Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Арбен Таравари најверојатно ќе ја напушти Владата, јавува телевизија Алсат, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите меѓу премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата ВЛЕН. Одлуката на Таравари се очекува да се официјализира по продолжението на разговорите меѓу коалициските партнери, најавени по вчерашната средба Мицкоски–Таравари и денешната средба на премиерот со ВРЕДИ. Од Владата соопштија дека средбата поминала во „конструктивна, ...
Со силни пораки за солидарност и историска вистина, рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, се обрати на свеченото отворање на изложбата „Патот кон Големата Победа“, одржана во Скопје во чест на Денот на победата над фашизмот. Во својот говор, Баздникин ја истакна храброста на македонските партизани кои, како што рече, бестрашно се спротивставиле на „кафеавата чума“ на фашизмот за време на Втората светска војна. „Се поклонуваме ...
ИРЛ ги праша пратениците како ќе постапат по повикот за акција во кој 5 000 граѓани побараа надзорна расправа за системските пропусти кои водат до несреќите. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа шокантни изјави – дека тие не одговараат пред избирачите, туку пред партијата. Некои поднесоа и пријави за нарушување на приватноста од страна на ИРЛ поради споделување на нивните службени мејлови, други никогаш го немаат ниту отворено службениот ...
Црната хроника на фемициди и семејно насилство повторно ја разбуди јавноста, но за жал, повторно предоцна. Уште едно убиство на жена беше потребно за властодршците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да сфатат нешто што Левица алармираше уште лани: дека е неопходна измена на Кривичниот законик со која телесната повреда при семејното насилство и насилството врз жени ќе се гони по службена должност, а не исклучиво по предлог на жртвата. Левица оваа ...
На југозападниот планински раб на градот Таијуан, во кинеската провинција Шанси, се протега едно од најзначајните културно-историски богатства на Кина – Џинси, стар храм со повеќе од 2.000 години историја, вградена во архитектура, скулптури, градини, фрески и натписи кои сведочат за раскошот и длабочината на кинеската духовност и уметност. Сместен во подножјето на планините и опкружен со природна убавина, Џинси не е само архитектонски ...
На свеченоста по повод Денот на македонската полиција, во обид да демонстрира успех и стабилност, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го читаше својот говор од ливче, наведувајќи дека криминалитетот во државата е во опаѓање, во исто време кога Македонија се соочува со, како што самиот го нарече, „најголемата трагедија во историјата“ — пожарот во Кочани. Овој контраст е повеќе од ироничен – додека јавноста бара одговори за ужасната ...
Младинската организација на партијата Левица, Црвена Младина, остро реагираше на одлуката на надлежните институции да го укинат правото на субвенциониран студентски оброк за студентите кои примаат семејна пензија поради загуба на родител. Од организацијата велат дека оваа одлука е удар врз една од најранливите категории млади луѓе во државата. „Во време на економска несигурност и постојано зголемување на животните трошоци, државата одлучи да ...
На денешната собраниска седница, пратениците од владејачките и опозициските партии — ДПМНЕ, СДС, ДУИ, ВРЕДИ и ЗНАМ — го отфрлија предлогот на Левица за измени во Законот за финансирање на политичките партии. Предлогот имаше за цел да се ограничи државното финансирање на политички субјекти кои на избори освојуваат минимален број гласови, но сепак добиваат значителни суми од буџетот. Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, во своето образложение ...
На 6 мај 2025 година, Индија започна воздушна и ракетна офанзива врз цели во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, означувајќи сериозна ескалација во односите меѓу двете нуклеарно вооружени држави. Операцијата, наречена „Синдор“, беше одговор на терористичкиот напад во Пахалгам од 22 април, во кој беа убиени 26 цивили, главно хинду туристи. Одговорноста за нападот ја презеде групата „The Resistance Front“, која Индија ја поврзува со ...
Од почетокот на мај, дел од студентите кои примаат семејна пензија поради починат родител останале без право на субвенциониран студентски оброк, алармира платформата за студентско информирање „Студентарија“. Според нив, оваа одлука претставува неправда и социјална неодговорност од страна на институциите. „Иако овие студенти со месеци редовно ги добиваа средствата за оброк, од овој месец повеќе не се на списокот на корисници. Причината – ...
Партијата Левица со остра реакција по неодамнешното гласање во Собранието, обвинувајќи ја ДПМНЕ дека свесно ја саботира борбата против организираниот криминал и корупцијата. Повод за реакцијата е одбивањето на пратениците од ДПМНЕ, како и нивните коалициски партнери ВРЕДИ и ЗНАМ, да го поддржат предлогот на Левица за измени на Кривичниот законик. Како што соопшти Левица, со предложените измени се бараше двојно зголемување на роковите за ...
Голема турнеја на Бољшој театарот, балетскиот театар Ајфман, филхармонијата во Санкт Петербург, галерија Третјаков и музејот на московскиот Кремљ ќе се одржат од мај до декември во Кина, Виетнам и Оман, изјавија за медиумите на прес конференцијата организаторите на проектот за турнеја. Турнејата ќе биде поддржана од ВТБ. Бољшој театарот ќе ја отвори својата турнеја програма, која ќе се одржи од 7 до 11 мај во главниот град на Кина, со гала ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот профил на Фејсбук посочи на контрадикторност во однесувањето на партијата ДПМНЕ, алудирајќи дека и покрај претходните критики кон власта за сомнителни тендери, денес ја повторуваат истата пракса. Мојсоска потсети на изјава од 7 февруари 2022 година, кога ДПМНЕ ја прозва тогашната власт и министерот Оливер Спасовски, барајќи одговори за тоа како фирмата „Дон Холдинг“, регистрирана за товарен ...
Првиот ден од маѓународниот 21. Саем на книгата во Солун, на 8 мај, ќе биде промовиран романот „Столб што пее“ од македонскиот писател Томислав Османли. Под насловот (“Η Αρμονική Στήλη”) во превод на Д-р Ставрула Маврогени на грчки јазик, македонскиот роман беше објавен пред неколку месеци од страна на солунското книгоиздателство „Literatus“, по избор на директорот и главен уредник, антологичарот и публицист Д-р Ставрос Дајос. Оригиналното ...
По повод јубилејот Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик, во четврток, 8.мај со почеток од 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, под насловот „Што ни значи нам јазикот?“ ќе се одржи средба со новите членови на ДПМ: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Лулзим Хазири и Драгана Лукан Николоски. Ова воедно ќе биде и претставување на новите членови на ...
Скандал со незаконско вработување и злоупотреба на јавни средства го потресе Здравствениот дом во Куманово, откако Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот директор на установата. Тој се сомничи дека во периодот од 2020 до 2024 година, без претходна согласност од Министерството за здравство и Министерството за финансии, ангажирал 127 лица преку незаконски договори, со што им биле исплатени над 350.000 евра од ...
Додека улиците во Ѓорче Петров се распаѓаат, а жителите секојдневно се соочуваат со елементарни проблеми, градоначалникот Александар Стојкоски троши илјадници евра за промоција на своите активности на Фејсбук. Според објавата на Левица, само за спонзорирани објави се потрошени над 8.200 евра – пари кои, наместо за реклами, можеле да бидат инвестирани во реални решенија за проблемите на локалната заедница. „Над 8.200 евра досега се потрошени ...
Апелациониот суд му овозможи слобода на осомничениот Јахоски со гаранција од речиси 2 милиони евра – но што значи тоа за правдата и довербата во системот? Во земја каде што за ситна кражба се оди во притвор, а за милионски злоупотреби – се нуди слобода против имот и пари, денешната одлука на Апелациониот суд да ја прифати гаранцијата на Асмир Јахоски ја потврдува длабоката нееднаквост во третманот на граѓаните пред правдата. Јахоски, ...
Две микро-компании со вкупно помалку од 20 вработени добија тендери во вредност од 236 милиони денари од Министерството за внатрешни работи (МВР) за изработка на полициски униформи. Една од нив, „Памитекс“, добила дел од тендерот вреден 105 милиони денари, а во сопственост е на српската компанија „Тим Трејдерс Компани Д.О.О. Белград“, која, според српскиот деловен регистар, има само шест вработени. Нема официјални податоци за точниот број ...
Банкарските провизии во Македонија станаа нова форма на системска кражба, во која граѓаните се принудени да плаќаат високи трошоци за секоја трансакција и пристап до сопствените средства. Во земја каде што платите не ги покриваат основните животни трошоци, банките бележат рекордни профити. Оваа контрадикторност на неолибералните политики на банките и државата, која ги штити интересите на крупниот капитал, продолжува да ги оптоварува ...
Во лична и потресна ретроспектива, Митко Василевски се навраќа на трагичните настани од 6 мај 1991 година во Сплит, сведочејќи за нападот врз регрути на ЈНА и почетокот на распадот на поранешна Југославија низ призмата на сопствено искуство. „На ,, 6 мај” 1991 се сеќавам како вчера да беше. Во центарот на Сплит пред издвоен објект на ЈНА, разулавена толпа цивили, предводени од екстремни националисти, отворија оган на регрути на ЈНА кои го ...
Советот на Општина Куманово го изгласа Нацрт-предлогот за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план (ДУП) за локацијата на која треба да се гради нов маркет на германскиот трговски синџир „Лидл“. Одлуката беше донесена со гласовите на советниците од мнозинството составено од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и албанските партии, како и од ДУИ, која формално е во опозиција во Советот. Против гласаа само СДСМ и Левица. Измените се однесуваат на ...
И покрај јавните декларации за борба против корупцијата, пратениците од ДПМНЕ денес не го поддржаа предлогот на Левица за измена на Кривичниот законик, со кој требаше да се зголемат роковите за застарување и да се воведе незастарливост на делата поврзани со економски криминал и злоупотреба на службена должност. Од собраниската говорница, пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во остар и аргументиран настап ја обвини владејачката партија за ...
Претставници на Левица од Тетово денес повторно се сретнаа со тетовските пензионери, со цел да изразат поддршка и да отворат дијалог за нивните тековни проблеми и потреби. Средбата се одржа во просториите на Пензионерскиот дом во Тетово, во пријателска атмосфера и со заемна почит. На средбата присуствуваа модераторот на ЛО Левица – Тетово, Боби Илиевски и координаторот на Изборната единица 6, Игор Димески. Тие разговараа со пензионерите за ...
Невена Спасеска, самохрана мајка од Скопје, јавно проговори за неправдата што ѝ била нанесена од охридското и битолското судство, откако без ниту еден конкретен аргумент ѝ било одземено старателството врз нејзиното четиригодишно дете. Одлуката прво ја донел Основниот суд во Охрид, а потоа ја потврдил и Апелациониот суд во Битола, каде како судијка се потпишала Жаклина Доведен – која во меѓувреме е именувана за претседателка на Апелација. ...
Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, при што бројот на децата значително опаѓа. Според најновата анализа на УНИЦЕФ, детската популација во земјата е намалена за 18 проценти во периодот од 2011 до 2023 година, додека стапката на фертилитет се намалила на 1,5, што укажува на понатамошно опаѓање на населението. Во извештајот, кој беше презентиран во македонското Собрание, се истакнуваат сериозните проблеми кои ги соочуваат ...
На 6 мај, клубот Валдаи ќе го претстави новиот Валдаи Папер, насловен „Бесмртните писма на победата“, посветен на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Големата Татковинска војна. Овој документ содржи досега необјавени писма од војниците, фронтовски кореспонденции со поштени марки и воени дневници, кои потекнуваат од приватна меморијална колекција на ракописни материјали од Втората светска војна. Колекцијата е собрана во Русија и ...
Пратеникот на Левица, Саше Јанчев, во својата последна Фејсбук објава ја критикуваше одлуката на пратениците од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ кои не гласаа за предложените измени на Кривичниот законик, кои вклучуваа незастарливост на кривичните дела против државата, службената должност, платниот промет и стопанството. Според Јанчев, ова е уште еден доказ за нивната неискреност и политичка манипулација. „ДПМНЕ кога беа опозиција гласно се бунтуваа ...
Земјоделците од кочанскиот регион денеска организираа протест поради сериозните проблеми со оризопроизводството. Производителите, кои се соочуваат со големи загуби, ги изразија своите незадоволства и бараат оставка од министерот за земјоделство, Љупчо Трипуновски, кој според нив не ги решава проблемите на земјоделците. „Оризопроизводителите во овој регион ги бројат загубите во илјадници евра. Ситуацијата е крајно сериозна и нема некоја помош ...
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, изрази сериозна загриженост по повод најновите случаи на семејно насилство во Скопје, при што едниот заврши трагично со убиство на жена. Таа во својата објава на социјалните мрежи ја критикува полицијата за непостапување во случајот и истакнува дека и во оваа ситуација, жртвата била убедувана дека насилникот ќе се „смири со мажот“, што е само една во низата слични реакција од надлежните органи. ...