Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“. Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот. Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот. ...
На состанокот на претставниците на ЕК и министрите од регионот било истакнато и дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од земјите од Шенген-зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година. Се разгледува можноста транспортните превозници да бидат ставени во истата категорија на работници како пилотите и машиновозачите – порачале претставниците на Европската комисија (ЕК) на ...
Фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело, едно од најзначајните дела на ренесансната уметност во Сикстинската капела, ќе биде реставрирана за првпат по 30 години, соопшти Ватикан. Во соопштението се наведува дека новата интервенција ќе овозможи постепено враќање на хроматскиот и луминозниот квалитет што Микеланџело го замислил. Сикстинската капела, позната како место каде што се одржува тајната конклава за избор на папа, годишно ја посетуваат ...
Намалување на приходите во државниот буџет и сериозен притисок врз трговијата – вакви последици предвидуваат економските аналитичари доколку се усвои Законот за заштита од пушење во предложената форма. Се поставува прашањето како овие мерки ќе се одразат врз стабилноста на јавните финансии и дали евентуалниот пад на приходите од акцизи може да резултира со нови давачки за граѓаните. Овие предупредувања доаѓаат во период кога буџетскиот ...
Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв од сериозен метеж на границите во текот на летната туристичка сезона, потврди Европската комисија. Иако EES почна постепено да се применува од октомври 2025 година, на аеродромите и пристаништата веќе се појавија значителни проблеми, вклучувајќи долги редици, доцнења и пропуштени летови. Патниците од земјите ...
Русија поднесе предлози до Соединетите Американски Држави за отстранување на пречките за целосно подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, што би отворило перспективи за соработка, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се укажува дека е важно за време на дијалогот меѓу Русија и САД да се премине на навистина значајни прашања, вклучувајќи го и обновувањето на директниот воздушен сообраќај и враќањето на ...
Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот американски претседател Бил Клинтон „поминувале време“ на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. „Ноа неточно рече за мене дека Доналд Трамп и Бил Клинтон поминувале време на островот на Епстин. Погрешно! Не можам да зборувам во името ...
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вчера изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“, па сега тврдат дека во скандалот околу откриените пет тони марихуана – стои државата. „Пред неколку дена, луѓе од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот или и синот и таткото знаеле за тоа, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме ...
Температура до -7 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Минусни температури се измерени и во Берово, Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, Тетово и Виница. Највисоката утринска температура утрово од три степени е измерена во Гевгелија. Според податоците од Управата за хидрометеролошки работи, најмногу дожд во последните 24 часа има наврнато во Гевгелија (26 литри на метар квадратен) и во Демир Капија (20 литри на метар квадратен). ...
Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја. Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја. Силно невреме ...
„ССМ организира протест со барање минималната плата да се зголеми за 50%, а сите други плати за по 6.000 денари. Тоа претставува несериозен и популистички пристап“ е ставот на гувернерот Трајко Славески кој на социјалната мрежа „X“ вели дека согласно Законот за минимална плата, износот на минималната плата во март ќе се зголеми според законски утврдена формула и праг од 57% од просечната плата, што е значително над препораките на ...
Полицијата на Њујорк денеска соопшти дека маж во текот на изминатата ноќ со автомобил намерно двапати удрил во синагога, односно во седиштето на еврејското хасидско движење Хабад Лубавич во Бруклин, како и дека во инцидентот, кој се истражува како можен злостор од омраза, немало повредени. Комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш на прес-конференција рече дека инцидентот се случил нешто пред 21 часот по локално време, кога полицајците ...
По ширењето на алармантни наслови во медиумите за појавата на вирусот Нипа (NiV) во Индија, познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски излезе со стручна анализа за тоа колкав е реалниот ризик за Македонија. Според него, паниката не е оправдана, а сензационализмот не смее да ја замени реалната проценка на ризикот. Д-р Даниловски појаснува дека во Индија се регистрирани само пет случаи и дека епидемиолошката ситуација таму е под контрола. Тој ...
Националниот парк Шар Планина упати итно предупредување до јавноста поради висока лавинска опасност, особено на местата над 1.700 метри надморска височина. Алармот доаѓа откако веќе е забележана една лавина на територијата на паркот, која за среќа поминала без жртви. „Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се ...
Откако се приклучи на НАТО пред речиси две години, покрај снегот, Шведска ја поминува и оваа зима размислувајќи за воведувањето на еврото. Сепак, патот до промена на валутата е долг, а владејачката коалиција за почеток најавува анализа на предностите и недостатоците од таков потег. По Бугарија, која го воведе еврото на 1 јануари оваа година, се чинеше дека иднината на проширувањето на еврозоната, барем привремено, нема перспектива. Сепак, ...
Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се ...
Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока. Според претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, подготвени ...
Процесот на пристапување кон Европската Унија се базира на заслуги, а напредокот во владеењето на правото, демократијата и фундаменталните вредности остануваат клучен камен-темелник, според Нацрт-извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ, кој утре ќе им биде презентиран на членовите на Комитетот за надворешна политика (AFET) на Европскиот парламент. Во нацрт-документот, поднесен од литванскиот пратеник Петрас Ауштревичиус (Renew ...
Министерството за образование, наука и иновации на Црна Гора беше информирано од „Југопетрол АД“ Котор дека, поради блокадата на превозникот на пристаништето Бар и нафтените инсталации каде што се складира гориво, во текот на нејзиното траење нема да може да испорачува енергенси до образовните институции во Црна Гора. Новосоздадената ситуација значително го отежнува функционирањето на образовните институции во овој период од годината кога ...
Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна. Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни ...
Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија ...
Кога американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот втор мандат, тој го стори тоа со ветување дека ќе продолжи со политиката „Америка на прво место“. За многу од неговите поддржувачи на MAGA, тоа значеше отфрлање на интервенционистичките политики и повлекување на САД од долгорочни воени ангажмани низ целиот свет. Стратегијата за национална безбедност, објавена минатата година, наведува дека „работите на другите земји се од ...
„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ги критикуваше европските лидери во Давос, обвинувајќи ги дека размислуваат само за Гренланд и чекаат насоки од Доналд Трамп, наместо да преземат акција за Украина и други геополитички кризи. Повикот на украинскиот претседател за акција, упатен до некои од клучните сојузници на Киев, дојде на крајот од неделата обележана со дипломатска драма на Светскиот економски форум, објавува Гардијан. Во ...
Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари, во државава биле пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 15 сезони, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 7 степени. Според УХМР, до сабота ...
Најмалку 21 член на персоналот на Обединетите нации беа намерно убиени при вршење на должноста минатата година – повеќе отколку во претходните две години заедно, објави вчера синдикалниот комитет на ОН. Од нив, 12 беа мировници на ОН – персонал распореден за да помогне во одржувањето на мирот во многу делови од светот, соопшти комитетот. Останатите работеа како цивили. Бројот на 21 намерно убиен е повеќе од околу петмина убиени во 2024 година ...
Рестартирањето на најголемата нуклеарна централа во светот беше прекинато вчера, само еден ден откако беше рестартирана по речиси 14 години. Операторот на централата, „Токио електрик пауер компани“ (Тепко), изјави дека не знае кога ќе биде решен проблемот во централата Кашивазаки-Карива во префектурата Ниигата, објавува „Гардијан“. Централата Кашивазаки-Карива е надвор од употреба од катастрофата во Фукушима во 2011 година, а процесот на ...
И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје. Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија, која е значајна за ...