Без електрична енергија денеска од 09.00 до 12.00 часот ќе бидат корисниците од ул. Ловќенска лоцирани околу бр. 14, како и корисниците на бул. Партизански одреди лоцирани околу автобуската станица кај хотел Карпош, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 08.30 до 16.00 часот, ќе немаат и корисниците од областа Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава во општина Студеничани, од 09.00 до 13.00 часот корисниците на ул. Стар Качанички пат и дел од нов ...

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија (ССКЛМ) ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со која се изрекува времена мерка за забрана на најавениот штрајк што требаше да се одржи во понеделник. Синдикатот најави дека ќе ја обжали одлуката и ќе поднесе претставка против судијката што го водела предметот. – Мора да го почитуваме решението на Судот. Ќе го ставиме штрајкот во мирување, но нема да се откажеме од нашите ...

„’Алкалоид’ е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме од земја која не е членка на Унијата секогаш носи дополнителни специфичности. Со домашен пазар од само 2 милиони жители, наспроти европскиот пазар со 448 милиони чинители, растот и развојот се возможни само доколку деловните видици се насочени надвор од границите.“ Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката ...

Цената на златото е во пораст во последните неколку месеци, и ги надмина сите очекувања на финансиските пазари. Банките купуваат рекордни колечини, додека инвеститорите и луѓето го гледаат повторно како најсигурно вложување во време на неивезност. Меѓутоа овој тренд на пораст на цената на златото се случувал, и секој тренд претходел на длабоки, општествени, како и политички и систематски промени. Она што денес се случува на светските финансиски ...

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде што нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг. Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, кои треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да ...

Членките на Европската унија имаат пет години да се подготват за војна, според воениот план што Европската комисија ќе го презентира денеска. „До 2030 година, Европа мора да развие доволно силна одбранбена позиција за веродостојно да ги одврати своите противници и да биде подготвена да одговори на каква било агресија“, се наведува во нацрт-планот што министрите за одбрана ќе го дискутираат пред Комисијата да го презентира. Планот, во кој имаа ...

Владата на Венецуела изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации. „Њујорк тајмс“ беше првиот медиуми што ја објави веста дека САД се подготвени за тајни операции што ќе ги спроведе разузнавачката служба на ЦИА во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од самиот американски претседател. -Давам зелено светло за овие акции, ...

На 19 ноември ќе започне судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, која одзеде 63 животи, а над 200 млади беа повредени. -Главната расправа за кривично правниот – предмет со К.бр. 1872/25 поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 – ти ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, информираа од Кривичниот суд. Како што претходно известија од судот, обвинителниот акт поднесен ...

ЈСП Скопје информира дека може да има редуциран градски превоз бидеќи е најавен прекин на испораката на природен гас. „Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени“, додаваат од ЈСП. ...

Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ доминирајќи ...

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, сруши уште еден рекорд. Со две асистенции во убедливата победа од 0:6 против Порторико, тој стана најдобар асистент во историјата на машкиот национален фудбал. Со вкупно 60 асистенции, тој ги престигна претходните рекордери, Бразилецот Нејмар и легендарниот американски репрезентативец Лендон Донован, кои имаа по 58. Со овој успех, Меси стигна само до две асистенции од неверојатната бројка од 400 во својата ...

Вчера, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(28) од с.Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово. Тој е пријавен дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с.Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи лекарска помош. -Исто така, по пристигнување на полициските службеници, М.М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени. Од Управата за ...

Од 16 до 19 октомври – Уште едно издание на Скопскиот џез фестивал со исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. Деталите за објавената програма ги имате подолу. www.skopjejazzfestival.com.mk Програма: 16 ...

Денеска во Србија почнува спроведување на мерките за олеснување за корисниците на кредити кои имаат оправдани причини за неможност за враќање. Генералниот директор на Секторот за заштита на корисниците на финансиски услуги на НБС, Бојан Терзиќ, вели дека новите мерки им овозможуваат на граѓаните во тешки животни ситуации – како што се губење на работа, болест или семејни проблеми – да побараат помош од банките при враќање на кредитите, јави РТС. ...

САД поништија визи на неколку странски државјани поради изјави поврзани со нападот врз десничарскиот активист Чарли Кирк, соопшти Стејт департментот. Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк. Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот лидер Владимир Путин, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон. – Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добар однос. Веројатно сè уште го имаме. Не знам зошто продолжува со оваа војна, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој рече дека Путин едноставно не сака да го запре конфликтот со ...

ДИК на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови. На седницата беа прифатени неколку од овие приговори, а членовите на ДИК нагласија дека на лицата на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право бидејќи ги нема во Избирачкиот список, кој веќе е заклучен, кога ќе одат на гласање треба да го носат решението што ќе им ...

За првпат во историјата на индексот на пасоши, на листата на најмоќни пасоши во светот веќе не е пасошот на Соединетите Американски Држави (САД). Падна на 12. место во најновиот извештај, каде го дели месото со Малезија Македонскиот пасош е рангиран на 42. место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година на „Хенли енд партнерс“. Со него без визи може да се патува во 129 земји во светот. Земјава бележи напредок од три ...

Иако долгот на ЖРСМ Транспорт АД кон Хрватски железници Карго е повеќепати признат, државата две децении не превзема мерки за решавање, а каматата годишно расте речиси за 2 милиони евра. Нејасно е како и зошто сите македонски влади од 2007 година до денес дозволиле меѓународно признаен долг од нешто помалку од 4 милиони евра да порасне на цели 25 милиони евра, притоа игнорирајќи ги сите предлози за спогодбено решавање на спорот. Судскиот процес ...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година „за неговото силно и визионерско творештво кое, среде апокалиптичниот страв, ја потврдува силата на уметноста“, соопшти вчера Шведската академија. Академијата го опиша Краснахоркаи како „голем епски писател во централноевропската традиција“ што се протега од Кафка до Томас Бернхард, и кој се карактеризира со „апсурдизам и гротескен ексцес“. ...

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. „Таа ја добива Нобеловата награда за мир за својата неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за праведна и мирна транзиција од диктатура кон демократија“, се наведува во соопштението на Комитетот. „Наградата за 2025 година оди кај храбар и ...

Во Салцбург, градот на Моцарт и богатата историја, плановите на автомобилскиот магнат Волфганг Порше предизвикаа вистински бунт. Порше има намера да ископа приватен тунел под ридот Капуцинерберг за директно да го поврзе центарот на градот со неговата вила. Проектот предизвика петиција и обвинувања за фаворизирање на супербогатите, пишува Кориере. Вилата позната како „Пашингер Шлесл“ на ридот Капуцинерберг стана сопственост на австрискиот писател ...

САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници. Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат ...

На првиот осуден на куќен затвор во земјава, 79-годишен велешанец, денеска му беше ставена електронска алка на ногата, за да може 3-месечната затворска казна да ја издржува од дома. -Денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор. Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ...

Шведската активистка Грета Тунберг изјави дека нејзе и на другите притворени активисти од флотилата за Газа им бил одбиен пристап до чиста вода. Тунберг беше меѓу деветте шведски активистки приведени минатата недела откако Глобалната флотила Сумуд, која се обидуваше да достави хуманитарна помош во Појасот Газа, беше пресретната од израелската војска. Приведените активисти се вратија во Шведска. Зборувајќи на прес-конференцијата одржана на ...

Во германскиот град Мајнашаф е во тек голема итна операција по инцидентот во индустриски погон што резултираше со ослободување на облак од гас, соопштија синоќа локалните власти. Четири лица се здобија со полесни повреди, соопштија властите на покраината Баварија. Околу 250 лица од службите за итни случаи беа на местото на настанот во пикот на операцијата, наведе портпаролот на противпожарната бригада, пренесе ДПА. Облакот поминал и над ...

Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески вели дека земјава практично станува дел од Единствената област за ...

Цената на златото достигна рекордно високо ниво, поттикната од комбинација на политичка несигурност во САД и очекувања за непосредно намалување на каматните стапки. Застојот во преговорите меѓу двата дома на американскиот Конгрес, што доведе до затворање на владата, ја зголеми побарувачката за безбедни засолништа за капиталот, додека инвеститорите речиси сигурно ќе сметаат на намалување на стапката од страна на Федералните резерви (ФЕД) овој ...

Во периодот на раководење на генералниот директор доц.др. Бурим Љатифи со АД МЕПСО, конечно беше деблокиран долгогодишно закочениот проект за енергетска интерконекција со Албанија, стратешки потфат од огромно значење за енергетската стабилност и регионалната соработка. Дополнително, беше потпишан Меморандум за соработка со косовскиот преносен оператор КОСТТ со што се отвора патот за заедничка прекугранична соработка на проектот за уште една ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.33
86%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
55%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
62%
1018
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
67%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Платина

64479.52

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Сребро

2159.01

Злато

139515.92