Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија. Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, како што самиот вели, јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените ...
Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија. Заев ги излажа граѓаните дека не доаѓа на власт за да го смени името, туку бараше доверба од граѓаните, небаре да донесе правда и живот за сите во Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. А Венко Филипче, не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство, да ги прифати и спроведе ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари. – Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. – Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви ...
Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува ...
Денес ќе зборувам за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период. Она што е најважно е дека бројките зборуваат сами за себе, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на 2025 година. Во исто време, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најавува нов состанок со маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела, но и законски измени со кои десеткратно ќе бидат зголемени казните за оние фирми кои ќе имаат нефер трговски практики. Премиерот денеска одговарајќи на новинарски прашања ги повика компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да пријавуваат нефер трговски практики за да може државата да интервенира во ваквите случаи. ...
Дизелот да поевтини за 7 денари, а бензините за 4 денари по литар. Ова се очекувањата на премиерот Мицкоски по најавите за примирје меѓу САД и Иран и деескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Тој рече дека цената на суровата нафта на референтните берзи моментално се движи околу 80 долари за барел. Владините мерки во делот на акцизите завршија во понеделникот, па сега премиерот смета дека пазарот ќе се стабилизира. „Имајќи ги предвид сите ...
Македонија се повеќе ја гледа својата иднина во Европската унија.Над 60 проценти од граѓаните го поддржуваат членството во унијата. Ова го покажува најновото истражување на Европката комисија кое е направено помеѓу февруари и април оваа година.Ова е прв пат по четиригодишниот пад на поддршката за влез во ЕУ,таа да бележи зголемување од 2 отсто. И покрај долгиот и неизвесен пат кон Брисел, мнозинството граѓани веруваат дека европската ...
Почна изградба на нова градинка „Пролет 2“ во населба Козле во општина Карпош, инвестиција на Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади. На поставувањето камен-темелник присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа е, рече, „наш врвен приоритет во Општина Карпош“. -Секој еден ваков почеток претставува голем успех, во ...
Премиерот Христијан Мицкоски најавува нов состанок со маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела, но и законски измени со кои десеткратно ќе бидат зголемени казните за оние фирми кои ќе имаат нефер трговски практики. Премиерот денеска одговарајќи на новинарски прашања ги повика компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да пријавуваат нефер трговски практики за да може државата да интервенира во ваквите случаи. ...
Подлабок здив за помалку стрес- во време на напнато темпо на живот каде секојдневието е оптоварено со обврски и притисоци, многумина спасот се почесто го наоѓаат во јогата. Илјадници луѓе ширум светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на јогата, древна практика која промовира здрав живот, физичка активност и внатрешен мир. Таа не е вежба на физичко ниво, е и тоа, но е многу подлабоко, преку здивот ние се конектираме со својата ...
До крајот на јуни ќе се заокружи целиот процес со реконструкцијата на Владата, а до 1 јули списокот ќе се најде пред пратениците. Премиерот Мицкоски, по состанокот со коалицискиот партнер Вреди, кој поминал во одлична атмосфера, најави дека во наредниот период ќе бидат познати имињата на сите министри кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата на Владата. Се разгледуваат секакви опции. „Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица, откако кај нив била пронајдена дрога. Синоќа во 22:00 часот во гостиварското село Дебреше, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, ...
Струга – градот на мостовите, но со мостови кои се распаѓаат. Измина една година откако петмина стружани самоиницијативно и волонтерски го санираа највисокиот мост на реката Црн Дрим и оттогаш ништо не е сменето. Цела деценија, без грам одговорност, ниту една локална струшка власт со прст не мрдна сериозно да го санира мостот, кој само оддалеку плени со својата убавина. Крајно небезбеден, трул и искршен, тој и понатаму претставува опасност. ...
Бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал лани во државава изнесувал 228.581 – раст од 2,57 проценти споредено со претходниот квартал, а од 14,24 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) во четвртиот квартал лани имале 1.654.137 претплатници, што ...
Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија. Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, како што самиот вели, јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените ...
Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Од Клиничката болница во Штип изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди. Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари ...
Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно ...
Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека содржат нови информации за врските помеѓу истражувањата финансирани од САД, Институтот за вирусологија во Вухан и постапките на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и советник на претседателот, Ентони Фаучи. – Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни тешкотии и ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Без вода денеска ќе биде еден дел од централното градско подрачје. Прекинот ќе почне во 09 часот поради санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“. Без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, ...
Македонската филхармонија, Софиска филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун вечер од 21 часот во Градскиот парк на концерт насловен „Филхармонија на отворено“ во Скопје ќе настапат со заедничкиот проект – музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која заедно ја изведоа и во Софија и Солун. Концертот под отворено небо е бесплатен за посетителите. Ќе го води диригентот Најден Тодоров, а солисти ќе бидат нашата ...
Најновото издание на „БитФест“ почна со спектакл и овации за актерите и музичарите кои синоќа во големата сала на НУ Центар за култура во Битола го изведоа мјузиклот „Као, какао“. Љубовната приказна напишана од Венко Андоновски, инспирарана од музиката на Влатко Стефановски, а во режија на Дејан Пројковски, битолската публика ја награди со долготраен аплауз, заеднички пеејќи ги познатите хитови „Чукни во дрво“, „Мамурни луѓе“, „Калабалак“…и ...
На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...
Младиот македонски музичар Петар Саркањац ќе одржи концерт утре вечер во 20 часот во Сули ан во Скопје, на кој ќе го претстави неговиот деби албум „Соборот на зборовите“ (Conference of Grammars). На концертот во Скопје ќе настапат вокалисти и жичан квинтет со членови од Националната опера и балет (НОБ) и Филхармонијата. Првиот сингл од албумот, „Олимп“ излезе на 15 јуни, а на него гостува Андријана Јаневска. Саркањац дипломирал на Беркли во ...
Без струја денеска ќе бидат дел од жителите на скопската населба Кисела Вода. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08:30-15:30 часот на ул.Герника 1,2,3,4,5,6,7,8,9 и 10, ул.Иван Хаџиниколов 1,3,5,7 и 9 и дел од ул.Методија Патчев и ул.Амтон Димитров (општина Кисела Вода), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. Без струја денеска ќе бидат дел од жителите на скопската населба Кисела Вода. -Без електрична енергија ќе ...
Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“ синоќа на Плоштад „Скендербег“ се одржа „Скопска Софра“, посебна вечер посветена на народната музика, традицијата и културните вредности кои со генерации се дел од идентитетот на Скопје. Како што соопшти Општина Чаир, со присуство на стотици граѓани, уметници и бројни гости, вечерта била исполнета со свечена атмосфера, каде песната и играта го обединија присутното население во срцето ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на зајакнување на македонската економија преку стабилни и одговорни економски политики, создавање поволна бизнис-клима и континуирано намалување на невработеноста. Целта е да се обезбедат повеќе работни места, повисок животен стандард и подобри економски перспективи за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека овие ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, се обрати на завршната церемонија на проектот „Западно балкански младински културен фонд“, организирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со поддршка на Владата на Сојузна Република Германија. На настанот присуствуваа претставници на институции, дипломатскиот кор, културни работници, граѓански организации и млади од земјите од Западен Балкан, кои ги ...