Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДСМ и Филипче, би направилe се за да дојде на власт. Филипче размислува исто како Заев, да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. За Филипче не постои ...

Иако на светските берзи цената на нафтата се намали, тоа не значи дека брзо ќе се намалт цените и на останатите производи кои беа врзани со цената на овој производ. Очекувањата се дека стабилизиација на инфлацијата ќе треба да се очекува кон крајот на годината. А, поради стравувања од нови инфлаторни состојби, и НБРМ ја покачи минимално каматната стапка за 0,25%. Ова меѓу другото го кажа Драган Пехчевски, Претседателот на УО на ССКМ во ...

На почетокот на месец април, Општина Струга помпезно најави расчистување на јавните површини долж Дрим од метални конструкции. Но, наместо најавеното ослободување на узурпираниот простор, угостителите, како и секоја сезона, го распослаа кејот со маси, столици и друг вид урбана опрема. И сето тоа помина несанкционирано – сè до вчера, кога на терен излегоа инспекциските служби, но наместо поширока акција, започна отстранување на инвентарот од ...

Телевизијата е највлијателниот медиум од кој граѓаните се информираат за политичките процеси во државата, додека довербата во демократијата во земјава е подобрена. Ова го покажуваат резултатите од анкетите „Еврометар“, спроведени во периодот од 2023 до 2026 година, како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“, презентирани од Центарот за европски стратегии „Евротинк“. „Генерално, може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на ...

На почетокот на јули ќе има јавна расправа во врска со постапката за продолжување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“. Барањето е уредно поднесено, а дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Хоџа посочи дека барањето за обнова на дозволата е поднесено и објавено на 22 ...

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје. Како што ...

Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Македонија. -Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка, објави агенцијата АТА. Со пуштањето на овој ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип Дејан Мираковски и градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, попладнево на прес-конференција ја информираа јавноста дека од учебната 2026-2027 година почнува оптимизацијата и стратегијата за развој на образованието. Јорданов информираше дека првиот чекор со носењето на одлука е поврзана со основното образование и на денешната седница на ...

Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се случува за првпат. -Со големо задоволство информираме дека од денеска почна пријавувањето за сите заинтересирани деца. Особено сме горди што можеме да споделиме дека децата од македонската заедница ќе ги посетуваат овие курсеви бесплатно, додека за сите останати деца ќе се применува симболична цена, информираше Елена ...

Штипско културно лето (ШКЛ) 2026 го има своето 41. издание со богата и разновидна програма што ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини ...

Поради дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, утре од 09 до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје. Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретнал со заменик-амбасадорот на Германија во Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Македонија и Косово, Маркус Делфс. Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Северна Македонија во ...

Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од ...

Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени. Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно ...

Најавената средба и разговорите меѓу САД и Иран, што денеска требаше да се одржат во Швајцарија со цел привремена деескалација и отворање нова фаза од преговорите за иранската нуклеарна програма е откажана. Двете страни, САД и Иран, требаше да се сретнат во швајцарското планинско одморалиште Биргеншток, недалеку од Луцерн, а на средбата се очекуваше да биде потпишан меморандум за разбирање, кој би отворил пат кон нова фаза на преговори за ...

Граѓаните, наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ „Чебрен“ – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција“, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од „Фајнанс тинк“, соопшти прес-службата ...

Општина Маврово и Ростуше почна со реализација на уште еден значаен проект во интерес на граѓаните и економскиот развој. – Станува збор за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат кон село Римница, во должина од 3,5 километри, што ќе овозможи побезбедно, поквалитетно и поефикасно сообраќајно поврзување на селото со останатите населени места, се отвора нова можност за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри ...

Во мај годинава, анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6 проценти поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на депозитите на секторот Домаќинства, а вкупните кредити се со раст од 13,4 проценти како резултат на повисоките кредити кај двата сектори, со поизразен придонес на корпоративниот сектор – информира Народната банка. Паричната маса во мај годинава е зголемена за 0,8 проценти на месечна ...

Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски. Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати. Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија има 707.385 вработени лица, наспроти ...

Повеќе од кога било е потребно да имаме институции што нема да размислуваат само за следната година, туку и за наредните две децении. Токму затоа Националната развојна стратегија 2024 – 2044 година претставува еден од најважните документи што се создадени во поновата историја на државата. Не затоа што е уште една стратегија усвоена од институциите, туку затоа што зад неа стои широк општествен консензус, сериозен експертски труд и искрена ...

Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција против министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, врз основа на наводи поврзани со член 353 од Кривичниот законик – изјави на денешната прес-конференција, Суарет Алишан, координатор на „Менуваме“. Како подносител на кривичната пријава се јавува коалицијата за застапување на правата на лицата со ...

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, ...

Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...

Обраќања на Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Стеван Крстевски, претставник на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ при денешната јавна расправа во Собранието по Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби Дозволете од името на Асоцијацијата на ...

Геостратешката дискусија за зајакнување на подготвеноста и одговорот на предизвиците поврзани со трговијата со дрога и новите психоактивни супстанции беше во фокусот на проширената седница на Управниот одбор на Агенцијата на Европската Унија за дроги (EUDA), која се одржа во Лисабон, на која учествуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, во своето ...

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела „убиство“ од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...

– ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел ...

Со исчистени и попесочени плажи, искастрена вегетација и уредено шеталиште, Дојран денеска пречека десеттици автобуси со пензионери од цела Македонија. На традиционалниот настан наречен „Под јаворите” секое лето со собирање на пензионери од целата држава се означува почетокот на летната туристичка сезона, во духот на дружењето, традицијата и убавините на Дојранското Езеро. Жители на Струмица, Велес, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Куманово, Свети ...

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа, на која, како што информираат, се ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
25%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
41%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.15
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
36%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.58
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Рутениум

48965.59

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Бакар

12.73

Злато

133769.08

Калај

53.45

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2087.39

Платина

53498.84