Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Британскиот јавен сервис Би-би-си ќе преземе правни чекори за да се отфрли тужбата за клевета на американскиот претседател Доналд Трамп.. Би-би-си ќе поднесе барање за отфрлање, тврдејќи дека Судот во Флорида нема надлежност над британскиот сервис, оти местото на судењето е „несоодветно“ и дека Трамп „не успеал да го докаже тврдењето“. Исто така, Би-би-си тврди дека не го создала, продуцирала или емитувала документарецот во Флорида и оти ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ, односно од 13 јануари 2026 година, се менуваат малопродажните цени на горивата. Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува, а мазутот поевтинува. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар. Дизел горивото Еуродизел ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори. – Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме ...
Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на цените, а регистрираниот месечен раст од 0,4 отсто е статистички изобличен поради драстичниот скок на цените на авионскиот превоз. Ова е оцената на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Според него, растот на инфлацијата во декември се должи исклучиво на категоријата транспорт, каде цените пораснале за 5,8%, предводени од енормното поскапување на авионскиот ...
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика иранските власти да покажат „максимална воздржаност“ во екот на масовните протести што ја потресуваат земјата, пренесува ДПА. „Шокиран сум од извештаите за насилство и прекумерна употреба на сила од страна на иранските власти против демонстрантите, што доведе до голем број смртни случаи и повредени во изминатите денови“, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Тој нагласи ...
Меѓу членовите на „Одборот за мир“ за Газа што се очекува да ги предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе се најдат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, но во него ќе нема столче за претставник на Европската Унија, објави лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на изјава на функционер на ЕУ. ЕУ пројави интерес за учество во „Одборот“ уште при одлуката за негово ...
Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, ...
Француските земјоделци денеска блокираа повеќе локации во Париз во знак на протест против сеопфатниот трговски договор што Европската Унија ќе го потпише со јужноамериканските земји и други локални прашања. Земјоделците од синдикатот „Координација рурале“ повикаа на протести во Париз, гневни поради договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој стравуваат дека би можел да ја преплави земјата со ...
Поради обилниот дожд, во Кичево се поплавени повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“, поради што 60 луѓе се евакуирани и згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според пријавите и интервенциите евидентирани до 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, проблеми се регистрирани на повеќе локации низ земјата. На патниот правец Гостивар–Стража има одрони, но сообраќајот се одвива редовно, ...
Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, ...
Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники кон нашата земја, а еден час подоцна и Евзони, во рамките на 48-часовната блокада, односно денеска и утре да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини, јави дописничката на МИА од Атина. На Евзони, паркираните трактори од 1 декември, на кои вчера им ...
Суд во Париз денеска прогласи десет лица за виновни за дигитално насилство, односно онлајн малтретирање на првата дама на Франција Брижит Макрон, осудувајќи ги на казни кои се движат од задолжителна обука за кибер насилство до условни затворски казни од осум месеци. Судот, како што јави „Монд“, изјави дека обвинетите објавиле „особено понижувачки, навредливи и злонамерни“ коментари, врз основа на лажни тврдења за наводен трансродов идентитет ...
Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Годинава бадникарски кум е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски. Македонскиот народ со многу внимание ...
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре и задутре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред поради празникот Раѓање Христово – Божик. Дежурни утре ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар (од 08:00 до 14:00) и Жичница (од 10:00 до 17:00). Жичницата утре и задутре ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот. ЈСП Скопје им ги честита божикќите празници на сите православните христијани. ...
Колумбискиот претседател Густаво Петро ги отфрли заканите и обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е поврзан со трговија со дрога, откако Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена акција по примерот на неодамнешниот напад на САД врз Венецуела. Трамп вчера изјави дека Колумбија „ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава на САД“, додавајќи дека тоа „нема да трае долго“. Тој, исто така, се закани дека ...
Кубанската влада објави дека 32 Кубанци загинале во американската акција за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас. Куба кажа дека 5 и 6 јануари ќе бидат денови на жалост во чест на загинатите. Кубанската влада не даде многу детали, освен дека загинатите биле припадници на кубанските вооружени сили и разузнавачки агенции.„Верни на своите одговорности во врска со безбедноста и одбраната, нашите сонародници ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека венецуелската потпретседателка Делси Родригез би можела „да плати повисока цена“ од соборениот лидер Николас Мадуро „ако не го стори она што е исправно“. – Обновата на земјата не е лоша работа. Венецуела е банкротирана. Оваа земја е катастрофа во секој поглед.„Ако (Родригез) не сака да го прави она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од цената што ја плати ...
Француската филмска икона Брижит Бардо, која почина во недела на 91-годишна возраст, ќе биде погребана на крајбрежните гробишта во одморалиштето Сен Тропе на француската ривиера. Погребот ќе се одржи на 7 јануари во црквата Нотр Дам де л’Асомпшн во Сен Тропе, објави BFM TV. Бардо, која стана симбол на Франција во 1950-тите и 60-тите години, живеела во одморалиште каде што, како што вели, наоѓала утеха меѓу животните и го посветила својот ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -11, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја дочека Новата 2026 година со прослава во својот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, каде што на аукција беше продаден тукушто насликан портрет на Исус Христос за 2,75 милиони долари, додека како новогодишна желба наведе „мир во светот“. Портретот во текот на вечерта, пред гостите, го наслика уметницата Ванеса Хорабуена, која Трамп ја опиша како „една од најголемите уметници во светот“, пишува „Гардијан“. ...
Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...
Швајцарската полиција изјави за Скај њуз дека во експлозија во бар во скијачки центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени. Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад. Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви. „Имаше експлозија од непознато потекло“, изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион. Експлозијата се случила во швајцарскиот ...
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна. Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница ...
Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13:00 до 15:00 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. Ова е овозможено ...
За време на транзицијата кон новата валута, плаќањата со картички и подигнувања пари од банкомати нема да бидат можни, поради што на граѓаните им се препорачува однапред да обезбедат доволна количина готовина. Од 1 јануари 2026 година, Бугарија го воведува еврото како официјално средство за плаќање, со што националната валута – лев заминува во историјата. Надлежните институции издадоа предупредување до граѓаните и туристите дека на ...
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel) предизвикаа прекин на сообраќајот и ги нарушија плановите на илјадници патници кои патуваат меѓу Велика Британија и Франција за време на новогодишните празници. Иако тунелот е делумно отворен и некои линии на „Eurostar“ и „LeShuttle“ се обновени, сообраќајот се одвива со значителни доцнења. Дефектот на електричните водови и вчерашниот дефект на еден воз на „LeShuttle“ предизвикаа ...
Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори. Граничниот премин Евзони кон нашата земја што во изминатите четири дена, заклучно со вчера, грчките земјоделци го блокираа од 12 до 16 и од 18 до 22 ...
Премиерот Христијан Мицкоски во ногогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба. -Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг ...
None Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен. Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи ...