува дека и покрај мерката, граѓаните и понатаму плаќаат двојно оданочување, бидејќи ДДВ се пресметува и на веќе постоечката акциза, што според него ја прави мерката повеќе ПР отколку суштинска реформа. Нема шминка што ќе ја скрие вистината, ние плаќаме ДАНОК НА ...

Став на Реџеп Исмаил-Хактан Империјализмот како највисок стадиум на либерализмот: Улогите на хегемонот и неговите стратешки партнери. Или, кој кого контролира – САД Израел или обратно. Германскиот канцелар Мерц: „Израел ја врши валканата работа за нас – сите страдаме од режимот на Иран, целиот свет е загрозен од овој режим“. Оваа изјава не е ништо ново. Таа претставува повторување на веќе виден наратив – оправдување кое со години се ...

Александар Симонов, член на президиумот на Левица, преку јавна објава, остро го критикуваше актуелниот политички систем и односот на владејачките партии кон клучните економски и социјални проблеми. Според него, „дефокус во отсуство на аргументација“ е техника која очајнички ја користеле СДСМ, а сега ја применува и ВМРО, секогаш кога се „пеглани“ на говорница, што, како што вели Симонов, е класично признавање на пораз и немоќ за ...

Координаторот на секторот урбанизам и локална самоуправа при Левица, Андреа Јанков, остро реагираше на изјавата на министерот за транспорт и врски Александар Николовски, кој посочи дека партијата со „создавање хистерија“ придонела за раст на цената на станбениот простор до 2.500 евра за метар квадратен. Во својата јавна реакција, Јанков истакнува дека ваквите тврдења се неосновани и ги игнорираат реалните економски и системски фактори кои ...

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во објава на социјалните мрежи упати остри критики кон, како што вели, „ултра-богатите“ во Македонија, обвинувајќи ги дека своето богатство не го стекнале исклучиво преку лична способност, туку преку злоупотреби и системска поддршка. Мециновиќ посочува дека дел од најбогатите, според него, профитирале преку сомнителни приватизации, државни тендери, финансиски шпекулации и прекршување на работничките ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро ги критикуваше последните одлуки на Советот на јавни обвинители, оценувајќи дека тие се донесени во интерес на актуелната власт и премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи, Мојсоска посочи дека по изборот на новиот државен јавен обвинител Савески, биле донесени низа одлуки кои, според неа, директно влијаат врз борбата против корупцијата. Таа тврди дека од функцијата била ...

Став на Дејан Димовски, дипломиран инженер. Дејан Димовски во јавен статус отвора прашања за формирањето на цените на нафтените деривати во Македонија, тврдејќи дека граѓаните плаќаат значително повисоки цени поради отсуството на домашно рафинирање. Според неговата анализа, доколку рафинеријата во Миладиновци, денес позната како ОКТА, останела во државна сопственост и активно рафинирала нафта, цената на дизелот би била пониска за околу 18 ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по вчерашното рочиште во врска со трагично загинатите Ивана и Катја и сведочењата кои предизвикаа бура на реакции и коментари во јавноста, преку објава на социјалните мрежи потсети за улогата на судот во кривичните постапки, потенцирајќи дека судството не смее да подлегне на ниски страсти и сензационализам. Тој напиша: „Како професор по Философија на правото, не можам а да не искоментирам дека Судот не е ...

Предлог-измените во законската регулатива за високото образование предизвикаа остри реакции во академската јавност, откако беше најавено зголемување на наставниот ангажман на универзитетските професори до 40 часа неделно. Професорката Тамара Јованов јавно предупреди дека ваквото решение може сериозно да го наруши квалитетот на наставата и научно-истражувачката работа, оценувајќи дека станува збор за обид да се покрие недостигот од кадар и да ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил Хактан, остро реагираше на социјалните мрежи, тврдејќи дека Израел донел закон за смртна казна што се применува врз Палестинци, притоа критикувајќи го молкот на Исламска верска заедница и Македонска православна црква. Тој обвини дека дел од верските лидери ја злоупотребуваат религијата за политички цели, наместо да заземат јасен став за, како што наведува, неправдите кон палестинскиот народ. Израел донесе ...

Советникот од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, јавно ја повика Алфа Телевизија да се извини поради, како што тврди, ширење невистинити информации поврзани со случајот во селото Ореовец и активностите на конзорциумот Бехтел и Енка. Тој обвинува за непрофесионално известување, нарушување на приватноста на жителите и пласирање на еднострана слика во јавноста, поставувајќи и серија прашања за начинот на кој медиумот дошол ...

Пишува: Дамир Хајрединовиќ-Координатор на Сектор Политичка економија при политичката партија Левица Во време на глобални кризи, војни, прекинати синџири на снабдување и ценовни шокови, едно прашање станува суштинско: Дали државата воопшто има контрола врз сопственото преживување? Стоковните резерви не се обична економска категорија. Тие се прашање на национална безбедност. Жито, нафта, основни прехранбени производи, тоа се ресурсите што ја ...

Пишува: Игор Ѓуровски-Член на сектор Политичка Економија при политичката партија Левица Македонија не попусто некои ја викаат „мојата чудесна земја“. Мојата чудесна земја со децении наназад е полна со чудесни (воглавно непријатни) изненадувања. Тие, не сакајќи да нè разочараат, редовно се појавуваат во точно определен период од годината. Во зима редовно нè изненадува снегот, во текот на поројните дождови нè изненадуваат поплавите, а за време ...

Пишува проф. д-р Благица Сековска Во овој нов модерен свет, изгледа како да забораваме дека земјоделството всушност значи храна. Почнавме да ја перцепираме храната како нешто што ни е загарантирано, нешто што ни е на допир на раката, во најблискиот супермаркет, секогаш кога тоа ќе го посакаме, па за што воопшто би се грижеле? Но, геополитичкиот конфликт во регионот на Блискиот Исток ни покажува дека и тоа како имаме причини за основана ...

Пишува: Дарко Тодоровски – воен аналитичар и докторант на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација Во духот на кинеската филозофија и традиција „Кина нагласува дека само кога луѓето од сите земји живеат добро, во изобилство и во радост, просперитетот ќе биде одржлив и ќе биде можно да се обезбеди безбедност и да се гарантира создавање основа за почитување на човековите права“. Уште од древни времиња ...

Пишува Тања Мицков, театарски работник Исто како и во “реалноста”, денес постојат “два паралелни” театра, не само како стилови, туку како две идејно спротивставени логики. Првиот е театарот на конзумеризмот односно театарот на потрошувачот. Стенд-ап формати, мјузикли со ефект, комедии со сигурен ритам и предвидлив крај односно визуелно „инстаграмабилни“ претстави е театарот кој не бара мисловен напор, мисловен процес, не копа по дебрите на ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во интервју за Собранискиот канал говореше за личното искуство како млад човек кој се соочил со, како што вели, нефункционалностите на системот и партизацијата при вработувањето. Таа посочи дека по дипломирањето на Факултетот за безбедност, се обидела да најде работа во државни институции, но без успех. Според неа, „јавна тајна“ е дека без поддршка од партија на власт, младите тешко можат да се ...

Воената офанзива на САД и Израел против Иран веќе се претвори во „целосен неуспех“ со сериозни последици за Западот, оценува аналитичарот Петер Хенселер во интервју за турскиот медиум Хариџи. Говорејќи во емисијата „Стратешки компас“, Хенселер тврди дека офанзивата е не само стратешки погрешна, туку и правно и политички нелегитимна, оценувајќи ја како пресвртница што го доведува во прашање функционирањето на меѓународното право. На воен ...

Во интервју за ТВ 24, претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, ја коментираше најновата одлука на државниот јавен обвинител Ненад Савески да ги одземе предметите од обвинителката Ленче Ристоска, при што Апасиев констатира дека се поизвесно е дека ќе застарат случаите „Талир 1” и „Талир 2”, со кои партијата на Мицкоски се терети за перење пари и злосторничко здружување. „Новиот јавен обвинител Ненад Савески за 24 часа успеа да ...

Во вчерашното гостување во 24 Анализа, на Телевизија 24, претседателот на Левица, Димитар Апасиев зборуваше за последната анкета спроведена од Маркет Вижн. Апасиев ја оспори веродостојноста на анкетата укажувајќи на поврзаноста на агенцијата што ја спроведува со актуелната власт и добиените милионски тендери од државата. Според него, ваквите анкети имаат јасна цел, да ја демотивираат јавноста и да создадат перцепција за недостижност на ...

Американскиот секретар за „војна“ Пит Хегсет спроведува масовна реорганизација во врвот на вооружените сили, при што се сменети, принудени на пензија или блокирани за унапредување повеќе од десетина високи американски воени офицери, додека трае ескалацијата на конфликтот со Иран. Според американски медиуми, промените опфатиле дел од највисоките позиции во армијата, морнарицата, воздухопловните сили и специјалните командни структури, ...

ТЕХЕРАН – Иранските власти остро реагираа по најновите воздушни напади врз територијата на земјата. Била погодена цивилна инфраструктура во близина на градот Карај. Има загинати и повредени лица. Според иранските државни медиуми, станува збор за „брутален и нелегитимен акт на агресија“ зад кој стојат САД и нивните сојузници, со што директно се загрозува безбедноста на цивилното население. „Нападите врз инфраструктура што нема воена намена ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
30%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
36%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.34
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.89
32%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
50%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
29%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Платина

55652.94

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66