Левица обвини за недоследност во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на предлогот Мери Дика Георгиевска да биде избрана за уставен судија. Од партијата потсетуваат дека во минатото ДПМНЕ јавно ја поврзувало Георгиевска со критиките за состојбите во правосудството, вклучително и во контекст на случајот Рекет, при што, како што велат, реториката била „категорична и без резерви“. Сега, кога истото лице се појавува како предлог за Уставен суд на ...
Левица потсетува дека неодамна, ВМРО-ДПМНЕ настапуваше со висок степен на сигурност и без резерви ја вградуваше Мери Дика Георгиевска во сопствениот наратив за компромитирано правосудство. -Јавно именувана, роднински и директно поврзувана во контекст на случајот „Рекет”, таа беше дел од аргументацијата со која се градеше тезата за систем во кој довербата е сведена на симболични проценти. Тогашната реторика не беше условна, туку категорична и ...

