Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, вечерва се обрати на прес-конференција по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, упатувајќи благодарност до сите граѓани кои му дале поддршка. „Мое почитувано Скопје, во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме пред два месеци. Во овие 60.000 луѓе го имаме огледалото за иднината на Скопје. Скопје се разбуди и Скопје одлучи ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 14%, што ги надмина нашите првични проекции и ...
Поради непостигнат цензус во првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се повтори гласањето за избор на градоначалници. Како што информира Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не била постигната потребната излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи, што е предуслов за успешност на изборите според Изборниот законик. Според податоците, одзивот ...
Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави ...
Минималната основна плата на медицинска сестра во Бугарија ќе биде 1.550 евра од 1 јануари, а минималната плата на специјализант – 1.860 евра. Овие нивоа се евидентирани во законот за медицински установи преку преодни и завршни одредби од законот за буџетот на НЗОМ за 2026 година. Проектот денес беше усвоен надзорниот одбор на фондот. Информацијата ја потврдија по состанокот менаџерот на фондот Петко Стефановски и претседателот на надзорниот ...
Со свечен прием во резиденцијата на турската Амбасада во Скопјe синоќа беше одбележана 102-годишнината од основањето на Република Турција. На настанот присуствуваа високи престваници на политичкиот и општетсвениот живот во Северна Македонија, меѓу кои претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ...
Претседателот на дел од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на Вреди Изет Меџити дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта. „Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од владата – НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ ...
Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На граничен премин Блаце, како што соопшти денеска ...
Најновата проценка на американските разузнавачки агенции покажува дека Русија не покажува знаци на компромис околу војната во Украина. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува во мировни преговори, изјавија високи американски и конгресни претставници. Анализата, презентирана пред членовите на Конгресот претходно овој месец, покажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „порешителен од кога било“ да ја ...
Повеќе од 2.000 луѓе, претежно жени и деца, наводно се егзекутирани во последните 48 часа во Судан откако паравоените сили го зазедоа градот Ел Фашер. Градот во западниот Судан падна во рацете на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) по повеќе од 18 месеци брутална опсада, давајќи им на групата контрола врз сите поголеми градови во огромниот регион Дарфур. Сојузниците на армијата, Заедничката работна група, вчера изјавија дека РСФ „извршиле ...
Шестокатница се урна во градот Коџаели, лоциран недалеку од Истанбул. Според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините. Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција. Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз. Причината за уривањето сè ...
35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници. „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical ...
Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој ...
Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар. Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар. Отворениот ден, како што информираат од Министерството за ...
Унгарија се обидува да ги здружи силите со Чешка и Словачка со цел да формира блок на земји во рамките на Европската Унија кои се скептични кон понатамошната помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Киев, пишува Политико. Балаж Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, чија ...
„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од коалицијата ВЛЕН преку соопштение. Оттаму додаваат дека Левица е партија, која, како што велат, „јавно ги ...
Скопскиот фудбалски клуб апелира до Фудбалската федерација, надлежните дисциплински органи и МВР да преземат мерки за целосно расчистување на случајот Фудбалскиот клуб Аеродром од Скопје побара итна разврска на инцидентот во кој тројца негови играчи беа нападнати од страна на играчи на ФК Беса за време на вчерашниот меч во Слупчане. Апелираа до Фудбалската федерација, надлежните дисциплински органи и МВР да преземат мерки за целосно расчистување ...
Фото: . EPA/ANDREJ CUKIC Во услови кога во Србија продолжуваат продемократските протести предводени од студентите, а довербата во Брисел еродира, ЕУ се наоѓа заглавена помеѓу демократските принципи и нејзината зелена индустриска стратегија, оценува бриселскиот портал „Еурактив“ во својот осврт на состојбите во Србија. – Актуелните антивладини протести и контроверзиите околу отворањето на рудникот за литиум поврзан со ЕУ во Србија, ги затегнуваат ...
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, предизвикувајќи паника меѓу жителите и значителна материјална штета. Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот се случил на 27 октомври во19:48:29 часот UTC, односно 22:48:29 часот по локално време, со епицентар на 62 километри југоисточно од Баликешир и на 10 километри јужно од градот Синдирги. Сведоци опишуваат ...
Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од ...
Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна нов најнизок рекорд од 16 проценти, објави BFMTV, повикувајќи се на новата анкета на институтот ИФОП, нарачана од весникот „Журнал де Диманш“. Со ваквите резултати Макрон се приближува до рејтингот на непопуларност на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој во еден момент беше 13 проценти. Анкетата покажува дека премиерот Себастијан Лакорни ужива доверба од 38 проценти од ...
Затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше испрашуван во главниот суд во градот како дел од новоотворената истрага за можни обвиненија за шпионажа. Стотици поддржувачи се собраа надвор во поддршка на Имамоглу, опозициски политичар кој се смета за ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Истрагата за шпионажа, започната пред два дена, се фокусира на наводните врски меѓу политичката кампања на Имамоглу и човек уапсен во јули по ...
Шахистите на Алкалоид во последното седмо коло од Европскиот клупски куп што се игра на Родос, Грција влегуваат со шанса за освојување медал. Победа во дуелот со израелскиот тим Рашон Ле Цион за македонскиот тим ќе значи медал, но каков ќе се знае од исходот на другите мечеви. Во шестото коло кое заврши во дуелот на непоразените Алкалоид загуби со 2,5:3,5 од романскиот тим Супер Чес. Единствената победа за Супер Чес ја постигна светскиот првак ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера изјави дека многу брзо ќе ја реши кризата меѓу Авганистан и Пакистан, и тоа го кажа во време кога во Истанбул се оддржуваше вториот ден од мировните преговори. „Слушнав дека Пакистан и Авганистан започнаа разговори. Но, ќе го решам тоа многу брзо“рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Малезија, јавија американските медиуми. Трамп даде изјава за време на потпишувањето на мировниот договор меѓу ...
Специјализираниот кривичен суд во градот Банска Бистрица го осуди 72-годишниот Јурај Цинтула, кој се обиде да го убие премиерот на Словачка Роберт Фицо во мај 2024 година, на 21 година затвор. – Цинтула е осуден на 21 година затвор за терористички напад – објавува словачки весник. На 15 мај 2024 година, Цинтула пукаше неколкупати во Фицо кога премиерот на Словачка излезе меѓу граѓаните собрани пред културниот центар во градот Хандлова (во ...
Кандидатот на Левица за градоначалник во Град Скопје, Амар Мециновиќ очекува поддршка од сите „здраворазумни граѓани“ во вториот круг. Упати порака до сите кои што се колебаа во првиот круг и не излегле да гласаат. -Статус-квото е секогаш како избор на четири години, но овој пат не е така. Ги живееме првите денови каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се најголемите политички фактори. Тоа ќе охрабри голем број на граѓани кои беа на работ да излезат во ...
Реакција на Министерството за здравство: Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП Комунална хигиена Скопје. Тврдењата за неплатен долг од 5 милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски. Апелираме да се проверуваат информациите особено кога станува збор за тврдења кои можат да создадат забуна или да доведат до ...
Утре во Киното Фросина во МКЦ ќе се одржи концерт на TOUT BLEU Simone Aubert – глас, гитара, дрампад, синтисајзер Luciano Turella – виола Beatriz Raimundo – виолончело, ефекти POL – електроника и семплирање TOUT BLEU започнува како проект на Simone Aubert, мултиинструмента-листка од Женева, позната по својата работа во Massicot и Hyperculte – бендови кои го дефинираа новиот бран на швајцарската авангардна и DIY сцена. Од истата заедница ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту рускиот ниту американскиот претседател не објавиле конкретен термин за одржување на средба. – Ниту Владимир Путин, ниту Доналд Трамп, не објавија конкретен термин. И американската и руската страна изјавија дека ова може да потрае – посочи Песков, додавајќи оти подготовките за претседателската средба се сериозни. Претходно, американски медиуми објавија дека е одложена средбата помеѓу ...
Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. ...